Во моментов пишувам од Air 2013, седма година го користам, 941 циклус на батерија и уште не се дава. Екранот секако дека не е врвот на технологијата, ама врши работа, преносливоста и квалитетот на изработка се одлични, дополнително по потреба го врзувам на 22' Full HD екран. Секако во 2020 година не препорачувам на некој да го земе основниот Air модел, кој не ми е јасно зошто се' уште се продава во iStyle кога на web страната на Apple го нема.Изгледа не си го видел во живо. Со 130ppi екранот изгледа многу лошо.
Збориме за тој од 2015та, не за новиот,
Не знам како се покажуваат Air моделите со ретина, ако би купувал сега, јас би купил таков. Но во моментов не е време да се купува Apple лаптоп, почекај ја презентацијата која е деновиве да видиме што ново ќе исфрлат или почекај до нареден септември, обично тогаш цените се на најниско ниво. Ако ги купуваш моделите кои се наведени погоре, не давај повеќе од 250 еур.