Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Закон за заштита на потрошувачи

krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Па се летаат со причина, убаво ти пишува, џабе бараш фори.
Од новиот закон, тој што го нарече измена.
"Последен дел од Член 48
Во случај на отстранување на недостаток на производот гарантниот рок се
продолжува за време во кое производот не е користен. Ова време се
пресметува од денот на барањето на потрошувачот за отстранување на
недостатокот.
Во случај на отстранување на недостатоци со замена на производот кој
се склопува или е составен дел на производот за кој се утврдени
гарантни рокови, гарантниот рок за новиот производ почнува да тече од
денот кога на потрошувачот му е испорачан производот чиј недостаток
се отстранува"
Многу јасно е кажано.

Многу јасно дека се склучува нов договор за гаранција, во договорот за гаранција го пишува серискиот број на производот, ми кажуваш дека "таа" гаранција која што кажува дека "тој" производ со " тој сериски број" ќе важи за другиот производ со другиот сериски број?
Појасно АМИН.

Mислам дека си во право дека членот е збунувачки напишан во законот, ама во случајов @Astro е во право.

Тој последен член само кажува дека гарантниот рок е замрзнат (односно не тече) додека на потрошувачот не му е врачена замена, и почнува да тече откако ќе му биде врачен нов заменет уред.

Инаку, дали можете да замислите КОЛКУ заменски нови уреди се издаваат само кај операторите СЕКОЈ ДЕН? И буквално секој од нив со продолжен, а не нов гаранциски рок. Тешко за верување дека телекомите ќе можеа да се извадат од ваква обврска доколку законски беше пропишано поинаку.
 
ivan88

hello world
22 февруари 2012
389
424
ivan88's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460| Deep Cool GAMMAX 400
Motherboard
Gigabyte GA-Z97 HD3
Storage
Samsung Evo 840 120GB| WD Blue 500GB
PSU
Deep Cool DA500-M Aurora 500w
RAM
Kingston Fury Red Series 8G
Case
Deep Cool Tesseract SW White
Mouse
Gigabyte Eco 600
Keyboard
Apple Wireless Keyboard
Audio
LLogitech x530
Monitor
Dell S2240L
OS
Mac OSX Yosemite| Windows 7
Нова гаранција се дава ако производот е различен од тој со кој се заменува. Ако е ист, продолжува да важи и се додаваат онолку денови колку што бил на сервис. Така да делумно сте сите во право. Имав случај скоро кога ми беше заменета матилна плоча во Анхоч па бидејќи немаше иста како мојата, заменската ми дојде со нова гаранција која почна да тече од денот кога ми беше заменета.
 
bobmkd

hello world
18 ноември 2008
362
183
Скопје
Во вакви случаи, сме се согласиле со @Alucard , се бараат пари назад и повторно се купува истиот производ (ваљда од друго место)
Битно пари назад па сетне ќе се думаме :)
Ова е решението за проблемот со важноста на гаранцијата на заменетиот уред, на овој начин секогаш би имале нова целосна гаранција. И не мора да се купи од друго место, само друг ден.
Едит: А ако е саглам фирмата и сама треба да Ви го редложи ова, за да Ве задржи како клиент, зошто да дозволи да одите во друга продавница?
 
Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.036
2.073
Скопје, Македонија
И не мора да се купи од друго место, само друг ден.

Не мора ни друг ден, не гледам зошто би морало, ти ги враќаат парите, и во истиот момент, со истите пари, си го купуваш новиот производ :)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Не мора ни друг ден, не гледам зошто би морало, ти ги враќаат парите, и во истиот момент, со истите пари, си го купуваш новиот производ :)

Освен ако си го платил со картица :)
Или ако ти е доста да им ги гледаш суратите за тој ден, па си викаш ај да одморам еден ден па утре ќе се вратам ;D
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Ако производот не може да се сервисира, законот предвидува две опции: производот да се замени ист нов или да се вратат парите. Законот не познава ситуација доплати за друг подобар.
Тоа што го прават е всушност враќање на пари и продавање на нов производ. Во тој и само во тој случај гаранцијата почнува да се брои од почеток, затоа што всушност се работи за купување на нов уред. Во случај на замена, важи оригиналната гаранција, зголемена за времето за кое производот бил на сервис (значи најмногу 30 дена)
Очигледно е дека е многу подобро да се земат пари назад отколку да се земе производ. Затоа и трговците инсистираат да ви дадат нов или подобар ако треба и со доплата.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.545
Скопје
И јас мислам дека и Астро и Стефан се во право. Значи добиваш нова гаранција, како физички нов лист, доколку ти заменат производ, но истиот важи до денот на оригиналната гаранција, плус деновите додека производот е на сервис.

Како што пиша moongose пред мене, доколку доплатиш и земеш поскап уред, тогаш би требало да се добие нова гаранција.
Имав случај скоро кога ми беше заменета матилна плоча во Анхоч па бидејќи немаше иста како мојата, заменската ми дојде со нова гаранција која почна да тече од денот кога ми беше заменета.
Океј за тоа, а до кога ти трае?
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Тоа што го прават е всушност враќање на пари и продавање на нов производ. Во тој и само во тој случај гаранцијата почнува да се брои од почеток, затоа што всушност се работи за купување на нов уред.
Така е, нова трансакција, нов договор за гаранција.
 
ivan88

hello world
22 февруари 2012
389
424
ivan88's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460| Deep Cool GAMMAX 400
Motherboard
Gigabyte GA-Z97 HD3
Storage
Samsung Evo 840 120GB| WD Blue 500GB
PSU
Deep Cool DA500-M Aurora 500w
RAM
Kingston Fury Red Series 8G
Case
Deep Cool Tesseract SW White
Mouse
Gigabyte Eco 600
Keyboard
Apple Wireless Keyboard
Audio
LLogitech x530
Monitor
Dell S2240L
OS
Mac OSX Yosemite| Windows 7
И јас мислам дека и Астро и Стефан се во право. Значи добиваш нова гаранција, како физички нов лист, доколку ти заменат производ, но истиот важи до денот на оригиналната гаранција, плус деновите додека производот е на сервис.

Како што пиша moongose пред мене, доколку доплатиш и земеш поскап уред, тогаш би требало да се добие нова гаранција.

Океј за тоа, а до кога ти трае?
3 години од денот на замената, од 1 декември.
 
Иванчо

hello world
22 мај 2013
434
654
Resen, Resen, Macedonia
братучед мој имаше хјуавеи, немаше телефонот никаков допир со вода или било каква друга влага, во скопје во сервисот го известуваат дека телефонот е изгорен од влага.... сега ќе бара пазарна инспекција.
какви се процедурите или шансите да успее да му го направат телефонот.
претходно во вип салонот во битола го однел бидејќи му бил празен на 5% батерија и го оставил да му го наполнат но кога го зел после еден час, телефонот бил на 2% и не се уклучувал. Тогаш го праќа на сервис каде му наоѓаат влага а тој упорно тврди дека телефонот немал никаков контакт со влага.
ЧАРЕ?
 
Ако изгорел од влага тоа се гледа. Прво, ќе има траги од влага кои се лесно видливи. Второ кога ќе се најде дефектот ќе се знае дали е настанат од краток спој или од нешто друго.

Што е точно проблемот? Изгорен значи нешто сосем трето. Не ми е јасен моментот, во салон во Битола го носел зошто му бил празен и го оставил да го полнат? Нема смисла ова. Ао го зел празен со 2% батерија како тогаш изгорел од влага кога ете бил исправен и работел?

Приказнава наликува на ситуациите што се случуваат со јавнава администрација во државава :D
 
жално е што не е приказна :) true story e хахах јас само пренесувам како што ми е кажано.
БИтола бил на широк сокак и му снемало батерија, го однел во вип салонот но наместо да го наполнат го зел испразнат (зошто како не ми е јасно) е сега таму индикаторот за влага кажува влага и ради тоа бил прегорена плочата а тој тврди дека никаков допир со вода немало.
дали може нешто преку пазарна инспекција да пријави...?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.552
19.224
братучед мој имаше хјуавеи, немаше телефонот никаков допир со вода или било каква друга влага, во скопје во сервисот го известуваат дека телефонот е изгорен од влага.... сега ќе бара пазарна инспекција.
какви се процедурите или шансите да успее да му го направат телефонот.
претходно во вип салонот во битола го однел бидејќи му бил празен на 5% батерија и го оставил да му го наполнат но кога го зел после еден час, телефонот бил на 2% и не се уклучувал. Тогаш го праќа на сервис каде му наоѓаат влага а тој упорно тврди дека телефонот немал никаков контакт со влага.
ЧАРЕ?
При потопување со течност индикаторите за влага стануваат црвени а истите ги има на неколку места.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
жално е што не е приказна :) true story e хахах јас само пренесувам како што ми е кажано.
БИтола бил на широк сокак и му снемало батерија, го однел во вип салонот но наместо да го наполнат го зел испразнат (зошто како не ми е јасно) е сега таму индикаторот за влага кажува влага и ради тоа бил прегорена плочата а тој тврди дека никаков допир со вода немало.
дали може нешто преку пазарна инспекција да пријави...?

Човече невероватно, па ово нема ни у Београду.....

Ништо чудно и цурата од салонот да си правела фистинг со телефонот на вибрации во рака.
Е сеа, пред пазарна инспекција може да се слика. Претпоставувам нема документ (прием на сервис или било како) дека го предал во ИСПРАВНА состојба, така да може да се слика.

Друго, нека провери по гарантни листови и IMEI налепници дали уопште му го вратиле истиот телефон... да не му замениле батерија случајно со некоја неисправна. Затоа реков мора да се дефектира да се види што му фали на телефонот па после да се разгледува како е дојдено до тоа...

Пазарна инспекција не верувам дека може нешто да направи бидејќи не постои облигационен однос ниту документ за оставањето во салонот. Тие може да негираат дека го примиле, овој нема доказ за тоа. Така да тоа со салонот нека не го кажува да не му се смеат битАлчани, нека збрка ваму во сервисот да му објаснат докази дека телефонот бил излозен на влага.
 
Иванчо

hello world
22 мај 2013
434
654
Resen, Resen, Macedonia
Друго, нека провери по гарантни листови и IMEI налепници дали уопште му го вратиле истиот телефон... да не му замениле батерија случајно со некоја неисправна. Затоа реков мора да се дефектира да се види што му фали на телефонот па после да се разгледува како е дојдено до тоа...
истото и јас му го кажав дали ти го вратиле истиот телефон
ќе видиме сега што ќе прави. ви благодарам на одговорите ама и јас мислам дека нема многу надеж :)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Сигурносните камери од ВИП салонот? Сигурно снимките стојат месец дена...

Тие можат да докажат дека тој бил во салонот и дека оставил предмет. Не можат да покажат што оставил и дали бил исправен. А башка, за да добие извод од сигурносните камери мора да добие налог од суд па ВИП да мораат да ги достават на увид. За тоа треба да се тужи со нив.

Ништо од таа работа според мене.
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.898
4.579
Под кој закон се правата на фирмите кога купуваат производи како правни лица?

Закон за облигациони односи?
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Под кој закон се правата на фирмите кога купуваат производи како правни лица?

Закон за облигациони односи?
Закон за Облигационо односи и Закон за готовински плаќања (иако фирмите плаќаат безготовински)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Во Македонија нема закони...не сфативте до сега?

Се извинувам што се убацувам вака, али тоа е вистината.

ВО Македонија има закони и истите се сосем добри. Но за да се почитуваат законите и Македонија да биде како Германија, Данска или Белгија, мора да се работи на други работи. За жал, во македонија извршната власт (која сноси законска одговорност да ги спроведува законите, да скапе во затвор дабогда) е подоле од расипано гомно.
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321

Пред мои очи се договараа кога да дојде инспекција за да ги средат документите бе...не ме зезај какви закони, какви бакрачи. Инаку и јас сум за тоа да си функционира се како саат. Црно на бело. Сите исти пред законот.
 
igor_igor

poweruser
2 септември 2012
2.286
3.985
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-14400F + Deepcool AG400 V2 ARGB White
Motherboard
ASrock B760M-HDV/M.2 White
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master V750 GOLD V2
RAM
2 x 16GB (32GB) Kingston HyperX FURY RGB 6000MHz DDR5
Video card
ASRock Phantom Gaming D RX 6800 16GB OC
Case
White Shark Bullet Gaming GCC-2303 White
Mouse
A4 X5 MAX Bloody Gaming Esports Stone Black
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
Cooler Master GM238-FFS 144hz IPS / AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 11 Pro
Во Македонија нема закони...не сфативте до сега?

Се извинувам што се убацувам вака, али тоа е вистината.

Закони има, ама не важат за сите исто, барем до сега. :)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.148
16.234
Пред мои очи се договараа кога да дојде инспекција за да ги средат документите бе...не ме зезај какви закони, какви бакрачи. Инаку и јас сум за тоа да си функционира се како саат. Црно на бело. Сите исти пред законот.

Бате, 15 години се занимавам со инспекции, со ревизии, со судови, со пресуди....
Законите си се сосем добри, им треба само по едно стручно прочешлување од некој со мозок, некорумпиран и политички незагаден за да станат близу до перфектни.
Тоа што не чини и што е тежок пораз, е тоа што нити инспекторите, ниту менаџерите, ниту претприемачите ги познаваат законите и добрите пракси. Значи поима немаат ни едниве ни другиве. Ќе му влезе некому инспекција и одма ми се јавува на телефон аман брат помагај, пулсот 200 му станал срце ќе го стрефи. Пооолека бе дибек еден олабави се, инспекција е, не е поворка за бесилка. И од другава страна, кога сум присутствувал на инспекции не ми се верувало какви кретени се инспектори, автомеханичари, маалски алкохоличари, учителки со вишо....

Абе трагедија, ако почнам да раскажувам крај нема да има.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв