1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ebook Readers

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од Zippo, 5 Јануари 2018.

  1. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    540
    664
    21 ноември 2010
    Машко
    Малку тежок избор.
    Киндлот има подобра резолуција на екранот т.е. 300ппи наспроти 212ппи кај покетбукот.
    Е сеа прашално е колку би приметил разлика. На 800 х 600(167ппи) се малку бушавки буквите, можеш да видиш со зум на сликата од @ivan1500 погоре со основниот модел од киндл. На 265 ппи на мојов се џам, така да веројатно не би било страшно и 212ппи(немам видено во живо ваков). Ако ти е битен детал најдобро да си ги споредиш на лице место.
    Имај предвид дека киндлот ти е верзија со реклами, не е којзнае колку страшна работа али мене би ме замарало.Има шанса да ти ги тргнат бесплатно рекламите од амазон, не е гарантирано али вреди да се проба. Пишуваш на лајв сапорт дека немаш опција да си доплатиш да ги тргнеш(пошто не нема како земја и ја нема опцијата), и стискаш палци.
    Покетбукот ти поддржува и епуб формат за книги што киндл го нема.

    На крај краева јас лично би стиснал заби, би присобрал уште некој денар и би земал покетбук тач хд3 доколку мора да се земе локално.
    Ако не е проблем нарачка од странство веќе друг е муабетот.
     
  2. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    433
    1,278
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    Јас мојот го начекав на Amazon Days во Германија и го земав за 59е така да за таа цена не е добар, одличен е.
     
  3. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    766
    685
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Каков киндл?
     
  4. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    433
    1,278
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,510
    3,447
    12 Јануари 2016
    Машко
    F Y 2 :D

    Kритиките, кои ги елаборирав поназад, ми се објективно реални: Ти не ги демантираш, само ги релативизираш банално гледајќи само од твоја перспектива. Тука е проблемот - во перспективата, пошто повеќемината корисници на вакви уреди не ги користат претежно или првенствено за читање стрипови. Ниту (повеќемината корисници) би требало да читаат без добро собно осветлување, само затоа што уредот имал вградено осветлување. На крај сето ова искача дека е сеедно, пошто повеќето корисници не ги разбираат работите и паѓаат на трендовите што ги поставува индустријата.

    Еве го еден од водечките трендови: „All-new Kindle - with a Built-in Front Light
    Оксиморон момент. Уред кој е дизјаниран да биде користен како книга и со нормално собно осветлување (како книга), уред кој главна предност му е тоа што е здрав за очите пошто нема потреба од вградено осветлување... Ама главен selling point му е дека „има вградено осветлување“. :hay:


    И сега ти практично си ја оправдуваш мрзливоста несредувањето на осветлувањето, со фалење на помошни функции на уредот. Тоа вградено осветлување е таму за да се најде во инцидентни ситуации. Не за секојдневно да се користи.
     
  6. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,016
    618
    8 Август 2017
    Машко
    Може ли на ваков уред да се користи за Марвел Унлиметед претплата на стрипови(70$ годишно) или мора да се користи Киндл Унлиметед или како и да се викаше онаа претплатата на Амазон?
     
  7. BlueBaron

    BlueBaron
    Gaining Experience

    183
    143
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    А зошто баш тој модел? А згора на тоа и двата се 6инчни.

    Искрено би го користел за читање на ПДФ-а повеќе, особено некој книги од факултет. Повеќе настроен сум кон PocketBook бидејќи како што прочитав досега, имаат подобра ПДФ подрша а плус можност за инсталирање на 3rd party апликации без root/jailbrake и такви глупости. А како таква апликација, прочитав за Koreader и дека нуди супер подршка за повеќе формати (вклучиво и ПДФ).
     
  8. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    540
    664
    21 ноември 2010
    Машко
    Водоотпорен(лукс 4 не е, пејпрвајтот е исто водоотпорен), има светло со контрола на температура од бело накај жолто, подобра поддршка на формати, покомпактен/полесен од пејпрвајт(околу 150 наспроти 180 грама), подобар екран од лукс 4 моделот (300 ппи како и кај пејпрвајтот), поотворен систем споредено со киндл доколку во иднина решиш да си играш со алтернативни софтвери за преглед на книги, 16гб меморија(што е не толку релевантно само за книги пошто и 8 гб мислам дека се превише, али за понекој пдф ќе се најдат), опција да си листаш страни и со физички копчиња доколку така повеќе преферираш. Мање више, најдоброто од сите светови по мене во категорија 6 инчи.

    За пдф ако се само или претежно со текст ќе брка работа коридер на 6 инчи. Али не е баш најперфектен рифлоуот, кога листаш следна страна горниот ред ја содржи последната линија од претходната страна, што може да иде на нерви. На пц може да се средат асално.

    Иначе има да се нарача од франција Инкпад 3 со 7.8 инчи екран, што валда би било колку толку ок за пдф без конверзија, и кошта 194 евра сосе достава, ако се земат 2 парчиња искача 183 евра. Мал проблем е што достава е со федекс експрес и најверојатно ќе има околу 2000ден (ако се 2 онда по 1000 од парче) за федекс + 18% ддв, што пак е поефтино од било кое друго место без вклучени давачки. Интересен момент е што до цената на достава(27 евра за едно и 32 евра за 2 парчиња) со федекс пишува "taxes and customs fees included" (Со сите можни преведувачи ја преведов реченицата од француски), така да можда и да нема никакви давачки јебемлига.

    Мани амазон, што не земеш тука да се претплатиш, поефтино е :) ? - GetComics
    Не ги пратам баш марвел и не знам колку се ажурни со нови броеви на сајтов, али ѕирни си.
     
    На BlueBaron му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,323
    3,719
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Имам Киндл Пејпервајт веќе неколку години и, теоретски, можеш и ПДФ. Проблемот е што купив Samsung Galaxy Tab S5E и веќе не ми се пипа Киндлот (за ПДФ-ови). Неспоредливо е. Колку и да сум фан на Киндл.
     
  10. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    954
    385
    17 Јуни 2008
    Тапа е Kindle-от за PDF, но е одличен за .mobi формат.
     
  11. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    766
    685
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Има некој инвајт за приватни тракери за epub или mobi?
     
  12. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    540
    664
    21 ноември 2010
    Машко
    Ѕирни прво тука, нема што не сум нашол, само незнам како стојат со стручна литература во случај тоа да ти треба. Мењаат домејни од време на време(до пред некое време беше libgen.io), така да ако престане да работи само пиши на гугл "libgen" и ќе ти излезе срч резултат со моменталниот домејн.
     
    На stefan_mkd и Zippo им се допаѓа ова.
  13. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    766
    685
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Фала ти, пребарував тука, но има само PDF формат. Ми треба epub или mobi за Киндл.
     
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,510
    3,447
    12 Јануари 2016
    Машко
    stefan_mkd, Zippo и на Маша им се допаѓа ова.
  15. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    954
    385
    17 Јуни 2008
    Пробај на mobilism.org, добро се "снабдени".
    Друга опција е google.com :)

    Sent from my Mi A1 using Tapatalk
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    766
    685
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Ви благодарам на помошта. Се зачленив на myanonamouse и земав Kindle Unlimited. Сега мојот нов Kindle Paperwhite ќе го преполнам со книги. Првиот уште ми работи, али со новиот се разлика небо и земја. Новиот е по лесен, помазно ги листа страните, има нов интерфејс (кој не ми се допаѓа), осветлувањето е без bleed по страните. Уште некој cover да му најдам и обезбеден сум за наредните 6 години.
     
    На moongose и Lokvan им се допаѓа ова.
  17. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,323
    3,719
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Convert text and ebooks to the MOBI format и има еден дуќан во ГТЦ со милион различни футроли, однеси го и пробај... Евтини, ама ќе завршиш работа.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,510
    3,447
    12 Јануари 2016
    Машко
    Aj да кажеш искуства со тракерот за некоја недела. Како стои со избор на книги, и како е за одржување seeding ratio, итн.
    Интересна компарација: Bibliotik vs MyAnonaMouse : trackers
     
  19. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    766
    685
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Да, за конвертирање користам calibre, и конвертирам преку командна линија:
    ebook-convert "book.epub" "book.mobi"

    Како се вика тој дуќан во ГТЦ?

    Сега за сега го наоѓам тоа што го барам. Има лимит една ИП адреса по користик, тие со динамичка треба да купат статична или seedbox.
     
  20. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,510
    3,447
    12 Јануари 2016
    Машко
    Подобро нарачај си асална наменска футрола за специфичниот модел, од Али (или ибеј). Ќе има и автоматско пуштање/исклучување (магнет/сензор во корицата). Ги има стотици различни, види што е најпродавано и тоа е тоа.

    Не најде овде што ти треба? Или те нервираше лимитот од 10 книги на ден?
    Нешто егзотично бараш, или сакаш удобност/незамарање во барање и симнување. Популарните книги без проблем се наоѓаат и на стариот Пајрат Беј (односно прокси од него).

    Тоа со условот за јавна ај-пи адреса е незгодно замарање, плус мене ми е проблем и одржувањето на seeding ratio со никаквиот 0.7Mbps upload bandwidth, courtesy of DOCSIS нa Близу/ВИП/А1... За среќа скоро се што ми треба го наоѓам и без приватни тракери.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    766
    685
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Таму не најдов. Не ме нервира лимитот, само сакам epub/mobi верзија на книгите. PDF неможам добро да конвертирам со калибре.
     
  22. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,323
    3,719
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Ок, ама ако немаш писи до тебе може да помогне. И не мора од ПДФ, некогаш ти треба од епуб во моби и сл. Прилично е хенди.

    Дуќанот е @digico.mobile - Сѐ за мобилни. До Космо од страната на Парк жена борец, ваљда ова е https://zk.mk/digiko-elektronik-1
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  23. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,952
    2,191
    19 Јули 2013
    Нема врска тоа, јас сеам различни работи од две различни места со еден акаунт и немало никаков проблем, а се брои и од двете места.
    Ептен е лабаво на МАМ.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...