smole
poweruser
- 18 април 2007
- 3.908
- 4.587
Ова е ревју на Bosch PLR 50 – ласерски мерач на далечина. Деталите ги имате тука.
Најпрво разгледував Leica бидејќи со нивен ласерски мерач имам мерено куќи и знам дека се алфа и омега за геодетски и оптички производи, но цената која ја добив за најосновниот модел – Leica D2 – 220евра + 18%ДДВ (ако добро се сеќавам) сфатив дека е неприфатливо висока со оглед на тоа дека беа потребни само основни фукнции (а спецификациите се слични на професионалниот Bosch GLM50 со таа разлика што Leica-та мери до 60м наспроти 50те на Bosch-от и мислам дека има само 1 година гаранција наспроти 2/3 од Bosch –со еден збор ништопосебно).
Bosch PLR 50 чини 7750 ден. од Famod Скопје (генерални увозници за Bosch во Македонија), и со него доагаѓа футрола (која заборавив да ја сликам а и не е мн битна - обична е) и каивче за околу рака. Уредот доаѓа со стандардната 2 годишна гаранција кои Famod ја дава за целата Bosch DIY (зелената) програма.
Уредот е наменет за домашна (хоби) употреба и на него има доста голем LCD монохроматски дисплеј без позадинско осветлување, 10 гумени копчиња, либела и едно како антенче кое со дугме се вади и чија намена е да се одбие од просторот кој служи како почетна точка за мерењето доколку не е можно да се залепи долниот дел на уредот за истата точка (претесно/преплитко).
Уредот ми беше објаснето дека во претходниот живот (претходната генерација) бил во професионалната серија на Bosch, а сега е во DIY серијата, и кога го споредував со неговиот брат близнак од сегашната професионална серија – GLM 50 наидов некои разликиво корист на GLM 50 ( користи 2 ААА батерии наместоIP54 конструкција, позадински осветлен екран, разлика во точност во мерењето за 0.5мм во однос на PLR 50 – 1.5мм vs 2мм, 1 година екстра гаранција – 3 наспроти 2),но мене овие екстра функции не ми беа потребни (нити сметам дека некогаш би ми биле), а и не сметав дека вредат екстра 3000те денари, за уред (кој бар на мене) би ми ја бркал истата работа. Работата е мерење на големи простори, иако овој уред е погоден и за попрецизни мерења – кроење мебел итн.
Телото на уредот е мало (нешто повисоко и подебело од кутија цигари) составено од тврда пластика и гума, претпоставувам за да потешко се лизга од рака – една од смртните опасности по здравјето на уредот. Долниот дел е од пластика, но ногарките кои го подигнуваат од земја се гумени – корисен детал. Горниот дел го има ласерот и “објективот” кој ја мери далечината.
Ракувањето со уредот е многу едноставно, и истиот освен можноста да мери далечина има можност да мери и квадратура (прво снима една страна па друга и потоа ги множи и ја кажува квадратурата) и кубатура (истото само што мери 3 страни), “знае” да мери и по Питагорина теорема, памти мерења и претпоставувам уште некои фукнции кои не ги знам бидејќи не ми требаат.
Времето на отчитување на далечина е помало од 1 секунда што е доста брзо. Мерните единици се метрички - мм, цм, м и вредноста ја дава до трета децимала.
Јас сум задоволен од уредот и од неговата работа. Го прави точно тоа што треба да го прави едноставно, брзо и неверојатно прецизно. Декларираното отстапување од 2мм за мене и тоа што јас го правам е занемарливо.
Позитивно:
-Ниска цена
-Мал
-Релативно издржлив (добро конструиран)
-Брзо мери
-Прецизен
-Едноставен за употреба
-2 години гаранција
Негативно:
-Неосветлен екран
-Користи дури 4 ААА батерии