Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.182
18.823
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Сум се здркал вербално, мислев да речам Брзиномерот ќе покажува повеќе одошто возилото реално се движи, со помалите тркала.

СЕКОГАШ ќе покажува повеќе се додека се користат фабрички специфизирани димензии. Не знам што толку тупење. А за тоа колку, не е фиксно 2км или 5. Математика е, 2*r*Pi е периметарот на тркалото, ама не е ни битно да разглабаме 3 страни кога се што треба да знаеш е дека секогаш ќе покажува повеќе пд реалната брзина.

Фасцинантно е колку време може да се потроши на нешто безмалку небитно, да се цепат влакна.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.653
3.232
@Astro @xenon
Повеќето возила имаат една пропишана дизмензија и таа е условена од изведбата на возилото и кој мотор го има.
бмв има зимски и летни што се разликуваат во дијаметар на бандаж, но тоа повелкува и повисока гума кај зимскиот сет (со помали бандажи).
Мислам дека имаше опција во борд компјутерот да поставиш кој сет го користиш.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.068
7.751
Или три пропишани димензии. Во сообраќајните дозволи ги пишува во посредените земји за да не се мислиш што смееш без дополнителни безбедносни проверки...

Или две
saobracajna-nemacka.jpg

 
Последна промена:

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.182
18.823
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Абе каква една димензија или две или три, за секоја кола си е различно и секако е повеќе од една. Отворете возачка врата на вашето патничко моторно возило и побарајте лепенка со спецификација за димензии на бандаж, соодветни гуми и притисок спрема товареноста на возилото.

БМВ и мерцедес имаат задни пошироки гуми затоа што имаат заден погон, но, сега имаш и кај нив преден погон, ако е погон на сите, тогаш сите се исти и таму димензијата и истрошеноста на гумите е мн важна.
А има и коли каде напред и позади имаат различна димензија на бандаж, фабрички…

И за сите важи истото, брзината прикажана на брзинометарот е повисока од реалната.

Фан факт, еднаш прочитав дека тоа го вовеле откако некој во англија добил казна за брзо возење а он тврдел дека по тахо возел на лимит, го провериле возилото и бил во право и после тоа имало еден куп тужби од луѓе. И после тоа е воведено правилото за повисока брзина.
 

Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Ќе измерам деновиве кај мене колку покажува по GPS.

Претходно на летните гуми (225/45/17) - покажуваше 5km/h повеќе на брзинометар oтколку по GPS (и на мобилен и на тој во колата). Знам дека е отприлика точно толку разликата бидејќи ме измерија 53km/h некаде на почеток на месецов, а на брзинометар покажуваше 58.

Пред некој ден ги ставив зимските (205/55/16), па ќе проверам дали се смени нешто во разликата.
 

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.067
3.526
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Ќе измерам деновиве кај мене колку покажува по GPS.

Претходно на летните гуми (225/45/17) - покажуваше 5km/h повеќе на брзинометар oтколку по GPS (и на мобилен и на тој во колата). Знам дека е отприлика точно толку разликата бидејќи ме измерија 53km/h некаде на почеток на месецов, а на брзинометар покажуваше 58.

Пред некој ден ги ставив зимските (205/55/16), па ќе проверам дали се смени нешто во разликата.
со тоа што и GPS прави средна вредност и точно ќе покаже тек на подолго возење.
 

HoLfElDeR

hello world
13 октомври 2010
226
146
Непозната
Колку што знам поновите автомобили кои имаат „дневни светла“ преку ден не мораат да возат со оборени светла. Дневните светла се баш за таа намена.

А можеби грешам, ама досега не сум имал проблем.
Законот вели соборени светла, не дневни. Иако новите дневни светла ја имаат таа улога, кај нас во закон стои исклучиво соборени светла
 

Атачменти

  • Screenshot_20251211-135047.png
    Screenshot_20251211-135047.png
    762,6 KB · Прегледи: 13
18 август 2019
1.229
1.204
За Фиат Пунто Ево, мотор, летни гуми, зимски гуми...
1765458571142.png
Мислењето е автоматски споено:

Законот вели соборени светла, не дневни. Иако новите дневни светла ја имаат таа улога, кај нас во закон стои исклучиво соборени светла
Значи дека законот не е прецизен. Вели „најмалку соборени светла“. Во која категорија се дневните светла. Помал или поголем ранг од соборените светла?
 
Последна промена:

Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Последна промена:

kikomir

hello world
30 јуни 2015
193
221
За Фиат Пунто Ево, мотор, летни гуми, зимски гуми...
Погледнете го атачментот 156614
Мислењето е автоматски споено:


Значи дека законот не е прецизен. Вели „најмалку соборени светла“. Во која категорија се дневните светла. Помал или поголем ранг од соборените светла?
Меѓу најмалите (15ки) и најголемите (17ки) разликата во брзина прикажана на брзиномерот ќе изнесува 0.5 км/ч при возење со 40 км/ч или дури 1.5км/ч разлика ако возиш со 120км/ч. Во реални услови тоа е занемарливо.

 

HoLfElDeR

hello world
13 октомври 2010
226
146
Непозната
За Фиат Пунто Ево, мотор, летни гуми, зимски гуми...
Погледнете го атачментот 156614
Мислењето е автоматски споено:


Значи дека законот не е прецизен. Вели „најмалку соборени светла“. Во која категорија се дневните светла. Помал или поголем ранг од соборените светла?
Дневни светла се помал ранг, затоа што со дневни светла нема штоп светла позади, со соборени светла имаш штоп светла. Често може да се види некој како вози со дневни светла навечер, а од позади нема ништо, не може да го забележиш некогаш.
 

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.792
4.506
Неготино

Јас не ве знам зошто уште дискутирате на темава за оваа банана држава.
 
18 август 2019
1.229
1.204
Дневни светла се помал ранг, затоа што со дневни светла нема штоп светла позади, со соборени светла имаш штоп светла. Често може да се види некој како вози со дневни светла навечер, а од позади нема ништо, не може да го забележиш некогаш.
Дневните светла се предвидени за дневно возење. Тоа што некои возат ноќе со нив е друга работа.
Нашиот законодавец носејќи „европски“ закони не зел во предвид дека во Европа постојат дневни светла.

Јас не ве знам зошто уште дискутирате на темава за оваа банана држава.
Која е врската помеѓу темава и оваа „држава“?
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.133
Пак се враќам на моментот, од Ѓорче до Ново Лисиче ќе си биде фино Потемкиново село, стално ап-ту-дејт со сите можни регулативи од Планета Земја и пошироко, една фина маса од староскопјани и доселеници кои си се филмаат си се граѓанштина, си лапаат хопиум и копиум и си живеат со розеви наочари.
И пак се враќаме на моментот дека не предложуваш алтернатива? Хопиум копиум, барем ќе има некое подобрување кое е и научно докажано, за разлика од твојот предлог што е...кој?
 

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Не требаше да објават јавно дека тек Февруари ќе почнат.

Сега сите ќе се „оладат“ и лабаво ќе биде пошто ќе знаат дека нема казни во наредни 2 месеци. Плус, што сме таков народ што пола ќе се убедуваат дека ова нема да функционира...

И мене ме нервираат камериве и мене ме нервира што возам 35 40 на булевари, ама очигледно дека мора некаков систем да се воведе. Дали ќе се намали на сообраќајки или убиства на семафори ќе видиме. Од негде мора да се почне.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.780
12.762
Skopje
www.wemaxa.com
И пак се враќаме на моментот дека не предложуваш алтернатива? Хопиум копиум, барем ќе има некое подобрување кое е и научно докажано, за разлика од твојот предлог што е...кој?

Реални, искрени и прагматични политики, базирани на закони но со здраво-разумска основа и легалистичко-техничка одржливост а не шапшал популизам и шоу како и се останато.

1. Никој не ги спори камерите, треба да постојат но нивното функционирање треба да е транспарентно. Не треба да се зезаме со моменти 51-52 и слични глупости, прагматично е да се додаде +-% луфта, за наши услови до кај 55 за да не се зезаме и да се докажуваме на суд камерите не биле баждарени, ова било она било.

2. Камерите се најмал проблем, треба да се воведат нестандардно високи казни, 1000Е+ за користење мобилен телефон при возење (во Грција е 4000Е мислам) - користење мобилен (комбинирано со дивеење) е главна причина за сите срања последно време.

3. Драконски казни за дивеење. Ова го воведоа но погрешно и правно неиздржано - таргетираа заплена на приватна сопственост и акцентот падна на тоа после. Не бате, си возел 2-3 пати на црвено, си возел 2-3 пати 100+ (карикирам, ама мора да биде некаков тип на шаблон а не инцидентно однесување) - одземање возачка и право на полагање 10 години. Колата ќе ти стои ќе си ја гледаш како ти скапува. Не си ја испочитувал забраната - затвор 3 години.

4. Мобилни патроли во цивил за паметњаковичи што ќе глумат лудило и ќе се адаптираат на системот и ќе кршат правила. Казните од овие да бидат х2

5. Драконски казни ако прекршители на правила се службени лица. Секој втор цајкан во возило е на мобилен. Бркања од работа, одземање бенефиции од стаж итн итн.

6. Драконски казни за пешаци што мислат сите овие промени се да им се релаксира нив светот и векот па да се курчат, да провоцираат, да се понашаат како улици булевари и семафори се шеталишта за бели мечки, да претрчуваат, да одат и да скокаат на места каде нема обележани премини, да одат на црвено жолто или зелено како им одговара итн. И за нив и за точаџии и за се останато. Секој треба да си ги знае правата но и одговорностите.

итн итн. Ако ги редам до 100 точки ќе дојдеме..
 

Foldalot

hello world
19 март 2014
121
95
Дозволена брзина од 50km/h е сосема доволно, проблемот е што ретко се вози според таа дозволена брзина. Јас имам лимитер на мојата кола кој го наместив на 53km/h и успевам по булевариве да нагазам и колата да си стои на 53, досега сум немал опомена, па веројатно реалната брзина на колата е 49-50km/h. Кога возам вака стварно е доволно брзо, но често пред мене има коли кои возат 45-48km/h (немаат лимитер + човечки фактор) и морам и јас да поднамалам, иако си возам според дозволеното и тука се прави малку застој.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.736
15.830
youtu.be
Сега сите ќе се „оладат“
Ќе има трки за престојните празници.
Сега сите кукаат
Кукат бидејќи нема кај да ги издуват колите со по 100 и кусур коњски сили.

Пред малку една мамичка (ах беее) на пешачки со двете раце турка количка со бебенце а во исто време си збори на мобилниот кој што си го придржува со рамото, нормално не може да погледне лево десно јер мобилниот ќе и падне на улица.
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Дозволена брзина од 50km/h е сосема доволно, проблемот е што ретко се вози според таа дозволена брзина. Јас имам лимитер на мојата кола кој го наместив на 53km/h и успевам по булевариве да нагазам и колата да си стои на 53, досега сум немал опомена, па веројатно реалната брзина на колата е 49-50km/h. Кога возам вака стварно е доволно брзо, но често пред мене има коли кои возат 45-48km/h (немаат лимитер + човечки фактор) и морам и јас да поднамалам, иако си возам според дозволеното и тука се прави малку застој.

Како ли успеа толку да нагазиш и да дојдеш до 53km/h ? Колку коња ти е возилото ?

60km/h на широки булевари е оптимално. Никој никогаш не убил некого затоа што се движел со брзина од 60km/h. Секогаш е другиот фактор, невнимание, мобилен и слично.
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.279
2.709
Возеа добро некое време сега пак се сељачат некако Шумахери возат слалом по булевар.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно