off.net.mk
Мислам дека промашуваш неколку различни работи и ги мешаш во една.
Прво, фактот што денешните AI модели не се свесни не е аргумент против автоматизација. Ниту CNC машина, ниту индустриски робот, ниту Excel се свесни, па сепак заменија огромен број работни места и задачи. За економијата не е битно дали нешто има свест. Битно е дали ја врши работата поефтино и поефикасно од човек.
Второ, не е точно дека AI има мала реална употреба. Реалната употреба веќе постои. Прашањето е само колкав е ефектот. Денес програмери генерираат код, адвокати анализираат документи, маркетинг агенции создаваат содржина, преведувачи автоматизираат голем дел од работата, корисничка поддршка се намалува, дизајнери користат генеративни алатки. Никој не тврди дека AI магично ја работи целата професија. Доволно е да автоматизира 30% до 50% од задачите за да почне да го намалува бројот на потребни луѓе.
Трето, анти AI движења и забрани не се некаков контра аргумент. Ако нешто носи значителна економска предност, компаниите и државите имаат огромен мотив да го користат. Имало отпор кон фабрики, машини, интернет и автоматизација. На крајот не победува тоа што луѓето го сакаат, туку тоа што создава повеќе продуктивност и профит.
Четврто, самиот зборуваш дека луѓето стануваат полу доктори, полу дизајнери и полу научници. Тоа не е аргумент против AI туку последица од него. Токму затоа фирмите гледаат можност да добијат прифатлив резултат со помалку специјализиран кадар. Не е прашање дали квалитетот опаѓа. Прашањето е дали бизнисот ќе прифати 80% од квалитетот за 20% од цената. Историјата покажува дека многу често одговорот е да.
И на крај, никаде не тврдев дека AI ќе го уништи светот или дека сигурно ќе замени 80% од сите професии. Поентата беше друга. Ако технологијата овозможи истото производство со значително помалку работници, тогаш ќе се појави политички и економски проблем. Луѓето не мора да бидат целосно заменети за системот да почувствува притисок. Доволно е милиони луѓе да станат помалку потребни отколку што биле претходно.
Тоа е вистинското прашање. Не дали AI сонува, чувствува или има свест. Туку што се случува кога капиталот повеќе нема потреба од истиот обем човечки труд како денес.
Тоа што сакав да го кажам е следново, сметам дека AI е во голем hype, сеуште стојам позади тоа дека има многу мала реална употреба во денешниот свет и сметам дека за 5 години ќе биде уште помала. Сметам дека кога на богатите ќе им "здосади", ќе го напуштат бродот и ќе го остават да потоне заедно со сите длабоко инвестирани луѓе.
Убеден сум дека све што е AI сработено изгледа аматерски и често пати се препознава дека е подпомогнато од AI, а со самото тоа барем кај мене остава аматерски утисак. Во поглед на компелирање код и дебагирање, имав неколку обиди пред година и кусур и барем во тоа време сите обиди беа некомпелтни, секој пат имаше потреба од дополнително дебагирање и средување од човек, не сум сигурен како е во моментов бидејќи тој сон одамна го напуштив.
Маркетинг подпомогнат од AI е премногу генеричен, има премногу повторувања, и овдека исто така многу лесно се препознава кога некој користел AI алатки, овој стил веќе одамна им здосади на луѓето.
Искрено сметам дека после 2027 луѓето ќе почнат се помалку да користат AI алатки и се повеќе да користат лични креации.
ОНтопик: Цените на рамовите да почнат малце да идат down-la-la не ќе е лошо, преголем е дизбалансот во цените на рамот и другите компоненти.
За да замени 40 вработени од вкупно 100 за жал ќе мора да е комплетен и речиси совршен, нема да може да куца речиси совршен код, па да остава дополнителна работа да неможат 10 програмери да го дебагираат.И воопшто не ми одговори на главната поента. Да речеме си во право и AI никад нема да биде совршен - но што ако е само доволно добар за една фирма со 100 луѓе да работи со 60? Таму почнува економскиот момент за која зборам а не кај прашањето дали AI создава ремек дела.
Скоро цел аргумент ти е "мислам" а не "еве зошто ќе се случи тоа". Мислиш дека AI ќе има помала употреба за 5 години. Кој механизам ќе го предизвика тоа кога:
Аргументот дека нешто изгледа аматерски не значи многу. Првите веб страни изгледаа аматерски. Првите дигитални фотографии изгледаа полошо од филм. Првите мобилни телефони беа смешни. Прашањето не е како изгледа првата генерација. Прашањето е дали секоја следна генерација е подобра од претходната.
Проблемот со ова видео е што видеото е премногу генерично, секој пат ќе биде генерично и лесно воочливо.Викаш дека кодот бил лош кога си пробал пред година и пол. Тоа е ко некој во 98ма да кажел дека интернетот нема иднина затоа што му се отвора бавно веб страна на dial up. Не е важно каков бил AI пред година и пол. Важно е дали денес е подобар од тогаш и дали за година и пол ќе биде подобар од денес. Добар илустративно/демонстративен пример е оној со Will Smith како јаде шпагети.
MONITOR 27" GIGABYTE GS27FA SS-IPS, 1ms, 180Hz, 1920 x 1080, 2x HDMI, DP
8.560,00 ден
MB 1700 B760M D3HP DDR4 GIGABYTE, 4xDDR4 5333MHz(OC), 2xM.2, VGA, HDMI, PCIex16, 2xPCIex1, 4xSATAIII, 5xUSB3.2Gen1,2xUSB 2.0,1xType-C,2.5Gb LAN
6.380,00 ден
HDD 3,5" 4TB WD PURPLE IntelliPower 5400RPM 128MB 24x7 SATAIII WD44PURZ
10.970,00 ден
CAR POWER VOLTAGE CONVERTER EXTRALINK OPIM-600W 12V>230V, 600W, w/USB
2.410,00 ден
SSD M.2 2TB TEAM GROUP MP33 NVMe, TM8FP6002T0C101
16.360,00 ден
GAMING CHAIR NOBLECHAIRS HERO, BLACK/RED NBL-HRO-RL-BRD
32.990,00 ден