1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

(ecig) Истражувања, експерименти и здравствени аспекти

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 24 Декември 2017.

  1. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,932
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не знам за тоа, мислев дека е дехидрација. Тоа ми е прва помисла секогаш.
     
  2. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,531
    2,299
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Затоа треба да се избегаваат комерцијалните манџи, оти просек сукралоза во нив е 2%, а некои рокаат и до 4-5%.
     
    На gokica и Metuzalem им се допаѓа ова.
  3. Astro

    Astro
    Guru

    5,904
    7,993
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не сум ја држава бе батка, јас сум плаќач, вие да се лечите на пулмологија :oh:

    Полека батка, не е убоо така.
     
  4. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,803
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Кое здравствено осигурување? Дали живееме во иста држава?

    Нема цитостати на државно алооо.

    Едно што не разбираат тролови е дека не почнуваат да пушат луѓе електронски цигари, него пушачи преминуваат на нив. Им се подобрува здравје бе. Ниту една ронка сомнеж во тоа нема.
     
    Metuzalem, gokica, Tom Ford и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,521
    704
    3 Март 2018
    Астро расист! :D
    Jaс лежев на пулмологија пред да запушам :)
    Тогаш не треба ни да им наплаќаш здравствено осигурување. Оти па да им плаќаш на овие што се рокаат на витамин С ? Оти да им плаќаш нефрологија на тие што не пијат вода од флаша? Или најарно ич не плаќај, работи на црно.
     
  6. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,932
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Душманите не се предаваат, уште едно негативно истражување. Го ставам да не речете дека ставаме само позитивни истражувања. :)

    Ме мрзи да разглобувам, написот ги има сите елементи од шаблонот за сеење несигурност и страв: Не е доволно испитано и регулирано, не се познати долгорочните ефекти, ги води децата кон цигари... Се спомнуваат и позитивни работи (она на Public Health England дека вејпингот е 95% помалку штетен), но во истиот пасус се „демантираат“ или „поклопуваат“ со „загриженост“ од „критичари“ (неименувани :hay:).

    Мојов коментар се однесува само за текстот, не го читав детално истражувањето, веќе ми е преку глава... Ај го прочитав пдф-от, и колку што видов, правеле две испитувања на само машки глувци :rolleyes: (демек најголем дел од пушачи се мажи) - од 3 дена и од четири недели изложување. Скоро сите негативни ефекти од пареата што ги спомнуваат се од групата од 3 дена, додека ги нема во четиринеделното тестирање (телото се привикнало?). Чадот од цигари влијае негативно во сите случаи, но, conveniently, не го спомнуваат тоа во написот. :hay: Напротив, насловот и првата реченица им е дека вејпањето МОЖЕБИ е ПОЛОШО од пушењето. :rolleyes:

    Уште еден коментар што го видов: Инфламација на белите дробови или рак? Хмм... Тежок избор. :innocent:
     
    На Sharlovski, ТАТА_МАТА, bicikle и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,932
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Во лабораторија утврдиле дека некои ароми во контакт со PG во електронските цигари создаваат несакани и веројатно непожелни хемиски соединенија. Наводно цимет, вишна, лимон, ванила, бадем. Дали и колку се штетни тие соединенија, и во колкави количества се создаваат, не успеав да заклучам од краткиот извадок што е достапен за јавноста. Даваат проценти, но не и апсолутни количества.
     
    На krema и Chicco69 им се допаѓа ова.
  8. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    537
    2,268
    21 Април 2016
    Машко
    Да бидеме реални, инхалирање ароми со сигурност е штетно.
    Од филозовски аспект не е ни важен процентот. Белите дробови кај човекот (како и кај многу други животински врсти) не се дизајнирани за вдишување вештачки хемиски испарувања. Реално ниту ПГ и ВГ не се доволно испитани, никотинот знаеме што е и како е, а мене лично аромите ми се најсумњиви. :)

    Затоа и не правам миксови, туку одам на наједноставни решенија - една арома по желба и толку. Киселите ноти (состојки) во поголемиот број овошни ароми не ми пријаат и ги избегнувам. Истото важи и за блашките варијанти.
    Ќе постирам (поголем) дел од написот:
    Capture.JPG
    Според мене најпроблематичен е моментот на миксање. Сите знаеме како изгледа тазе направена манџа: матна, млечно проѕирна со малку пена најгоре. Кога ќе отстои неколку дена се избиструва, а потоа си ја добива својата златна боја, повеќе или помалку, зависно од аромата и оксидацијата на никотинот.

    Го потцртав тоа што мислам дека е важно. Полу живот (50% од почетната вредност) на ацетатите има после повеќе од 36 часа. За среќа вејперска пракса е миксовите убаво да одлежат, каде 2 до 4 недели е некаков стандард. Значи хемиските реакции во најголема мера ќе бидат завршени (атенуирани).

    Појма немам колку е веродостојно ова истражување, но ми има логика и покрај тоа што може да делува како "анти вејпинг".
    Tips:
    - Тазе измиксана течност да не се користи веднаш, да и се остави време да "созрее". Една до две недели би требало да биде тамам (не зборувам за арома, вкус, флејвр и сл.).
    - Малини, цреши, шумски плодови, чиз кејк, пудинзи и сл. се јадат, не се инхалираат во бели дробови.

    И најважното:
    - Најздрава е-циг течност е таа што најмалку го бербати греачот и памукот во атомајзерот. ;)
     
    На Metuzalem и krema им се допаѓа ова.
  9. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,521
    704
    3 Март 2018
    Деме цигариве малку ароми имаат, па сега дојде доп аромиве од е-циг. Не дека се корисни или дека не се штетни, ама мноогу помалку него аналогна цигара.
     
  10. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,932
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Малку подетален одговор на истражувањата што демек најдоа тешки метали во е-цигарите. Веројатно им требало олку време затоа што седнале луѓето и испитувале здраво. :hay:

    Главна работа: Душманите нашле толку многу метали затоа што испитувале (пресметувале) 24-часовна изложеност, како да вејпаш цело време, а не дишеш. :rolleyes:
    Понатаму Фарсалинос (кој друг ако не тој) го пресметал количеството течност што треба да го извејпаме за да ги постигнеме максимално дозволените дневни концентрации на изложување на тие метали според стандардите на министерството за здравство на САД.

    Резултатите се смешни. За алуминиум треба да париме 1,5 милиони грама манџа дневно (читај милилитри, но има мала разлика поради специфичната тежина на ПГ/ВГ), за кадмиум 15.000 грама, за олово 135 грама. Притоа ги користел најголемите можни концентрации наведени во оригиналната студија.

    За неупатените, од мое искуство, просечна потрошувачка ни се движи околу 5/10/15 милилитри (=грама) дневно, може да оди и до 40-50 за дробно, но таму многу брзо се исфрла и не се апсорбира толку многу.

    Може да има проблем само кај никелот, кај кој границата е 17 грама, но ретко кој користи грејачи од никел денес.

    И дури и тогаш, не е демек ќе надминеш граница и веднаш ќе фатиш болест, телото си има свои одбранбени механизми и секојдневно е во контакт со метали во микро количества (дури и без да го спомнуваме загадувањето). :rolleyes:
     
    На krema, Tom Ford, Sharlovski и уште 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tom Ford

    Tom Ford
    Gaining Experience

    157
    386
    20 Декември 2017
    Машко
    ^

    Со обзир на монструозото ниво на загаденост, чинам дека вејпањето за белите дробови на Скопјаните е корисно, бидејќи со истото тие се - ПРОЧИСТУВААТ!

    Sladjana Velkov
     
  12. krema

    krema
    Professor

    8,620
    8,364
    24 Јуни 2009
    Машко
    Вејпањето е мевлем за белите дробови!
     
    На Tom Ford му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,521
    704
    3 Март 2018
    Од кај олово во вг пг... ?
     
  14. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,932
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Види овде. :hay:

    Што знам, нашле. Не ги интересира од каде, ја испитувале само пареата што излегувала и рекле дека е-цигарите ги емитуваат. Нашле микрограми во килограм, така ќе ги најдеш во се`. Јас се сомневам на кинескиот метал или во жицата или во телото на атомизерот. На кој му е страв од тоа, препорачувам да ги фрли клоновите и да купува оригинали. :hay:
     
    На Ace Lud и Astraion им се допаѓа ова.
  15. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,521
    704
    3 Март 2018
    ако е таква работава, треба да испитуваат прво и основно, воздухот кој навлегува во атомизерот... Нели, ако е лабараторијата во Лисиче ќе испадне боље ти се аналогните хехе.
     
  16. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,294
    1,414
    25 Март 2013
    Машко
    Позитивните ефекти од користењето на електронски ги знаеме, но ме интересира кои се негативните ефекти за кои сите се согласни и докажани, а притоа зборуваме за нормално користење и со солидна опрема. @Metuzalem и сите останати слободно приклучете се
    1. Не се знаат долгорочните ефекти на користење (на пример за период од 10 години)
    2. Сепак е зависност од никотин, преку која вештачки се стимулира лачење на допамин
    3...
     
  17. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,521
    704
    3 Март 2018
    Со добар билд и малце упорност лесно можеш да се симниш на 0-1 никотин. За разлагање на манџара во плуќата потребни се ензими, кои најверојатно ги произведува џигерот. Е сега имаше еден случај кај што вејпер консумирал 30 милилитри дневно па му се запушила плуќата ( ама тоа е претерано) па не знам ти што тамо, има пишувани низ темава, што значи не може организмот толку манџа да преработи и најверојатно се таложи во плуќата. Значи за мали количини се покажало дека не е проблем, но сепак теретиме некои органи ( изгледа најмногу плуќата и џигерот) за кои за долгорочна употреба немаме сознанија но фала му на Бога на број сме сите, а имаме тука вејпери бога ми со искуство. Може консумација на синтетички ензими ќе ги растерети ударните органи, но не сум правел истражувања.
    Мислам дека имаше потврденинфакти дека се лоша комбинација со аналогните, но нели поентата е да се остават аналогните и да се премине целосно на електронски, а за тој период на транзиција( недела, две, месец) до сега нема забелешки дека некому толку му пропаднал кардиоваскуларниот систем. Сепак после транзицијата ќе се опорави. Друга нус понава е ненормалниот апетит( спомнато ) но пак се компензира со одлична комдиција на почетокот која пожелно е да се искористи па така во целост би станале поздрави.
    Алергии се дешаваат на се и сешто па 7 на пг или вг....
    Едино ова статијава со затнувањето на плуќата малце ми го мати па етот но сепак зтанува збор за 30 милилитри дневно, што е ектремно многу. Може со некои болести треба да се избегава, на пример некни ензимите ми беа на максимум, па ако вејпав ќе му дојдеше капак на организмот, но не знам со сигурност дали е така и како оди точно разградбата на манџата. Јас преферирав дтл а чадот ми правеше најмногу ќев па така не ми беше проблем да вејпам без арома( а ни со арома), претежно маџите ми беа на вг ради облаци, па за аромите немам многу што да зборувам. Некогаш ако претерав со никотин ми се појавуваше срцебиење, но лесно се оттргнав од никотинот.
     
  18. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,932
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Кој е тој случај на запушување на плуќа?

    3. Никотинот краткорочно крева притисок и ги стеснува артериите, но краткорочно. Како беше, тоа повеќе го прави гледање фудбалски натпревар.
     
    На ТАТА_МАТА и Tom Ford им се допаѓа ова.
  19. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,521
    704
    3 Март 2018
    Некој го цитираше од српски форум нели што морале да ми дадат целосна анестезија за да го испитаат, снимката била матна на ртг, па не знам што му правеле после, ми текина самом дека му давале ензими да муу се разгради насобраната манџа.
     
  20. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,932
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Тоа е еден случај, којзнае кои фактори биле во игра. Никако не можеш од еден случај да направиш правило.
     
    ТАТА_МАТА, Tom Ford и на Sharlovski им се допаѓа ова.
  21. Sharlovski

    Sharlovski
    Practice makes perfect

    892
    1,991
    28 Јануари 2017
    Машко
    4. Ретки случаи на крвави непца (од никотинот)
    5. Дехидрација, како пушач никогаш не пазев на водата, како вејпер створив добра навика да пијам повеќе, ова за мене испадна позитивно
    6. Суво грло и кашлање, поврзано со горното а може и некој како мене да е осетлив на Пропил Гликол
    7. Ако вејпаш на зима постојано и квалитетно во една соба, глицеринот мајка ќе му еби се што може да се залепи, не баш лесен за чистење.
    8. Губиш дел од социолошкиот аспект на цигарите, мислам дека ова најмногу ми недостасува.
    9. Константно објаснување на пушачи дека електронските се поздрава алтернатива а не поштетни како што тие тврдат.
    10. Пари, ако си седиш мирен и останиш на 1-2 мода, не е страшно, ако ти е хоби како цигарите, ја наеба, во секој случај поевтино од нив.
     
    Последна промена: 25 ноември 2018
    На OldSchoolPvP и ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  22. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,048
    10,932
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    4. Процедурално, стеснувањето на крвните садови од никотинот маскира веќе постоечки проблеми со непцата (способноста да крвават). Тоа стеснување со аналогни е екстремно, а со дигитални е полабаво, па при преминување се покажуваат проблемите.
     
  23. Sharlovski

    Sharlovski
    Practice makes perfect

    892
    1,991
    28 Јануари 2017
    Машко
    Добро би било ко ќе приврши дискусијава за мааниве, да ставиш еден пост со сите предози да се на едно место, да го имаме за нубците па и за нас, доста се надополнуваме (најчесто од тебе :) ) па да е скоцнако и смасно.
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  24. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,521
    704
    3 Март 2018
    „9. Константно објаснување на пушачи дека електронските се поздрава алтернатива а не поштетни како што тие тврдат.“ - Немам нерви за ова, а инаку си се дружам со пушачи :D
    После имаш исто така здрави алтернативи како шиша, која може е подобра од е-циг ради што чадот врви низ вода, па и наргилето е поблиску до е-циг него до аналогните. Ако веќе толку сакаш да се социјализираш, ќе ги викниш пушачите на наргиле :) Наргилето до душа е као 80% почисто од тутунот, но 15-25% погнасно од е-циг али сепак е даалеку далеку подобро од аналогните. Така бар имам читано.
     
  25. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,803
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    На сите ни е познат муабетот „остај тоа хемија“.

    Јас не се трудам на никој ништо да објаснам. Ако пушач праша каде да купи му давам линк до форумов.

    Животот е прекраток да се натегаме и тврдоглавиме.
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...