^Зошто кога еднаш ќе ја отвориш пластиката од батеријата, никогаш нема веќе да биде иста. Досега не сум сретнал батерија на штрафчиња, а лепакот е од оној најнезгодниот.
А и леткум + лемење литиум јонски батерии не е за секого.
Ова.
Имам отворано неколку расипани батерии, колку и да си внимателен пластиката на телото од батеријата ќе се оштети - често прилично. Второ, лемењето дефинитивно не е за секого. Фабрички кога ги поврзуваат воопшто не користат калај. Трето, ќе треба сите келии детално да им се провери капацитетот, што иако не е нуклеарна физика не е ни наједноставното нешто за лаик.
Премногу главоболка за нешто што не кошта премногу пари. Единствено како што кажа Fatihh можно е фирмверот на контролерот во електорниката, да има бројчаник кој после одреден број полнења - стопира користење на батеријата. Во тој случај можно е нешто да се интервенира, ама проблемот со уништување на пластиката при отварање е секако наизбежен.