Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Причина: nepotrebno. pravilo br. 12

Статус
Затворена за нови мислења.

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Можам да се согласам дека е во ред повеќе да се појаснат правилата, но не се согласувам дека до тоа појаснување истите правила не важат за авид.
Значи многу љубиш да ги извртуваш зборовите.

Никаде не пишав дека правилата не важат или не треба да важат за авид. Туку такви какви што се, овозможуваат ситуација во која потписот на авид не го прекршува конкретното правило. И не е ова само за авид, туку важи за сите, затоа што речиси сите потписи со текст можат да се прикажат во повеќе од трите дозволени реда.
Значи не треба да се појасни правилото, јасно си е, но не е адекватно. Треба да се промени или надополни.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
„Појаснуваш“ што значи појаснување? :)
Извини, но да не си адвокат irl?


Зошто ми се обраќаш мене за квалитетот на правилата на форумот, јас овде само се интересирам зошто правилата не се спроведуваат такви какви што се. Но ако си во „адвокатски“ филм, ајде да продолжиме во таа насока.

Ако сметаш дека правилото 7 е нејасно тогаш можеш ли @moongose да објасниш како правилото било доволно јасно за да му го избришат потписот на тој што бил пријавен од авид? Како правилото 7 било доволно јасно за да се избришат потписите на еден куп други членови како армак и флеш? Како бришењето не се случило кај други кои го прекршуваат истото правило?


На темава неколку луѓе укажуваме на прекршувања на форумските правилата во врска со потписите - како што тоа го направил авид... Што значи игнорирањето на тоа и преместувањето на дискусијава во офтопик подфорум? За мене тоа е применување на двојни аршини, и непочитување на форумските правила. И не @moongose ова последново не е за тебе, ова е прашање за модераторите и за администраторите... Освен ако не си повикан и ангажиран како нивни адвокат?
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.494
Скопје
треба да важат за авид.
потписот на авид
И не е ова само за авид
Кампањата што ја води Локван со пишување на мојот ник со сите мали, или голема на крај, прави сквернавање на мојот углед, лик и дело. Еве, можеби несвесно, и другите почнаа тоа да ги применуваат.
Каде можам да го пријавам ова затоа што ја нарушува благостојбата на мојот организам и ми приредува душевно растројство?
Ова е непочитување на член 17, алинеја 3 од Законот за користење на ИТ форум.
Каде се надлежните да реагираат???
Ова е веќе форум булинг.
 
15 септември 2012
1.160
1.300
Кучињата лајат - караванот си врви.

Дискусијава ми е deja vu.

Модераторите докажаа, по кој знае кој пат, дека можат селективно и по сопствена воља да бришат пораки и делови од пораки.
Со жал констатирам дека НИКОГАШ не редактирале пораки заради правопис или нејасно искажана мисла.

Ентузијазмот кај одредени членови е згаснат, дискусииве не се интересни како пред две-три години. Темите завршуваат по страна -две-три... Модераторите не ги анимираат дискусиите...
Ако вака се продолжи форумов мислам дека ќе се изгаси наскоро.
 
12 април 2017
1.918
1.259
Може Авид да се банира, бар од оваа тема? Незнам шо модератори ќе бевте, ама гледате што се дешава, он упорно јаде гомна и трола по оваа тема - а вие на Флеш или некој друг ќе му го избришете мислењето за "непотребно".

А да, новиот потпис на Флеш има 4 реда(1080p екран имам пред да се јави некој), избришете му го ве молам, ги крши правилата.

Иначе на Авид потписот е еден ред, сосема коректно. 2020-06-19_21h29_52.jpg

Јас се одјавувам од оваа тема, ништо не бидвит тука, треба шарена револуција.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Кампањата што ја води Локван со пишување на мојот ник со сите мали, или голема на крај, прави сквернавање на мојот углед, лик и дело. Еве, можеби несвесно, и другите почнаа тоа да ги применуваат.
Каде можам да го пријавам ова затоа што ја нарушува благостојбата на мојот организам и ми приредува душевно растројство?
Ова е непочитување на член 17, алинеја 3 од Законот за користење на ИТ форум.
Каде се надлежните да реагираат???
Ова е веќе форум булинг.
Tи стигнаа пуканките, или мораше да одиш во интервентна набавка?



Никаде не пишав дека правилата не важат или не треба да важат за авид. Туку такви какви што се, овозможуваат ситуација во која потписот на авид не го прекршува конкретното правило. И не е ова само за авид, туку важи за сите, затоа што речиси сите потписи со текст можат да се прикажат во повеќе од трите дозволени реда.

Еј moongosе, може ли да те замолам да провериш колку редови текст ми искача новиот потпис на твојот QHD монитор?
Мониторот е QHD, нема потреба од зголемување на фонтот затоа што со зголемената густина на пиксели поситните букви се многу почитливи отколку на FHD.
 

Атачменти

  • upload_2020-6-19_21-17-3.png
    upload_2020-6-19_21-17-3.png
    29,8 KB · Прегледи: 234

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.494
Скопје
Може Авид да се банира, бар од оваа тема?
Јас да бидам баниран од темава?
Имаш 10 развлечени постови од Локван, кој во сите 10 се обидува да докаже нешто кое јас самиот го признав во првиот ебан пост на темава, ама не, јас сум тролал?
Треба да се преиспиташ малку, да ги тргнеш личните фрустрации на страна, и да се ставиш во моја кожа. Contrary to popular belief, јас не сум трол туку сум човек со емоции и чувства кои исто така можат да бидат повредени.

Како што може секогаш Локван да пишува литературно и правописно со неговиот богат речник вокабулар, така може и да го пишува мојот ник како што ми е, со голема буква. Ете виде дека почнаа и други ди ми го пишуваат никот со мала, најверојатно им влегло потсвесно.

А пак неговиот углед не гледам да е разрушен на форумов.
Ниту еден му нема пишано „дечко ти не знаеш дека потасиум е калим, ај иди шетај“ или слично.
Така да на некој начин јас сум многу повеќе оштетен од Локван отколку тој од мене.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Може Авид да се банира, бар од оваа тема? Незнам шо модератори ќе бевте, ама гледате што се дешава, он упорно јаде гомна и трола по оваа тема - а вие на Флеш или некој друг ќе му го избришете мислењето за "непотребно".
Изгледа не разбираат дека инфантилноста ескалира кога не е контролирана. Пошто авид ме трола во потпис, и со месеци некој ништо не реагира, сега јас сум принуден и самиот да поставам инфантилен потпис... И како резултат на тоа целиот форум стана барем малку повеќе инфантилен.

Се разбира дека модерирањето е причината.
Пошто кога канцерот не се сече во корен, тој потоа метастазира и се шири.

Туку нејсе, штом го спомнавме квалитетот на модерирањето сега слободно може да се предвиди скорешно затварање на темава (и полошо). Три, два, еден...
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.558
19.238
начи не треба да се појасни правилото, јасно си е, но не е адекватно. Треба да се промени или надополни.
Тотално се согласувам. Треба да се измени правилото за потпис. Еден ред текст или (не и) еден линк кој ќе биде скратен и спастрен и кој нема да води до пиратерија, варез yada yada
Еве, можеби несвесно, и другите почнаа тоа да ги применуваат.
Многу егоцентрична мисла. Врв!
Модераторите докажаа, по кој знае кој пат, дека можат селективно и по сопствена воља да бришат пораки и делови од пораки.
Модераторите исправно постапуваат кога прават така. Иначе ако секој мод применува стриктни правила сега на темава требаше да бидеме банирани од прв до последен. Нема ваљда да дозволиме форумот да стане стерилен.
Се извинувам на србизмот. Особено на Avid.
Со жал констатирам дека НИКОГАШ не редактирале пораки заради правопис или нејасно искажана мисла.
За жал не постои закон или правило за употреба на граматика на форуми или во јавна конверзација. Толку ни сече. Во Словенија ги титлуваат пратениците кои не зборуваат на литературен јазик па сега види ти.
Ниту еден му нема пишано „дечко ти не знаеш дека потасиум е калим, ај иди шетај“ или слично.
Џабе ќе биде. Одамна го констатирав тоа. На секоја примедба добиваш цела страна кукумјавчење и тиради како контра одговор,
Ете виде дека почнаа и други ди ми го пишуваат никот со мала, најверојатно им влегло потсвесно.
Кога ќе размислам малку подлабоко стварно и мене би ми сметало некој да ме пишува flegma, Flegma и слично.
Како би изгледал форумот кога секој секого би го нарекувал како што сака.

Мој омилен трол си ама ме нервира кога даваш одговори ала psyside. Со еден збор
Тоа ич не делува vise.
 
15 септември 2012
1.160
1.300
flashgordon007 напиша:
Модераторите докажаа, по кој знае кој пат, дека можат селективно и по сопствена воља да бришат пораки и делови од пораки.

FLEGMA напиша:
Модераторите исправно постапуваат кога прават така. Иначе ако секој мод применува стриктни правила сега на темава требаше да бидеме банирани од прв до последен. Нема ваљда да дозволиме форумот да стане стерилен.

За да не биде извадено од останатиот текст, пошироко цитирав. Те молам, повторно размисли за твоето напишано мислење за исправноста на селективното дејствување на модераторите. Длабоко размисли и за последиците.

flashgordon007 напиша:
Со жал констатирам дека НИКОГАШ не редактирале пораки заради правопис или нејасно искажана мисла.

FLEGMA напиша:
За жал не постои закон или правило за употреба на граматика на форуми или во јавна конверзација. Толку ни сече. Во Словенија ги титлуваат пратениците кои не зборуваат на литературен јазик па сега види ти.

Морам да констатирам дека не си доволно информиран. Еве ти линк до Законот за употреба на македонскиот јазик: http://aa.mk/content/pdf/Drugi doku...na_makedoniskiot_jazik_konsolidiran_tekst.pdf
Најпријателски те упатувам да го прочиташ и анализираш.

Да, Закони постојат во државава, ама сите сме премногу паметни и не ги почитуваме. Едни тоа го прават за да создадат хаос и крадат (политичариве и останатата багра околу нив), другите од незнаење и самобендисаност.
Тоа не е одржлива состојба, кога-тогаш во животот ќе се најдеш (ти, тие, ние, вие и тие) во состојба кога ќе удриш со глава во ѕид на оваа тема. Памти ми го зборов.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.494
Скопје
Тотално се согласувам. Треба да се измени правилото за потпис. Еден ред текст или (не и) еден линк кој ќе биде скратен и спастрен и кој нема да води до пиратерија, варез yada yada

Многу егоцентрична мисла. Врв!

Модераторите исправно постапуваат кога прават така. Иначе ако секој мод применува стриктни правила сега на темава требаше да бидеме банирани од прв до последен. Нема ваљда да дозволиме форумот да стане стерилен.
Се извинувам на србизмот. Особено на Avid.

За жал не постои закон или правило за употреба на граматика на форуми или во јавна конверзација. Толку ни сече. Во Словенија ги титлуваат пратениците кои не зборуваат на литературен јазик па сега види ти.

Џабе ќе биде. Одамна го констатирав тоа. На секоја примедба добиваш цела страна кукумјавчење и тиради како контра одговор,

Кога ќе размислам малку подлабоко стварно и мене би ми сметало некој да ме пишува flegma, Flegma и слично.
Како би изгледал форумот кога секој секого би го нарекувал како што сака.

Мој омилен трол си ама ме нервира кога даваш одговори ала psyside. Со еден збор
Тоа ич не делува vise.
Се е делумно океј ама каде со драмава бе брат, лол.
 

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
Televisa presenta. Ко женички некои сте колку знаете да драмите, па после човековите права ви биле скратени, па модераторите не ве сакале, па овој ми рече вака, оној онака. Дечиња од 15 години што првпат доаѓаат на форум не се однесуваат вака, а не па возрасни мажи што се на ИТ форум.

Многу јасно дека темава иде под клуч. Главната дискусија се исцрпи. Правилото за потпис ќе биде разгледано да се модификува, ако имате други предлози, бујрум во соодветна тема.

Уживајте во викендот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Последни теми

ит маркет

На врв Дно