Веќе долго време сум во потрага по квалитетни лед сијалици на нашиот пазар. Туку речи ги пробав сите брендови. Ја отварам темава за да се споделуваат искуства и препораки.
Неколку битни фактори:
0. Најбитен фактор - формат на сијалица
Постојат повеќе формати. Јас се фокусирам на формати во кои може да се замени само сијалицата - дали со навртување или со прикачување на конектор - сеедно. Никогаш не сум ги сакал all-in-one моделите каде ако се расипе треба цела плафоњерка/лустер да мењаш.
Најпопуларни формати на „приклучок“ или база на сијалица кај нас се Е14 и Е27 - кои се сијалици со навој/навртка на основата - или со прости зборови тенко и широко грло навој. Постојат многу други формати на база:
Исто така постојат различни формати/деноминации на форма на сијалица - кои може да диктираат во какви лустери/плафоњерки или за каква намена (пример шанк) ќе се инсталира сијалицата:
1. Боја на светлина (изразено во Келвини - К)
Зависно од преференците најчесто се избира една од 3 главни групи на боја на светлината кај нас:
2. Производител
Ги има доста на пазарот, некои се реномирани од времето на обични (incandescent/со тунгстен жица) сијалици а некои ко Philips или Samsung се нови играчи но сепак големи фирми.
3. Dimmable или не
Едноставно дали може да се користи потенциометар за да се регулира јачината на светлината.
5. Потрошувачка/јачина на светлина
ЛЕД сијалиците најчесто имаат на кутијата потрошувачка изразена во W (најчесто од околу 4-15W по сијалица) но исто така често имаат и ознака каква „обична“ сијалица би замениле (пример 50W, 75W, 100W) според јачината на светлина. Имаат често и јачина на светлина изразена во lumens, lux или кандели.
6. Останати фактори
Останати побитни фактори кои ги карактеризираат сијалиците се ЦЕНА, ГАРАНЦИЈА и какви контролери и/или лед модули/диоди користат. Некои сијалици имаат и „смарт“ можности, некои имаат диоди кои може да менуваат боја итн.
-----------------
Од тоа што имам пробано до сега во неколку зборови кратко мислење за сите:
П.С. Кога пишувам дека сакам да траат не очекувам чуда ама барем една година да истраат сијалиците. Преку глава ми е од мењање сијалици секои 2 месеци.

- Топла светлина - околу 3000К
- Неутрална светлина - околу 4500К
- Бела светлина - околу 6000К и нагоре
2. Производител
Ги има доста на пазарот, некои се реномирани од времето на обични (incandescent/со тунгстен жица) сијалици а некои ко Philips или Samsung се нови играчи но сепак големи фирми.
3. Dimmable или не
Едноставно дали може да се користи потенциометар за да се регулира јачината на светлината.
5. Потрошувачка/јачина на светлина
ЛЕД сијалиците најчесто имаат на кутијата потрошувачка изразена во W (најчесто од околу 4-15W по сијалица) но исто така често имаат и ознака каква „обична“ сијалица би замениле (пример 50W, 75W, 100W) според јачината на светлина. Имаат често и јачина на светлина изразена во lumens, lux или кандели.
6. Останати фактори
Останати побитни фактори кои ги карактеризираат сијалиците се ЦЕНА, ГАРАНЦИЈА и какви контролери и/или лед модули/диоди користат. Некои сијалици имаат и „смарт“ можности, некои имаат диоди кои може да менуваат боја итн.
-----------------
Од тоа што имам пробано до сега во неколку зборови кратко мислење за сите:
- Ноунејм кинески модели - евтини, светат далеку послабо од други модели, немаат гаранција.
- Оптионица - бугарски бренд застапен кај нас, имаат солидна гаранција и добра цена но ако нарачаш онлајн не ти издаваат гаранција (иди сфати го ова) така шо исто ко да нема. Имаат убава светлина но од 30+ сијалици кои ги имам пробано неколку беа DoA, неколку прегореа во рок од месец-два... mixed feelings.
- Алфа Електрик со Самсунг ЛЕД диоди - за сега работат супер и не сум имал проблем. Не знам дали имаат гаранција не пишува на веб страницата. Имаат добра јачина и убава боја на светлина (зависно избраната).
- Филипс обични зелена кутија - mixed резултати - ништо посебно. Треба да имаат една година гаранција, не сум се замарал да ги рекламирам прегорените.
- Hyundai - УЖАС! Имам бар 100 земено и сите се во рок од 2 години прегорени. Најчесто не траат ни неколку месеци.
- Selena - разочаран комплетно. Исто бргу прегоруваат ко Hyundai а требаше да се реномиран производител.
- Lambario - уште немам пробано. Рекламираат 2 години гаранција што е супер ама не сум нашол со топла боја на светлина.
- Philips виолетова кутија - немам пробано, не сум нашол какви што преферирам (топла светлина а 11W или појаки).
- Commel - немам пробано.
- V-TAC - немам пробано (имам нарачано од ананас ама не стигнаа/ги откажаа). Рекламираа Самсунг ЛЕД модули и 5 години гаранција ептен се надевав на овие, чекам да видам дали ќе има пак на лагер.
- Osram - не знам кај има, знам дека се познат бренд би сакал да ги пробам.
- Ikea сијалици - немам се уште пробано, немаат гаранција и скапи се со оглед на тоа. Кога би знаел дека стварно траат не би ми биле фактор цената и немањето гаранција.