1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

(ecig) Истражувања, експерименти и здравствени аспекти

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 24 Декември 2017.

  1. krema

    krema
    Professor

    8,976
    8,724
    24 Јуни 2009
    Машко
    Имам читано дека со тек на време од е-циг се станувало зомби, колку е точно не знам.

    ј/к
     
  2. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,559
    2,373
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Во врска со последниот скандал за "Wet Lung", GrimmGreen излезе со мислење и како и секојпат основано врз факти, им ја скрши кичмата. :)

     
    Chicco69, OldSchoolPvP и на Metuzalem им се допаѓа ова.
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,390
    10,193
    13 Јуни 2009
    Некако имам чувство дека на форумов се обидуваме да ги негираме сите факти кои говорат за штетни ефекти од ециг. Ќе споменеме дека не е исто како свеж воздух ама после си се тешиме дека нема врска еве вејпаме и сме здрави.

    Излегоа на CNN со изјава за wet lung која во понатамошниот текст има за цел да посочи дека вејпот зема замав кај млада популација во САД. Моето мислење е дека треба да се поддржи таквата иницијатива и младите да не се подложни на вакво искушение. На крајот на краиштата сепак зборуваме за хемикалии.

    Чисто само да нема забуна. Јас и покрај сите ризици вејпам. Ама добро е да сум свесен дека има ризици и какви манифестации може да имаат.

    Во најмала рака ова е скоро целосно не истражена област за ефектите на долги стази.
     
    bicikle, Chicco69 и на Sharlovski им се допаѓа ова.
  4. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    993
    1,128
    11 Март 2011
    Wet Lung е народски израз за хиперсензитивен пневмонит, што е еден вид имунолошка/алергиска реакција во белите дробови. Инаку за секој вид алергиска реакција, потребен е антиген, а тој лесно може да биде од вдишаните партикли.

    Доколку се докаже врската помеѓу вајпингот и оваа состојба, како и некои нови, има голема шанса вајпингот да стане поштетен од пушењето.

    Инаку сега се заложбите вајпингот да стане меинстрим и извесен период се ќе е мед и млеко. Не ги потценувајте мултимилионските корпорации, кои дефинитивно не чекаат туку така да се распострани користењето.

    Прв фатален случај во САД од експодирана е-цигара

    https://nypost.com/2018/05/16/man-killed-by-exploding-vape-pen-is-first-e-cigarette-casualty-in-us/
     
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,390
    10,193
    13 Јуни 2009
    Ова е добар пример дека мора да се биде внимателен. Експлозија на батерија е можна но не ако пазарот на уреди е регулиран т.е. стандардизиран. Уредите кои овде ги користиме и препорачуваме имаат заштита која спречува вакви немили настани. Но со недокажани уреди и со неправилна употреба и ракување на батериите опасноста постои. Не само кај цигарите туку и кај сите уреди кои користат моќни батерии.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,200
    11,233
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Го пишавме, не дека го криеме.

    За бранење, ги напаѓаат од сите страни, а нема кој да ги брани (од официјалните канали). Ќе пуштат некоја ваква болва и ќе се рашири низ сите весници, евентуално д-р Фарсалинос ќе ги разбуца и никогаш нема одговор (барем јас не сум видел да има).

    Реалистичните или умерени написи никој не ги пренесува.

    Што ми смрди мене кај мокрите бели дробови:

    - еден единствен случај, а дигнаа толкава галама
    - објавено од педијатри
    - во написите од весниците нашироко се разглабаат други работи (вообичаено за е-цигарите)

    Ете, можеби била алергична или имала други генетски предиспозиции, да не кажам аномалии. Повеќе разбуцавање има во видеото.

    The why?

    "The report notes that the patient had a history of very mild asthma"

    The huh?

    "The authors noted that this is the first reported case of its kind resulting from e-cigarette use in an adolescent."

    Oh, really?

    ""Chemicals such as glycerin or propylene glycol have been questioned for some time as to their safety, and may have played a role here," Dr. Len Horovitz, pulmonary specialist at Lenox Hill Hospital in New York City who was not involved in the patient's care, told CBS News."

    No shit...

    Секој месец избацуваат по некое страшило. Тука има многу скриени агенди од едни или други фактори, често и бирократија е многу желна да забрани некои работи.

    Јас за мене сум на чисто, алтернативата би била аналогни (затоа што не можам да се откажам), па нема што да мислам. Дури и да не е точно тоа „електронските се 95% помалку штетни од аналогните“, еве нека биде и 50% или дури и 10%, тоа е.

    Едит [26.05.2018]: Д-р Фарсалинос разбуцал.
     
    ТАТА_МАТА, Chicco69 и на Tom Ford им се допаѓа ова.
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,390
    10,193
    13 Јуни 2009
    Скриени агенди, сигурно. Тоа што имаме избор е добро. Да бидеме отворени за информации е исто така потребно.

    За тебе, за мене, алтернативата со сегашните сознанија е оваа. Да не заборавиме дека за некого постои и друга алтернатива. Да не пушат.
     
  8. krema

    krema
    Professor

    8,976
    8,724
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ако не па да се вратиме на аналогните!
     
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,200
    11,233
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Во врска со „студијата“ на Ендокринолошкото здружение: „Е-цигарите МОЖАТ да доведат до насобирање мрснотија во црниот дроб“, посочена од колегата @ksimon во главната тема.

    Како прво, таа студија изгледа не предизвикала големо внимание во март и затоа не ја забележав. Иако (сега гледам со гуглање) била пренесена од подоста медиуми, сите вести се групирани околу 18-22 март, а и во соопштението во мојот прв линк (мислам дека тоа е оригиналното, односно најблиску до изворот) се најавува дека ЌЕ ги соопштат резултатите на некој нивни собир на ендокринолозите. И подоцна нема ништо, ни линк од истражувањето или некои заклучоци или подетални податоци. СИТЕ статии што ги најдов или го цитираат скоро од збор до збор само тоа соопштение (не е студија) или (ретко) лабаво го прераскажуваат. И што е најиндикативно, не е објавено во некој од „поголемите“ угледни медиуми, кои инаку често едвај чекаат шанса да се нафрлат на е-цигарите.

    Второ, нешто што веднаш го забележав читајќи го изворот, е изјавата на шефот на истражувањето:

    “Our experimental results will provide support to policymakers and federal and state regulatory bodies to take preventive measures to stop the increasing use of e-cigarettes among both children and adults,” Friedman said.

    Тоа е повеќе од скандалозно, тргнува со директна намера да добие негативни (лоши) резултати и да влијае на законодавците. Секој пат кога ќе видам апел „да ги заштитиме децата“ во нешто што би требало да биде научно истражување, се пали огромна црвена сијалица за аларм. На крајот на краевите, не истражувал на деца, истражувал на глувци, нема зошто да ги меша децата кога истражувањето никако не е поврзано со децата. Да, децата треба да се заштитат, но не тргнувајќи од предрасуди, без доволно факти или со фабрикување на фактите.

    Понатаму, забележав (ова можеби се мои предрасуди) дека се работи за релативно непознат или помал универзитет во Калифорнија, држава што е прогресивна (или се претставува/труди да биде) и понекогаш води крстоносна војна против се` што смета за нездраво. Имав читано (не можам да го најдам сега, ако треба ќе го побарам) за случај каде што забраниле цигари/вејпинг на цел универзитетски кампус и нарачале истражување од нивниот медицински оддел да го поддржи тоа (дека се штетни).

    За другите (пообемни/поиздржани) студии можат да се најдат разбуцувања (демантирања, наоѓање грешки во методологијата на научна основа) барем од некои поборници на е-цигарите, најчесто лекари, поединци. Повторувам, нема единечен голем производител во САД што би застанал зад е-цигарите; Juul, иако доста порасна, уште не е моќен као големите тутунски компании, а и е во фокусот на вниманието во последно време од страна на тие што сакаат да наложат најразлични забрани како најголема мета, па веројатно не сака да се истакнува или да го влечкаат по скандали ако го фатат да биде вмешан во нешто толку вообичаено како поткупување научници или новинари. /sarcasm

    На Кинезите не им е гајле или не можат да влијаат многу (ако ништо друго, којзнае какви политики се водат во САД за спречување „кинеско влијание“). Така што, постојано сме бомбардирани од напади на е-цигарите, а од одбрана многу ретко, и тоа без да и` се посвети доволно медиумско внимание.

    Ова, нели, е релативно нова област и можам да си замислам дека секој научник ќе сака да биде запишан во историјата како некој што открил нешто револуционерно/го спасил човештвото од опасноста. /sarcasm (пак) Па затоа толку се фокусираат да откријат нешто или да пријават макар и најмало или сомнително откритие.

    Да не ги повторуваме веќе многу пати искажаните сомнежи за поткуп од страна на противниците на е-цигарите, кои се многу финансиски моќни (а трпат огромни загуби од е-цигарите), или едноставно обичната желба на научниците за продолжување на финансирањето („најдов нешто, потребни се уште истражувања“, а ако не најде ништо - готово е).

    За ова истражување најдов само едно кратко разбуцување, како и повеќе аматерски критики/забелешки од корисниците, од кои многу се издржани (колку што може да се биде кога нема документација за истражувањето). Да не прераскажувам, може да прочитате таму.
     
    Последна промена: 23 Мај 2018
    На Skopski4Ever, Astraion, gokica и уште 5 други им се допаѓа ова.
  10. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,200
    11,233
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ќе додадам во првиот пост табела со сите можни научни истражувања поврзани со електронските цигари во текот на годините. Барем препознав некои од попознатите. Мислам дека има и позитивни и негативни, но не сум сигурен. Не знам кој е автор.

    Го нема ова за црниот дроб, но како што реков, него не го најдов објавено никаде.
     
  11. shitpost101

    shitpost101
    Gaining Experience

    404
    294
    9 Февруари 2018
    Машко
    досега искрено не сум слушнал некој да умре од вејпање, од експлодирана е-циг да, ама од самиот вејп не ...башка сигурно има некои со вејпале со години па ништо не им е ( да може звучи у стил, и аналогни пушеле па не умреле... али сепак), ај да не отидам ептен далеку на теории на заговор на компанииве за тутун и слично.
     
  12. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,200
    11,233
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    (Арома на) Цимет нарушува белодробна функција

    Не ми изгледа како наместена студија, затоа што одамна се знае дека цимет нагризува пластика (во танкови), а и имало и порано истражувања со слични заклучоци (едно од 2014 има во табелата).

    Барем не дрват со половина од текстот за други „опасности“ од е-цигарите (повеќето недокажани) како овие.
     
    Chicco69, krema, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    Вируси/бактерии се пренеауваат преу вг или пг (одделно)?
    Тоа подоле го читав, мада многу е конфузен(за мене) текстот.
    jem.rupress.org › jem › 725.full.pdf
     
  14. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,200
    11,233
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Како нема да биде конфузен, од 1905 е. :hay:

    Зборува за вакцини за крави, и дека глицеринот има променливо дејство на бактериите/вирусите, и врз различни видови/сорти и со текот на времето.

    Тоа го знаеме, ВГ има многу помало бактерицидно дејство од ПГ-то (кое не се спомнува во текстот), но сепак го има.

    Во секој случај, не е премногу релевантно за нас.
     
    На Sharlovski и bicikle им се допаѓа ова.
  15. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    Ах не приметив дека од '05 е :D
    Инаку ме интересираше ради што гледам по ут кувариве со нараквици со маски демек ќе си пренесел бактерии во манџата, ама искрено јас толку многу не се замарам а гледам и не било толку за во несвес паѓање.
     
  16. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,200
    11,233
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Скоро сум сигурен дека тие им се само за сликање. :hay:

    Не дека е лошо да се носат, ако некој сака да се замара (и е толку параноичен). :hay:
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,200
    11,233
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Добра вест: Не е најдено оштетување на белите дробови од долгорочно секојдневно вејпање.

    Или, со други зборови, прелиминарните резултати од студијата укажуваат дека вејпањето на долг рок не е веројатно дека претставува значителен ризик по здравјето.

    Иако примерокот на испитаници (вејпери) бил мал, не нашле разлика со белите дробови на луѓе што ниту пушат ниту вејпаат. Ги следеле 3 и пол години.

    Во статијата докторот одговара и на обвинувањата (студиите) за стврднување на артериите: Секој стимуланс го прави тоа, кафето дури и повеќе и подолготрајно, како и гледањето фудбал. :hay:

    И на крај (да се чита со брз глас како на реклами за медицински средства): Меѓутоа, истражувачите заклучија дека е потребно да се спроведат понатамошни студии со поголем примерок испитаници.
     
    На Ace Lud, fis1976, ТАТА_МАТА и уште 6 други им се допаѓа ова.
  18. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,200
    11,233
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Carbonyl emissions from a novel heated tobacco product (IQOS): comparison with an e-cigarette and a tobacco cigarette

    “We analysed aldehyde emissions, and in short terms what we found was IQOS releases 80-90% lower levels of aldehyde to a tobacco cigarette, and an e-cigarette releases about 90% less aldehyde than IQOS itself – and about 99% less than a commercial tobacco cigarette.”

    (Аналогно) марлборо црвено има 90% повеќе алдехид од IQOS, кој има 90% повеќе алдехид од Наутилус Мини :hay:
     
    На Ace Lud, Sharlovski, ТАТА_МАТА и уште 4 други им се допаѓа ова.
  19. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    985
    2,221
    28 Јануари 2017
    Машко
    Одврти заврти 90% од студииве ни одат во прилог па и тие што не се, ќе си ги свртиме да се со нас :) (ова важи општо за в'периве)
     
    На Metuzalem и Ace Lud им се допаѓа ова.
  20. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,200
    11,233
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    The good...

    Истражување за средства за одвикнување од аналогни 2013-2015: Електронските цигари биле најпопуларно средство за откажување во САД и со нив било поверојатно дека корисникот ќе апстинира од аналогни, што не било случај со лековите за одвикнување.

    Објаснување и критика како различните стандарди на тестирање во истражувањата можат да влијаат на нивните резултати (како што гледавме во изминатите години). Веројатно е и повик за стандардизација, ме мрзеше да го читам целото. :)

    Намалување на бројот на пушачи во Англија за 1,6 милиони во период од 6 години, и покрај тоа што драстично се намалил бројот на луѓе што се обратиле до службите за одвикнување од пушење, како и бројот на препишани лекови/средства на рецепт. Ова е општ извештај за медицинските аспекти на пушењето. И таблоидите, често непријателски настроени кон вејпингот, го пренесуваат ова. :)


    The bad...

    Уште еден случај на lipid pneumonia (затоа не смееме да вејпаме масла) - пациентката имала и друга хронична болест и не престанала со вејпање кога докторите и` кажале (малку ми е чудно тоа како утврдиле дека е од глицеринот, веројатно на нејзин збор; инаку ќе имаше стотици случаи меѓу вејперите, а тоа е многу ретка болест).


    The ugly...

    Привременото влијание на никотинот врз срцевиот ритам и крвниот притисок - го прикажуват како да е полошо кај е-цигарите одошто кај аналогните. Ќе видиме. Но отсекогаш е познато дека дејството на е-цигарата е побавно и подолготрајно од аналогната, затоа и се појавија никотинските соли за да ги задоволат оние што бараат „јак и брз удар“. И се знае дека никотинот влијае на притисокот. Она што јас забележувам е дека го споредуваат траењето на ефектите, но не и нивниот интензитет во споредба со аналогна (даваат само за електронска). И разбира се, авторите силно ја нагласуваат потребата од понатамошни испитувања. :)

    Двојните корисници (и на аналогни и на електронски) е помалку веројатно дека ќе се откажат од цигарите. Додека тоа е точно, студијата претставува како електронските да се неефикасни за одвикнување, занемарувајќи го или лабаво прикажувајќи го фактот дека се работи за пушачи, кои користеле електронски цигари по свој избор и без контрола, и им било верувано на збор.
     
    На ТАТА_МАТА, fis1976, Tom Ford и уште 4 други им се допаѓа ова.
  21. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    985
    2,221
    28 Јануари 2017
    Машко
    И го пуштија на жена ми па таа брзо брзо мене без ни грам да се позамара да види што пиши (нормално)
    Кога веќе потрошив време да прочитам и разглодам доста лесно, чек реков да пишам и овде.

    Студијата на Универзиетот на Минесота покажа зголемен ризик на рак од електроснките цигари.
    Тетка Ирина Степанов која што ја водела студијава (или новинарите) не кажа:
    - кој цигари се употребени
    - какава течност со колку никотин
    - на кој начин се користени цигарите (во минатите студии имаше тотално безвеза резулатите од неправилно користење на е.ц.)
    - колку е дозволеното ниво на NNN и колку е во е.ц. колку во обичните

    Ова се само неколку работи шо ми паднаа на памет и не сакам да одам подлабоко.
    Еве нешто и неколку коментари од редит:

    "Someday we might find" - is the most unscientific quote I have ever heard from a researcher
    Even if this "study" were true, I don't think anyone thinks vaping is better than not vaping
    “They might think they’re safe when there is a risk,” - Ah yes, that is life. Eating processed meats also brings such risks.
     
    Metuzalem, Chicco69, Lokvan и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    Има 1000 теории како се добива рак. За да биде веродостојно испитувато треба испитаникот да е роден пред фукошима и чернобил, да е изолиран од такви настани, да е хранет со не-гмо јаедење, да диши чист планински воздух без хемтрејлс и тн...
     
  23. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    431
    813
    15 Март 2016
    Машко
    Вест од пред 2 недели ама не ја видов на форумов

    Vape clouds produced indoors by e-cigarettes break down within SECONDS to allow air quality to return to normal levels (while it takes over 30 minutes for a traditional cigarette)

    Истражување направено од Kaunas University of Technology in Lithuania, the Swiss Federal Laboratories for Materials Science and Technology, ETH Zurich, и Fontem Ventures.

    Edit: Линк до студијата
     
    Последна промена: 5 Август 2018
    На Metuzalem, ТАТА_МАТА, krema и уште 3 други им се допаѓа ова.
  24. Ace Lud

    Ace Lud
    Practice makes perfect

    1,111
    1,924
    7 Април 2012
    Машко
    Next Generation Labs Patents Synthetic Nicotine
    Можеби има светла иднина за нас се развива комплетно нов вид на никотин произведен по синтетички пат и кој би требало комплетно да ги оддели ецигарите од обичните. Прашање дали тогаш ке паднат сите тие TDP забрани?

    Sent from my Mi A1 using Tapatalk
     
    На Sharlovski и gokica им се допаѓа ова.
  25. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,200
    11,233
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    За Америка не знам (и овој напис е наменет за таму и е по малку wishful thinking), ама во Европа со TPD не се прави разлика меѓу вештачки и природен никотин, се` е ставено под „нови тутунски производи“, иако не е тутун.

    Имаше дискусии одамна, никотин има и во модри патлиџани и друг зеленчук, кога некој би успеал да го извади никотинот од нив, сепак би потпаѓал под Директивата. :sick:

    Нема така лесно да се откажат од паричките од данокот. :angry:
     

Сподели

Вчитување...