Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Ebook Readers

TheMacedon

read-only
16 јануари 2018
4
1
Фала за деталниот одговор

1. Pocketbook Touch HD 3 - 16GB

2. Kobo Clara HD - 8GB

3. Kindle Paperwhite 4th gen - 8GB

Ќе земам некој 6 инчи веројатно од горниве три. Во меѓувреме ми најавија дека ќе треба да одам Виена почеток на мај па планирам од таму да земам - таман и данок ќе си вратам. Имам време ќе разгледам по нетов што и каде можам да купам таму ама ако знаете веќе некој сајтови добредојдени се :)

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.780
6.484
SK
Мислам дека најдобро ќе направиш да прашаш на некој книгофилски (или општ) австриски форум. Некој тамошен познавач најдобар одговор може да даде.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.209
1.671
Скопје

Немој само со киндл да си се вратил, пошто ќе се откажам од тебе :p:)

Не издржа срце јуначко...
DSC00037.JPG
DSC00038.JPG

Јес да ради процесов го прекрстив во Kobo Aura H2NO :), али вредеше.
DSC00039.JPG

Сега се чека 128ГБ да стигне картица
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.209
1.671
Скопје
Мислам дека најдобро ќе направиш да прашаш на некој книгофилски (или општ) австриски форум. Некој тамошен познавач најдобар одговор може да даде.
Попознавач од гугл здравје :)

@TheMacedon
Еве ти неколку опции што ги најдов набрзина

2 книжари со офлајн продавници
tolino eBook Reader im Thalia Online-Shop | Thalia
tolino-Welt: jetzt die tolino-Familie von Weltbild entdecken
и локации за нив(може имаат и други).
Гледам дека претежно Толино се продава во Австрија.Не знам многу многу за нив, освен дека Кобо им го произведува хардверот али не е истиот софтвер.Колку што разбрав Tolino Shine 3 е истиот како Kobo Clara HD.

Еве уште едно место , што ми личи нешто како наш Нептун.
E-Book Reader | Saturn
Тука го имаат и Pocketbook Touch HD 3 .
Ова би требало да се локаците за офлајн, ако знаеш германски сигурно ќе можеш да препровериш на нивниот сајт дали сум ти дал точни.
 
BlueBaron

hello world
19 јануари 2016
288
254
Скопје
Поздрав дечки, имам неколку прашања во врска со Ebook readers. Планирам овој месец да купам е-читач кој главно би го користел за читање на книги од факултет (пдф формат се), е сега ме интересира:

1. Каде можам во Македонија да купам е-читач освен Анхоч? Гледам дека тие го имаат основниот Kindle модел и Kindle Paperwhite GEN3. Или подобра опција е да порачам од интернет/странство? Ако да, од каде и кој модел би го препорачале?

2. Како би работеле овие читачи со .pdf формат? И дали би било подобро да се конвертираат од .pdf во некој формат за книги?

3. Која е разликата помеѓу Paperwhite GEN3 (2015) и поновите Paperwhite модели? Дали вреди овој да се земе од Анхоч за тие пари? Anhoch PC Market Online - Tablet PC Kindle Paperwhite GEN III 4GB Wi-Fi w/ADS White

Фала однапред.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.032
1.845

За pdf не ти е баш добар избор е-книга, поготово ако е со графици, парчиња код и сл. не дека не работи, ама далеку од идеала, ако се пак повеќе техт тогаш немаш проблем.

Инаку да згодно е да се исконвертира (на киндл на пример може и аутоматски, има мејл адреса каде пракаш и ти стига директ во уредот). Разлика ти е екранот иначе, на постарите а малце посив (не е чисто бел).

Најефтино ќе поминеш од странство ако си во можност да земеш .. погоре имаш и препорака за друга фирма читач од ебеј (ем со поголем екран) што може и подобро ке ти се најде за пдф документи.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.209
1.671
Скопје
Мал освеж на темава.
Си ги остварив стрипоманските влажни соништа :) , еридер со 256ГБ меморија. Ова мора да е некој светски рекорд :).
Покрај официјалната поддршка до 32Гб Х2О-то работи без проблем и со 128ГБ(ова сигурно би важело и за Кобо клара моделот). За жал 256ГБ не ми ја препозна, иначе ќе беше уште пофешти.
IMG_20190720_025225.jpg

Пред отприлика месец Кобо пуштија во продажба нов 7 инчен модел - Kobo Libra. Идеален скоро од сите аспекти, комфорт лајт(жолто светло со подесување на температура), физички копчиња, водоотпорен и со прифатлива големина на екран покрај книги и за стрипови. Ќе беше идеалниот за мене да имаше сд слот или бар верзија со 32ГБ, али јебига, моментално е достапна верзија само со 8ГБ. Кој не е разгален од сд слот со големи количини меморија и удобството никогаш да не треба да се приклучи на пц и/или најчесто конзумира книги, а поретко понекој стрип, и тие 8ГБ би биле доволни.
Препорачана цена му е 169$ , али моментално на ибеј само забегани чичковци гледам што го продаваат по 300$, веројатно популарноста на моделот или мали залихи имаат умешано прсти . Би требало во догледно време да се спушти цената и да дојде до некои горе доле нормални 200-220$ да се нарача до кај нас.

Анхоч имаат нова залиха на 6 инчни покетбук ридери
Anhoch PC Market Online
Mеѓу кои и Touch HD3, моделот кој покрај Kobo Clara, ептен би го земал предвид доколку би купувал 6 инчи.
Цената му е на граница на прифатлива. Може да се нарача од канада за околу 9500ден. но постои ризикот да се плати царина и сосе давачки би излегол 11200-300ден.
Да беше 11к ќе немаше двојби дали од тука или да се нарачува од нет.
Вака на кој не му битно поедноставно остварлива гаранција во случај да затреба и се осеќа дека боговите на царината му се наклонети тој ден, најдобро од странство.
Кој реши од тука, стојам на располагање за попустче.Да се шири култура :).

На план на колор еридери.... Мање више ништо ново од готов производ за нас како крајни корисници.
Позитивна нота е дека леново има инвестирано во Clearink, така да можда и ќе видиме нешто со нивниот бренд во догледна иднина.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.780
6.484
SK
еридер со 256ГБ меморија. Ова мора да е некој светски рекорд :).
Покрај официјалната поддршка до 32Гб Х2О-то работи без проблем и со 128ГБ(ова сигурно би важело и за Кобо клара моделот). За жал 256ГБ не ми ја препозна, иначе ќе беше уште пофешти.
Ѕвер!

Пред отприлика месец Кобо пуштија во продажба нов 7 инчен модел - Kobo Libra. Идеален скоро од сите аспекти, комфорт лајт(жолто светло со подесување на температура), физички копчиња, водоотпорен и со прифатлива големина на екран покрај книги и за стрипови. Ќе беше идеалниот за мене да имаше сд слот или бар верзија со 32ГБ, али јебига, моментално е достапна верзија само со 8ГБ.
Мене go-to ридер ми е стариот Киндл 3, со 4ГБ... Ни до пола не е полна сториџот, а се губам во книги и автори (што е полошо, од пред некоја година ни Calibre Collections адонот не работи).
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.209
1.671
Скопје
а се губам во книги и автори (што е полошо, од пред некоја година ни Calibre Collections адонот не работи).
Ќе си речеш мечка страв мене нестрав, и коридер. Ако заебеш работа таман ќе имаш изговор да си земеш нов. Го уништи пазарот на еридери ебаго, 10 години со истиот :).

Мене go-to ридер ми е стариот Киндл 3, со 4ГБ... Ни до пола не е полна сториџот.
Абе јасно, али кај поголемиве од 6 инчи мене ми стои дека таргет група се и стрипаџии, па затоа само верзија со 8гб некако не ми штима.Освен ако не согледувам некој момент па и 7 и нагоре купуваат многу само за книги. Што пак ќе речам некако ми нема логика, пошто буквите може да се зголемат по желба на книга, и нема потреба да држиш потежок уред(7 инчи и нагоре) со часови, исто и за носење со себе многу покомпактна големина е 6 инчи.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.780
6.484
SK
Што знам, мене и 10инчен таблет ми е некако мал за стрипови (ама барем е во боја и со IPS матрица)... :-/
Едно време се збореше за апликација за стрипови која прикажува само една слика од стрипот. Тоа веќе би било нешто саглам, инаку ни требаат 14“ уреди... Ич не следам дешавања. Има такво нешто (апликација)?

Го уништи пазарот на еридери ебаго, 10 години со истиот :).
Што да правам кога механички тастери станаа „премиум“ фичр, а тач гоу-ту јузер интерјес... Резолуција не ми е многу важна, беклајт на е-инк е оксиморон, а контраст и читливост се тука некаде. Што да ме натера на даунгрејд апгрејд? :-/
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.209
1.671
Скопје
@ivan1500 Ај нек се нагоде. Со миљево у позадина фршти :)

Што знам, мене и 10инчен таблет ми е некако мал за стрипови (ама барем е во боја и со IPS матрица)... :-/
Едно време се збореше за апликација за стрипови која прикажува само една слика од стрипот. Тоа веќе би било нешто саглам, инаку ни требаат 14“ уреди... Ич не следам дешавања. Има такво нешто (апликација)?
14" за нова македонија таман.
Ради соодносот на страните на таблетот(претпоставувам 16:9) ширината на екранот(вертикално држен) ти е лимитирачки фактор. Кај ридериве е нели 4:3 што е далеку поблиску(а а , која конструкција :) ) до форматот на печатени изданија кој колку што знам е 3:2. А највише маргините на страните јадат, претпоставувам не ти се кропнати до панелите. Со се ова земено во предвид претпоставувам дека кај тебе на 10 инчи таблет е приближно како на 8 инчи ридер. На 4:3 ако се сочува аспект ратио остануваат мали маргини по ширина, али јас ги стречам до крај сликите пошто скоро и да не се приметува некоја разлика.
Кај кобово може да се гледаат сликите скроз без маргини, кај киндл не сум сигурен дали дозволува моби форматот.Пошто пробав стрип конвертиран во моби на моево и го дава со маргини покрај тоа што се пицнати сликите перфектно.

Нека проба некој со киндл, баш ме интересира дали може да се постигне баш фул скрин како на примеров од кобово мое.
IMG_20191101_234011.jpg
Еве еден примерок од марти со кропнати маргини.
001 - Људи у црном.cbz
@Lokvan може да споредиш како е големината на 10 инчи таблет со средени слики.

Колку што знам киндл не поддржува cbz фајлови(освен ако не додале во некој од поновиве апдејти), така да конверт со KCC(kindle comic converter).Или евентуално сликите во фолдер и на киндл, негде мислам читав дека и така можело.
Екстензијата .cbz е практично зип архива и може да се екстрактираат сликите.

беклајт на е-инк е оксиморон
Не е беклајт него фронтлајт(јес дa јас сајдлајт би го викал :) ), прави разлика. Беклајт свети во тебе, а на фронтлајт светлото ти е од рефлексија(исто како и од сијалица на плафон или столна ламба).
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.780
6.484
SK
Можеш да го викаш „сајдлајт“, се разбира. :)
На истиот принцип се осветлуваат и лцд мониторите (осветлување е странично на горниот и долниот раб), и се нарекува беклајт. На крај беклајт или сајдлајт, секако е инфериорно решение (за здравјето на очите) во однос на солидно изведно осветлување од со CRI>95 и топлина од некои 4500-5000К.

Муабетов е често правен. На крај ебук ридериве емулираат таблети/телефони, не затоа што истиве имаат подобар концепт туку затоа што корисниците го бараат тоа. Оттаму и тач екрани, оттаму и сајдлајт беклајт осветлување. Иако на ебук ридер 99.99% од времето користиш само две функции: страна напред и страна назад. И иако главната предност на е-инк енкраните е немањето потреба од беклајт (кој општо земено, докажано е штетен за очите).
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.209
1.671
Скопје
Можеш да го викаш „сајдлајт“, се разбира. :)
На истиот принцип се осветлуваат и лцд мониторите (осветлување е странично на горниот и долниот раб), и се нарекува беклајт. На крај беклајт или сајдлајт, секако е инфериорно решение (за здравјето на очите) во однос на солидно изведно осветлување од со CRI>95 и топлина од некои 4500-5000К.

За сјадлајт ја изводам, точниот термин како што спомнав е фронтлајт, и не за џабе. Покрај тоа што позицијата на диодите и кај бек и кај фронт е на исто место не е истиот принцип како кај лцд. Кај ЛЦД дисперсирачката да ја речам фолија е позади самиот екран и свети низ пикселите што ги гледаш. А кај еинк е врз екранот, оттаму и името фронтлајт.
Практично е вакво пластиче залепено врз екранот:
s-l1600.png
А и од искуство од прва рака, мобилен ми замара очи а ридер со светло не.

А еве и мое полуедуцирано мислење за цри...
Мое сваќање за цри е дека замараш мозок пошто не ти штимаат боите(на кои си навикнат од дневна светлина) кога користиш светло со мало цри. Ама овде па нема бои :), сеуште се црно бели нели. А и да се во боја, неможеш да знаеш какви бои точно сакал да пренесе авторот, така да на што се навикнеш тоа ќе ти стане основа, друго е работи на кои ти навикнал мозок што ги гледаш нонстоп и знаеш како би требало да изгледаат.

На рачун на топлина, незнам точно која температура им се белите диоди и веројатно има варијации од серија до серија, али веројатно се 5000К+ , али со додатните жолти си ја регулираш температурата по желба.

Муабетов е често правен. На крај ебук ридериве емулираат таблети/телефони, не затоа што истиве имаат подобар концепт туку затоа што корисниците го бараат тоа. Оттаму и тач екрани
Ма остај ги, све се тоа будали :p.
Да правен е муабетов, и покрај тоа што е мала темава се подзаборава а ретко кој чита уназад па да се повториме :).
Тач екран рулез, го кажувам од аспект на тоа дека сум користел без тач и исто сум бил против. Најголемиот проблем што мислев дека ќе го имам со тач(оставање отпечатоци на екранот) реално не постои, а навигацијата ти е драстично поедноставена(побрза). Што за мене ептен брка работа со стриповиве пошто се кратки и често е потребно да покликаш да отвориш нов, да смениш серија итн.А и само книги да читаш зашто да се мачиш тие ретки моменти кога ти треба навигација по менија?
Како бонус, мојов го имам направено каде и да кликнам на екранот да оди страна напред а понепотребното назад е на задржување на некој од аглите од екранот.Како и да го држиш страна напред ти е достапно, а со физички си врзан за еден хват. Дури и мислам дека би ми било проблем да се вратам на физички(за листање страни) ради удобствово што ми го пружа тачов.

Јес да читање на темата помага, али на крај ако се има можност најдобро е да се проба у риал лајф па да се дојде до краен индивидуален заклучок што одговара.
На крај секој со своите преференци и тешко дека ќе се разубедиме што е подобро, али добро е да ги има двете страни на темава што колку толку би помогнало при избор и начин на користење.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.780
6.484
SK
Taка де, муабет правиме не се разубедуваме. :)
Беклајт, сајдлајт, фронтлајт... На крај уредот ти свети, ти емитира светло во очите, нели?
Слично ама и не толку, со рефлектираното дифузно светло од денска светлина од сонцето. Рил лајф проба е во ред за многу работи, но ова се работи кои не можеш на кратка проба да ги осетиш дека се штетни за здравјето. Што ти вредат „лични преференци“ ако за некоја деценија сериозно ти се оштети видот? Затоа за вакви моменти потребни се факти добиени од научни истражувања. На крај нема замена за дневна светлина, и секој што чита повеќе треба да си го планира времето што повеќе од читањето да му е на дневно светло. Или во недостиг на тоа, тогаш на квалитетно изведено светло кое емулира дневно светло (со топлина од ~5К и CRI>95 итн). Се друго е полошо, без разлика каков беклајт сајдлајт, фронтлајт има уредот. Тие светла се наменети за инцидентни ситуации (возење во автобус на пример), ама луѓето ги злоупотребуваат.

Јасно е дека перспективите и потребите се различни (а и бајасот). Но ете има неколку работи за кои сметам дека не си во право и покрај различните перспективите и потреби кои ги имаш. Имено се е фино ако ти си земал физички поголем ридер со намера да читаш стрипови на него. Тогаш е логично истиот да има тач интерфејс, ако ти на секои 10 минути отвараш менија и бараш/отвараш нови стрипови. Тогаш во тој специфичен случај, разбирам и во ред е.

Но што правиме што најголемиот дел од ебук ридерите се 6 инчни уреди на кои читање стрипови е чист мазохизам. Тоа се уреди на кои се читаат книги а менијата за отварање нови книги се отвараат еднаш-два пати месечно (или цели 3 пати месечно за тешки манијаци :) ). На ваквите уреди произведувачите те тераат да платиш тач функционалност иако користиш само страна напред/назад за читање книги. Не само тоа, туку не ти даваат физички копчиња за вртење страница напред/назад. Физичките копчиња сега ги рачунаат за „премиум“ функционалност (каква перверзија) - иако механичките тастери ги коштаат по неколку центи, и се многу поефтини од екран со тач интерфејс... И да повеќето од овие глупости се затоа што корисниците го бараат тоа (последица од зависноста од мобилни телефони и тач интерфејс).

Епа затоа 10 години користам ист уред! :hay:
Кога морав да купам нов ридер за ради скршен екран на стариов, прва работа што направив беше да си нарачам заменски екран на стариот ридер. Од тогаш (од поправката на стариот) новиот ридер не е пипнат - треба да го испразнам/наполнам еднаш, да не му „р’ѓоса“ батеријата. :D
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.209
1.671
Скопје
Taка де, муабет правиме не се разубедуваме. :)
Беклајт, сајдлајт, фронтлајт... На крај уредот ти свети, ти емитира светло во очите, нели?
Слично ама и не толку, со рефлектираното дифузно светло од денска светлина од сонцето. Рил лајф проба е во ред за многу работи, но ова се работи кои не можеш на кратка проба да ги осетиш дека се штетни за здравјето. Што ти вредат „лични преференци“ ако за некоја деценија сериозно ти се оштети видот? Затоа за вакви моменти потребни се факти добиени од научни истражувања. На крај нема замена за дневна светлина, и секој што чита повеќе треба да си го планира времето што повеќе од читањето да му е на дневно светло. Или во недостиг на тоа, тогаш на квалитетно изведено светло кое емулира дневно светло (со топлина од ~5К и CRI>95 итн). Се друго е полошо, без разлика каков беклајт сајдлајт, фронтлајт има уредот. Тие светла се наменети за инцидентни ситуации (возење во автобус на пример), ама луѓето ги злоупотребуваат.
Пишав 2 поста погоре, дека фронтлајтот е исто светло од рефлексија како што би било и од плафонска и столна ламба, не споредувам со дневна светлина. Иначе и јас мислам дека дневна светлина е најдобро. А како, кој и дали го злоупотребува не е на нас да судиме, слобода на избор нали.
Пишав и мое размислување зашто цри не игра улога во случајов, баш ме интересира резонирање зашто би играло. Подесување на температура веќе сите нови модели имаат.

Јасно е дека перспективите и потребите се различни (а и бајасот). Но ете има неколку работи за кои сметам дека не си во право и покрај различните перспективите и потреби кои ги имаш. Имено се е фино ако ти си земал физички поголем ридер со намера да читаш стрипови на него. Тогаш е логично истиот да има тач интерфејс, ако ти на секои 10 минути отвараш менија и бараш/отвараш нови стрипови. Тогаш во тој специфичен случај, разбирам и во ред е.

Но што правиме што најголемиот дел од ебук ридерите се 6 инчни уреди на кои читање стрипови е чист мазохизам. Тоа се уреди на кои се читаат книги а менијата за отварање нови книги се отвараат еднаш-два пати месечно (или цели 3 пати месечно за тешки манијаци :) ). На ваквите уреди произведувачите те тераат да платиш тач функционалност иако користиш само страна напред/назад за читање книги. Не само тоа, туку не ти даваат физички копчиња за вртење страница напред/назад. Физичките копчиња сега ги рачунаат за „премиум“ функционалност (каква перверзија) - иако механичките тастери ги коштаат по неколку центи, и се многу поефтини од екран со тач интерфејс... И да повеќето од овие глупости се затоа што корисниците го бараат тоа (последица од зависноста од мобилни телефони и тач интерфејс).
Еве уште неколку примери од функции што лично не ги користам којзнае колку али ми паѓаат на ум и кај кои тач а каде каде поефективен, а се однесува и на 6 инчни:
- Луѓе што читаат странски книги и имат потреба од користење на речникот
- Селектирање текст за сочувување пасуси
- Читање статии од нет преку покет на кобово, претпоставувам и киндл има некоја слична функција
- Читање дневни весници (знам калибре има плагин за таа работа)
- Куцање текст за додавање белешки и сл. Единствен со татстатура е колку што знам киндле киборд што може да парира на ова поле.
- Листање опдс каталози да си најдеш книже за читање. Оваа опција ја има на коридер, не сум сигурен дали ја има по некој од фабричките софтвери.
Гарант имам пропуштено ситуации, али доста се за сега :).

Башка остај не нас, за луѓе што стварно читаат 3 книги месечно се мачји кашаљ. Знам луѓе што по неколку неделно читаат.Реално и тоа не е многу ако се има време, пошто ако е за верување бројачов што го има моево, добар дел од книгите ми се 4-6 саати ета(нормално зависи од брзината на читање).
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.780
6.484
SK
Се согласивме дека дневна светлина е најдобра. Но сеуште не расчистивме еден важен момент: Дали тврдиш дека интерното осветлувањена уредот е нешто повеќе од помошна опција за инцидентна и повремена употреба? Дали претпочиташ такво осветлување од читачот во однос на собно осветлување?

За мене неспорна е потребата од имање на катче во домот со квалитетно осветлување, наменето за читање книги. Не само за електронски читачи, туку и за читање аналогни (хартиени) книги.

Сакам вакви муабети пошто ме тераат да си ги преиспитам ставовите, и некогаш да ги променам ако увидам дека би имал бенефит од тоа. Навистина не ги следам ревносно подобрувањата со читачиве, надвор од повремено налетување на новости и посочувањата од ентузијасти како тебе. Еве сега откако истражив - гледам дека има подобрување во осветлувањето.

Но постулатите сеуште стојат. На е-инк дисплеј во концепт не му треба интерно осветлување. Тоа е само помошна опција иако многумина ја користат во примарна употреба. Некои од немуакает, некои од незнаење, а некои едноставно од мрзливост (да обезбедат соодветно осветлување). На крај како што велат, секому неговото. :)

Патем, уште неколку забелешки:
- речникот сосема ок функционира и со курсор посочување (ако ништо друго муви и мушички не можат да активираат курсорот, за разлика од тач екранот) :hay:
- секако има луѓе што читаат и многу повеќе книги, и секако и за нив 99.9% од интеракцијата со читачот им се сведува на кликање наредна страница (и некогаш наназад)
- куцање текстови и забелешки е надвор од целната намена на овие уреди
- итн, има уште што да се посочи ама како што кажа „доста е за сега“... :)
 
Ми бегаш од поентата, не реков дека сите тие наведени примери на функционираат и без тач, него дека е многу поефективен во тие ситуации.
- Сосема ок функционира и без тач , ама треба да се убиеш од кликање. Со тач само го задржуваш зборот што ти е потребен, а во некои тешки книги може често да се користи. Јас откога се избањав више муви и мушички не ми се собираат на ридерот. Мани друго, и животот ми се смени. :p :)
- Абе како да ти кажам, и една книга во месецот да читам не ми се клика више 10 пати со физички копчиња, наместо два еротски додира за да стигнам кај сакам :)
- Гледано од мој аспект и јас би се сложил со ова пошто не ги користам тие опции. Али ако ние не ги користиме не значи дека никој не ги користи. Имаш луѓе што читаат стручна литература, книги од факултет и сл. кај кои таа опција е потребна и веројатно ради тоа и постои, пошто некој ја барал.

Едит:
Се согласивме дека дневна светлина е најдобра. Но сеуште не расчистивме еден важен момент: Дали тврдиш дека интерното осветлувањена уредот е нешто повеќе од помошна опција за инцидентна и повремена употреба? Дали претпочиташ такво осветлување од читачот во однос на собно осветлување?
Се слагаме, не сум ни тврдел дека не e најдобра дневна светлина, погрешно ме имаш прочитано.
Дали е за инцидентна или повремена зависи од условите, кај мене пример неможам ама никако да го осветлам ко што треба ради распоредот дома па и покрај светло од плафон морам да му уклучам светло и на читачот. Во скроз темно читам на столна ламба, или ако го користам со светло како минимум палам од батерискиве ламби за да има додатен извор на светлина. Пошто најлошо би било за очите да се гледа само во читачот со неговото светло, а околу мркли мрак.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.780
6.484
SK
Всушност дискусијата е за концептот.
Муабетов не е за личните моменти и услови што ги имаме по дома, ниту за личните преференци и желби.

Факт: како концепт, е-инк дисплеј е дизајзниран за користење на ист начин како што се користат класични хартиени книги - со екстерно осветлување.

Интерното осветлување во читачите е помошна опција за инцидентна и повремена употреба а не како замена за добро собно осветлување. Тоа што ти и други интерното осветлување на читачот го користите како примарно осветлување е само злоупотреба на фукционалноста и тоа на ваша штета. За ова очигледно си и самиот свесен, со оглед на тоа што се обидуваш да импровизираш амбиентално светло, но на долг рок секако си го оштетуваш видот... Ако веќе инсистираш да разговараме за лични моменти, тогаш треба да разгледаме како да си го решиш осветлувањето дома. Освен ако постоечкиот распоред (на намештајот) ти е поважен од видот.

Инаку во врска со мувите и мушичките, ако се обидеш повеќе време да поминуваш надвор во природа ќе увидиш дека инсектите се неизбежни. И уште една работа - aко толку ти е еротско допирањето на стаклени/акрилни површини, тогаш за компјутерот под итно да ја баталиш тастатурата со тактилни свичеви и да си набавиш една ваква. :)
Што се мене тиче, мене дај ми класични тактилни механички свичови во секое време... Другата рака да ми биде слободна за грицкање семки, а не зафатена со свајпање и еротски додири на екран. ;)
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.209
1.671
Скопје
Всушност дискусијата е за концептот.
Муабетов не е за личните моменти и услови што ги имаме по дома, ниту за личните преференци и желби.

Факт: како концепт, е-инк дисплеј е дизајзниран за користење на ист начин како што се користат класични хартиени книги - со екстерно осветлување.
Остај концепт, кола е креирана за да биде запрежна :), али прогресот ја направил тоа што е денeс, со сите минуси и придобивки што доаѓаат во пакетот.

Интерното осветлување во читачите е помошна опција за инцидентна и повремена употреба а не како замена за добро собно осветлување. Тоа што ти и други интерното осветлување на читачот го користите како примарно осветлување е само злоупотреба на фукционалноста и тоа на ваша штета. За ова очигледно си и самиот свесен, со оглед на тоа што се обидуваш да импровизираш амбиентално светло, но на долг рок секако си го оштетуваш видот... Ако веќе инсистираш да разговараме за лични моменти, тогаш треба да разгледаме како да си го решиш осветлувањето дома. Освен ако постоечкиот распоред (на намештајот) ти е поважен од видот.
Јас пак ќе кажам, не ти прави разлика дали светло од ридерот дали светло од сијалица, финалниот резултат е истиот, светло од рефлексија.
Тапа е пишаниов начин на комуникација пошто увек некој детал ќе му промакне што на пишувачот а и на читателот. Али еве ќе се обидам да бидам што е можно порецизен.
Лошо е да биде единствен извор на светло читачот во апсолутен мрак(најт мод и потопла температура од комфорт лајтот ја намалуваат штетата од ова), или каде што контрастот на осветлувањето е осетно различен, амбиентално светло/светло на читач. Во случаи кога мора да се вклучи светло на читачот ради аголот на светлувањето(сенка) во просторијата а светлото на читачот е со ист или приближен интензитет, не гледам проблем. Ради тоа правам како што правам со додатни извори на светло, да не се замара зеница со рашири собери цело време. Се се ова споредби со вештачка светлина, да не ми се вратиш пак на дневно светло :).

Инаку во врска со мувите и мушичките, ако се обидеш повеќе време да поминуваш надвор во природа ќе увидиш дека инсектите се неизбежни.

Претежно го користам во затворени простории и не ми паднало на ум дека на ливада може да го имам тој проблем.
На Pocketbook Inkpad 3(претпоставувам и на останатите модели од истиот бренд) имаш опција со дупли клик на мени копчето да се исклучи тачот.

И уште една работа - aко толку ти е еротско допирањето на стаклени/акрилни површини, тогаш за компјутерот под итно да ја баталиш тастатурата со тактилни свичеви и да си набавиш една ваква. :)
Што се мене тиче, мене дај ми класични тактилни механички свичови во секое време... Другата рака да ми биде слободна за грицкање семки, а не зафатена со свајпање и еротски додири на екран. ;)

Е е сеа, ама пример. Дај стави ми маус на читачот и нема да ми треба тач :)
Може и со тап листање страни , да беше само свајп и јас не би можел да го сварам.
На крај тач е супериорен во сите ситуации, дури и тој крунскиот проблем со инсекти е решен од покетбук во јули годинава(5.20 верзија на фирмвер).
Како и да е, да не го тупиме више за тачов пошто мислам дека е исцрпена темата. Пошто ионака веќе се е со тач, моментално изборот се сведува на Pocketbook(незнам за друг да има слична опција) ако се смета за релевантен проблемот со инсекти, или останати доколку не се смета за релевантен проблем.

Едит:
И Kindle Oasis 2 можел да исклучи тач
Here's How to Disable the Touchscreen on Kindle Oasis 2 | The eBook Reader Blog

Кај Kobo Forma и Libra , може да се намести листање да биде само со свајп a на тап да не реагира а со физички копчиња да се листа.Во овој случај мува може да ти сврти страна ептен со клизачи ако ти влезе :)
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.780
6.484
SK
Не ја исцрпивме темата, освен што можеби се исцрпивме самите себе... Или барем ти. :p

Двата суштински моменти (во муабетов) остануваат спорни.
Прво, концептот на работа на е-инк дисплеите и нивната потреба од екстерно осветлување. Второ, форсирањето на тач интерфејс заедно со нудење на механички тастери само во премиум/скапи модели на читачи.

За првото, целосно ти ја разбирам рационализацијата. Не ја спорам пошто разбирам дека во немање идеални услови се снаоѓаш како можеш. Спорно е (или едноставно избегнувано) прашањето кои се идеалните услови. Добивам впечаток дека, според тебе, идеално е да се чита уредот со интерното осветлување плус било какво друго осветлување (наспроти квалитетно собно осветлување, без интерно осветлување на читачот).

За второто (тач интерфејс наспроти механички тастери), се согласувам дека нема многу останато за дискусија. Реалноста е таа што ја нуди индустријата, но не заради рационализациите кои ги нудиш, туку заради баналното барање од корисниците кои во ова време на смартфони се зависни од тач интерфејс.
Логиката на рационализацијата: „плати скапа функционалност и потоа исклучи ја како опција, а не ти даваме основна евтина функционалност како пар механички тастери кои не коштаат ни неколку центи/динари“.

П.С. Запрежна кола наспроти нов автомобил (во муабет за дисплеи), тоа е добра паралела ама тач тастатура во однос на тач екран - тоа не може? :D
 
Последна промена:

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.209
1.671
Скопје
П.С. Запрежна кола наспроти нов автомобил (во муабет за дисплеи), тоа е добра паралела ама тач тастатура во однос на тач екран - тоа не може? :D
Дај сега молимте сега и за вакви работи ли да се објаснуваме, уште ова фали да попунува пост, и онака многу текст повлеквиш :).
Запрежна кола може , пошто е пример за прогрес. Твојот пример со тастатурата ми бега од поентата пошто не аргументирам дека филингот од допир е во прашање, него функционалноста, удобството на користење на интерфејсот. Во поентата е разликата, иначе пишувај и за авиони ако се сочува :)

За второто (тач интерфејс наспроти механички тастери), се согласувам дека нема многу останато за дискусија. Реалноста е таа што ја нуди индустријата, но не заради рационализациите кои ги нудиш, туку заради баналното барање од корисниците кои во ова време на смартфони се зависни од тач интерфејс.
Логиката на рационализацијата: „плати скапа функционалност и потоа исклучи ја како опција, а не ти даваме основна евтина функционалност како пар механички тастери кои не коштаат ни неколку центи/динари“.
Човек да има нешто што не е баш, па да му е полесно на душата си рационализира. Во тој случај би бил поприкладен зборот на тоа место, но јас пренесувам искуство од прва рака. По неколку години сум користел и таков и онаков(глеаш више не пишувам со тач и без тач, почнав да се ежам од зборот. тач ТААААЧ).
За сите потенцијални недостатоци има аргумент и сеа цената остана проблем а...
Што би рекол господин Демиџич - Швицо драга с ким ја посла имам :p :).
Реално не се одразува на крајна цена према корисникот, пошто производителот си задал ценовна категорија во која сака да конкурира и си ја држи цената.
Сака да го продава за 100 а да го кошта 50. Како проаѓа време поефтинуваат компонентите и се додава функционалност. Примети дека цените не варираат којзнае колку кај ефтините модели, веројатно има понекоја корекција нагоре(али не заборавај на инфлација), не сум прател до толку цени.
Дефинитивно крај од полемики за ова, пошто се понатаму веќе ќе изгледа како решеност од моја страна да ти го сменам мислењето, што би било безвезе трошење време/тастатура и непотребно на темава.

Спорно е (или едноставно избегнувано) прашањето кои се идеалните услови. Добивам впечаток дека, според тебе, идеално е да се чита уредот со интерното осветлување плус било какво друго осветлување (наспроти квалитетно собно осветлување, без интерно осветлување на читачот).
Јас цело време ти пишувам за температурата дека се регулира, зашто сметам дека цри не игра улога во случајов, ти викам исто е ко само со собно светло, дека не гледам проблем, а ти впечаток добиваш :).
Ме интересира зашто мислиш дека не е исто во услови како што опишав погоре(со ист интензитет светло од ламба и светло од читач), зашто е битно цри, и друго ако ти падне на ум а сум пропуштил.
 
BlueBaron

hello world
19 јануари 2016
288
254
Скопје
Едно прашање до вас поискусните. Моментално во Анхоч имам две опции за Е-читачи, Kindle Paperwhite 10th Gen (Anhoch PC Market Online - Tablet PC Kindle Paperwhite 10th Gen 8GB Wi-Fi w/ADS Black) и PocketBook Touch Lux4 (Anhoch PC Market Online - E-Book Reader PocketBook Touch Lux4 Black PB627HWW).

Ценовната разлика е околу 200ден т.е. Kindle е 8780мкд а, PocketBook 8990мкд. Помеѓу двете опции, кој би го одбрале и зошто?
 
Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Ја би киндл ради тоа што можеш да го поврзеш со амазон сервисите.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно