1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија AMD конфигурација (photo story)

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од CBB_6, 15 Септември 2019.

  1. CBB_6

    CBB_6
    Gaining Experience

    78
    298
    9 Декември 2016
    Машко
    После подолго време „апстинирање“ од надградби и купување нов хардвер, си реков ај овај старецот ( P35 плоча, Q9550 ), да го свежнам со SSD диск. Нема смисла, си велам, денес нема ПЦ без SSD, јас уште механички терам.

    Ќе земав King Dian, ама врти сучи купив 860 Evo од 500GB и дремам. Ден, два, петти ден не го клавам, си велам шо смисла на Sata 2 ваков диск, греота е. И така почнав да загледвам по ценовници нова матична плоча, а то си повлекува нов процесор и се разбира Рам.

    Ајде стиснав ќесето купив B450 Tomahawk, Zen 2600 и Ripjaws 2x8GB на 3200Mhz. Ќе ги ставам во старото куќаре, на старото напојување и старата графичка. И пак дремам, два, три, пет дена. Како бе сум зел цела нова платформа, и сеа во старо куќиште да ја клавам? Пак зјапање по ценовници и понуди разни.

    На цел зорт прикупив ново куќаре E-shield, напојување CM Masterwatt 750, сток кулерот Stealth на Рајзенот кога го извадив и го фатив во рака во истиот момент решив за посериозно ладење, некој грамаден tower кулер. Ама таков ќе го наполни пола куќиште, цела естетика ќе ми ја зезни, левата страна од куќарето е усцело 4mm стакло.. А бре де бре изборот падна на водено ладење Maelstrom 240T.

    0.jpg

    Сакав екстра ладење да дува дирекно на кафезот со хард дискови, арно ама на тој дел куќиштето немаше отвор за да вградам вентилатор, сврши работа брусалицата, бормашината и малку мат црн акрилен спреј.

    1.jpg
    2.jpg

    Употребив еден нов 80мм вентилатор Sunon KD1208PTS1.13 кој го имав дома, перфектно легна под ладилникот од воденото ладење.

    3.jpg
    4.jpg

    Буката на 12V од околу 35-36 децибели од Sunon-от ми беше неприфатлива, па му напрајв врзвање на 7V на Molex конектор и сега се трпи некако.

    5.jpg
    6.jpg

    Цела визуелна филозофија на конфигурацијата ја замислив во црн мат тон, максимум до сиви нијанси, па сите кабли мораа да бидат такви. Со матичната дојдоа 2 црни сата кабли, а мене ми требаа 5, сите други шо ги имав беа црвени и портокалови. Ги измотав со црна самолеплива платнена трака шо се користи за бандажирање на автомобилски кабелски снопови.

    7.jpg
    8.jpg
    9.jpg

    Каблите од фронт панелот на куќиштето беа жив хаос, ги средив и нив со платнена трака.

    10.jpg
    11.jpg

    Работата за да оди како подмачкана треба дотур на ладен сок од јачмен ;)

    12.jpg

    Старата графичка картица Sapphire Dual-X R9 270X OC ја светнав ја издував, и графичкиот чип за поубо ладење си лапна нова термална паста CoolerMaster IC Essential E1. Картицата ја имам едно 6 години, термалната паста беше тврда и засушена, од бакарниот блок на ладилникот и чипот ја здрелнав со жилет, темелно исчистив со ацетон.

    13.jpg
    14.jpg
     
    На borcep, Multipass, Avid и уште 38 други им се допаѓа ова.
  2. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    852
    390
    5 Јуни 2007
    Машко
    Заврши со постот? Некако како да ќе има уште :D
     
    На gocetan и CBB_6 им се допаѓа ова.
  3. CBB_6

    CBB_6
    Gaining Experience

    78
    298
    9 Декември 2016
    Машко
    Пошто новото куќиште е целосно мат црно и сите останати компоненти се црни, и сето тоа ќе се гледа низ стаклената страница, ми делеше само Самсунг Двд режачот.
    Сврши работа мат црн акрилен спреј за пластика/метал од 200 денари и малку книжна креп-трака за покривање на предната маска и конекторите назад. Резултатот е следен:

    15.jpg

    Оваа фотка не сакав да ја прикачам, ама ај се нека се види. Единствено во скриениот дел од куќиштето мора да е гунгула од кабли за сметка на видливиот дел каде се изгледа средено.

    16.jpg
    17.jpg

    Икрено, до сега не сум имал ваков кејбл менаџмент, не ми било гајле. Ама сега сакав минимализам и црна внатрешност па засукав ракави.

    18.jpg
    19.jpg
    20.jpg

    Рам меморијата G.SKILL RipjawsV DDR4 16GB (2x8GB) 3200MHz CL16-16-16-36 по дифолт беше на 2 илјади и нешто мегахерци, одма преку XMP профилот си крена на специфирани 3200MHz CL16-16-16-36.

    22.jpg

    Со истата црна платнена трака ги обмотав осум пинскиот кабел за графичката и краевите на каблите за фронт панелот кои беа шарени во боја.

    21.jpg
    23.jpg
    24.jpg
    25.jpg

    На прво палење си препозна сите компоненти без проблем, после тоа одма апдејт на последен биос (кој не е бета) на матичната преку M-flash. Инсталиран Windows 10 Enterprise 2016 LTSB за по раат глата.

    28.jpg

    Од демек мал апгрејд на крајо стигнав до нова конфигурација, од стариот компјутер влегоа само трите механички хард дискови, ДВД режачот и графиката R9 270X, како и периферијата. И сега кај ме мава паметот: Не го бива сега ваква модерна AMD платформа со шест години стара графичка картица со 2GB рам. И опет разматрање цени на копани, понуди на нови...
    Крај да се немало ова. Компјутерскиот хардвер можи да стани зависност, бетер од дрога, бетер од комар.

    26.jpg
    27.jpg

    To be continued...
     
    На Маша, Costigan_Jr, bxxxn и уште 42 други им се допаѓа ова.
  4. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    358
    159
    20 Април 2008
    Машко
    да ти е мерак да купиш вакво нешто колку и да немаш пари...
     
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,183
    3,163
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    За оваа конфигурација за на изглед те ваде само Asus ROG Strix 580 8gb графика или истата серија ама на nvidia 1070....
     
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,153
    704
    28 ноември 2015
    Машко
    Подари му една ги растеш на гранки
     
    Avid, JunkieMKD, ТАТА_МАТА и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,183
    3,163
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Не се созреани сеуште . Бербата е за месец дена.
     
  8. Anungunrama

    Anungunrama
    Intern

    29
    18
    5 Февруари 2019
    Машко
    Уф, брао :) Имав ист визуелен проблем со кабли у боја, ќе ги средам и ја со црна трака, не ми текнало фала на идејата :)
     
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,604
    1,361
    27 Јануари 2011
    Машко
    Лепо лепо и браво браво
    КОга гледам вакви работи си викам...купи спреј и засукај ракави.
    Замерка само една ке ти теба поголема кригла пиво, онаа е шоља за кафе .
     
    На CBB_6 и spiritBreaker им се допаѓа ова.
  10. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,855
    1,388
    10 Август 2010
    Машко
    Немоj вака, ќе дреми сега два, три, пет дена и ќе купи цел сет кригли, чаши и други садови.

    Браво за трудот!
     
    На Avid и CBB_6 им се допаѓа ова.
  11. Serko

    Serko
    Gaining Experience

    58
    97
    30 Август 2018
    Машко
    Уште со една графичка да го подновиш и да завршен 100%
     
  12. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,717
    3,060
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    @CBB_6 знајш како викаат...мажите се уствари деца, физички само растат а играчките им стануват само поскапи, друго ништо :D
     
    На CBB_6, borcep, TheMarshal и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    569
    722
    25 Февруари 2016
    Машко
    Браво за рецензијата и трудот.

    п.с. колку фати конфигурацијава ?
     
  14. CBB_6

    CBB_6
    Gaining Experience

    78
    298
    9 Декември 2016
    Машко
    Криглето арно е, само шо требаат поќе шишиња пиво за дотур :D

    Да, планирам да влезат уште GTX 1660 Ti, засебна звучна картица, како и Ви-фи мрежна картица. Ќе ги променам и сите вентилатори на куќиштето со Arctic P-Silent серија. Има да спие ;)

    Море еден ден ќе ме избркат од дома :)

    Баш планирав да пишам.

    Купени нови делови:
    - MSI B450 TOMAHAWK од Анхоч за 6420 ден.
    - AMD Ryzen™ 5 2600 од Анхоч за 8540 ден.
    - DeepCool Gamer Storm Maelstrom 240T Red од Анхоч за 2890 ден.
    - Case Deepcool E-Shield од Анхоч за 2390 ден.
    - PSU Cooler Master MasterWatt 750W од Сет за 4690 ден.
    - Samsung 860 EVO 500GB од Нексио за 5600 ден.;
    - G.SKILL RipjawsV DDR4 16GB (2x8GB) 3200MHz CL16-16-16-36 Samsung D-Die од Нексио за 6700 ден,

    До сега вкупно 37.230 денари.

    Постоечки делови од старата конфигурација:
    - GPU: Sapphire Dual-X R9 270X OC
    - HDD: WD Blue 1TB, WD Green 2TB, Samsung SpinPoint F1 750GB
    - Keyboard: SteelSeries 6Gv2
    - Mouse: Logitech MX510
    - Speakers: Logitech X-230
    - Monitor: DELL UltraSharp U2412M

    To be continued...
     
    На Tenny, shifty, icemaher и уште 3 други им се допаѓа ова.
  15. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,121
    564
    9 Мај 2012
    Машко
    Извини за глупо прашање? Туку каде го купи тоа самолеплива платнена трака таа што го намотуваше сата кабли?? Барав и никако да најдам ? Инаку и за мене ми треба за сата каблови тоа црвеното ме боде очиве .
     
  16. CBB_6

    CBB_6
    Gaining Experience

    78
    298
    9 Декември 2016
    Машко
    Не е глупо прашање, ито си велев дека некој ќе праша за платнената трака. Многу малце веројатно да најдиш некаде по дуќани, мене ми имаше останато една по џепој од времето ко работев во Гулаг (ака кромерг и брат му) :D се користеа неколку видови на платнени траки за бандажирање на автомобилски кабелски снопови.
     
    На GGTT1 и Pane-G им се допаѓа ова.
  17. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,183
    3,163
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Idi na buvljak ima po to tezgite kolku ti dusa saka i od koi sakas sirini.
     
    На CBB_6 и Pane-G им се допаѓа ова.
  18. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,121
    564
    9 Мај 2012
    Машко
    Што злосторство си направи во Русија и што те испратил на Гулаг? :D:D Шега настрана , дали имаш престава каде има такво да се најде во Скопје па ако треба и надвор од Скопје???
     
  19. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,121
    564
    9 Мај 2012
    Машко
    Не ми се верува ај ќе видам ?!
     
  20. CBB_6

    CBB_6
    Gaining Experience

    78
    298
    9 Декември 2016
    Машко
    На купените нови делови се додава и графичка картица MSI GeForce GTX 1660 Ti ARMOR OC 6GB GDDR6, како и два ултра тивки вентилатори Arctic P14 Silent 14 x 14 cm на кровот и Arctic F8 Silent 8 x 8 cm од напред долу.

    34.jpg

    Буџетот за оваа конфигурација до сега порасна на вкупно 52.180 денари, или подетално:

    - MSI B450 TOMAHAWK од Анхоч за 6.420 ден.
    - AMD Ryzen™ 5 2600 од Анхоч за 8.540 ден.
    - DeepCool Gamer Storm Maelstrom 240T Red од Анхоч за 2.890 ден.
    - Case Deepcool E-Shield од Анхоч за 2.390 ден.
    - PSU Cooler Master MasterWatt 750W од Сет за 4.690 ден.
    - Samsung 860 EVO 500GB од Нексио за 5.600 ден.
    - G.SKILL RipjawsV DDR4 16GB (2x8GB) 3200MHz CL16-16-16-36 Samsung D-Die од Нексио за 6.700 ден.
    - MSI GeForce GTX 1660 Ti ARMOR OC 6GB GDDR6 од Грција за 14.400 ден.
    - Arctic P14 Silent 14 x 14 cm од Грција за 340 ден.
    - Arctic F8 Silent 8 x 8 cm од Грција за 210 ден.

    Како и стари веќе постоечки делови:

    - HDD: WD Blue 1TB, WD Green 2TB, Samsung SpinPoint F1 750GB
    - Keyboard: SteelSeries 6Gv2
    - Mouse: Logitech MX510
    - Speakers: Logitech X-230
    - Monitor: DELL UltraSharp U2412M

    Очекувам да ми стигни уште еден Case Cooler Arctic P12 Silent 12 x 12 cm од околу 300 денари, кој ќе го замени оној задниот DeepCool кој дојде фабрички со куќиштето, пред се заради далеку потивкото работење.

    DSC_9559.jpg

    Arctic F8 Silent 8 x 8 cm го заменува Sunon-от, кој иако магаре од кулер е побучен од Silent серијата на Arctic. А и некако белото изгледа секси во црното опкружување :).

    DSC_9555.jpg

    На кровот ќе има два 14cm вентилатори, ама то ќе биди еден ден ко ќе го мафнам онај WD зелениот од таму:

    DSC_9557.jpg

    Во конфигурацијата има вкупно 8 вентилатори, од кои 5 вртат нон-стоп (два на радијатор од водено ладење, еден напред, еден на кров и еден назад) а останатите 3 се вклучуваат по потреба при оптеретување (двата на графичката почнуваат да вртат кога таа загрева над 60 целзиуси, и на напојувањето кој се вклучува да врти кога има над 15% оптеретување).

    Куќиштето е релативно тивко и мислам дека ја постигнав мојата основна замисла за тивок компјутер, а при тоа да има добар проток на воздух. Почнува да се слуша дури при оптеретување со игри, кога повлекува повеќе струја и почнува да врти кулерот од напојувањето, како и двата кулери од графичката со 2000 вртежи во мин. или околу 60% од нивниот капацитет.

    DSC_9558.jpg
    DSC_9562.jpg
    DSC_9567.jpg
    DSC_9573.jpg

    Температурите сметам дека се одлични, при лесна работа или ајдл шо би се рекло, процесорот дреми на 27-28°C, а графичкиот процесор 40-41°C.

    =Ладен Ајдл.jpg

    Ова евтино и често исмевано водено ладење се покажа многу ефикасно и изненаден сум од темературата на процесорот. При 20 минутно оптеретување со Metro Exodus температурите се 35°C на процесорот, и 55°C графиката. Во собата температурата е 22°C.

    =15 min. Metro Exodus - temp.jpg

    Еве и бенч на 860 EVO со горе долу стандардни резултати:

    as-ssd-bench Samsung SSD 860  10.4.2019 10-22-55 AM.png

    Малото црно-црвено ѕверче :D

    DSC_9576.jpg
    DSC_9582.jpg

    Засега ќе се смирам со оваа конфигурација, вложив поќе отколку шо можев и мислев. Сите модерни игри на 1080p ќе ги вози без проблем, кога еве мазно ја тера Metro Exodus на Ultra сетинзи.
    Евентуална подоцнежна надградба ќе биди засебна звучна картица, Wi-Fi картица, и ќе гледам да ги отфрлам трите механички хард диска и да ги заменам со големко SSD за складирање.

    Фала на пажња.
     
    На PC_GAMER, toplel, Oktar и уште 3 други им се допаѓа ова.
  21. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,183
    3,163
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Не послуша мој совет... Да побараше асус стрикс 1060-1070ка ем голема и масивна , ем црна и со ргб светла на бекплајт и на лого.
    А сеа овака изгледа како графичкава да ти ја срушила целиот амбиент и ко да си ставил пластична играчка без никаква естетика.
     
  22. CBB_6

    CBB_6
    Gaining Experience

    78
    298
    9 Декември 2016
    Машко
    Дополнување:
    Фотографирано со Nikon D5100+фиксна 50-ка на 1.8 и Шаоми А2 lite ^^
     
    На Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  23. CBB_6

    CBB_6
    Gaining Experience

    78
    298
    9 Декември 2016
    Машко
    Пане, за парите не смеев да ја пропуштем оваа 1660ti. Не претпочитам елка со РГБ светла метла, се думам дури како да го исклучам беклајтот на матичната да ти кажам право. Доволно ми е пулсирачкото бело лого на водениот блок на процесорот да се гледа низ пенџер. Генерално мразам ргб светла.
     
  24. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    83
    150
    24 Април 2007
    Женско
    Баш за фотките ќе се фатев. Да ти е мерак вентилатори да гледаш ;)
     
    На Vlatzki и CBB_6 им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. marv
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    1,809
  2. Vavo
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    2,292
  3. xenon
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    553
  4. Velix
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    816
  5. CykaBlyat
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    332
Вчитување...

Сподели

Вчитување...