Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Сериозни проблеми со Anhoch сервис

Vlatzki

user
1 мај 2008
1.281
340
Долго време се мислев дали да го пишам ова во темава. Малце ќе застранам од актуелниот муабет, и ќе го споделам моето индиректно искуство со сервисот на Анхоч:

Се работи за лаптоп кој не е купен во Анхоч но е одржуван еднаш или двапати таму. Станува збор за чистење и менување термална паста, што е дефакто редовен сервис за лаптоп. Лаптопот е на мој другар (кој стварно не се разбира од компјутери) и овој пат ми го даде мене да му сменам термална паста и да му го исчистам, бидејќи мојата цена повеќе му одговараше наместо таа на Анхоч.

Го отварам лаптопот, уште од сам старт приметив дека сите штрафчиња беа лабави, и дека фалеше едно штрафче од долната страна од куќиштето и сите штрафчиња од вентилаторот, кои најверојатно испаднале низ всисните решетки за воздух. Кога го извадив бакарниот хитсинк, под него имаше преголема количина на термална паста која целосно го покриваше целиот процесор, не само чипот.
Се намачив додека ја исчистам пастата и ставам соодветно количество на нова кулермастер паста.
Потрошив пола саат копајќи низ кутиите додека најдам соодветни заменски штрафчиња, од кои за вентилаторот чинам дека беа три штрафчиња М2х6 по димензии.

Мене само ми беше кажано дека последниот редовен сервис на лаптопот бил правен во Анхоч, дали е вистина или не, не знам, но за сигурно знам дека немаат никаква причина да ме лажат, ниту е човекот на било каков начин поврзан со Анхоч или со нивната конкуренција.
 

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Се работи за лаптоп кој не е купен во Анхоч но е одржуван еднаш или двапати таму.
Сервисот на Анхоч е од затворен тип...се сервисираат производи купени само од Анхоч. Така да ова паѓа у вода.
 
O

Oliver!

Гостин
Имам да ти шитнам глава Маршал ЈЦМ 800 2203 од 81ва со Селестион Рола блек од 70ти години 4x12

... офтопик малце, екскјуз ми

На сите нѝ попука филмот веќе овде, така да дај подобро за гитари ќе цепаме муабет, него што! :D

А кон сериозната нота:
- Се продава ли такво нешто?!
 

Shark33

Баниран/a
18 декември 2018
4
8
Ваљда и јас имам право да бидам почетник нели? Инаку си го читам форумов месец дена уназад ама после два дена се осудив да искоментирам затоа што како што има фирми непрофесионални има и мајмуни што после истек на гаранција, оштетена гаранција и незнам што паламудат и плачат по форуми се со цел е сега ќе видиш ти ако не му отидеш за нешто по ќејф. Може целта на членот е да и наштети на фирмата зашто работи за конкуренција, лична корист или нна крај краева му се додворува на колегата. Се е можно но пак ќе кажам, сликите погоре и тврдењата немаат никаква релевантност заради тоа што куќиштето не е под гаранција и е веќе отворено претходно.
Драг Shark33, со 3 поста и 3 лајка. Останаа уште само неколку земји каде што е задолжително жените да се невини. Друга приказна е што не ја сфаќаш иронијата каде велам дека треба да му ја сменат налепницата.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 

igor_igor

poweruser
2 септември 2012
2.286
3.985
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-14400F + Deepcool AG400 V2 ARGB White
Motherboard
ASrock B760M-HDV/M.2 White
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master V750 GOLD V2
RAM
2 x 16GB (32GB) Kingston HyperX FURY RGB 6000MHz DDR5
Video card
ASRock Phantom Gaming D RX 6800 16GB OC
Case
White Shark Bullet Gaming GCC-2303 White
Mouse
A4 X5 MAX Bloody Gaming Esports Stone Black
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
Cooler Master GM238-FFS 144hz IPS / AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 11 Pro
Погледнете го атачментот 70702

Види брат, ја моите документи си ги чувам. Мада све заврши кафкијански онака, си ги чувам тука како сеќавање на еден страшно лош период.



Ова со индустрискиов фен ќе беше прљава правда али сасвим на место. Памет за друг пат.
Се извинувам да прашам милкава со лешници ти е ?
 

Vlatzki

user
1 мај 2008
1.281
340
Сервисот на Анхоч е од затворен тип...се сервисираат производи купени само од Анхоч. Така да ова паѓа у вода.

Ако е стварно така, тогаш има две можности: лаптопот да е купен од Анхоч или да дошло до некоја забуна (моја или на другарот) па лаптопот да бил сервисиран на некое друго место.

Пошто ова беше пред година можно е да сум испуштил нешто околу деталите. Баш ќе го прашам другарот да ми објасни што и како било па ќе известам тука.
 

puscyfer

hello world
10 декември 2010
62
163
На сите нѝ попука филмот веќе овде, така да дај подобро за гитари ќе цепаме муабет, него што! :D

А кон сериозната нота:
- Се продава ли такво нешто?!

viber image.jpg

Веројатно не...освен ако не ти оглувела мачката во обид да кренеш мастер волјум на повеке од 0.1. Еден оринџ за мене тенкју.


Се извинувам да прашам милкава со лешници ти е ?
Беше...

Назад на темата. Помнам колку мака мачев со конфигурациите во фирма испорачани од анхоч. Конфигурации кои креваа по 90 целзиусови од чиста мира јер дечките сметале дека е паметно да не стават ниту еден вентилатор на куќиштата, пустото нема проток на воздух никаков. И повторно муабетот со "перформансите" за кои они не одговараат. Се прашувам дали ги тестираат воопшто...
 

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Ако е стварно така, тогаш има две можности: лаптопот да е купен од Анхоч или да дошло до некоја забуна (моја или на другарот) па лаптопот да бил сервисиран на некое друго место.

Пошто ова беше пред година можно е да сум испуштил нешто околу деталите. Баш ќе го прашам другарот да ми објасни што и како било па ќе известам тука.
Лаптопот ако е купен од Анхоч, незначи дека сервисери се Анхоч. На секој производ си има декларација, на која мора да биде наведен увозникот и сервисот за истиот. Анхоч се обрвзува да го прими производот на сервис, меѓутоа го препраќа кај официјалниот според декларацијата. Така да и да го оставил во Анхоч за сервис незначи дека Анхоч го сервисирале.

Ова е многу битен детал, на кој многу луѓе не внимаваат. Како еден член што наведе горе со ССД од Сандиск.

Многу работи се изнакажаа на темава, настана цела драма...дај нека отиде Гојдо до Анхоч, нека си ги види документите и нека се изјасне тука и да заврши ова...
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.436
11.481
Скопје
да сум испуштил нешто околу деталите.
Околу деталјите, интересни би било памтење штрафчиња а непамтење каде бил сервисиран лаптопот.

И доста со ова овој ми кажа оној ми кажа, пријател, непријател... проблемиве ради тоа настануваат.
Луѓево што не се разбираат од компјутери знаат да речат „не ми се пали компјутерот“ и идеш и глеаш дека само вифито било исклучено, ама тоа за него било не се палел компјутерот (ми се има десено).
Или „немам интернет“ а одиш гледаш дека не му отвора некој сајт ради сертификат (и ова ми се има десено).
 

Pane-G

user
9 мај 2012
1.678
1.005
Му верувам на Гојдо и има искуство ,но и Анхоч кое е на ниво на коректност и услуги ама лопов и аматери преверанти тоа е дискутабилно и не значи целиот персонал во анхоч се такви туку можеби некои вработен злоупотребил работна должност . И пак секогаш купувам од усб па се до ПЦ делови во анхоч и сум задоволен и услужност исто така. Само нешто не ми штима . Еве што ми се случи уште далечна во 2006 или 2008 г некаде помеѓу не се сеќавам точно тогаш прв пат купувам ПЦ со буџет околу 50,000 денари во тоа време актуелно беше чипсет ЛГА 775 со интел процесор Core2Duo ,но јас бев нуб и дудук за ПЦ компоненти и среќа што имав другар што малку знае што и што треба да одбирам по ценовен буџет и одбрав процесор Core 2 Quad Q6600 , 3 гига рам и графичката Ati Radeon HD3870 и хард диск 320 гига ,но не земав предвид и за напојување,матичната и кулерот тогаш ништо не знаев за ПЦ и единствен имав комодоре 64 . И нарачав според посоченото и цакуп пакум ми спремија и купив Голијат за мераци како мало дете и имаше налепница да не отворам поради гаранција за 3 години потоа ѕирнав во решетката дека има графичка со црвена боја HD3870 тогаш беше скап а сакав џифорс 8800 GT ама беше поскап па затоа одбрав HD3870 црвената боја како на сликава .
245a6e14b264732f4b39844450f26411.jpg


И така терав повеќе од две години со игрици Far Cry , pess soccer и многу други потоа решив да апгрејдирам хард дискот со поголем капацитет пошо 320гб не ме задоволуваше и однесов ПЦто да ми сменат со поголем капацитет и така бидна после една година игри си играм како нормално и по истекот на гаранцијата како што годините и така си научив основни познавања на компонетите и решив да отворам ПЦто да го исчистам прашина што е внатре мислев сигурно се насобрало догго време и што да видам внатре графичката не беше таа црвената што имав туку плавото HD3870 како на сликава

cb52aa1384be219bb9abe98914ccd7a3.jpg


И зошто побогу ми го сменија и арно си беше таа црвената и одлично си тераше без проблем и не можев никако да им пожалам во Анхоч пошо се е уредно на документот и си пишува Ati HD3870 е сега се прашувам зошто бре ми го смени графичката и што е разликата и зошто ме зафркават и си викам а бе ај биднало и друг пат памет в глава





Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Последна промена:

gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.032
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Многу работи се изнакажаа на темава, настана цела драма...дај нека отиде Гојдо до Анхоч, нека си ги види документите и нека се изјасне тука и да заврши ова...
Да ги најде колегата документите и за дефинитивно ќе се изјаснам...
 

Borsa

user
10 октомври 2011
1.183
907
Скопје
Borsa's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 AM4
Motherboard
B450M-HDV R4.0
Storage
500MB HDD + 256GB M.2 SSD
PSU
Cooler master GX 550W
RAM
16GB DDR 4 3200Мhz
Video card
Radeon RX580 4GB
Case
XIGMATEK
Mouse
SteelSeries Rival 600
Keyboard
AULA ASSAULT
Audio
SPEAKER DLS 2115
Monitor
Benq GW2470
OS
Windows 10
Ова со Анхоч ме потсети на Boeing. Кога и да падне авион секогаш е крив пилотот.:D
Иначе читам дека биле чесни и озбилни бидејки се впуштиле во дискусијаваo_O. Озбилна и добра фирма треба да си ги прзнае грешките, бидејки секогаш се дешаваат дури и на најдобрите.!
 

Charles

read-only
17 јануари 2019
4
60
Ајде вака,како самоук ентузијаст,и долги години вработен во нашиве фирми од овој тип,со стотици продадени и склопени конфигурации,можам да го кажам следново.

Фирмите како Анхоч,Сетек и сите останати,нека ти направат свои конфигурации и нека не одстапуваат од нив кога е во прашање склопување.Имам склопено безброј чкарт конфигурации и покрај многуте мои препораки за некој денар плус да се добие тоа што треба и на крај сум бил обвинуван за мојата "техничка неписменост" од "пријатели стручњаци" на клиентите.
Фирмите кога земаат пари замижуваат на овие пропусти а кога ќе искочи проблем секогаш е работникот крив од овие аспекти:

1.Ако има проблем со несоодветна конфигурација = Па зашто си ги ставил тие делови кога знаеш дека не е добро.
2.Ако го убедиш дека треба да собере повеќе пари = Што не му ги зема парите,сега за истите пари што ги има "тие и тие" ке му склопат тоа што барал.

Не познавам НИЕДЕН сервис во кај нас кој има обучен персонал во сервис (зборам за сите луѓе во сервисот,не само еден па да го пренесува знаењето "кога ке има време" во тек на работа) како на времето што направи Паком кога ги прати на обуки целиот свој сервис тим во Холандија на обуки и добија соодветни лиценци.

Обуката за нови компоненти (кој излегуваат на пазарот секоја година) не треба да се сведува на љубовта и ентузијазмот на работникот да се заинтересира за производите.Потребни се редовните годишни обуки што се на светско ниво достапни од сите фирми за сите различни компоненти,како и целосната палета на производи од фирмите дури и тоа што нема да се увезува кај нас и да се има поточен увид кој е напредокот од генерација во генерација за точно да се знаат бенефитите.Срамота е ентузијасти да имаат поголемо знаење од професионалци кој го работат тоа со години.

Платата и компетенциите да одат рамо до рамо,муабетот "толку ти е почетна,па со тек на време ке ти се накачува" а 95% од работниците не земаат повеќе од 300е а во повекето случаи 250е,а шефовите ДУРИ МАГИЧНИ 375 ЕВРА после 10 години работа е најголемиот проблем,бидејќи тоа се смета за добра македонска плата и најчест муабет е "толку е платена оваа работа кај нас,кај сакаш оди толку е".И (верувале или не) сите што на каков таков начин стекнале некое знаење во областа повеќето после 5 години работа во оваа област се определуваат за други области и други индустрии.

И Лест Бат Нат Лист,менталитетот дека купувачот е секогаш во право поставен од аспект да само да му се земат парите на купувачот по секоја цена тука има страшни недостатоци,купувачот мора да ја има правилната информација за да одлучи,која многу пати не е достапна поради ниска компетентност на продажниот референт или модел на работа "тоа го бара еве му го,easy money,no sweat" кој со сигурност ви тврдам дека АНХОЧ,СЕТЕК и АМЦ го практикуваат и поради тоа односите со јавност им изгледаат вака како што изгледаат погоре во темава,бидејќи се навикнати 90% од купувачите да им бидат неуки за робата која ја продаваат и со еден напад со мали технички објаснувања да ги заќутат и да ја префрлат вината на нив,верувајте,тоа е наједноставниот и најбрзиот начин да се откачиш од "досаден и нервозен муштерија",само што downside е тоа што преминува во навика и дури така настапуваат пред стручни луѓе како на форумов.Односите со јавност се коректни само кога имаат АКЦИЈА-ГОЛЕМИ ПОПУСТИ-ПРЕДНОВОГОДИШНИ ПОПУСТИ-БЛЕК ФРАЈДЕЈ-РЕД ФРАЈДЕЈ и станати маркетинг потези.

Би можел книга да напишам околу ова бидејќи долги години бев вработен во оваа област,ама еве нека остане на ова.
@gOJDO Keep up the good work
 

t0d0r0vsky

read-only
16 јануари 2019
8
20
Лол што кулер ќе беше тоа,му ставиле еден рам hyperx со sticker ok е,а под горе
Еден sh*t кулер да не ги вадиш рамовите.
Друже до сега со лепенката работеше процесорот??

Неможеле да стават уште еден РАМ зошто кулерот доаѓаше врз 3 слота за РАМ (дури самиот кулер беше прилепен за рамот кој беше ставен на последниот слот)
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Ова е најбољи прв пост на нов корисник на форумов EVER!

Тајниот сегашен или бивш вработен во Анхоч :)

Делки јас се извинувам, мајка ми се изнервирала и креирала акаунт да си ја испука маката, полесно да и пројде. Се извинува ако навредила некого :eek:h::eek:h::eek:h::eek:h::eek:h::eek:h::eek:h:
 
6 ноември 2012
2.074
2.235
Скопје
-={K-O-R-U-N}=-'s setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700x / AMD Wraith Prism Cooler
Motherboard
ASUS ROG STRIXX B450-F
Storage
Kingston KC2000 NVMe PCIe SSD
PSU
Corsair HX1000 (full modular)
RAM
4 x 8gb G-SKILL Sniper X 3200Mhz
Video card
Gainward RTX 3090 Phoenix
Case
Lian-Li Lancool 215
Mouse
Razer Deathadder v2 X Hyperspeed
Keyboard
GMK67 Custom build
Audio
Asus ROG Delta Core \ HyperX USB Amp
Monitor
Samsung Odyssey G7 32" QHD 240Hz \ BenQ PD3200Q 32" QHD
OS
Windows 11 Pro
Му верувам на Гојдо и има искуство ,но и Анхоч кое е на ниво на коректност и услуги ама лопов и аматери преверанти тоа е дискутабилно и не значи целиот персонал во анхоч се такви туку можеби некои вработен злоупотребил работна должност . И пак секогаш купувам од усб па се до ПЦ делови во анхоч и сум задоволен и услужност исто така. Само нешто не ми штима . Еве што ми се случи уште далечна во 2006 или 2008 г некаде помеѓу не се сеќавам точно тогаш прв пат купувам ПЦ со буџет околу 50,000 денари во тоа време актуелно беше чипсет ЛГА 775 со интел процесор Core2Duo ,но јас бев нуб и дудук за ПЦ компоненти и среќа што имав другар што малку знае што и што треба да одбирам по ценовен буџет и одбрав процесор Core 2 Quad Q6600 , 3 гига рам и графичката Ati Radeon HD3870 и хард диск 320 гига ,но не земав предвид и за напојување,матичната и кулерот тогаш ништо не знаев за ПЦ и единствен имав комодоре 64 . И нарачав според посоченото и цакуп пакум ми спремија и купив Голијат за мераци како мало дете и имаше налепница да не отворам поради гаранција за 3 години потоа ѕирнав во решетката дека има графичка со црвена боја HD3870 тогаш беше скап а сакав џифорс 8800 GT ама беше поскап па затоа одбрав HD3870 црвената боја како на сликава .

И така терав повеќе од две години со игрици Far Cry , pess soccer и многу други потоа решив да апгрејдирам хард дискот со поголем капацитет пошо 320гб не ме задоволуваше и однесов ПЦто да ми сменат со поголем капацитет и така бидна после една година игри си играм како нормално и по истекот на гаранцијата како што годините и така си научив основни познавања на компонетите и решив да отворам ПЦто да го исчистам прашина што е внатре мислев сигурно се насобрало догго време и што да видам внатре графичката не беше таа црвената што имав туку плавото HD3870 како на сликава


И зошто побогу ми го сменија и арно си беше таа црвената и одлично си тераше без проблем и не можев никако да им пожалам во Анхоч пошо се е уредно на документот и си пишува Ati HD3870 е сега се прашувам зошто бре ми го смени графичката и што е разликата и зошто ме зафркават и си викам а бе ај биднало и друг пат памет в глава

(Твојот) текст без запирки, изгледа и звучи вака:

 

Vlatzki

user
1 мај 2008
1.281
340
Долго време се мислев дали да го пишам ова во темава. Малце ќе застранам од актуелниот муабет, и ќе го споделам моето индиректно искуство со сервисот на Анхоч:

Се работи за лаптоп кој не е купен во Анхоч но е одржуван еднаш или двапати таму. Станува збор за чистење и менување термална паста, што е дефакто редовен сервис за лаптоп. Лаптопот е на мој другар (кој стварно не се разбира од компјутери) и овој пат ми го даде мене да му сменам термална паста и да му го исчистам, бидејќи мојата цена повеќе му одговараше наместо таа на Анхоч.

Го отварам лаптопот, уште од сам старт приметив дека сите штрафчиња беа лабави, и дека фалеше едно штрафче од долната страна од куќиштето и сите штрафчиња од вентилаторот, кои најверојатно испаднале низ всисните решетки за воздух. Кога го извадив бакарниот хитсинк, под него имаше преголема количина на термална паста која целосно го покриваше целиот процесор, не само чипот.
Се намачив додека ја исчистам пастата и ставам соодветно количество на нова кулермастер паста.
Потрошив пола саат копајќи низ кутиите додека најдам соодветни заменски штрафчиња, од кои за вентилаторот чинам дека беа три штрафчиња М2х6 по димензии.

Мене само ми беше кажано дека последниот редовен сервис на лаптопот бил правен во Анхоч, дали е вистина или не, не знам, но за сигурно знам дека немаат никаква причина да ме лажат, ниту е човекот на било каков начин поврзан со Анхоч или со нивната конкуренција.

Апдејт на приказнава, се чув со човекот сопственик на лаптопот:

- Лаптопот бил купен во АМЦ во Струмица
- Лаптопот бил еднаш или два пати сервисиран во Анхоч
- Но последниот пат пред да дојде кај мене, лаптопот бил сервисиран во некој трет сервис кај железничка некаде...

Заклучок: Анхоч не се одговорни за овој аматеризам со штрафчињата и пастата. Па така јавно се извинувам до Анхоч а и до членовите на форумот за оваа непријатност.

Админите ги замолувам да ги избришат моите постови и неколкуте други кои се поврзани со моите, но не веднаш туку после некој ден, за да членовите имаат време да го дознаат расплетот за ситуацијава.

Околу деталјите, интересни би било памтење штрафчиња а непамтење каде бил сервисиран лаптопот.

И доста со ова овој ми кажа оној ми кажа, пријател, непријател... проблемиве ради тоа настануваат.
Луѓево што не се разбираат од компјутери знаат да речат „не ми се пали компјутерот“ и идеш и глеаш дека само вифито било исклучено, ама тоа за него било не се палел компјутерот (ми се има десено).
Или „немам интернет“ а одиш гледаш дека не му отвора некој сајт ради сертификат (и ова ми се има десено).

Интересно, нели ? Но мене како сервисер во конкретнава ситуација не ме интересира историјатот на производот толку колку што ме интересирале специфичностите кои ги имал производот кога дошол кај мене, и за тоа како течела поправката. Затоа и не сум ги запамтил до толку небитните детали за тоа каде бил носен производот ниту од каде бил купен.
Со оглед на тоа дека низ раце ми поминуваат по десетина лаптопи месечно за чистење, со деталите и историјатот најмалку би се замарал, освен ако не станува збор за нешто невообичаено.
 
Последна промена:

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.763
10.096
Темава почна фуриозно со големи обвинувања, сигурни тврдења и лупање во гради. Оттогаш, се појавија и други ликови кои тврдеа работи од втора рака, па ги повлекоа и се извинуваат, насловот беше променет во поблага варијанта, компанијата се појави и со податоци демантираше, па почнаа завери и сега се затиши цела работа.

Јас се надевам дека ќе добиеме развршница наскоро.
 

Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
Јас мислев дека уште петок ке се има некое инфо :) . Ама да почекаме до утре ( понеделнички ) . Незнам само дали требаше да би повикан Гојдо од страна на анхоч и тоа се чека или Гојдо беше повикан и не е стигнато да се иде до таму или е отидено до таму ама сепак се чека да се најдат документите на колегата на Гојдо за да се добие точно инфо ... ова станува уште поинтересно :)
 

t0d0r0vsky

read-only
16 јануари 2019
8
20
Се додека компанијата не приложи документ Испратница со потпис од клиентот што ја подигнал конфигурацијата сеуште ништо не е докажано. Компанијата тврди дека потпис на испратницата од крајниот корисник не бараат па ако е така секој ојле-дојле може да дојде и да си ја подигне конфигурацијата на "лепе очи"... Се приложи и слика од конфигурацијата 2 месеци од кога е купена дека истиот кулер го користи ... А ти сигурно си им на платен список на Компанијата што не престана да ги браниш...

Темава почна фуриозно со големи обвинувања, сигурни тврдења и лупање во гради. Оттогаш, се појавија и други ликови кои тврдеа работи од втора рака, па ги повлекоа и се извинуваат, насловот беше променет во поблага варијанта, компанијата се појави и со податоци демантираше, па почнаа завери и сега се затиши цела работа.

Јас се надевам дека ќе добиеме развршница наскоро.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно