Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Звучна изолација на ѕид

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Сум во слична ситуација, со тоа што комшијата е тој што треба да биде уќуткан односно да се намали звукот од неговата работна соба(тишлер) кон мојата дневна... Мој предлог беше ѕидот што се граничиме ваков како што е постоечкиот, да го долепиме со стиродур 5см, а и на двајцата ни се уврте идејата да додадеме табли јајца на стиродурот, но прашањето е дали ќе има тоа ефекАт или да ја зголемиме дебелината на стиродурот да не се малтретираме со собирање барање табли јајца?
Стиродурот НЕМА никаква звучна изолација ако се стави на ѕид! Исто и таблите од јајца.
Најефикасна заштита ќе има ако звучната изолација се стави таму каде е изворот на звукот - кај комшијата.
 

user240107

Баниран/a
10 јули 2020
20
4
Скопје
Најефикасна заштита ќе има ако звучната изолација се стави таму каде е изворот на звукот - кај комшијата.
Звучната изолација секако ќе биде таму (кај изворот на звукоот=комшијата) но штом стиродурот нема звучна изолација :cry: повторно сме на почеток и во потрага на материјал за звучна изолација:confused:
 

triki123

Баниран/a
4 мај 2019
85
65
Звучната изолација секако ќе биде таму (кај изворот на звукоот=комшијата) но штом стиродурот нема звучна изолација :cry: повторно сме на почеток и во потрага на материјал за звучна изолација:confused:

Јас сериозно мислев дека ти е заебанција коментарот затоа што неколку коментари нагоре имаш конкретно решение за тој проблем. Не знам шо е тишлер и како прави бука, ама рачунај дека ако вибрации се проблем дека е многу поскапо решението.
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Звучната изолација секако ќе биде таму (кај изворот на звукоот=комшијата) но штом стиродурот нема звучна изолација :cry: повторно сме на почеток и во потрага на материјал за звучна изолација:confused:
Пријателски совет: платете си за проект за звучна изолација, еве не мора кај мене (инаку кај мене = 300 евра за овој случај), но задолжително да биде кај некој експерт од оваа област!
Кокретниов случај е тежок и скап за решавање, така што не ни помислувај сам да правиш „во потрага на материјал за звучна изолација“! Тоа ќе ви бидат пари фрлени во ветер, препуштете им ја оваа работа на експерти.
 

ekonomist

user
17 јуни 2008
1.239
665
Има специјални гипс плочи за подобра изолација, обрати се кај некој од дистрибутерите на Кнауф или пробај пиши им на Facebook.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
На тема:

Звучна изолација е комплицирана тема, јас не сум професионалец но ќе споделам што знам.

Звукот е бран (doh) и се шири низ различни материи различно. Се шири низ празен простор, низ камен, низ метал, низ се.

Начинот на кој се стишува звук е со „пригушување“ и минимизирање на вибрации низ исти материи.

Шо значи тоа. Ќебе на пример сте приметиле дека прави „пригушување“. Тоа се порозни материјали како плетени или сунѓерести материи кои од материјата која првично го пренесува звукот ќе направат одбивање на бранот низ повеќе пори и со тоа само фракција од првичниот бран ќе излезе на другата страна. (со други зборови апсорбира дел од звукот).

Пример други материјали може да го рефлектираат звукот назад, пошо се премногу густи (читај гума или ептен густ тип на дрвени и гипсени плочи, глетуван ѕид и слично). Воздушни џепови прават рефлексија во сами себе затоа цигли/тули како ѕид сепак намалуваат дел од звукот... итн. Значи треба слоеви од разни бариери за да се покријат сите фреквенции и целиот бран да се анулира.

Но бидејќи вибрациите од звукот се пренесуваат повеќе низ ист материјал добра стратегија е и таа на „сопкање“ на бранот со тоа што ќе му се постават најразлични пречки кои се ефективни за пригушување на различните фреквенции а и ќе ги намалат вибрациите од една до друга материја.

Се ова значи дебели ѕидови од слоести најразлични материјали, и секако материјали кои ќе ги прекинат вибрациите од претходниот материјал.

Пример подобра изолација има ако ставиш плоча, па празен простор, па друга плоча отколку две плочи споени. Исто така подобро е ако имаш плоча гипс, гумена бариера, па плоча гипс отколку плоча празен простор плоча. Некои материјали едноставно се поефективни.

Е сеа прашањето е колку некој е спремен да ѕида соба во соба, пошо тоа е единствен ефективен начин да се направи ефективен soundproofing. Значи треба да се оддели изворот на звукот ко да „лебди“ во просторот за да не се пренесува звукот по принцип на вибрации (секако не може магично да лебди но може цела конструкција да е поставена на гумени односно апсорпциони материјали).

И така. Значи чекорите кои може да ги преземе некој се следните (од помалку комплицирани до покомплицирани):

1. Да се намали звукот кај изворот (или со внимавање да не бидеш гласен или со пригушување директно околу себе).

2. Пригушување директно кај изворот - направи си „шатор“ од дебели ќебиња и јоргани, со тоа што ќе имаш ефект на соба во соба. Треба да имаш дебел тепих под себе, да си целиот обиколен со дебели ќебиња и јоргани и да поставиш едно и како кров. И сето ова треба да видиш колку е ефективно и да го појачаш ако има потреба. Најди некој домашен да стои надвор од твојата соба дури ти урлаш и да ти каже колку ефект има шаторот.

3. Ремоделирање на самата соба со додавање бариери и дуплирање на ѕидовите - со лесно достапни или со професионални материјали. Секој материјал има спецификација за тоа колкава звучна трансмисија и пропустливост има. Направи рисрч на интернет, комбинирај неколку слоја од неколку материјали, провери на јутуб кои се препорачани.

Треба да бараш туторијали за DIY SOUNDPROOF ROOM или DIY RECORDING STUDIO. Ова се термини кои ти требаат пошо сакаш целосна изолација а не третирање на соба. Ко шо ти кажаа третирање на соба е за да немаш ехо и за подобро да можеш да снимаш ВНАТРЕ во собата, но тебе ти треба и изолирање на звуци во рамките на собата но и со тоа да истиве звуци не продираат надвор.

Ако одиш со DIY и поевтини непрофесионални материјали, комбинирај го со шаторот и ќе имаш најдобри резултати.

Мислам дека најдобра опција би ти биле 5 панели од густа пена + шатор од ќебиња и јоргани (панелите прават као куќа околу шаторот).

Е СЕГАААА

се ова звучи комично и апсурдно и не толку практично така?

Епа затоа единствено вистинско решение е да викнеш инженери да ти изработат навистина се по пропис ко шо треба, и реално ќе те кошта сигурно илјадници ако не и десетици илјади евра зависно колкав е проблемот.

Така шо се враќаме на почеток, контролирај се малце - тоа ти е најлесно решение, и ко шо кажаа други играј преку ден.

ЕДИТ: додадени некои појаснувања
 
Последна промена:

triki123

Баниран/a
4 мај 2019
85
65
Јас сериозно мислев/мислам дека беше доволно еднаш и дека тука ќе застане пријателскиот совет од 200€ и дека не му е тука местото и дека ќе застане и ќе се свести на тој коментар каде нуди решение по цена на бубрег односно совет за соодветна надокнада... Да не се разбереме погрешно, можеби е тоа скапо платено школување за професија и од тоа живее и си се образувал за да од тоа живее и ништо лично кон него но јас форумот го доживувам како место за размена и доброволно споделување на искуства како тоа на Астро, креаторот на темата и сите добронамерни совети па биле тие конструктивни или не...

Не знам кај не се разбираме пошто очигледно збориме за различни работи ама еве ќе ти одговорам пошо неам попаметна работа. Прво, решението беше во конкретен линк на конкретна понуда од фирма предложена од неколку членови, еве јас доброволно (а и другиот член) му појаснив на OP што треба да гледа за да го реши проблемот и да не фрла пари на погрешни третмани што нема да му помогнат. Тоа е едно. Второ, членот што се понуди за проект веќе даде бесплатен совет и стручно мислење на темата и му објасни/помогна. Тоа што се понуди да дојде да му мери со скапа опрема/пресметува и проектира е скроз фер дил и никој на никого на форумот не му должи таква услуга.
Тоа е како да бараш од некој да дојде да ти монтира сервер у фирма, да го врзе и да го сетира за беспари пошто си го нашол на форум и некој треба доброволно да го сподели своето време и знаење :)
Малце го избанализирав објаснувањево ама се надевам ќе ме разбереш и нема да треба да ти цртам повторно.
 

user240107

Баниран/a
10 јули 2020
20
4
Скопје
Малце го избанализирав објаснувањево ама се надевам ќе ме разбереш и нема да треба да ти цртам повторно.
Немаше потреба ни сега да цитираш а уште помалку повторно, пошто се навратив неколку пати на постовите пред да стиснам "испрати мислење" и во мојата глава цело време изгледа како она со кравата што дала најмногу млеко но џабе е се, кога на крај ја клоца/истура кантата со млеко... Пак ќе повторам, ништо лично но тоа е моето сФаќање/мислење, штом се нудиш со помош за соодветна надокнада, во случајов претпоставувам со ценовник истресен од ракав, пошто па јас никаде не кажав ниту за колкава соба се работи ниту каков е преградниот зид за да советот за мојот случај е 300€
Друга работа што видов дека ја занемарувате и кај креторот на темата а и во мојот случај,
како у спална да си ми .
јас ова го сватив дека се бара решение да се намали звукот кој се пренесува, да не му биде у спална, а не да се направи глува соба од која нема никаков звук да се слуша... Истото е и кај мене, иако кај мене не е како во дневна да ми е тишлерот но комфорот ќе е поголем и кај комшијата и кај мене ако колку-толку се намали звукот/галамата така да идејните решенија/совети од неколку стотици евра без конкретна изработка, по мене се за во подфорумот купи-продај...
 

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
@toshex фала ти за одговорот и за информациите ама гледам дека темава малце забега . Темава ја отворив со намера да видам дали до сега некој пробал нешто вакво или нашол начин да се намали звукот од еден до друг стан .Еве единствен начин била инсталацијата на ѕидовите и фали ви многу за тие информации околу цени,монтажи и се тоа .Ldecibel ми дадоа понуда еве и Vladimir исто , кога ке најдам решение што ке ми одговара и со цена и со потреби ке ги споделам тука зашто гледам дека никој друг не го правел истово .
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Абе имаше еден дечко правеше кино кај другар дома, претпоставувам сериозно звучно изолирање имаат у таа соба. Ама со оглед дека целиот проект дебело има коштано (збориме тон пари во опрема за видео, аудио и спремање на самата соба) - не е нешто шо било кој би го остварил лесно.

Има причини значи зошто во многу земји бизнисот за студија за вежбање на бендови (во звучно изолирани соби) е исплатлив - бидејќи soundproof соби сами по себе се скапи за изработка.

Виртуелно е невозможно да направиш спална соба звучно изолирана во некој нормален буџет, но дефитивно има начини да се ублажи звукот. Колку - тоа е дебативно и зависи пред се ко шо посочив од колку сакаш тоа да е естетско и практично.
 

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
Епа тоа ми треба да се ублажи звукот . Ова не ми е мене спална соба па јас да не можам да спијам . Ова ми соба за гејмање и чисто сакам да им помогнам на комшииве . Затоа и не би давал многу пари за тоа .
 

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
Другар ја не знам што се навреди толку . Јас ти реков фала за предлозите и ти го испочитував секој предлог . Имам понуди фала ти ако треба и ќебе ке ставам
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
...во случајов претпоставувам со ценовник истресен од ракав, пошто па јас никаде не кажав ниту за колкава соба се работи ниту каков е преградниот зид за да советот за мојот случај е 300€
...
... идејните решенија/совети од неколку стотици евра без конкретна изработка, по мене се за во подфорумот купи-продај...
За да нема недоразбирања - сумата од 300 € за ПРОЕКТ (а не за идејно решение/совет!) ја кажав јас, а не членот @triki123.
Е сега подетално да објаснам што е тоа проект, а што е идејно решение/совет:
Мојата експертиза се звучници и акустика. Меѓу другото, сум изработил проекти за акустика за големи и многу сериозни сали и студија (неколку од последните: кино-сала, театарска сала, студио за филмска постпродукција, ...). Цените на таквите проекти за акустика зависат од самиот објект - прво се гледаат градежните скици, па се гледаат барањата, и на крај се формира цената на проектот. Ако проектот за акустика се прифати од инвеститорот, тогаш врз основа на тој проект некоја градежна фирма (избрана од инвеститорот) ќе ја реализира акустичката обработка без никакви проблеми, бидејќи во тој проект се дадени сите детали. Во светот, градежните фирми НЕ прават такви проекти за акустика, туку ангажираат независни експерти.
Од гледна точка на членовите на овој форум, цената на таквите проекти за акустика е „боли глава“, но од гледна точка на инвеститорот цената е фер и нормална, бидејќи тие сали/студија ќе работат професионално и комерцијално, т.е. ќе заработуваат.
Но, постојат и аудиофили, филмофили, па и обични ентузијасти, кои сакаат дома да си решат одредени акустички проблеми. Многу логично е дека за нив не ќе може да се употреби истиот терк за одредување на цената на проектот, бидејќи 99% од нив нема да можат да ја платат таа цена. Сега тука настапува личниот став на проектантот, кој може, но и не мора да сака да се занимава со такви „ситни работи“, бидејќи ќе мора да понуди пониска цена на проектот - цена која аудиофилот/ентузијастот ќе може да ја плати. Таа цена се разбира дека е многу пониска од реалната. За конкретниов случај јас ја одредив цената на проектот да биде 300 €. Дали е тоа многу или малку, е субјективна оценка на потенцијалниот муштерија, но за мене дефинитивно е малку, бидеќи во проектот се прават истите пресметки и цртежи како и за било кое друго професионално студио (на пример). Тука потенцирам дека врз основа на тој проект секоја градежна фирма ќе може конкретно да ја изведе таа акустичка обработка/изолација. Се разбира, не мора муштеријата сам да бара градежна фирма да го изработи тоа, можам јас да ангажирам таква градежна фирма и на муштеријата да му понудам комплетна услуга за конкретна изработка, по системот „клуч на рака“.
Од друга страна, идејните решенија/совети се по опфат и длабочина МНОГУ послаби од било кој проект! Со такви парцијални и некомплетни решенија не може да се гарантира успех!

Јас ти дадов бесплатни совети и те спасив да не ги фрлаш парите на неефикасните стиродур и табли за јајца.
За понатаму сам си одлучуваш, парите се твои...
 
Последна промена:

Jedah

user
6 ноември 2007
1.310
2.285
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: M.2 Corsair NVMe MP510 240GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
Logitech Optical M100 USB Black
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
LG 24'' Full HD IPS Monitor with FreeSync™ (24MP60G-B)
OS
Windows 11
@VaskaIlieva Направи нешто слично на ова
View: https://youtu.be/qczNxoG8s6o


И ако немаш тепих во собата обавезно стави.
Бонус раштркај мебелот, полици со книги кои ќе делуваат како дифјузери... што повеќе да се упие звукот во простор.
 

user240107

Баниран/a
10 јули 2020
20
4
Скопје
Јас ти дадов бесплатни совети и те спасив да не ги фрлаш парите на неефикасните стиродур и табли за јајца.
За понатаму сам си одлучуваш, парите се твои...
И бескрајно сум ти благодарен за советов, за мене ќе кажам дека сум далеку од можност но и кога би бил во можност далеку сум од воља за плаќање дали било тоа проект или идејно решение, сепак во мојот случај не ми треба да добијам глува соба туку да ја намалам моментално постоечката галама со најевтината можна опција за која ми треба совет од некој со случно искуство и решение...
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
@VaskaIlieva Направи нешто слично на ова
View: https://youtu.be/qczNxoG8s6o


И ако немаш тепих во собата обавезно стави.
Бонус раштркај мебелот, полици со книги кои ќе делуваат како дифјузери... што повеќе да се упие звукот во простор.

Ова е за звучно третирање на соба (да се намали ехо и слично). Со други зборови да го намали бројот на звучни бранови кои се одбиваат од рамни тврди површини назад кон твоите уши. Нема ништо да направи околу тој дел од звукот што стига до ушите на комшијата (што е во овој случај на ОП проблемот).
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
...сепак во мојот случај не ми треба да добијам глува соба туку да ја намалам моментално постоечката галама со најевтината можна опција за која ми треба совет од некој со случно искуство и решение...
Повторно да дообјаснам - во кокретниов твој случај проектот би бил за намалување на галамата од комшијата, е не за правење на „глува соба“. Поентата на секој добар проект е дека тој обезбедува оптимални резултати при минимална цена на конкретната изведба.
Толку од мене, ти пожелувам среќа и успех во решавањето на проблемот.
 

user240107

Баниран/a
10 јули 2020
20
4
Скопје
Повторно да дообјаснам - во кокретниов твој случај проектот би бил за намалување на галамата од комшијата, е не за правење на „глува соба“. Поентата на секој добар проект е дека тој обезбедува оптимални резултати при минимална цена на конкретната изведба.
Толку од мене, ти пожелувам среќа и успех во решавањето на проблемот.
Да да се разбравме само што јас погрешно се изразив, требаше да пишам да му направиме нема соба наместо "глува" на комшијата...
 

VaskaIlieva

hello world
30 април 2020
86
174
@VaskaIlieva Направи нешто слично на ова
View: https://youtu.be/qczNxoG8s6o


И ако немаш тепих во собата обавезно стави.
Бонус раштркај мебелот, полици со книги кои ќе делуваат како дифјузери... што повеќе да се упие звукот во простор.
И јас мислам вакво нешто ке биде доволно само несмеам да кажам ке се навредат другиве .
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
И јас мислам вакво нешто ке биде доволно само несмеам да кажам ке се навредат другиве .
Никој нема да се навреди, само сепак треба да ги послушаш советите - такви поединечни панели нема да бидат доволни, треба комплетно цел ѕид да се изолира, а можеби и повеќе од тоа.
Нема веќе да ти додевам, толку од мене.
 

triki123

Баниран/a
4 мај 2019
85
65
И бескрајно сум ти благодарен за советов, за мене ќе кажам дека сум далеку од можност но и кога би бил во можност далеку сум од воља за плаќање дали било тоа проект или идејно решение, сепак во мојот случај не ми треба да добијам глува соба туку да ја намалам моментално постоечката галама со најевтината можна опција за која ми треба совет од некој со случно искуство и решение...
Ова е за мене терање инает, мене ме напаѓаш дека ти викам дека си глуп дека човекот ти дал и повеќе од што си побарал совети за тоа што си го поставил како прашање. @Vladimir Filevski уште цело тромесечие лекции по физика да ти нацрта за да разбереш дека тоа што го бараш нема shortcut и лесни решенија и дека никој не те лаже дека не се средува лесно и евтино. ете ти интернет, гуглај истражувај, јави се во децибел и пиши заклучок.

И јас мислам вакво нешто ке биде доволно само несмеам да кажам ке се навредат другиве .

Еве послушај го него и решете го вака проблемот и јавете се со резултатите. И јас се исклучувам од дискусијава со овоа меме.
Сречно!
129738787_685488745478900_2837208091390868429_n.jpg
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно