Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Galaxy S4 vs HTC one vs Xperia Z vs Iphone 5

Galaxy S4 vs HTC one vs Xperia Z vs Iphone 5


  • Вкупно гласале
    118

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.254
AMOLED (посебно pentile технологијата) сметам дека има голема предност над IPS за мобилни телефони заради помала потрошувачка на батерија и далеку подобар контраст и црна боја што за мал екран е предност (станува збор за приказ на елементи кои се минијатурни па изразеноста на контурите е позначајно од приказот на бои).

Имав Sony Xperia T (не IPS) кој според мене имаше перфектно балансирани бои на екран за разлика од Note 2 кој па и при силно сонце е малку потежок за гледање споредено со експериата но воопшто содржините за кои најчесто и се користи телефонот на AMOLED се на долг рок некако почитки и попрегледни.

Боите не се толку значајни зашто на крајот на краиштата која анализа човек може да ја направи на боите за да има потреба од телефон со калибриран екран. За телефон е безначаен аголот на гледање зашто ионака го гледаш од непосредна близина.

Главниот адут на AMOLED е што со мало осветлување дава оштра слика. IPS има посилно осветлување и во потемна просторија или навечер е далеку понапорен за користење за намена како сурфање на пример. Ако го затемниш приказот и не е до тој степен изразен и супериорен нели.

Ту сум станал самсунг фан. :D
 

Steff_Maja

poweruser
30 мај 2010
4.174
1.710
И јас не ја сфаќам малку анкетата.
Најмногу гласаа за HTC One, а најмногу и него го критикуваат со големи маани.

Мој избор би бил Samsung S4.
Нема врска што е пластичен. Има одличен хардвер, одличен екран со висок контраст, за тачот веќе нема што да се зборува, support-от од Samsung ќе го имаш во наредни неколку години и тоа е тоа што треба на секој корисник.
Исто така има најмоќна батерија која највеќе издржува од сите други телефони.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.254
После ова што го прочитав овде наредниве години нема ни да помислам да купам телефон кој не е пластика. Имало многу значајна причина зошто самсунг оди со пластика кај S4 наспроти конкуренцијата.
 

dejan_str

senior
8 април 2011
8.368
5.392
OHRID кај ензероно
После 7 страни мисслења на темава дојдов до следниот заклучок:

1. Ако не ти смета пластиката и сакаш перфоманси, поредовен update на OS и слично семај самсунг.
2. Ако сакаш добар дизајн и добри перфоманси земај Sony
3. Ако си типче што верува во Apple земај iphone безразлика каков е.

Никаде не ми се уклапа HTC One :) Пошо на перфоманси е полош од S4, има маани повеќе од било кој, на дизајн Xperia и Sony секогаш се ТОП и iphone е за тие што го сакаат apple :).
HTC one во секој случај е прекрасен(ако не ти се погоди со мана како членот што наведе)Дизајнот е супер,но и јас би се согласил за xperia Z .Не му имав удрено толку дикат на дизајнот,што повеќе го гледам то повеќе го бендисувам дизајнот на Xperia Z .
View: http://www.youtube.com/watch?v=5qi2oc7CW_A
И јас не ја сфаќам малку анкетата.
Најмногу гласаа за HTC One, а најмногу и него го критикуваат со големи маани.
тоа е така зошто никој не беше свесен за маните,проблемот со абдејти пред да гласа,а сега повеќето се свесни.Баш затоа ја отворив темава,ете колку со дискусија можат да се откријат некој работи.И јас гласав за HTC one.
Ako Би го повторил гласањето би гласал за Xperia Z само поради дизајнот,не сум ногу Гик по перформанси и слично,и лично немам потреба од абдејти на OS пошто не користам многу апликации,повеке смартфонот го користам како основна потреба(јавување-пораки)Фотографирање по малку и моден детал(нешто како чалам :D) A кога би бил гик кој сака перформанси,игра игри,користи разноразни апликации,има потреба од абдејти на OS дефинитивно би го одбрал galaxy S4.Многу бев запален по HTC one а сега не сум но сигурно и тој ја оправдува цената,можда со понатамошна дискусија пак ке го сменам мислењето и ке се вратам на ХТЦ оне,штознам.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.254
Xperia Z е фантастично добар телефон но воопшто од оваа перспектива и искуство што го имам сега му наоѓам една голема маана која мене лично ми пречи и нервира:

Копчињата хоум, бек и цетралното се сместени софтверски во екранот. Стојат во сите апликации како такви (освен при гледање на фотографии) што во суштина ја намалува површината за приказот на самите апликации. Бар на Т беше така.

Можеле ова да го направат попаметно.
 

dejan_str

senior
8 април 2011
8.368
5.392
OHRID кај ензероно
Xperia Z е фантастично добар телефон но воопшто од оваа перспектива и искуство што го имам сега му наоѓам една голема маана која мене лично ми пречи и нервира:

Копчињата хоум, бек и цетралното се сместени софтверски во екранот. Стојат во сите апликации како такви (освен при гледање на фотографии) што во суштина ја намалува површината за приказот на самите апликации. Бар на Т беше така.

Можеле ова да го направат попаметно.
не не,копчињата home,back и слично и ако се совтверски се губат после 2-3 секунди од последно притискања ако гледаш видео или слики и не ти сметаат пошто не ги гледаш,па со наредно стегање на местото каде се наоѓаат пак се појавуваат. ;D .Xperia Z нема мана,прекрасен е
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Прочитај пак и размисли :D не си сватил добро. Нели гледаш дека е број 1 на списокот на гласачи... од каде таква перцепција.
Не реков ако ја гледам анкетата туку дискусијата од 7 страни.
Меѓу анкетата и дискусијата има многу голема разлика. Само еден пример е што има многумина кој би го смениле својот глас од HTC One на некој друг модел.

Xperia Z е фантастично добар телефон но воопшто од оваа перспектива и искуство што го имам сега му наоѓам една голема маана која мене лично ми пречи и нервира:

Копчињата хоум, бек и цетралното се сместени софтверски во екранот. Стојат во сите апликации како такви (освен при гледање на фотографии) што во суштина ја намалува површината за приказот на самите апликации. Бар на Т беше така.

Можеле ова да го направат попаметно.

Поновите модели почнаа да ги прават такви, Nexus 7 е ист без хардверски копчиња.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.254
не не,копчињата home,back и слично и ако се совтверски се губат после 2-3 секунди од последно притискања ако гледаш видео или слики и не ти сметаат пошто не ги гледаш,па со наредно стегање на местото каде се наоѓаат пак се појавуваат. ;D .Xperia Z нема мана,прекрасен е

Треба да провериме зашто така е само кога прегледуваш фотки.

Но во игри на пример копчињата се константно присутни на екранот од експериа Т. Немам јутуб на работа па баш провери во 3д бенчови дали е така.
 

Jokerski

lurker
28 октомври 2010
820
738
Во твојот ум чедо
Jokerski's setup  
OS
Windows 11 Pro 64bit
Сите имаат мани, но по енглескиве форуми S4 има највеќе мани. Не ставаат толку акцент како нас овде на темава на HTC One, бидејќи они размислуваат дека тие два телефона не се во конкуренција едноставно се изработени за различен тип на луѓе, иако на XDA повеќе се работи на HTC. Го имаат спомнато како е залепен екранот или останатите делови, но за истото имаат изјавено дека серијата од Мај оваа година е со сите мани елиминирани, така да... А јас баш таа среќа ја имав да ја купам таа верзија, што пак од друга страна нема клуч за да ја отклучам па морам на Т-мобиле да ја фурам. Али прашање е на време кога ќе се среди и тоа.
Ние овде у старт го фаворизиравме HTC One и го направивме бр.1 и тема за дискусија, а додека странциве го критикуваат S4, па по таа логика оној телефон кој е најмногу фаворизиран кај него највеќе и најбрзо се откриваат маните, што не значи дека другите ги немаат ама ете се остава таков впечаток.

Ве молам момци со XPERIA Z брцнетe го телефончето у вода, и носете со себе кофа за плачење :D.
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.490
5.608
Xperia Z е фантастично добар телефон но воопшто од оваа перспектива и искуство што го имам сега му наоѓам една голема маана која мене лично ми пречи и нервира:

Копчињата хоум, бек и цетралното се сместени софтверски во екранот. Стојат во сите апликации како такви (освен при гледање на фотографии) што во суштина ја намалува површината за приказот на самите апликации. Бар на Т беше така.

Можеле ова да го направат попаметно.

Јас пак се надевам дека што е можно поскоро сите ќе имплементираат софтверски копчиња како кај нексусите и веќе еднаш ќе ги баталат капацитивните и крајно најглупите хардверски копчиња.
При толкав екран софтверските копчиња се капка во море кога станува збор за површина на приказ. :)
Јас на мојот сензејшн со 4.3'' екран кога му вклучам софтверски копчиња не приметувам некоја значајна разлика во површината за приказ, а не пак на екрани од 4.7, 5 и поголеми.
 

dejan_str

senior
8 април 2011
8.368
5.392
OHRID кај ензероно
Сите имаат мани, но по енглескиве форуми S4 има највеќе мани. Не ставаат толку акцент како нас овде на темава на HTC One, бидејќи они размислуваат дека тие два телефона не се во конкуренција едноставно се изработени за различен тип на луѓе, иако на XDA повеќе се работи на HTC. Го имаат спомнато како е залепен екранот или останатите делови, но за истото имаат изјавено дека серијата од Мај оваа година е со сите мани елиминирани, така да... А јас баш таа среќа ја имав да ја купам таа верзија, што пак од друга страна нема клуч за да ја отклучам па морам на Т-мобиле да ја фурам. Али прашање е на време кога ќе се среди и тоа.
Ние овде у старт го фаворизиравме HTC One и го направивме бр.1 и тема за дискусија, а додека странциве го критикуваат S4, па по таа логика оној телефон кој е најмногу фаворизиран кај него највеќе и најбрзо се откриваат маните, што не значи дека другите ги немаат ама ете се остава таков впечаток.

Ве молам момци со XPERIA Z брцнетe го телефончето у вода, и носете со себе кофа за плачење :D.
што ти значи ова?дека не е вистински водоотпорен?
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.254
Јас пак се надевам дека што е можно поскоро сите ќе имплементираат софтверски копчиња како кај нексусите и веќе еднаш ќе ги баталат капацитивните и крајно најглупите хардверски копчиња.
При толкав екран софтверските копчиња се капка во море кога станува збор за површина на приказ. :)
Јас на мојот сензејшн со 4.3'' екран кога му вклучам софтверски копчиња не приметувам некоја значајна разлика во површината за приказ, а не пак на екрани од 4.7, 5 и поголеми.

Секој си има мислење ама ако може површината да се искористи попаметно зошто да не се направи така. Јас лично немам никаков проблем со хардверски копчиња. Од друга страна навистина ми е подобро апликацијата подобро да го искористува екранот независно која и да е неговата димензија.
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.490
5.608
Секој си има мислење ама ако може површината да се искористи попаметно зошто да не се направи така. Јас лично немам никаков проблем со хардверски копчиња. Од друга страна навистина ми е подобро апликацијата подобро да го искористува екранот независно која и да е неговата димензија.

Па како и да гледаш исто е. Порано ги правеа капацитивни, сега на местото на капацитивните копчиња ставаат многу поголеми екрани со софтверски копчиња, што е многу подобро.
Мене лично после софтверските копчиња најдобро решение ми е Pie Control, а хардверски копчиња страшно многу ме нервираат и стварно не знам сошто Самсунг уште ги фура.

 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Нема поубава работа од дедицирани копчиња на телефонот. Неможам да замислам телефон во кој HOME копчето не е физичко копче. Исто и за сајлент копчето, исто и за заклучување и отклучување.
 

xhktw

x
2 август 2009
1.466
1.945
xhktw's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 5700X3D / Macbook Pro M4 14' 16/512
Motherboard
MSI B350 Tomahawk
Storage
Samsung 870 EVO 1 TB SSD
PSU
Gigabyte Odin 1200W PSU
RAM
G.Skill DDR4-3200 64GB
Video card
PNY 3090 24GB
Case
Logic Portos Case
Mouse
ROG Harpe Ace AimLab Edition
Keyboard
AK820Pro / Monsgeek Fun60 Pro / Custom 3D Printed
Monitor
34" MSI MAG342CQPV 100Hz / ASUS 27" ROG Strix OLED XG27AQDMG
OS
macOS Sequoia / Arch Linux
После 7 страни мисслења на темава дојдов до следниот заклучок:

1. Ако не ти смета пластиката и сакаш перфоманси, поредовен update на OS и слично семај самсунг.
2. Ако сакаш добар дизајн и добри перфоманси земај Sony
3. Ако си типче што верува во Apple земај iphone безразлика каков е.

Никаде не ми се уклапа HTC One :) Пошо на перфоманси е полош од S4, има маани повеќе од било кој, на дизајн Xperia и Sony секогаш се ТОП и iphone е за тие што го сакаат apple :).


jiFfM.jpg
 

Jokerski

lurker
28 октомври 2010
820
738
Во твојот ум чедо
Jokerski's setup  
OS
Windows 11 Pro 64bit
што ти значи ова?дека не е вистински водоотпорен?


Кофата е за недај боже, ама ајде нека пробаат, на другиве телефони не се курчат толку со такви екстремни работи, па да пробуваме. Со таа Xperia ми го потекова, дека е водоотпорна а никој нема гз да проба. На YOUTUBE под чешма го брца па и ја HTC во ќе го брцнам под чешма... S3-ката ми падна у вирче ја извадив ништо не и беше и сеа што .... Водоотпорна е ?
Се фаќате за некој банални работи, што никогаш нема да ви требаат....
Ако треба да се скрши заебе и слично, ќе ти падне во плитка вода на камен ќе се плесне тоа стаклото партали ќе се напраи, и тогаш најболје е ?

Прво што се гледа од телефон, е дизајн другото перформанси да речеме по потребите, и трето издржливост на батерија, нормално софтверот го ставам во перформанси.
По моите видувања Xperia Z не вреди да е во high end телефони, иако е flagship на Sony, дај молим те тоа launcherot нека го опраат, па нека дојдат. И плус од компанија како Sony која ја прави најмоќната конзола на светов, да произведе таков мобилен..... Резил... Плус се клепаат на продажбата на ПС3, молат играчите да купат Сони телефон за да може ремоте плеј.... Ти се молам, убаво си зборевме за С3 и С4 и ХТЦ Оне...

HTC-во ми е замена за С3, и ако мислам дека нечини одма ќе го сменев. Не го фаворизирам дека е мое, па најболје. Значи телефонот е сосема ново доживување за разлика од Самсунг, јас имам еден куп Sensation, One X, на работа и ниту еден не ми се допаѓа, али ова е стварно вредно да се стави пред S4. Со С4, јас сум убеден дека тој што ќе ја купи, ќе има еден куп разочарувања, преценет е телефонот (најверојатно ради специјалните ефекти), со HTC сите го зимаат од тоа што слушнале дека е солиден подобар и слично, и кога ќе го купат имаат страшно добар впечаток за него. Јас познавам еден куп луѓе со iPhone i S3, што преминаа на HTC One и се презадоволни, има луѓе кои со С3 за С4 викаат дека е срање пошто им е истиот телефон, а има и такви што го цинкаат HTC One, едноставно го хејтаат.

Убаво кажав на почетокот S4 - entertainment, HTC - business class , како што го споредија странциве. Да речеме нешто како на Lenovo Ideapad i ThinkPad.
Не парирам на никого, само сакам реални да бидете. Еден греел еден вака еден онака, за да кажеш греел треба да ги држиш двата телефона во рака и да речеш еј стварно е жежок не го бива.

А не продал нивата на баба му и дедо му отишол у Т-мобиле Чаир со маичка по прерамки, и вика дајте ми еден Самсунгот овој најновиот што е, и ќе ми глуши како бил жежок и слично (Ова е вистинита приказна ... ми ја зема S4, пред мене). Не прецизирам да не мислите го напаѓам дечкото, ниту се однесува за него, сакам само да потенцирам дека треба да се направи споредба и да се увиди тоа дали пречи до тој степен за да се промени мислењето за него. Тие од HTC, не се глупи сигурно па да пуштат нешто што е до тој степен лошо... нели и утре треба да се продава.
 

velkovski95

read-only
17 јануари 2011
3
0
Јас сепак би го дал гласот за Galaxy S4, иако HTC One има подобар дизајн, инаку мислам дека треба да ги почекаме уште 2та конкуренти на овие телефони тоа се iPhone 5s и LG Nexus 5, инаку сакам да појаснам нешто што досега немам видено некој да го кажал тоа, iPhone 5 е конкурент на Galaxy S3, а не на S4 бидејќи тие 2 телефони се искочени 2012 година, а во 2013 споредувајте го iPhone 5s со останатите. Прогуглајте малку и ке видите дека е така.
Инаку поздрав до темата и се останато, убаво што се отвори ваква дискусија.

па не го додадов пошто е послаб во перформанси од овие 3,и работи на друг ОС,Овие 3 некако се иста цена,исто чипсет процесор-рам и слично.А Iphone5 се разликува тука ,затоа ги ставив само овие 3.


Слободно можеш и да го избришеш бидејки тој смартфон е генерација 2012 затоа е и слаб, чекаме 5ѕ. Поздрав
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.490
5.608
Нема поубава работа од дедицирани копчиња на телефонот. Неможам да замислам телефон во кој HOME копчето не е физичко копче. Исто и за сајлент копчето, исто и за заклучување и отклучување.
Нема ПОГЛУПА работа од хардверски копчиња на СМАРТФОН.
За сајлент и лок нормално е ок. Али никако неможам да замислам навигациски физички копчиња како од на тито времето на смартфон, да овде и ајфонот спаѓа.

Инаку за оние погоре, експериата е водоотпорна и отпорна на прашина со сертификат.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.254
не не,копчињата home,back и слично и ако се совтверски се губат после 2-3 секунди од последно притискања ако гледаш видео или слики и не ти сметаат пошто не ги гледаш,па со наредно стегање на местото каде се наоѓаат пак се појавуваат. ;D .Xperia Z нема мана,прекрасен е

Еве ги трите за кои правиме муабет.:

cy1t.jpg


Бенчов е прикажан на 1:21 од видеото.

Гледај го самсунгот во однос на експеријата со копчињата на екран. Нели е подобро вака? За мене да.

А и плус од авион се гледа која разлика ја прави добриот контраст во приказот на мал екран.
 

The_Man

poweruser
18 ноември 2009
2.341
2.044
Нема поубава работа од дедицирани копчиња на телефонот. Неможам да замислам телефон во кој HOME копчето не е физичко копче. Исто и за сајлент копчето, исто и за заклучување и отклучување.

Ќе замислиш ајде кога Епл ќе го тргнат тоа копчето што зафаќа четврт телефон:D . А глава давам дека ќе го тргнат зошто секој втор ајфон има фалично копче .
 

Jokerski

lurker
28 октомври 2010
820
738
Во твојот ум чедо
Jokerski's setup  
OS
Windows 11 Pro 64bit
Ќе замислиш ајде кога Епл ќе го тргнат тоа копчето што зафаќа четврт телефон:D . А глава давам дека ќе го тргнат зошто секој втор ајфон има фалично копче .
Treba da se otkazat od patentot, i da mu gi vratat parite na samsung.
 

dejan_str

senior
8 април 2011
8.368
5.392
OHRID кај ензероно
Еве ги трите за кои правиме муабет.:

cy1t.jpg


Бенчов е прикажан на 1:21 од видеото.

Гледај го самсунгот во однос на експеријата со копчињата на екран. Нели е подобро вака? За мене да.

А и плус од авион се гледа која разлика ја прави добриот контраст во приказот на мал екран.
на видеово S4 изгледа помал од HTC one,А лично ги видов и држев двата S4 i9500 i HTC one,HTC one ми изгледаше помал.Интересно
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно