Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Македонски Пошти - Општа Дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  • Вкупно гласале
    725

partaloskip

read-only
9 август 2023
38
59
Пратка за Ресен 7310 ми ја пратиле во Дебар 1250...

Нешто слично се деси и претходна недела, каде наместо пратката да стигне во Ресен, прво се прошета низ Битола :)

П.С. мислам дека некој дислексичен (или неписмен) пред скоро се вработил во поштата во Скопје :)))))
Погледнете го атачментот 142487
Update околу оваа ситуација и слични такви каде пратки од Скопје се праќаат кон погрешни градови - зборев со поштар во Ресен, ми кажа дека не станувало збор за човечка грешка туку имало проблем во погонот во Скопје каде што се пренасочувале пратките за други градови, тој процес бил целосно автоматизиран и најверојатно се правеле грешки од машината одговорна за филтрирање и групирање на пратки каде често се случувало да ги чита кодовите погрешно (или нецелосно), а тоа најверојатно се правело доколку пратките се поставени една врз друга (очигледно некој треба да ја надгледува оваа машина или доколку има таков истиот да си ја сфати работата посериозно)...

П.С - Ми се случи уште една пратка да тргне и пристигне во тотално погрешен град и насока - овој пат Куманово 1300 (наместо Ресен 7310)!!!
1730901542654.png
 
hicuxx

hello world
10 ноември 2018
76
83
Skopje
Дали некој има информација пратки од Amazon како стигаат? Пратено е преку UPS worldwide saver. Дали доаѓа преку пошта или преку некоја од карго компаниите?
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
Дали некој има информација пратки од Amazon како стигаат? Пратено е преку UPS worldwide saver. Дали доаѓа преку пошта или преку некоја од карго компаниите?
Пратката ќе ти биде задржана од овие криминалци ( In Time ) ќе ти биде наплатена лежарина + царина и/или данок + царинска процедура.
Се надевам дека грешам и дека нешто зе променило во меѓувреме откако јас имав потреба да се соочувам со нивните лудости. Во мојот случај вредноста на производот беше 1/3 од вкупната цена (производ+транспорт+лежарина+царинска процедура(административни такси)+данок+царина). Лудоста започнува од законот според кој царина и данок се плаќа и на транспортот...

Среќно
 
  • ми се допаѓа
Реакции: thrw

Зошто тогаш на Амазон има import charges, два пати се плаќа и на Амазон и кај мафијашиве?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.144
7.825
Зошто тогаш на Амазон има import charges, два пати се плаќа и на Амазон и кај мафијашиве?
:) Абе не нарачувајте ако не ви се допаѓа тој што доставува. Инаку законите се исти во сите земји на светот - плаќаш давачки вклучително и на транспортот. А ако има import charges кај Амазон тоа значи дека ти ништо не плаќаш, сѐ е платено, дури мислам и пишува дека ќе ти вратат пари ако се давачките помали
 
fauxpanda

read-only
7 декември 2020
7
14
:) Абе не нарачувајте ако не ви се допаѓа тој што доставува. Инаку законите се исти во сите земји на светот - плаќаш давачки вклучително и на транспортот. А ако има import charges кај Амазон тоа значи дека ти ништо не плаќаш, сѐ е платено, дури мислам и пишува дека ќе ти вратат пари ако се давачките помали
Да додадам на ова со моето искуство со DHL (screenshot). Депозитот беше точно износот на давачките.

Откако ја платив царината во DHL, испратив барање за рефундирање до Amazon со доказ за уплата. Ми вратија двојно повеќе од депозитот (за непријатностите? Претпоставувам) и парите ми беа на сметка истиот ден.
 
Атачменти

  • Screenshot_20241108_120001_Outlook.png
    Screenshot_20241108_120001_Outlook.png
    344,4 KB · Прегледи: 45
Последна промена:

Alex3

hello world
20 декември 2018
226
267
ако оди во InTime ќе ти се јават за твои податоци да почнат постапка за увоз а веќе си платил увозни давачки на Amazon, НЕ им давај податоци. InTime ќе ти бараат лична карта за да можат да направат полномошно за царинска постапка, демек ти сакаш они да ти ја завршат целата работа за увоз. они ќе си добијат пари од Amazon ако има увозни трошоци, не треба два пати (Amazon и InTime) да плаќаш една иста услуга (трошоци за увоз).

е сега InTime ќе играат валкано и можат (и како пример случај порачка на мој пријател пред месец дена исто со платени увозни трошоци на Amazon) да ја држат пратката до крајниот рок на достава, затоа што немаат екстра ќар од тебе. твојата пратка ќе има приоритет „абе ќе биде, шо се брзаш“. ако стигне кај нив и тракингот покаже дека е во земјава, одма пиши им на Amazon дека нивните партнери тука ја задржуваат непотребно пратката и те рекетираат за увозни давачки што ти веќе си ги платил.

пред едно две години имавме случај во претходната фирма каде што работев, да ни пуштат дел за машина од Италија. машината беше под гаранција и делот ни беше испратен бесплатно. InTime рекоа дека не може така, мора да се плати увозни давачки, на фактура која пишуваше дека делот е бесплатен и не тераа да наведеме колку чинел реално делот. бидејќи ни се брзаше, газдата се сложи да платиме некои 3-40 евра само да биде постапката побрза и да го добиеме делот бидејќи ни требаше машината да биде целосно функционална.

InTime се класични рекетари и треба посебна тема за да ги исплукаме прописно.
 
thrw

lurker
3 декември 2021
711
582
Македонија
Зошто тогаш на Амазон има import charges, два пати се плаќа и на Амазон и кај мафијашиве?
Ќе чекаш 6 месеци да ти ги вратат парите, ама ќе ти ги вратат.
До тие 6 месеци, плаќаш два-пати за царина/ддв.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
:) Абе не нарачувајте ако не ви се допаѓа тој што доставува. Инаку законите се исти во сите земји на светот - плаќаш давачки вклучително и на транспортот. А ако има import charges кај Амазон тоа значи дека ти ништо не плаќаш, сѐ е платено, дури мислам и пишува дека ќе ти вратат пари ако се давачките помали
Можеби (нагласено) се исти во голем дел од светот, но прагот на царинење не е ист како кај нас. Така да - ништо никаде не е исто.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
780
2.092
плаќаш давачки вклучително и на транспортот

Една корекција - во Македонија плаќаш давачки само на транспорт кој е вон "стандардните поштенски текови".

Ова вклучува брзи пошти, од типот на FedEx, UPS, DHL Express, но и EMS која е дел од поштенскиот систем.

Ако пратката е испратена по "стандардна поштенска тарифа", вклучително и AirMail, давачките не се пресметуваат на транспортните трошоци. Делува ситно, но царинска испостава при пошта се прилично коректни во тој поглед.
 
Ова не е точно. А проблемот е и поголем бидејќи очигледно е селективно правено ова.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.144
7.825
Ок, ама ДДВ во секој случај се плаќа (поинакви се лимитите) плус на големи пратки (како увоз на ардуино делови) се плаќа царина на сите трошоци зашто не ги увезуваш со пошта туку со други видови транспорт.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
780
2.092
Ова не е точно. А проблемот е и поголем бидејќи очигледно е селективно правено ова.

Ајде?

Мислењето е автоматски споено:

плус на големи пратки (како увоз на ардуино делови) се плаќа царина на сите трошоци зашто не ги увезуваш со пошта туку со други видови транспорт.

Секако.
 
Fiatov

hello world
18 септември 2020
50
14
На една нарачка од алиекспрес имам тракинг број ECSC00AAMK....
Знае ли некој кој ги доставува пратките кај нас со овој тип на броеви и дали ги менуваат тракинг броевите при транспорт како SunYou тракинг броевите што се менуваат?
 
viktor4mkd

hello world
22 мај 2023
157
98
На една нарачка од алиекспрес имам тракинг број ECSC00AAMK....
Знае ли некој кој ги доставува пратките кај нас со овој тип на броеви и дали ги менуваат тракинг броевите при транспорт како SunYou тракинг броевите што се менуваат?
ELS ги доставуваат ECSC пратките, и не се менува бројот тој останува , тој ќе го внесеш во ELS и кога ќе влезе во МК ќе го даде на нивната страна
 
hicuxx

hello world
10 ноември 2018
76
83
Skopje
Дали некој има информација пратки од Amazon како стигаат? Пратено е преку UPS worldwide saver. Дали доаѓа преку пошта или преку некоја од карго компаниите?
Мал апдејт на ова, денес ми се јавија од InTime. Културно се претстави госпожата, ми кажа дека ми е стигната пратка од Амазон и дека давачките за истата се платени. Ми побара мејл за царинска постапка и ми рече дека откако ќе заврши постапката ќе биде предадено на курир. Дали имаат своја курирска служба не знам ама ај баш да видиме за колку ќе стигне(и дали ќе стигне). Нарачката беше направена 8 ноември.
 
25 ноември 2014
1.553
1.989
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
1731430628158.png

Кина до дома, 11 дена. Ја чудим.
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
860
Еее, па така кажете, тогаш нема ништо чудно!

Мене обична, ама преку LT ми стигна преку пошта за 20 дена, не пак ECSC!

Сè, само да не е HU, тоа е злото!
 
25 ноември 2014
1.553
1.989
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно