Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Знаете ли како EVN ве краде? Еве како.

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.532
2.986
Ќе се самоцитирам, за да не пишувам наново интро:
Имам едно броило во стара куќа во село, не сме биле таму повеќе години, можеби 5 год. ќе да се.
Бушоните се извадени (ги одвртив последниот пат кога сум бил таму), значи нема потрошувачка.
Според твојава констатација, требало одамна да го исклучат броилото.

Ама секој месец редовно си излегува сметката (и редовно ја плаќам - околу 450 до 460 ден.), со по 2-3kW потрошени (веројатно паушално).

Во секој случај, ова е реален начин на кој на ситно ме крадат од EVN.

Да, да, ги знам тие ставки (улично осветлување - кое е без ДДВ, пошто самото тоа Е данок, и плус за пристап до мрежа).
Не зборам за нив, туку за неколку измислени киловати секој месец, кои нема како да се потрошат - пошто нема потрошувачи, а осигурачите се одвртени/извадени.
Освен ако не троши самото броило при stand by :)
Сега го отворив последниот .pdf од ЕВНонлине, гледам 4,1 киловати се потрошени. Во скапата тарифа. Во ефтината има нула :)

П.С.
Ги отворив и .pdf ф-рите од минатите 5-6 месеци наназад.
И таму по околу 4kW „сум трошел“ (или поточно некој месец 4,1 а во некој друг 4,7kW, но никако 5:) )
Имам апдејт по однос на ова - имено од страна на пензионериве беше отидено до КЕЦ на ЕВН (во Скопје, мислам во Аеродром биле), кажале дека сакаат да ја исклучат струјата (во Богомила е куќата), овие им одговориле потврдно (уплатиле некои си околу 800 денари за барањево/постапкава), и по некое време преставници од ЕВН отишле и ја исклучиле струјата.
По некое време се генерирала и ф-рата на онлајн ЕВН-акаунтот, и најверојатно сме во претплата (и покрај тоа што бројната состојба на потрошувачка во ф-рата не одговара - е повисока од таа што ја имам сликано последниот пат кога сум бил).
Само што, најверојатно нема да има начин како да ни ги вратат парите, нели? :)
Се надевам дека на некој ќе му бидат од корист овие сознанија, па, во продолжение се скриншоти од ф-рата:
1.png 3.png 4.png 5.png
 

Атачменти

  • 1785534248382.png
    1785534248382.png
    75,8 KB · Прегледи: 3
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Офтопик

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно