1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Home automation (Домашна автоматизација)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од smole, 12 Август 2013.

  1. smole

    smole
    Unstoppable

    2,926
    3,277
    18 Април 2007
    Верувам дека знаете што е домашна автоматизација - ако не прогуглајте - тоа е можноста сите домашни уреди, светла климатизација итн да можат да се контролираат преку компјутер/таблет/мобилен.

    Кај нас има фирма која се бави со тоа, но немам чуено некој да ја користел. Фирмата е http://www.smarthouse.mk/index.html .

    Има повеќе стандарди за домашна автоматизација (комуникациски протоколи), од кои најпознати се X10 и Zwave.

    Ме интересира дали некој имал некакво искуство со оваа проблематика.

    Еве и практичен пример/прашање:

    Јас дома би ставил еден контролер на бојлерот, за да се пали точно во 6:00 за кога ќе станам да имам топла вода, а да не го палам пред да си легнам, Би си ставил и на светлата (2-3 прекидачи) за кога сум надвор од Скопје да ги палам на саат - 2 да од мобилен/компјутер да изгледа дека има некој дома. Понатака можеби и нешто друго би уклучил во системот.

    Знае некој што се би ми требало за погореопишаното и колку би ме коштало?
     
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,272
    24,727
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    А зашто не се исконсултираш со смартхаус околу цени, на искрајно не усм видел негде ваков систем и како функционира.
     
  3. smole

    smole
    Unstoppable

    2,926
    3,277
    18 Април 2007
    Ќе им се јавам, ме интересираше дали некој член има некакво искуство, прашање, совет.

    Ипак друго е кога ќе добиеш непристрасен совет.
     
  4. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,588
    1,347
    27 Јануари 2011
    Машко
    На shooter му/ѝ се допаѓа ова.
  5. m@rT1n

    m@rT1n
    Intern

    30
    19
    3 Април 2009
    Искуство со вакви фирми немам, ама имам пробано нешто дома да направам во врска со тоа. Со Arduino кој е конектиран на интернет, можеш да вклучуваш/исклучуваш релеи кои ти се поврзани на сијалица, телевизор,бојлер... ова е аматерски, ама може да се среди многу добро од страна на професионалци како овие од SmartHouse кој користат веќе готови модули наменети баш за тоа. Види на гугл Arduino home automation има добри идеи.
     
    На bokiscout и smole им се допаѓа ова.
  6. D_monster

    D_monster
    Intern

    23
    5
    3 Февруари 2009
    Ako uspees da gi dobies Smarthouse kazi mi... jas so godini gi baram, i nikako ni ponuda ni ceni ni nisto...
    Inace ako te interesira za SmartHouse automatika spored ona sto jas go razgleduvav, zatoa sto bev vo pregovori so stranska firma da se donese kako brand vo mk...na kraj zaklucivme deka ne sme dorasnati kako pazar za ova...
     
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,371
    12,487
    2 Август 2012
    Машко
    Богаташите од Злокуќани и Водно лајкс дис

    А демек тие се откорнаа од продавање на вакви автомацки уреди по другите држави..
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  8. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,810
    2,046
    19 Јули 2013
    Разгледај го сајтот на конрад, имаат доста вакви работи за куќна автоматизација.

    Висион исто така нудат решенија за автоматизација, не се сеќавам точно од кој бренд, само што поприлично солено.

    Х-10 чинам дека е застарен стандард (функционираше преку телефонска линија) Евентуално ако нешто ако правеле ревизија, не сум многу во тек со него. А и да направиле, главно е американски, тешко да најдеш кај нас Х-10 уреди.

    А за светлата, купи си обичен дигитален тајмер (300-400 денари) и на него приклучи столна/подна лампа. Тајмерите имаат рандом опција и ќе палат гасат во различни интервали. Нормално можеш и да програмираш кој ден кога да пали и гаси. Со мала модификација на болјерот, можеш истото и со него да го постигнеш, само незнам дали е безбедно да се става утикач на бојлер.
     
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,371
    12,487
    2 Август 2012
    Машко
    Стасавме до i7 процесори со „милијарда“ гигахерци, доживеав серискиот порт да не е доволен за ISDN, дојде и оптички интернет, кулерите чинат колку пола процесор а јас сеуште мора да го гаснам факинг светлото рачно.

    Сакам јас ова, откако ќе се сместам, ...фрпп...угаси светло, гледај филм.
    Или со невестава кога се мазиме, ми се притисњава..демек..целулит, ова она - спонтаност нула поени :D
     
    prichina, boro1 и на psyside им се допаѓа ова.
  10. D_monster

    D_monster
    Intern

    23
    5
    3 Февруари 2009

    Абе не знам дали се откорнале од продавање, ама сигурно се понапред од нас во однос на тоа,
    комплетно решение за таков тип на проект е сериозна работа, не е работата за модификации на болјер-и и 300-400 денари тајмери...

    Чисто како информација, за куќа на 2 спрата, со по цца 200м2 на спрат,
    комплетно опремување излезе дека ќе кошта 15-16к еур.
    За нас е многу, ама за некој што има 2-3 јахти и скутери на море, и вила со не знам какви базени,
    неколку аута со 6 цифри ... не е ништо....
     
  11. smole

    smole
    Unstoppable

    2,926
    3,277
    18 Април 2007
    Светло можеш и од далеку да гасиш, ама да не испадне после "деда ме ударио даљинским". Можеш со камен или долг стап, ама ако утнеш ќе мора да викаш гипсар и молер :)

    X10 колку што читав работи на радио фреквенции. Оваа проблематика е уште егзотична поради малата маркет пенетрација, има и списанија за истата.

    Ќе се јавам неделава или следната на сите места што ми ги пососчивте, но знам дека (ако уопште имаат на лагер) ќе биде скаааааааапо. А доколку е така немам математика нити за бојлерот, нити за (потенцијалните) крадци, нити за ништо друго.

    Со Ардуино немам намера да се расправам бидејќи ми е преку глава од самопрајски решенија кои полафункционираат па треба да дремеш на форуми и да прашуваш за све.

    Јас знам дека комплетни решенија коштаат пари, но такво не ме интересира, ме интересираше само пар сијалици и бојлер. Ако некад се уселам негде за дефинитивно и имам кеш би инвестирал во ваква работа, сега не. Тоа со тајмери го помислив и јас, но не е тоа тоа што ми треба, или што сакам.
     
  12. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,588
    1,347
    27 Јануари 2011
    Машко
    Ако не е тајна колку ти е буџетот за твојот план.
    На сајтот сто ти го пратив Првата инвестицаија е скапа, поради контролерот а потоа само додаваш прекидачи, сензори и друго. Се иде преку WiFi нема кабли.
     
  13. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,398
    1,996
    12 Август 2009
    Машко
    Ова е далеку полесно за изведба.. самопрајска...
    Имав направено такво пред..10-12 години. Првичната намена му беше за играње игри на телевизија преку телефон.
    Принципот е следен... Вртиш на домашен телефон. и добиваш повратен сигнал дали нешто е уклучено (жената заборавила пегла а ти си на пола пат на одмор).. Секое реле има своја бројка... пр. Шпорет 1, Бојлер 2, Светло 3... Зависи каде ќе ги поставиш релињата..
    Со стискање на соодветниот број на телефонот тие релиња се отвораат или затвораат.

    Едно реле беше поскапо од целиот уред. Уредот е обичен AD-DA конвертот кој ги препознава тоновите од телефонските броеви. На секој излез има по едно реле. Сигналот од тоа реле го носиш каде сакаш на друго реле кое е поставено на штекер. Овие вториве релиња беа баајги скапи. Поготово ако на нив ставиш потрошувач од 3-4КW.
    Пошто е реле, и не си сигурен во квалитетот... на комшијата му оставаш клуч.. и на крај се откажуваш.
     
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    2,926
    3,277
    18 Април 2007
    Немам буџет нити сум решен да го правам, ја разгледувам опцијата, пред овој проект имам пар ствари што сакам да ги купам.

    Тоа со релејата не ми звучи сигурно, а на комшијата ни ѓубре не му оставам, камоли клуч од стан :)
     
  15. Bozter

    Bozter
    Баниран/a

    1,399
    660
    24 oктомври 2011
    Машко
    ако стасал човекот до овој степен на мрзливост незнам, боље нек иде нек се утепа. поглупа ствар од ова немам видено иако е футуристички настроена.
    Ова е само за к*рчење.
     
  16. smole

    smole
    Unstoppable

    2,926
    3,277
    18 Април 2007

    Не си у право, викендица ако имаш на пр. пушташ греење и бојлер и кога ќе дојдеш од СК/ски терени топло ти е. Само еден од примерите.
     
  17. Bozter

    Bozter
    Баниран/a

    1,399
    660
    24 oктомври 2011
    Машко
    де бе, за 20 минути нема да ти издржи газот на поладничко/потопло? Ќе се стрпиш, нема да умреш од хипотермија xD
    Интересно е ако имаш вишак пари. Но не да го правиш сам - тоа е тешко и не би изгледало професионално. Да ти го монтираат на готово ок.
    Како што реков, за к*рчење.
     
  18. smole

    smole
    Unstoppable

    2,926
    3,277
    18 Април 2007
    Агри ту дисагри. Да се вратиме на темата.
     
  19. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,371
    12,487
    2 Август 2012
    Машко
    Јас сакам да му се „јавам“ на DVD рекордерот да ми снима емисија. Или да му се јавам на климатизерот да ми под-излади троа /да ми стопли

    Згодно е ама еве велите дека е скапо. Затоа #КлучНаТаткоми да се качи спрат погоре и да ги среди работите :D
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  20. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,810
    2,046
    19 Јули 2013
    Ова e веќе можно на MAXTV.

    smole, тебе всушност ти треба управување однадвор на уредите, не автоматизација. Иако е слично, не е исто.
    Постои далечинско управување од внатре (со едно далечинско контролираш тв, двд, појачало, осветлување, ладење/греење, ролетни, заклучување/отклучување врати итн)
    Постои управување однадвор, значи од надворешна локација надзор и контрола на уредите.
    И комплетна автоматизација, кога ќе се исполнат одредени услови, се превземаат одредени активности над уредите, напр. штом зазори, гаси светло на паркингот.
    Нормално, последново е најкомплицирано од аспект на програмирање. БМС системите што ги поддржуваат сите варијанти, чинат илјадници евра, плус инфраструктурата.
     
  21. smole

    smole
    Unstoppable

    2,926
    3,277
    18 Април 2007
    Можеби си во право, јас првпат слушам за БМС системи, а за тие иљадници евра мн пати сум чул, а никад видел :)

    Мотивот за темата не ми беше само моето прашање, туку и да видиме нечиви искуства (ако има такви во МК) поврзани со оваа тематика. Но, кога ќе се земат во предвид цените, не сум сигурен дека ќе има искуства во блиска иднина.
     
  22. pinky

    pinky
    Gaining Experience

    514
    404
    23 Мај 2009
    Единствена опција за автоматизација по нормална цена е микроконтролер.
    Arduino е најпознат. Баш дискутиравме во друга тема кога прашував од каде да купам.

    Кинески Arduino стартер кит е 2.300 денари - http://www.ebay.com/itm/330923484628
    Содржи речиси се што ви треба за таа намена. Можеби ќе треба да си докупите неколку додатни сензори, мотори... или што и да ви треба за да профункционира вашата замисла, ама секој таков додаток не е повеќе од долар-два.
    Јас го нарачав китот од линкот пред месец ипол... и го имам веќе пола месец. Сега се учам.
    Има доста книги, видео туториали на YouTube, а и сајтот на Arduino е полн со објаснувања и примери.

    Овде сме сите гикови и мислам дека за повеќето од вас не би било проблем да се позанимавате со малку електроника и програмирање.
    Дури и поинтересно е (барем за мене) сам да ја направиш таа автоматизација отколку да платиш друг да ја направи.

    Arduino се програмира во еден вид минимизиран C. Тука е објаснета целата синтакса на јазикот. Лесен е за учење.
    Доколку имате познавање од други јазици, има Arduino верзии и за C#, Java... само имаат други имиња. Пример, C# верзијата се вика Netduino.

    Бај д веј, може да се испрограмира далечинско управување преку мобилен (со Bluetooth, WiFi, интернет).
     
    imperial, smole, prichina и на уште 1 им се допаѓа ова.
  23. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Јас во моментов како "спас" го гледам само ова што pinky го кажа.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  24. smole

    smole
    Unstoppable

    2,926
    3,277
    18 Април 2007
    Фино кажано, ако pinky се научи јас би му платил да ми намести се како што јас сакам.

    Немам нити време нити желба да се мафтам со програмирање и електроника.
     
  25. pinky

    pinky
    Gaining Experience

    514
    404
    23 Мај 2009
    Планирам на пролет да го реализирам мојот "smart room" проект.
    Има време до тогаш. Ќе видиме дали ќе го биде.
     
    На imperial му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...