1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

(ecig) Истражувања, експерименти и здравствени аспекти

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 24 Декември 2017.

  1. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    431
    815
    15 Март 2016
    Машко
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    989
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    Vaping can damage vital immune system cells and may be more harmful than previously thought, a study suggests.

    Уште првата реченица ме одврати да читам понатаму, ние сме досадни со негирање ама и овие пак со тоа можда и можеби на таквово се качват. За да се свати било што сериозно од студииве, ова треба да е напишано вака:

    Vaping IS damaging vital immune system cells and IS MORE harmful than previously thought, a study proves that is backed up by scientific peer review.

    Тек тогаш, кога ќе е објавено и потврдено од страна на повеќе објективни истражувања (како што се бара за сè во науката) ќе ги прифатам последиците и ќе размислам дали да продолжам да вејпам или не.
     
    Последна промена: 14 Август 2018
    На Astro, fis1976, bicikle и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,208
    11,243
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Тоа е ова. Од Supplementary file 1 се гледа дека користеле 36-ка никотин и „уред на Кангер од втора генерација што бил популарен во Велика Британија во 2016“ (веројатно Евод/Протанк, користеле 650 mAh батерија и 1,8 оми грејач). Но и тоа не е проблемот, проблемот е што ваделе белодробно ткиво со шприц и го ставиле во епрувета или што знам што, па го бомбардирале со пареа (пуфови од 3 секунди, што е во ред, па 30 секунди пауза, исто во ред, но продолжувале додека не испарат 1,4 милилитри, што е многу - мене Евод ми траеше цел ден или пола ден). Кога почнував, со тие уреди (Евод/Протанк) 36-ка никотин можев да издржам еден до два пуфа дневно.

    Повторувам, најголемиот проблем е што кога бомбардираш ткиво откачено од организмот во епрувета, можеш да го отруеш со се`.

    Башка, ткивото било од непушачи, кутрото се шокирало :hay: (како што знаеме, кај тазе вејпер, треба период да се навикне телото на ПГ/ВГ, два-три дена).
     
    На ТАТА_МАТА, fis1976, krema и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. Astro

    Astro
    Guru

    6,109
    8,299
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Еден лајк за @Astro заради учеството во темиве за електронски циг.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,208
    11,243
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Еве и лајк и одговор за @Astro, ме мрзи да пишувам повеќе.
     
    На krema и cacko1 им се допаѓа ова.
  7. Astro

    Astro
    Guru

    6,109
    8,299
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Cherry picking much? :)
     
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Ајде знаеме дека ти се чурнува електронска. Не се срами, кажи си. Наши луѓе сме тука. Одма ќе ти препорачаме нешто.
     
  9. Astro

    Astro
    Guru

    6,109
    8,299
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Шала на страна. Не ми се чурнува воопшто. Имам татко и тетка заминати од светов поради тоа чурнување и последиците од рак на бели дробови. Не мислам и моите деца да ги подложувам на таков хорор. Можеби ќе умрам од рак на мозок In the end ама имам доволно материјал да советувам луѓе да откачат чурнување за до крајот на животот и нема да престанам до последниот здив.
    Вие сите сте ми драги и чувствувам обврска да ги дадам моите 5 центи за да неме гризе мене совест после како што ме гризе сега.
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Жал ми е. Ти благодарам за тоа што придонесуваш. Колку повеќе се знае толку подобро.

    Овде во најголем број сме бивши пушачи а сме на електронски зашто не можевме да се откажеме целосно од ваквата зависност. Од сите наши искуства заклучуваме дека ециг е помалку штетно споредено со обични циг. И затоа и ги промовираме како алтернатива на секого кој не може да се откаже. Исто во голем број случаи ециг помага луѓето да се откажат целосно од пушење.

    И постојано се споменува во темиве дека е најдобро човек да остави се и да не пуши.
     
    borcep, Astro и на Chicco69 им се допаѓа ова.
  11. Astro

    Astro
    Guru

    6,109
    8,299
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    А еве едно прашање, како успеаја и моиве да се откажат туку така преку ноќ? И викаа не е тешко ние не сме знаеле колку е лесно да се остават цигарите. Ама морало нешто сериозно да ги исплаши. Мајка ми куртули оти се есплаши на време, татко ми и тетка ми задоцнија.

    Било лесно, али касно.
     
  12. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,208
    11,243
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Мене ми беше лесно да ги откажам, секој ден ги откажував. :(

    Пробував се` и сешто, џабе. Пробував и да намалам, една на саат, ги броев секундите и потоа ги крадев секундите. Ги оставав во друга соба за да ми бидат далеку и да одложам станување, џабе.

    Да ме удреше нешто, сигурно ќе ги оставев, ама тогаш ќе беше предоцна.
     
    На bicikle, kirev, gokica и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,208
    11,243
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Слатките ароми во пареата штетни за забите

    Нашле четирикратно зголемување на лепењето на микроби за глеѓта, двојно зголемување на формирањето биофилм и до 27% намалување на тврдоста на глеѓта во споредба со пареа без арома.

    Течноста била 20ПГ/80ВГ, 10 мг/мл никотин и на прво читање не видов колкав процент на ароми ставале... Најдов:

    Изгледа бутале чисти засладувачи (ги препознавам етил малтол и сукралоза кои се користат како засладувачи). Не се во премногу голем процент (1-3%), но ние не ги користиме толку многу и толку често (како кој :hay:). Не знам ни во колкав процент се застапени во комерцијалните течности или ароми (претпоставувам во помал).

    Во секој случај, почесто миење заби сосема би го решило овој проблем. Исто би помогнале и паузи (менување течности) за да не биде долготрајно изложување во текот на цел ден.

    Јас, освен што не користам течности со засладувачи, забележувам подобрено здравје на забите во овие 4 и кусур години додека вејпам.
     
    На OldSchoolPvP, ТАТА_МАТА, Astraion и уште 6 други им се допаѓа ова.
  14. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    989
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    Не да се во голем процент туку се убиство, Ethyl Maltol ние што го користиме е 10% раствор и не се користи баш да блажи ама ај, засладувачот на TFA е 10% а Super Sweet на Capella е 20% Sucralose.
    Ако овие и имаат шибнато 100%... тоа е премногу бидејќи крајната граница на горенаведените ние што ги користиме е 2-3% ама од 10% раствор на EM или Сукралоза.

    Без разлика на процентите, убаво е да се знае ваква информација.
     
    OldSchoolPvP, Chicco69 и на Metuzalem им се допаѓа ова.
  15. krema

    krema
    Professor

    8,987
    8,742
    24 Јуни 2009
    Машко
    Абе све ќе направат само да докажат дека е-циг се “поштетни“ од обичните цигари.
    Инаку добро е да се знае ако е веќе така. :)
     
  16. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    Лесна им.
    Знам многу луѓе со тие цефчињата в грло што се за дишење, и пак пушат, али после ги откажаја со смрт. Татко ми пред некој ден беше на болница ради цигари и пак пуши при максимално трубење од моја страна. Школски негов исто така, беше на бушење на вени ама цигарите не ги оставал, небаре ќе му се смееле, не го личело без цигара, филмот му бил таков итн, а на 3-ти живее во зграда без лифт, 15 скали на 5 пати ги качува.
    За тешко, или е тешко, или секој различно или немаме карактер. Јас без е-циг немаше да ги оставам, али секој за себе.
    Баба ми покојна ни пиеше ни пушеше 5 опреации беше напраена и на крај тумурот ја докусури. Дедо ми кола го бапна, немаше коска што не му е скршена, го поживеа Горнион од тогаш уште 20-тина год, додуша со дијализи, ама мил жиотот си одеше, пушеше по 2-3 циг на ден, што сметам дека е даалеку од опасно, на крај камења в жолчка фати, и го прости Господ. Другиот дедо пушеше 25 год по две пакла, ги секна наеднадаш ради што цела зграда ја будеше од кашлање, му дојде умот, али после некоја друга болест фати. Не сметам дека ќе запалуш цигара и толку готов си, ама дека без потребно ќе те дават тоа е несомнено, можда не одма, ама за 4-5 год гидурно шлајмој гушење, кондицијата нигде, сето тоа безпотребно.
    Е сега е-циг не се толку лоши, а и сметам дека нагло оставње е шок за организмот, вака со е циг ќе се полажиш некој месец, постепено без кризи без маки ќе си гио оставиш лагано, така барем јас направив, најмногу како што спомна да не им приредувам циркузи на децава, немат никаква потреба. Јас да сум на власт алкохол цигари тоа све ќе укинам. Кога не гледаш од кај ќе запушиш/пропиеш. Спортот на пример дава многу подобра сатисвакција него цигари и/или алкохол. Поарно да земаш витамин с ако веќе си одлучил да се самоуништуваш него никотин али ракија. Амам ете мене одпосле ми текна, се надевам дека не е касно.
    Инаку додека вејпав забите сами ми се исчистијаод наслаги, баш пред некој ден бев на редовна контола, ја пашував доктурката за пескарење, ми вели дојди за 6 месеци нема потреба, инаку на година дена имаше потреба. Мада јас вејпав 2-3 ароми тутунски најчесто,ретко колачи, наслагите може да имаат врска со зголемен апетит за благо :)
    п.с. Ем 50-че месечно ич не ми е на одмет :)
    p.p.s. Една од ретките работи за која сум сеуште пишман се цигарите.
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Astro

    Astro
    Guru

    6,109
    8,299
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јас да сум власт на сите пушачи и пијачи ќе им секнам здравствено осигурување па нек се чешаат.... Јас да плаќам за да се лечат? Fuck that.
     
  18. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,208
    11,243
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ама побрзо ќе умрат и нема да плаќаш долго.

    Плус ќе земаш богати акцизи од нив (ако си држава).
     
  19. Tom Ford

    Tom Ford
    Gaining Experience

    157
    386
    20 Декември 2017
    Машко

    @Metuzalem Ајде те молам тоа троловите изтролај ги од тука у вражју матер!

    Благодарам!
     
  20. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    Тие имаат остаено поќе данок и од тебе ид мене и од сите непушачи/непијачи :)
    Тие да плаќаат 5 денари од пакло за мене/тебе патишта да ни прават ? :D
    Не оди така, али кога ќе е забрането или нема да има, нема да видиш кај што пуши некој, па нема и друг да запиши, или ќе плати толку и толку евра казна, ќе се закрпи фондот :) А и подруг беше филмот 90-тите... :D И наместо политика на тв треба повеќе спорт да се пропагира ама то е... Да има младинава на лој да се огледа, да се заинтересира малце. Оди ти трчај денеска 2-3 саати и запали цигра.
     
  21. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,208
    11,243
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @Tom Ford Нема основа, дискусија...
     
  22. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    Реално е дека цигарите имаат висок данок. Не е никаков трол. Затоа никој не се замара да се намали консумацијата, туку само данок лупаат и лиценци за алкохол...
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  23. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Јас ова го забележувам на сопствена кожа. Кога пред спиење вејпам сладуњави ароми дури и да измијам заби обавезно се будам порано од вообичаено со запечено суво грло. Со лесни тутунски аромички немам таква мака. Исто зависи и од вејпот. На пример сирената има сочен вејп и ефектот на суво грло кај мене е поголем отколку со посув вејп како од Спајка или Скајлајн. Ете имало и зошто.
     
    На Sharlovski му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,208
    11,243
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Суво грло е друго, не е тоа.
     
  25. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    А да не појаснив, суво гело ми се случува и доколку заспијам без да измијам заби. Независно од вејп. Од наслагите на забите претпоставувам дека се разможуваат микроорганизми на кои мене ми реагира грлото.
     

Сподели

Вчитување...