Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Универзитет за Информатички Технологии – Охрид

scandal

read-only
22 октомври 2011
45
3
Се повеќе и повеќе да се ужаснува човек, и после се што е кажано има уште? Ова е катастрофа како да немаме систем :cry:
 

Avramoski

read-only
6 јануари 2011
22
0
Дане знае некој кога полагаат од Финки програмирање 1, прва година кај Чорбев?
 

ProbePLayer

read-only
27 септември 2011
47
40

Веќе прочитана. Како што гледам од коментарите таму и тука, единствена забелешка што ја имаат против вас некои луѓе е вашиот несоодветен речник на часовите во УИНТ. И јас искрено бев изненаден од таквиот речник, но тоа е и најмалку важен фактор во вашето отпуштање од Самакоски. Штета.
 

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1.618
689
Добро бе што ја тупите овде држ-недај кога се знае дека единствен квалитетен образовен кадар којшто може да се најде во МК е само на УКИМ- Скопје, и тоа не на сите факултети. И тој универзитет веќе пропаѓа...квалитетниот кадар заминува во пензија, новиот квалитетен кадар се заглавува во механизмот на ниска вредност и брзи пари...Видете само кое место му е доделено на ранг листата на универзитети во светот. Каков универзитет во Охрид бре...се е сега бизнис.Фон,мон, клон...секакви глупости се измислени и во нив се сериски се произведуваат високо-необразовани кадри кои се во тотална заблуда и немаат апсолутно ниту приближно реална претстава за своето незнаење и неписменост. Денес секој неписмен станал академски граѓанин... Сега сите имаат факултет. Па каде, во која размиена земја е можно човек којшто средно завршил со врски поради тоа што имал многу единици за поправање, сега да биде инженер...За жал секој потенцијален работник се запишува на факултет бидејќи нема пазар на труд за неговата квалификација. Ќе постои ли работничка класа после 10 години ваква пропаганда и практика, да се кој завршува факултет? Јас не сум против тоа во секое село, на секоја полјана да има факултети.Но, да неможе секој да заврши. Ако некој падне 3 пати, од кои 3тиот пат да може да го искористи за полагање пред комисија, да неможе никогаш повеќе да се запише на тој факултет.
Како инаку ќе сфати дека е неспособен за тоа? Во спротивно, со денешната практика, секој еден ќе биде во заблуда дека завршил факултет и дека семинарските што ги прави преведувајќи материјали од википедија вредат реално. Овде е изгубено значењето на поимот - труд. Сега труд се смета за работа, физичка, преведување и наоѓање материјали на интернет...а не ментален труд...После 10 години, ако сеуште постои оваа кутра државичка, ќе се запрашаме ( во стилот на Влатко Илиевски ) - Што напраивме? Леле луѓе :D Ама тогаш ќе биде доцна....Ќе биде потребно уште многу повеќе време за да се врати нашето мизерен образовен систем на ниво на коешто беше после распадот на СФРЈ....
Ја (кога ќе прочитам нов пост во темава ) севезден се прашуам - шќо к** бара овдека(на оваа тема)? :D (гледајте Сомнително лице, охридска верзија, featuring Горан Стојаноски, да се насмеете малку . Доста со кодошење овде. Кој сака да кодоши,нека си отвори кодошилница..со биро ).
 

GeorgeMitrevski

hello world
26 октомври 2011
68
17
Јас не сум против тоа во секое село, на секоја полјана да има факултети.Но, да неможе секој да заврши. Ако некој падне 3 пати, од кои 3тиот пат да може да го искористи за полагање пред комисија, да неможе никогаш повеќе да се запише на тој факултет.

Споерди го тоа со системт тука во Америка. Во Македонија системот е базиран на полагање или паѓање ИСПИТ. Во Америка системот е базиран на pass/fail на ПРЕДМЕТ. Дел од овие правила се во законот за високо образование, дел се правила на универзитетот кои важат за сите. Во Америка самиот професор ги одредува условите за поминување, или комплетирање на предметот: тестови, проекти, семинарски работи, посетеност на часови, учество во дискусии на часосови, улество во форуми, и процентот на секоја работа во финалната оценка. Преодна оценка обично е 60%. На крајот на семестарот студентот или ќе го помине предметот, или ќе падне. И тоа е крај. Нема шанса за втор или трет испит, бидејќи нема испити. Ако падне, мора да го слуша истиот предмет од почеток идниот семестар или идната година. Ексесивна непосетеност на часови се казнува или со паѓање на предметот, или пак со исклучување од курсот. Моментално предавам светска книжевност, правилото е ако студентот има три или повеќе неоправдани изостаноци истиот се бриши и мора да го слуша предметот идниот семестар.

На студент со низок просек (испод некој минимум) му се дава шанса да се поправи идниот семестар. Ако не се поправи му се забранува да слуша предмети идниот семестар. Ако не се поправи по втор пат, се исклучува од универзитетот. Зошто е вака? Иако и на државните универзитети во Америка се плаќа школарина, овие универзитети сепак се финансирани од сојузната држава. Зошто државата би трошила пари и други ресурси за студенти кои не се сериозни, кои се влечкаат од година на година само да им помине времето. Огромен број на студенти се запишуваат на факултет и не завршуваат. Ако првата или втората година не им успее, ниту родителите ниту државата би биле спремни да ги финансираат понатаму. Затоа редко има студенти кои не ги завршиле студиите после 4-5 години.

Системот за оценување со испити во Македонија е адаптиран од Германскиот систем од пред стотина и пеесет и повеќе години. Тој систем најповеќе му пасува на професорите, бидејќи не мора да се бават со тестови и проекти преку цел семестар. А на крајот на семестарот ќе имат можност да се уживат во малтретирањето на студентите.
 

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1.618
689
@ЃорѓиМитревски
Нашиот мизерен образовен систем има само една цел - затупување на населението и намалување на бројот на работоспособни невработени граѓани.Тоа се оние кои завршиле средно техничко образование и веќе се спремни за во индустрија( само од неа ниту трага ниту глас кај нас )... Со необразовано население лесно се манипулира.Државата е преполна со квази-образовани граѓани кои се во заблуда, а на повидок е зголемување на нивниот број.
Повеќето квалитетни млади кадри заминуваат странство. Се разбира, има и такви кои се упорни и кои останале, но тоа се оние на кои им е тешко или немаат храброст да направат таков чекор. Квалитетните кадри се всушност оние со вистинско високо образование и тие се оние студенти кои навистина студирале и учеле повеќе од тоа колку што се барало од нив за да положат еден предмет.
Американскиот систем е добар пример за квалитетен систем.
 

pocttopus

hello world
21 мај 2010
458
99
Skopje, Naboo
споредувате баби и жаби. двата система се различни и не можете да направите никаква споредба. не можете да споредувате два системи на образование каде во 1-ва година факултет има различни области на изучување. американците колку се учени погледнете [тука] и аналогно на ова треба да се запрашаме што учат нашите студенти во 1-ва година математика, а што учат во америка? кога тие две страни ќе изучуваат иста материја, тогаш ќе можеме да ги рангираме универзитетите и потоа следи споредбата кои се повеќе учени, а кои се помалку. тоа што во америка се фрлаат повеќе пари, не значи ние не знаеме да броиме.

а како е можно некој универзитет од америка да биде на прво место кога народот од таму вели:
- who is fidel castro?
- a singer?
или ајде малку математика:
- how many sides does a triangle have?
- damn, four.
- there's no sides...one?

па кај нас бебињата знаат колку страни има триаголникот, само работата е што ние сме македонија и кој не шиша. тоа е нашиот проблем.
dash1.gif
 

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1.618
689
споредувате баби и жаби. двата система се различни и не можете да направите никаква споредба. не можете да споредувате два системи на образование каде во 1-ва година факултет има различни области на изучување. американците колку се учени погледнете [тука] и аналогно на ова треба да се запрашаме што учат нашите студенти во 1-ва година математика, а што учат во америка? кога тие две страни ќе изучуваат иста материја, тогаш ќе можеме да ги рангираме универзитетите и потоа следи споредбата кои се повеќе учени, а кои се помалку. тоа што во америка се фрлаат повеќе пари, не значи ние не знаеме да броиме.

а како е можно некој универзитет од америка да биде на прво место кога народот од таму вели:

или ајде малку математика:


па кај нас бебињата знаат колку страни има триаголникот, само работата е што ние сме македонија и кој не шиша. тоа е нашиот проблем.
dash1.gif

Зборуваме за високо образовни граѓани. Кај нив ( САД ) точно е дефинирана таа граница. Овде кај нас нема да ги сретнеш таквите луѓе, бидејќи се заглавени некаде и немаат пари да отидат во град за да ги сними некој. И немој да мислиш дека американците се дебили како што ги прикажуваат. Тоа се примери, исклучителни и прикажани се само оние кои се смешни. И кај нас можеш да го најдеш истото. Нашиот систем е катастрофален и сите ние ќе ги осетиме последиците кога еден ден нема да има работничка класа и сите ќе имаат дипломи за завршен факултет( што ќе подразбира одбивање да работат физичка работа ). А кој бил Фидел Кастро- не знаат бидејќи кај нив проблемот е дали да купат ваков или таков телевизор. Дали вака или поинаку да го направат издувниот систем на автомобилот донесен во нивната работилница...Не се замараат со непотребни глупости како што кај нас децата се тормозат уште од основно образование.

Да не те цитирам...тој делот со тоа дека најдобрите универзитети не се во Америка, можеш слободно да го отстраниш и немој да ми кажеш дека навистина така мислиш.Некои од најдобрите се во Америка. Не сите. Ама кај нас ниту еден.
 

pocttopus

hello world
21 мај 2010
458
99
Skopje, Naboo
„високо образовани граѓани и кај нив тоа било дефинирано“!? ова не баш го разбирам, а и прв пат го читам.

како и да е, да го оставиме фидел кастро. па затоа ме интересира колку страни има триаголникот? ;)

сите плаќаме затоа што не ни чини внатрешното уредување, а не дека немаме квалитетни предавачи. тоа е нашата цена, а не што не знаеме или студентите не работеле. во наши услови американците нема да издржат ниту еден ден, додека ние како така вадиме по некој квалитетен студент и професор. што очекувате повеќе кога нашиот проблем лежи на некое друго место.

на крај, немој само да кажеш дека америка ќе го „спасува“ светот во образование, глад и не знам што друго. за некој да биде прв, некој треба да биде втор, а трката воопшто не е хумана работа и не гради никаков карактер особено кога се знае дека однапред е наместена. :(

Зборуваме за високо образовни граѓани. Кај нив ( САД ) точно е дефинирана таа граница. Овде кај нас нема да ги сретнеш таквите луѓе, бидејќи се заглавени некаде и немаат пари да отидат во град за да ги сними некој. И немој да мислиш дека американците се дебили како што ги прикажуваат. Тоа се примери, исклучителни и прикажани се само оние кои се смешни. И кај нас можеш да го најдеш истото. Нашиот систем е катастрофален и сите ние ќе ги осетиме последиците кога еден ден нема да има работничка класа и сите ќе имаат дипломи за завршен факултет( што ќе подразбира одбивање да работат физичка работа ). А кој бил Фидел Кастро- не знаат бидејќи кај нив проблемот е дали да купат ваков или таков телевизор. Дали вака или поинаку да го направат издувниот систем на автомобилот донесен во нивната работилница...Не се замараат со непотребни глупости како што кај нас децата се тормозат уште од основно образование.

Да не те цитирам...тој делот со тоа дека најдобрите универзитети не се во Америка, можеш слободно да го отстраниш и немој да ми кажеш дека навистина така мислиш.Некои од најдобрите се во Америка. Не сите. Ама кај нас ниту еден.
 

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1.618
689
„високо образовани граѓани и кај нив тоа било дефинирано“!? ова не баш го разбирам, а и прв пат го читам.

како и да е, да го оставиме фидел кастро. па затоа ме интересира колку страни има триаголникот? ;)

сите плаќаме затоа што не ни чини внатрешното уредување, а не дека немаме квалитетни предавачи. тоа е нашата цена, а не што не знаеме или студентите не работеле. во наши услови американците нема да издржат ниту еден ден, додека ние како така вадиме по некој квалитетен студент и професор. што очекувате повеќе кога нашиот проблем лежи на некое друго место.

на крај, немој само да кажеш дека америка ќе го „спасува“ светот во образование, глад и не знам што друго. за некој да биде прв, некој треба да биде втор, а трката воопшто не е хумана работа и не гради никаков карактер особено кога се знае дека однапред е наместена. :(

Што да те прашам сега- што не ти е јасно? Кај нив сите квалитетни кадри и високо образованите имаат добро платена работа,а тие што се неспособни да завршат високо образование нема никогаш да го завршат или ако го завршат тоа ќе биде на некој приватен колеџ од чкљ категорија и никаде нема да бидат ценети како кадри. Но, затоа тие ќе го покажат својот талент за работа, ќе се пронајдат себеси во некој занает. Со некоја добра идеја. Овде што им преостанува на младите - да запишат факултет поради тоа што нема каде да се вработат, само за да не дремат дома, а патем и диплома ќе добијат каква-таква. Мислат дека дипломата е повредна од се, и тоа било која диплома. Не се свесни дека занаетот е скапо платен на запад. Има талентирани млади кои се зграпчени во механизмот на бесцелно студирање и само се прилагодуваат. А тука државата не им излегува во пресрет да ги насочи онаму каде што навистина ќе успеат. Ако САД се држава( федерација ) на можности, тогаш ние сме обратното.Во САД многу добро е дефинирана граница на високо образовани и работници. Овде кај нас и кадро и некадро е со диплома и високото образование го има за да знае колку страни има триаголникот. Ништо повеќе. Проблемот е многу посложен и деградацијата на системот за образование се прави систематски и испланирано. Се се прави со цел.
На запад е невозможно ако си способен и квалитетен да останеш без работа. Овде таквите се на улица, а неписмените се во администрација, во судови, во средни и основни училишта...државата посегна дури и во приватниот сектор. Да не мешаме политики, ова не е започнато од вчера, сега семо се деградира.
 

GeorgeMitrevski

hello world
26 октомври 2011
68
17
Во 2010-11 година во Америка студираа
724.000 странски студенти. Од нив
257 се од Македонија, и
157.558 од Кина. Подетална статистика има тука.

Школарината на Харвард за една година е околу $55.000, плус книги, џепарац, итн. Кај мене во Алабама е 33.000. Редко од овие странските студенти доаѓаат со стипендии. Али сепак доаѓаат.

Что мислат странските студенти за високото образование во Америка? Читај овде анкета спроведена од Institute of International Education.
Сумирано, изгледа вака:

Key findings include:
1. The U.S. is the destination of choice for the vast majority of respondents worldwide, with three-quarters (75 percent) of prospective students reporting the U.S. as their top choice;
2. Over three-quarters (76 percent) of prospective students worldwide perceived the U.S. to have a high quality higher education system;
3. Over three-quarters (76 percent) of prospective students worldwide feel the U.S. has a wide range of schools and programs to suit a variety of different students;
4. Over two-thirds (69 percent) of prospective students worldwide feel that the U.S. welcomes international students;

Глупаво е да се мисли дека едните студенти биле попаметни од другите, или обратно. Дај му можност и добар систем на високо образование, секој кој сака може да успее. Статистиките овде го покажуваат тоа. Во корумпиран систем каде што владее политиката над науката, редок случај е да успее студент да го оствари она што сака во образованието. Во мојто претходен пост јас не ги споредував американските студенти со македонските, него американскиот систем на образование со македонскиот. Проблемот не е во студентитен не е ни во профеосрите, него во самиот образовен систем. Квалитетот на образовната институција не зависи само од финансиските услови, него многу повеќе од тоа како системот функционира. Мислам дека како образовниот системот во УИНТ и во Македонија функционира вам ви е многу попознато него мене.
 

pocttopus

hello world
21 мај 2010
458
99
Skopje, Naboo
ми ги испревртувате зборовите. не можете да правите споредба кој систем е подобар, а кој не е бидејќи и двата се различни во различни услови на живеење. прво треба условите да бидат изедначени за после да одат работите на „кантар“. вие ги мешате условите на живеење со квалитетот на образование кога образованието зависи од условите!

јас не правам муабет кој систем е најдобар туку како е направено тоа. вистината има повеќе страни, зависи од која точка ја гледате.

сепак се знае и дека бројките (оценките) не се мерило на квалитет, па така и за статистичките податоци кои се прикажани погоре колку студенти студирале во америка од странство важи истото правило. исто така не ги земате причините поради кои одат студентите во америка, а наспроти тоа не се поставува прашањето зошто не доаѓаат тука да студираат во македонија? не е проблемот само кај студентите и образовниот систем, туку и условите за живеење откако ќе завршат факултет. да беше кај нас проблемот само кај образовниот систем ќе беше добра работа. тоа одма ќе го решевме и немаше да се влечеме толку години.

поголемиот дел од македонците заминуваат откако ќе завршат факултет тука кај нас, а последниве години почнаа да преминуваат и во други земји за школување. америка е можеби една од нив. таму можеби ќе добиете поквалитетно образование, но не значи дека ќе добиете најквалитетно живеење. за жал тука кај нас недостасуваат двете работи. можеби тоа е така затоа што не се сакаме доволно па дозволуваме доста млади да си заминуваат, но тоа не значи дека сонот на секој човек е да живее и да се школува во америка како таа да е на „друга планета“!?

како паралела, откако ќе завршите факултет и се вработите во америка една поправка на заб чини околу 1.000 долари, наспроти тука каде истата таа работа чини помалку од 1.000 денари.
 

GeorgeMitrevski

hello world
26 октомври 2011
68
17
ми ги испревртувате зборовите. не можете да правите споредба кој систем е подобар, а кој не е бидејќи и двата се различни во различни услови на живеење. прво треба условите да бидат изедначени за после да одат работите на „кантар“. вие ги мешате условите на живеење со квалитетот на образование кога образованието зависи од условите!.

Делумно се слагам со ова и се другото во твојот пост. Поентата на статистиката ми беше да го негирам она од pocttopus дека образованието во Америка не било баш толку добро бидејќи луѓето сепак не знаеле колку страни има триаголник. Странците доаѓаат да студираат во Америка воглавно заради квалитетот на образованието. Точно е дека до некоја мера квалитетот на образованието зависи од животните услови во државата. Али сепак тврдам дека без разлика колку пари државата би фрлила во образованието во Македонија, нема да има голем успех бидејќи најголемиот проблем е во самиот образовен систем. Мислам дека експериментот со УИНТ го потврди ова. Нека вработуваат професори од светски ранг со слични плати, нека градат десетици суперкомпјутери како онај на Самакоски за кој читавме ланската година. Ништо од тоа нема да има корист без смена на образовниот систем. Ова ме потсетува на бившиот руски претседател Горбачев. Човекот се залагаше да ја подобри ситуацијата во Русија со подобрување на комунистичкиот систем, а не беше свесен дека проблемот беше во самиот систем. Моментално во Македонија нема услови за подобрување на образовниот систем, и што е пожално, нема ни желба за тоа. Целиот систем работи со глумење. Државата глуми дека редовно вложува напори за подобрување, професорите глумат дека предаваат, и така на крај сите задоволни, освен студентите.
 

prichina

senior
24 мај 2009
7.888
5.212
Скопје
prichina's setup  
Processor & Cooler
i5 7500 | Z600 + NF-A15 Noctua
Motherboard
Gigabyte H110 D3A
Storage
Toshiba 128GB SSD M2 2280 SATA | Crucial M4 128GB | Samsung SSD 870 QVO 1TB | SK Hynix SSD 500GB | 1.5 TB Seagate во Cooler Master Xport 351 | WD Elements 1TB
PSU
EVGA G2 1000
RAM
2x8GB DDR4-2666
Video card
MSI RTX 3070 VENTUS 3X OC
Case
HAF 922 | Fan Control (PWM) DeepCool Rockman
Mouse
Razer Viper Ultimate | Gamepad's: 2xRumblepad 2 (wireless) + 1x Rumblepad 2(with wire) / Wireless kombo Тастатура + Mаус од A4Tech
Keyboard
A4Tech Wireless
Audio
X-FI Platinum + Remote | Tannoy Mercury F1 Custom | Marantz PM-44 SE mkII | Audio Technica m40fs
Monitor
Dell U2412M
OS
Windows 10 pro
Ете го , пак се јави стереотипот , дискусијата за тоа како американците биле глупав народ :) Поради еден "tweet" од човек од времето, дечко се "згазил" од смеење на кикс од некој негов сограѓанин, па го споделил на медиум и ние одма оформивме мислење за тоа како Американците биле глупав народ lol ... господине pocttopus, размисли за генералната слика која американците ја нудат. Медиумите. Тоа е огромен дел од "образованието" , учењето е споделување искуства преку медиум. Дали е тоа книга, интернет, списание, телевизија, филм, па дури и спортски настан (најголемите атлети потекнуваат баш од америка), се е тоа дел од "образованието" на Америка.
 

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1.618
689
ми ги испревртувате зборовите. не можете да правите споредба кој систем е подобар, а кој не е бидејќи и двата се различни во различни услови на живеење. прво треба условите да бидат изедначени за после да одат работите на „кантар“. вие ги мешате условите на живеење со квалитетот на образование кога образованието зависи од условите!

Извини, а кои се тие услови кои ти ги споменуваш, што ги нема тука, а ги има таму? Баш ме интересира. :annoyed:
Значи внимавај, не се работи за услови за живот, бидејќи ги нив ги отфрлам како тотално неважни за овој проблем со системот за образование.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно