Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Electronic Water Softener

dimges

read-only
14 мај 2017
21
13
Имам проблем, а и сите ние во Скопје и Македонија, со тврдата вода.Се нудат решениа додатни уреди со смола о поликарбонати, но тоа ем што бара на одреден период замена на масата која не е баш ефтина, ем има ризик од протекување, бидејки се поставуваат на висок притисок. ( на пример кај машина за садови солта се дотура во зона без притисок).
Прво наидов на уреди со неодмиумски магнети, уште поефтини и без потреба од напојување, но синот ме пишмани, кажува дека тоа е минорно намалување на тврдината. Всушност мене ме интересира спречување на фаќање каменец во уреди, почнувајќи од машина на садови а посебно и кај греење на вода, на пример проточни бојлери.
Најдов производител во Србија, но тоа се големи уреди и веројатно скапи Vulcan - Tehnologija
а на ебау најефтина понуда моментално е
Electronic Water Descalner Softener | eBay

инаку имало некој шеми на ЕМИТЕР, ме интересира дали некој направил и какви резултати добил ??
Нашиве фирми во Скопје за сега НЕ нудат електронско спречување на каменец.
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
И кас барав вакво нешто со години. Не сум го пробал одма да кажам, ама верувам дека додавање сол во машина за садови има далеку поголем ефект.

Нормално не се тура сол во бољер :D

Е сега имплементација. Ако би го ставил директно после водомерот, не верувам дека би имал било каков ефект. Едноставно големо количество на вода протекува премногу брзо за ова да би имало некаков ефект.

Исто важи и за проточните бољери. Нема толку сила и брзина да ја промени хемиската структура на водата како што проаѓа. Единствена примена гледам во обичен бољер, само ако е внатре во резервоарот.

За жал таква е Скопската вода, тврда. Ама ептен е вкусна за пиење.
 
сега ми кажа еден пријател, монтирал електронски уред кај некоја козметичарка, купен од Гермнија, за водата за лице, ама немал ефект, пак камен фаќале, мора со дестилирана вода да се третираат...
Инаку јасно дека електронски не би можело да се третира голем проток и брзина , но проточните бојлери Клаге и сличните се со мала цевка а имаат и систем за успорување на водата, некаде минимум е 1,8л/минута , нормално на 2,5 до 3 л/минута, за да постигне 43 степени ( за миење садови во кујна).. овие од Сетек тврдат дека од каменец сам се чисти проточниот бојлер, но јас сакам да најдам чаре и за вон гарантен рок...
 
Проблемот со проточните се решава со купување на Siemens бољер, од моделите со бакарна комора. Siemens било кој проточен бољер вибрира внатре каде што греачите имаат контакт со водата, со што се намалува создавањето на бигор.

Ама не се имуни. Иако и пластичните и бакарните комори имаат механизам за намалување, сепак знаат да се запушат. Кај пластичните после 9 години ми се има запушено комора на 9/18KW Siemens и морав да ја сменам цела комора. 6000 денари беше од овластен сервис нова, со гаранција.

Кај бакарните исто после 9-10 год. ми се запуши 12/24Kw комора, ја третираа (исто од сименс сервисот) и ја одзатнаа и исчистија како нова за некој 1500 ден. Разликата е таа кај проточните. Не би зимал од СЕТ и нивните марки, особено големи проточни за во бања.

Јас мислам дека сепак и пластичните на Сименс траат разумно долго (со оглед на водата кај нас), така да не би експериментирал со непознати марки.

Да ти одговорам на ПП-то, немам појма од батерии, списокот во потпис е за вејперите. Треба да додадам за вејпинг пошто често има забуна. Едноставно е листа за батерии за модови, ништо повеќе.
 
dimges

read-only
14 мај 2017
21
13
благодарам за одговорите. Инаку јас бев и во Сименс, но нивен најмал модел е 6кВ што е премногу за монофазно, затоа зема синот КЛАГЕ од 4,4кВ, од Сетек. Од Сименс кажаа дека имаат чистење во Сервис, ама САМО за нивни марки. Синот има сам искуства со чистење со лимунска киселина, ама треба да провериме дали бакарот нема проблем со лимунската киселина...
 
Spamalot

lurker
13 јуни 2011
943
308
samo sistem za ionizacija, za domasna upotreba se mislam 600-700 e, so golemina kolku masina za perenje alista, se postavuvaat na glavnata cevka posle vodomerot. posle odredena upotreba se resetira sistemot so koncentrirana sol, za da se icisti filterot i da se ionizira obratno, ama toa e kao ednas godisno, i trosokot ne e golem.

Za tie sistemi so magneti ili magnetizam, ne sum istrazuval ne sum zapoznaen, ama mi zvuci kako bogus marketing trik, sto ako aplicira magnetizam, kaj ke gi odnese mineralite, nema da gi snema
 
ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
благодарам за одговорите. Инаку јас бев и во Сименс, но нивен најмал модел е 6кВ што е премногу за монофазно, затоа зема синот КЛАГЕ од 4,4кВ, од Сетек. Од Сименс кажаа дека имаат чистење во Сервис, ама САМО за нивни марки. Синот има сам искуства со чистење со лимунска киселина, ама треба да провериме дали бакарот нема проблем со лимунската киселина...

По муабет онака од нога со дечкото што ми ги има чистено, не користат киселини него вакуум и компресори да ги избијат наслагите. Тој метод не работи на пластичните модели, само на бакарните.

Како и да е, за се над 5 треба трофазна. И тоа кај мене е пуштен кабел посебен до табла (и нова табла) за 9/18, а тој на 12/24 иде директно до саат.
 
15 септември 2012
1.165
1.300
Имам проблем, а и сите ние во Скопје и Македонија, со тврдата вода.Се нудат решениа додатни уреди со смола о поликарбонати, но тоа ем што бара на одреден период замена на масата која не е баш ефтина, ем има ризик од протекување, бидејки се поставуваат на висок притисок. ( на пример кај машина за садови солта се дотура во зона без притисок).
Прво наидов на уреди со неодмиумски магнети, уште поефтини и без потреба од напојување, но синот ме пишмани, кажува дека тоа е минорно намалување на тврдината. Всушност мене ме интересира спречување на фаќање каменец во уреди, почнувајќи од машина на садови а посебно и кај греење на вода, на пример проточни бојлери.
Најдов производител во Србија, но тоа се големи уреди и веројатно скапи Vulcan - Tehnologija
а на ебау најефтина понуда моментално е
Electronic Water Descalner Softener | eBay

инаку имало некој шеми на ЕМИТЕР, ме интересира дали некој направил и какви резултати добил ??
Нашиве фирми во Скопје за сега НЕ нудат електронско спречување на каменец.

Имав информација дека пред 15-тина години вакво нешто произведувале во Фонко (или барем планирале да произведуваат)...
Впрочем, пред 15-тина години тоа беше многу актуелна технологија и мислам дека се вгради во неколку згради (пред пумпните станици) во Капиштец...

Еве го Емитерот: Електронски отстранувач на бигор (1)

Од моите скромни познавања уредот работи пулсно и го пореметува магнетното поле на честичките на варовник и понатаму варовникот не се таложи по површините како цврст седимент, туку останува да лебди во садот.
За бојлер од прераскажано: по некое време на користење, кога ќе се насобере количина од него... истекува бела течност низ цевката од чешмата и пак почнуваш од почеток.
Не беше корисно за викендици.

Понатаму имаше некоја финта при монтирање: требаше да биде пластична цевка, ама местото каде е навојот од кабелот +10 cm на двата краја, да биде метален - челична цевка. Јас ги немав тие услови кај мене дома и не го вградив... Електронската шема треба да ја има на интернет.

Фактот дека загреаната вода над 60-65C побрзо таложи бигор, Ви е познат? Наједноставно заротирајте го термостатот до тие температури...
 
dimges

read-only
14 мај 2017
21
13
По муабет онака од нога со дечкото што ми ги има чистено, не користат киселини него вакуум и компресори да ги избијат наслагите. Тој метод не работи на пластичните модели, само на бакарните.

Како и да е, за се над 5 треба трофазна. И тоа кај мене е пуштен кабел посебен до табла (и нова табла) за 9/18, а тој на 12/24 иде директно до саат.
вчера проваѓав кај Сетек и зборував со еден од сервисот... тој кажува дека чистење не вршат, само самите купувачи а можело со некое средство се купувало од КАМ ( да не мисли кесички лимонтус ?) а цевките се бакарни ама од внатре биле со нешто обложени? и немале гајле од лимонтусот...
Има друга работа кај чистењето, бидејки проточните бојлери се на редна клема, не е како обични бојлерчиња извади штекерот и носи...
б.т.в., пред 2 дена го отворив обичното пластично бојлерче Кончар од 10 литра, сум го чистел од камен предходно 2017, за 2 години имаше околу 600грама каменец, но на греачот немаше многу... а бојлерчето ми е од 1989, со станот во Н.Лисиче. Кога се чисти камен мора и гумен дихтунг да смениш, 50мкд.
Бргу се троши водата, но имаш жешка вода, а кај проточните ја немаш таа температура, ама стално имаш топла вода.
Имав порано некоја идеа, да се поврзе проточно бојлерче со класично, т.е. во класичното да се догрева од 40 на 60. Ако се земи проточно бојлерче од 3,5кв, со класичното од 1,5кв не е тоа многу, само треба да има плус еден електричен довод, или тој што е за машина за садови. Каменот ќе се ствара воглавном како и до сега, во класичното бојлерче, каде полесно е за чистење. Ова евентуално би го пробал на долна изведба на класично бојлерче...
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно