Тоа ми се случи мене во поштата Ѓорче Петров со еден компаратор кој чинеше околу 4 долари.Пратката е примена во локалната пошта но никаде ја нема.Шефицата ми вика демек ќе ти јавиме остај телефонски број.После 1 месец сеуште ја нема и ми вика можеш да поднесеш приговор во архива во главна дирекција.Не поднесов бидејки знаев од претходно дека нема да ме обештетат и од тогаш се префрлив на Пост Рестанд во пошта 2 под железничка каде до сега сите пратки сум ги подигнал без никаков проблем.Се потпишав надевајќи се дека ќе ја зема, теткицата си кликнала испорачана демек тука е, но не се најде... Обетија дека ќе ја најдат као демек 100% била тука... Ми зедоја број па ќе се јавеле...
Меѓувреме препојдов и по други пратки, па теткицава ми вели као пријави тамо(ибеј демек) дека ја нема, е сега зашто да пријавам кога од пошта ја имаат заматкано... ?
Порано на онлајн калкулаторот на македонска пошта имаше информации за пратката само откако таа ќе влезеше во нашава држава.
Јас веќе 30 дена чекам пратка од FastTech преку Сингапур пост и сеуште ја нема, а исто така имам порачано пак од FastTech преку Сингапур пост и на 15тиот ден денес ми стигнаа двете пратки од кој што едната е пуштена 4 дена покасно.
Јас не успеав да го фатам тој застој, за 8 дена од SG до Штип. Дури и овие од нашиве пошти ме изненадија, за 12 саати од Главна пошта до Штип, што исто до сега се нема случено, и тоа во Сабота. Обично кога пратката ќе ми стигне во четврток или петок, ја добивам понеделник попладне, евентуално вторник сабајлето.Ќе стигне, не се коси.. Има мал застој со Singapore post, и јас чекам футрола преку Singapore post веќе 40дена.![]()
Погледнете го атачментот 70074
ова кажува дека веке кај мене 1050 е пристигната пратката?
Не, ова е дека само е пристигната во МК. Треба да ти пишува за царина додатно, мислам со назнака "Skopje 1006" па тогаш ќе почне да ти пристигнува статус рецимо "Nedostasuva faktura"ова значи дека ја помина царината?