Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Sony MH755: Слушалки од $8 за аудиофилско уживање

Андреј

hello world
4 септември 2012
184
470
Варшава, Полска
discord.gg
75242170_1652968808178192_2373798110620024832_n.jpg

74899043_427331387968924_2918390016608567296_n.jpg

Изгледаат оригинални. Засечен на крајот силиконски тип (не заоблен до крај) и црн меш внатре. Идентични со моите.

How to spot a fake Sony MH755
 
Последна промена:

Viziano

read-only
9 јули 2014
31
25
Само што ми стигнаа слишалките нарачани од electronhero, pure trash, немаат НИКАКОВ бас!
Хаха исто и кај мене кога прв пат ги ставив. 0 бас.
Па ги ставив помалите гумички и некако поубаво ги бутнав у уво, басот растура.
 

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.317
11.874
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Само што ми стигнаа слишалките нарачани од electronhero, pure trash, немаат НИКАКОВ бас!

Ја искрено само чекав некој вака да го долови правиот момент за супериорните слушалки од неверојатни 8$ :D
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Мене моите MH755 ми стигнаа вчера, всушност поштарот ме сретна на улица и едноставно ми го тутна пакетчето во раце. :)

Пошто во мене го носев само комутерскиот DAP (Ruizu X02, кој претежно го користам за аудиокниги) - не се усудив да носам ниту првични впечатоци. Немаше да бидат добри... Слушалкиве дефинитивно си бараат нешто помоќен засилувач. На друг DAP (Benjie S5) MH755 звучат прилично солидно. Има проблеми се разбира, басот е малку прејак, средните тонови се нешто (всушност осетно) повлечени а виските малку понагласени (ама ненаметливо). Ако барам влакна, мене лично најмногу ми смета повлеченоста на средните тонови, пошто често слушам музика во која доминараат вокали и се разбира за слушање аудиокниги. Не дека ова со средниве е толку нагласено колку што мене ми упаѓа во очи кога слушам често слушана музика (и за аудиокниги). Гледав да послушам што поразновидна музика, од инструменталки (ДеЛусија/ДеМеола/МекЛахлан), малку класична (Корсаков), преку Депеш Мод, и Масив Атак, па до Данциг, Фиер Инокулум од Тул, и куп работи од Дед-кен-денс (и десетина други работи за кои ме мрзи да се присеќавам).

Кога ќе го заменам кабелов, планирам да им обратам повеќе внимание на MH755, однсно да ги ставам во редовна ротација. Кабелот е краток, имам нарачано заменски од тој што го предложи ОП ама тоа барем уште месец дена ќе патува до тука (најевтиниот шипинг од Кина). Слушалките се лесни и мали, и веројатно тоа допринесува до осетно поголема „фонија“ (шуштење) од кабелот при одење. Врвчињата се пролазно добри, не прават добра аудио изолација за надворешно користење но генерално го затвараат увото доволно добро за ок репродукција на ниските тонови. Планирам да ги послушам со неколку други врвчиња.

Тука веројатно е проблемот на Вајкинг со недостатокот од бас, вообичаено тоа се дешава затоа што врвчињата не го затвараат увото како што треба. Заедно со тоа што веројатно ги слушал на телефон со слабо аудио појачало (што е одлика на повеќето телефони).
(edit) Сега ги слушнав и на РС, подобро звучат и во однос на двата DAP-а. @Вајкинг проба да ги слушнеш на РС?


Општо земено слушалкиве имаат прилично ок звук. Но кога ќе се земе во обзир цената, всушност СУПЕР СЕ. :)

Да не изгубиме перспектива. Ова се стари количини од неискористена роба што била наменета да иде бесплатно со блутут аудио адаптери од Сони. Некако им се погодиле слушалкиве да звучат добро, ама не добиле добра репутација пошто дотичните блутут аудио адаптери (релативно ефтини) немаат доволно моќни појачала за да ги возат слушалкиве како што треба... Се на се слушалкиве не се човек да падне во несвест колку се добри, но се пристојни а ако гледаме колку коштаат - СУПЕР СЕ. Препорака за користење во ситуации како (на пример) за секој ден и за да не ги жалиме многу ако се изгубат/оштетат.

Моите слушалки се купени од rwtf3024 на ибеј, поминаа 17 дена од нарачка до мене (од што несомнено поголемиот дел е поминато во нашава Пошта). Дечкото уредно ги спакувал во картонско кутивче, па веднаш знаев дека се слушалките (од али/бг/фт 99% од пратките идат во пластифицирани пликови).
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
ги ставив и во ПЦ, ако не ги набуташ со се јајца Б од бас нема, а кога се толку длабоко и ако не ги држам со раце самите излегуваат. во принцип конструкцијата и димензиите на ушите ми се нормални, такада I regret buying them.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Ако излегуваат толку лесно, извесно ти се мали врвчињата (што го објаснува недостатокот од бас). Проба со поголемите?

Кај мене средните врвчиња ми се сосема малку лабави, ама големите дефинитивно ми се преголеми... Имам други врвчиња со дупли/трипли фланџ, како и Комплај (клонови), aма со тоа ќе се занимавам кога ќе го заменам кабелот.
 

Андреј

hello world
4 септември 2012
184
470
Варшава, Полска
discord.gg
Пошто во мене го носев само комутерскиот DAP (Ruizu X02, кој претежно го користам за аудиокниги) - не се усудив да носам ниту првични впечатоци. Немаше да бидат добри... Слушалкиве дефинитивно си бараат нешто помоќен засилувач. На друг DAP (Benjie S5) MH755 звучат прилично солидно. Има проблеми се разбира, басот е малку прејак, средните тонови се нешто (всушност осетно) повлечени а виските малку понагласени (ама ненаметливо). Ако барам влакна, мене лично најмногу ми смета повлеченоста на средните тонови, пошто често слушам музика во која доминараат вокали и се разбира за слушање аудиокниги.

16 ома се, верувам дека на секој телефон ќе бидат гласни. Квалитетот на звукот секако ќе варира без солиден dac/amp.

За бас и јас преферирам помалку, а средните и високите не се многу изразени, но има динамика во звукот и нема видливи пикови кои иритираат.

Мислам дека фино ги долови, дај им време. Во движење тој бас е сосема доволен за мене и ја ограничува буката. Средните ниски фрекфенции (mid bass) се одлични на MH755 и не многу слушалки го прават тоа добро (пробај dvsn - With me, Collard - Sofa).

Деновиве ми стигнаа и Samsung Galaxy S8 AKG EO-IG955, и ако споредуваме буџет слушалки, MH755 е подобрата опција. На EO-IG955 вокалите звучат неприродно истенчено, а високите нејасни и компресирани.

Минатава недела ги тестирав Galaxy Buds и Shanling MTW100 со динамичен драјвер во потрага по TWS апгрејд на QCY QS1. Сепак, следниот пост ќе го посветам на уште една жичана слушалка од MH линијата на Sony - MH1C. Мислам дека ќе ти се допаднат :)
 
Последна промена:

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.047
1.133
Куманово
Фала за препораката, денеска ми стигнаа од каноја, за буџет слушалки многу добар риспонс имаат, јас сум презадоволен а слушав само неколку траки.

Немора многу запнување во уво, исто како при местење "ear-plugs" ја влечете ушната школка, местите слушалка само да влезе и пушташ увото :D

Јас од 50 vol, повеќе неможам да издржам

upload_2019-11-10_0-25-14.png
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
За сите IEM/ear-plugs важи истото - мoра добро да „дихтува“ слушалката, или ништо од звукот (посебно ниските тонови). Проблемот е што некогаш 3-те величини на типсови не се доволно, се дешава за нашите ушни канали да треба величина помеѓу. Мене често ми се дешава средните типсови (врвчиња) да ми се мали, а најголемите типсови да ми се преголеми. Тогаш подобар звук слушалките даваат со поголемите типсови, но носењето е неудобно на подолги интервали... Во вакви ситуации спасот е во афтермаркет типсови, кои се релативно евтини па вреди човек да има по неколку комплети заменски типсови, да се најдат.
 

martinmax

hello world
1 март 2013
178
167
Skopje
Ми стигнаа уште 3 пара од 755, да стигнат и каблите па да де фатиме за работа.

Мене средните типс од 755 ми се перфектни само на нив. Обично секогаш ги носам најголемите ама кај 755 тоа не е случај
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
Ак си от Прилеп можам да ти ги продадам за едно пиво и десет ќебапи . Денеска само што ми стасаа .
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
Да не дојде дека од памет зборувам
IMG_20191124_171506.jpg IMG_20191124_171054.jpg
Монкот вади звуци кои на сонито нема шанса да ги забележиш дека постојат . На исто волуме монкот се х2 појаки од сонито . Звукот кај монкот е избалансиран во секој поглед , наспроти 0 бас ок средни и бедни високи кај сонито . Ова е мое лично мислење и кога би бирал меџу овие две слушалици 10 од 10 би ги одбрал монкот .
 

Викса

lurker
12 март 2011
574
691
Слушалките во никој случај не се тиња за 5$ , во моментов ги споредувам со ATH-M40X и можам да кажам дека сонито е врв за парите.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Интересно, пошто јас баш средните ги доживувам малку повлечени а бас имаат и одвишок mh755. И некако критичарите на mh755 ги фалат Монк, кои воопшто не се IEM. Дајте споредби со некој IEM, вклучително и податок дали приложените врвчиња добро ви го затвараат увото. Пошто кај IEM ако слушалката не дихтува, ништо од звукот - посебно ниските тонови. :)

Факт е дека IEM не се така удобни за подолго носење како иеарбадс (какви што се Монкот, на пример). Неудобноста е во тоа што увото е затнато, а ако не е затнато тогаш звукот не го бива и посебно басот е слаб. Ама па IEM имаат супериорна звучна изолација, што е главна причина зошто многумина одбираат да ги користат нив а не поудобните earbuds кои немаат звучна изолација. IEM обично се одбираат за надвор, во превоз, итн на места каде има потреба од звучна изолација и каде незгодно е да се носат поголеми слушалки кои се носат преку цело уво.

едит:
Кога се пренесуваат импресии би било интересно да се чуе вкупниот сетап на што се слуша, телефон, или DAP/DAC/појачало, можеби нешто трето.
 
Последна промена:

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.022
Слушалките во никој случај не се тиња за 5$ , во моментов ги споредувам со ATH-M40X и можам да кажам дека сонито е врв за парите.
Сонито се бескорисни и не се 5$ . Треба да доплатиш или модуваш да можеш да слушаш на истите. И ги споредувам со монкот на исти сетап , така да теоријата на што и како ги слушам не држи вода .
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно