CBB_6
BBC
- 9 декември 2016
- 349
- 1.069
После подолго време „апстинирање“ од надградби и купување нов хардвер, си реков ај овај старецот ( P35 плоча, Q9550 ), да го свежнам со SSD диск. Нема смисла, си велам, денес нема ПЦ без SSD, јас уште механички терам.
Ќе земав King Dian, ама врти сучи купив 860 Evo од 500GB и дремам. Ден, два, петти ден не го клавам, си велам шо смисла на Sata 2 ваков диск, греота е. И така почнав да загледвам по ценовници нова матична плоча, а то си повлекува нов процесор и се разбира Рам.
Ајде стиснав ќесето купив B450 Tomahawk, Zen 2600 и Ripjaws 2x8GB на 3200Mhz. Ќе ги ставам во старото куќаре, на старото напојување и старата графичка. И пак дремам, два, три, пет дена. Како бе сум зел цела нова платформа, и сеа во старо куќиште да ја клавам? Пак зјапање по ценовници и понуди разни.
На цел зорт прикупив ново куќаре E-shield, напојување CM Masterwatt 750, сток кулерот Stealth на Рајзенот кога го извадив и го фатив во рака во истиот момент решив за посериозно ладење, некој грамаден tower кулер. Ама таков ќе го наполни пола куќиште, цела естетика ќе ми ја зезни, левата страна од куќарето е усцело 4mm стакло.. А бре де бре изборот падна на водено ладење Maelstrom 240T.
Сакав екстра ладење да дува дирекно на кафезот со хард дискови, арно ама на тој дел куќиштето немаше отвор за да вградам вентилатор, сврши работа брусалицата, бормашината и малку мат црн акрилен спреј.
Употребив еден нов 80мм вентилатор Sunon KD1208PTS1.13 кој го имав дома, перфектно легна под ладилникот од воденото ладење.
Буката на 12V од околу 35-36 децибели од Sunon-от ми беше неприфатлива, па му напрајв врзвање на 7V на Molex конектор и сега се трпи некако.
Цела визуелна филозофија на конфигурацијата ја замислив во црн мат тон, максимум до сиви нијанси, па сите кабли мораа да бидат такви. Со матичната дојдоа 2 црни сата кабли, а мене ми требаа 5, сите други шо ги имав беа црвени и портокалови. Ги измотав со црна самолеплива платнена трака шо се користи за бандажирање на автомобилски кабелски снопови.
Каблите од фронт панелот на куќиштето беа жив хаос, ги средив и нив со платнена трака.
Работата за да оди како подмачкана треба дотур на ладен сок од јачмен
Старата графичка картица Sapphire Dual-X R9 270X OC ја светнав ја издував, и графичкиот чип за поубо ладење си лапна нова термална паста CoolerMaster IC Essential E1. Картицата ја имам едно 6 години, термалната паста беше тврда и засушена, од бакарниот блок на ладилникот и чипот ја здрелнав со жилет, темелно исчистив со ацетон.