gOJDO
sensei
gOJDO's setup
- Processor & Cooler
- @@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
- Motherboard
- @@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
- Storage
- @@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
- PSU
- @@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
- RAM
- @@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
- Video card
- @@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
- Case
- @@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
- Mouse
- @@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
- Keyboard
- @@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
- Audio
- @@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
- Monitor
- @@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Друже, ако не приложиш документација дека си купил од кај нив ќе те набедат дека лажеш. Има и уште еден многу сличен случај ко твојот, но членот не сака да биде дел од драмава на темава и не сака да сподели документи и да биде споменат. Така да, да не биде и твоево рекла-казала заговор против Анхоч, а ти вработен во конкуренција, сподели некаков документ за купо-продажба!Да споделам и мое искуство со Анхоч, а воедно и да приберам некое лајкче за отклучување на фамозната ви можност за огласување.
Лани (од дотичната фирма) со пусти мерак си нарачав едно пристојно машинче за рендерирање. Замолив нарачаниот Ryzen 7 1700x да биде упарен со соодветна матична, со соодветно ладење, куќиште и напојување. Јас како клиент имав право (но се покажа како лош потег) да се ослонам на нивниот експертски тим во изборот на соодветниве елементи за мојот рајзен да "спие".
И океј, го добив машинчето, нивниот избор беше Deepcool Kendomen ATX Case со 5 вентилатори (некои 3000 денари), AIO водено ладење Deepcool Captain 240EX i матична плоча Gigabyte Gaming 3 со b350 чипсет (околу 6500 денари). Лаичкиот пристап и пустиот ми мерак ме натера да изумам на некои многу-очигледни проблеми. Каде ми се побогу кутиите, каблите, додатните елементи кои идат со секој купен дел.
Дури после пар месеци се запрашав... чекај малку... каде ми се 2та горни вентилатори од куќиштето кои беа заменети со радијатор и 2 вентилатори од воденото ладење. Јасно е каде се...кај нив во фиока, заедно со сите кабли од напојувањето (b700H gigabyte). Крајно непрофесионално...borderline кражба.
И тогаш почнаа реалните проблеми. Креш еднаш во два дена (кога рендерираш цел ден тоа и баш не е опција)... чудни моменти на нестабилност и успорување по некое време користење под висок load. Ова не беа работи кои би се пронашле при тестирање, не беа конкретни проблеми кои во одреден момент се случуваа. Се беше тотално рендом, креш еднаш дневно...еднаш во 3 дена... чудни засецкувања и успорувања во скролинг, во дрег енд дроп...
Мењај биос, мењај драјвери, форматирај...чуда ... ништо не помогна. Ама упорен бев, најдов нешто што делуваше како извор на сите проблеми. ВРМ-то на плочата (голо врм, без никаков хитсинк) кое го напојува процесорот идеше преку 110/120 целзиусови. Тоа не ми личи на нормална работна температура. Понатамошни консултации потврдија дека 1700x едноставно не се прикачува на таква плоча освен ако немаш лични проблеми со купувачот, не ти опцул се по список па пробуваш да му пуштиш една ВРМ клетва па нека пати копилето...
Се јавив во анхоч. Од крајно непрофесионалниот и дрзок сервисер добив одговор: "Не е наш проблем ако тебе не те бендисуваат перформансите". Одржав некаква стабилност и со нешто повишен тон пробав да извојувам победа за купувачот...знаеш...за сиротиот плебс кој со судни маки прибирал пари за конфигурацијава и не очекувал така петпарачки да го одјебат. Па и преку фирма која им земала десетици конфигурации пробав да ургирам...ма какви бре. Молев да сфатат дека на било кој дел температура од 120 целзиусови НЕ МОЖЕ ДА Е РАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА.
И ми дојде преко тасета. Плочата ја фрлив, си купив x370ка со шитлоуд на врм редици (анхоч не сакаа ниту да помислат да ми излезат во пресрет, а сакав да доплатам и од кај нив да испазарам што и да нудеа). Со новата плоча проблеми нема, конфигурацијата е тип топ. Од анхоч ке пазарам секако. Усб стикови и мемориски картички. Ваљда нема да ми го збиберат и за тоа.