Sonic.01
hello world
- 5 јули 2016
- 214
- 642
Водено ладење ти нуди некои предности, ама од друга страна секогаш имаш ризик. Ако откаже пумпа вон гаранциски период ондак тешко дека ќе најдеш нова, од друга страна ако протече од некаде може да направи огромна штета. Таква штета ретко кој ти ја покрива, знам само за Deepcool дека имаат таква политика што ако ти се оштетат делови они ти рефундираат пари зависно од штетата. Ама ова пак се муабети од странство, не знам кај нас како би се проследил таков случај. За другиве фирми не знам да ти кажам пошто не сум истражил ама ваљда имаат и они нешто такво. Што се тиче до воздушно ладење ти е сигурна и едноставна опција, башка за иста цена на добар AIO можеш да земеш солидно воздушно ладење. А и многу е боље за одржавање пошто лесно се чисти, нема потреба да мењаш течност после долго користење, едино може да ти откаже вентилатор што е едноставна работа за замена.Едно прашање околу водено vs воздушно ладење. За воздушно сите знаеме ако се расипе вентилаторот топлината сепак ке се спроведува преку телото и нема проблем да направи додека корисникот примети дека вентилаторот не врти. Но што со водено ладење , писебно АИО ако пумпата се расипе? Колкава е опасноста да прегрее процесорот? Знам има заштита во биос да се исклучи на 100 степени но понекогаш се случува да продолжи да работи о над 100 степ поради багован биос или што о да е. Ова од искуство го зборувам пошто мене ми се деси за i7 940 на msi x58 E Плоча, оверклокован на 4.4гхз на 1.42волти со не толку квалитетно воздушно ладење вентилаторот си престана да работи додека тестирав ставилност на prime 95 и температурата стигна до 110 степени а на екранот се појавија артефакти. Го исклучив тестот за да се олади и за среќа немаше оптетувања.