Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Хрватскиот Rimac Automobili обезбеди нови, рекордни инвестиции од половина милијарда евра

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.284
5.256
Скопје
hackitfree.github.io
Ниедно мислење на Рон26 не го потврдува она што пишав.

Играчите во авто-индустријата и финансиските можности важат и да не постоеја воопшто електрични возила. Ќе вложуваа огромни суми како и до сега - во било што што им носи пари и заработка.
И ќе очекуваа заработка, нормално е тоа, не глумете како да сте паднати од Марс. Сепак е бизнис и сепак е индустрија во прашање, не се хуманитарни организации.
Да ама во авто индустријата - добрите играчи веќе ги знаеме - Сакаш квалитет -купуваш Ауди или Мерцедес - Сакаш перформанси - Порше или Ферари - економичност и „реалибилити„ - Сузуки и Тојота ;) - сега со ЕВ маркетот - којзнае какви фирми со цел за брза заработка - какви неквалитетни компоненти ќе вградуваат - тоа ми беше муабетот. Па и квалитетните фирми уште им се производите во фаза на созревање - додека еден производ не наполни 10-15г ќе има дефекти еден тон !
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
Не знам дали само мене овоа со електричниве коли ми е скроз промашено. Поготово кога ќе видам како после 2035та планирале да ги укинат моторите на внатрешно согорување. Имаат ли тие памет колкава инфраструктура треба за да се префрли светот на струја? Друга работа е полнењето на батериите и производството на батерии. Две клучни работи кои во моментов се релативно слаби. Никој не сака да чека пола саат до саат на супер полнач да полни батерија.
До тебе е веднаш ќе ти кажам. Ти треба повеќе истражување на темава.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Не баш, има уште многу ресурси. Најмногу има во Северна Америка, најголемиот базен на нафта се наоѓа таму и американците не го чепкаат дур не ги истрошат сите останати ресурси од другите земји на светот.
Повторно е временски ограничено дотрошувањето. Плус ако америка остане монопол, уште побрзо треба да се форсира алтернатива на горивата зашто практично бензините ќе станат претерано скапи и вака и така.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
бате не кењај те молам. Ако имаш нешто на темата аргумент ово оно дај, ако не заобиколи.
Туууу клизача каква, Шаќири да позавиди...
Аргументи имам многу на темава ама чекам да видам дали ќе стане сериозна па да трошам време да аргументирам. Ама со ваква покана во дискусија нешто не сум одушевен. Ајде терајте уште малце па кога ќе бидам расположен ќе ги спомнам најбитните елементи на темава кои до сега изостануваат, па да видам тогаш дали ќе го смениш мислењето ;)
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.220
2.655

верувам дека ќе ме разубедиш. Освен ако не гледаме пак предвидувања и споредби со ајфон 3GS
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Освен ако не гледаме пак предвидувања и споредби со ајфон 3GS

Па споредбата е таа и е реална за разлика од твоиве „seoski Нострадамус предвидувања“ каква ќе била авто-индустријата во 2035, индустрија многу побогата и помоќна од мобилната индустрија.
Малку е глупо да префрлаш за некакви си предвидувања кога самиот ти ги започна. Јас тука не видов никој да се расфрла со негови теории како ќе било за 12 години, освен ти.

Се надевам барем читаш (ако веќе не разбираш) колку се контраш и за какви теми на ИТ форум, не на Фемина.
 
ја ништо не предвидувам, него според моменталната слика ти кажувам што би било. Тесла еве 12 години е присутна и нивната технологија за батерии и брзо полнење е иста и се нема нешто многу подобрено.

Имаш огромни корпорации како Тојота кои не сакаат ни да се замараат со овој сегмент. За 12 години од сега треба чудо да се случи за да се сменат работите од корен. А чуда не се дешаваат. Не можеш едноставно ти на секое ќоше да ставаш суперполначи. Така да ова ќе се види за некоја година дека не е возможно во пракса и ќе го одложат за некои подобри времиња кога ќе има технологија која ќе дозволи масовно да се користат електрични возила.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Па и до пред 12 години немаше технологија што овозможува константно сурфање/симнување во било кое време и од било кое поурбано место со брзини над 100Mbps на мобилни уреди (телефони, лаптопи, таблети) кои се бројат во милијарди примероци, па што?
Немавме батерии во масовно производство од 5000mAh кои се полнат со брзини од +100W и за 20 минути имаш целосно наполнет телефон, па што?
Немаше масовно ни турбо-бензинци од 1.2 или 1.4 зафатнина пред 12 години, па што?

Среќа што експертите и научниците не го читаа Ron14 пред 12 години, па не оставија иновациите да се случат „за некои подобри времиња“.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.220
2.655
Па и до пред 12 години немаше технологија што овозможува константно сурфање/симнување во било кое време и со брзини над 100Mbps на мобилни уреди (телефони, лаптопи, таблети) кои се бројат во милијарди, па што?

Среќа што експертите и научниците не го читаа Ron14 пред 12 години, па не оставија иновациите да се случат „за некои подобри времиња“.

споредбиве ти се лудница. Џабе дискутираме.

Иначе, ќе има наскоро, зборам за 5-10 години, solid state батерии кои релативно би понудиле два ипол пати повеќе капацитет и побрзо полнење. Али све е тоа на папир за сега и ништо нема у пракса.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Споредбите ти делуваат лудница само затоа што не ги разбираш.
Технологијата (во било која сфера: авто-мото, IT, телекомуникации, медицина) во 2035 со ова темпо на развој или побрзо (ако не се случат некои глобални срања, а како сме тргнале...) ќе биде бааги понапред отколку што ние сега сме со напредокот во споредба со 2009-та.

Инфраструктурно е многу полесно да се начукаат полначи колку што сега има бензински, она за што ти најмногу се буниш на темава како ќе сме полнеле ако сме живееле во стан LOL. Моментално ти бензинска имаш во дворот или како? Макпетрол ти има пуштено црева до дома?
Сите си планираме кога и како да дотуриме гориво.

Потешко е да се доведат електричните возила до состојба на одржливо масовно производство, купување и одржување. Исто како што е тешко да се сруши монополот на целата таа нафтена индустрија. И спрегата нафтена индустрија - политика/влади/пари - произведувачи.
 
Последна промена:

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.220
2.655
Споредбите ти делуваат лудница само затоа што не ги разбираш.

Технологијата (во било која сфера: авто-мото, IT, телекомуникации, медицина) во 2035 со ова темпо на развој или побрзо (ако не се случат некои глобални срања, а како сме тргнале...) ќе биде бааги понапред отколку што ние сега сме со напредокот во споредба со 2009-та.

Инфраструктурно е многу полесно да се начукаат полначи колку што сега има бензински, она за што ти најмногу се буниш на темава.
Потешко е да се доведат електричните возила до состојба на одржливо масовно производство, купување и одржување. Исто како што е тешко да се сруши монополот на целата таа нафтена индустрија.

уште една непознаница имаш а тоа е дека као сета нафта во светот се троши на автомобилско гориво. Што е многу грешно. Нив ништо нема да им биде на тие што шиткаат нафта, само ќе го намалат производството и ти ќе плаќаш поголеми сметки, нешто што и сега се дешава. Профитот на нафташите ќе се зголеми ако они одлучат за тоа.

Иначе немој да се надеваш дека доколку имаш кола на електрична енергија дека таа ќе биде ефтина. Исто како и сега со горивата, ќе си плаќаш акциза кога ќе си користиш пунач. Ова ви е само промоција сега демек ефтино да се лажете. Настрана што цената на струјата многукратно ќе се покачи.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Иначе немој да се надеваш дека доколку имаш кола на електрична енергија дека таа ќе биде ефтина. Исто како и сега со горивата, ќе си плаќаш акциза кога ќе си користиш пунач. Ова ви е само промоција сега демек ефтино да се лажете. Настрана што цената на струјата многукратно ќе се покачи.

Не се надевам на ништо, немој да ми ставаш претпоставки што не сум ги рекол.
Ниту знам колку ќе биде струјата во 2035-та, ниту знам колку ќе бидат горивата во 2035-та. Ти ако знаеш - сподели.

„Ќе си плаќаш акциза“, „да се лажете“...
Многу некако збориш во трето лице како јас да возам Тесла моментално (и ви се курчам со слики од полначи на темава) или како да сум Мате или така нешто.
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.032
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Повторно е временски ограничено дотрошувањето. Плус ако америка остане монопол, уште побрзо треба да се форсира алтернатива на горивата зашто практично бензините ќе станат претерано скапи и вака и така.
Па не баш, еко-дизел се произведува од растителни култури. Се додека практично безпари чини вадењето на нафта од бушотините нема да се форсира вештачка нафта. Но кога ќе снема ќе се употребува секако. Да не зборам за алкохоли и слично. Во секој случај авио индустрија уште долго ќе завии од нафтата. Поточно дур не измислат луѓето генратор на фузија.
 
kebe

hello world
29 март 2012
287
261
Проблем, т.е. захтевно е прозиводство, но рециклирањето е приближно 100%. Литиум јонските батерии се рециклириаат 95-99%.
Грешка си за ова, уште нема (ефикасни) методи за рециклирање на литиум-јонски батерии. Рециклирањето се состои од складирање за во иднина кога можеби ќе се измисли вистински начин на рециклирање.
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.032
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Грешка си за ова, уште нема (ефикасни) методи за рециклирање на литиум-јонски батерии. Рециклирањето се состои од складирање за во иднина кога можеби ќе се измисли вистински начин на рециклирање.
Воопшто не сум грешка. Има ефикасни методи за рециклирање 95-99% од литиум јонските батерии. Проблемот е што на фирмите за рециклирање сеуште економски не им се исплати бидејќи е поефтино да купат готови материјали за изработка одошто да ги рециклираат. Особено неисплатливо е рециклирање на малечки батерии какви што се оние за уредите по дома и за лична употреба(мобилни, геџети и слично). А такви се најголем дел од литиум јонските батерии и тие најчесто завршуваат во отпад кој не се рециклира.

Нејсе, батериите во автоиндустријата се многу поголеми и таму веќе има смисла рециклирањето. Таа смисла ќе станува се поголема како бројот на батерии за автомобили ќе се зголемува. И тоа, прво поради цената на прозиводство кој очекувам да се зголемнува како што ќе поскапуваат материјалите за изработка и второ поради регулативите за заштита на животната средина кои цивилизираните земји ќе ги воведат и наметнат на останатите. Па така ако денес се рециклираат само 5% од литиум-јонски батерии (во споредба речиси сите батерии со олово како акумулаторите за кола се рециклираат) за 20-30 години очекувам над 50% литиум-јонски батерии да бидат рециклирани. Воедно очекувам да има и измени од страна на самите производители на литиум јонските батерии така што ќе ги прават поедноставни за рециклирање.
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Сакаме нејќеме, со сите свои мани и предности ЕВ се иднината. По мене имаат повеќе предности од мани, особено поради фактот дека електрична енергија може да се произведува на повеќе начини за разлика од фосилните горива.
Ако е рокот 2035, за кај нас тоа ќе биде 2050. Во меѓувреме уште долго ќе ги возиме половните дизелаши и безници кои постепено ќе се укунуваат на запад.
Од денешен аспект, немаме речиси никаква инфраструктура за ова, од друга страна сме премала територија (која е голема предност) која треба да се покрие со електични полначи.
Ако се сеќавате до пред некоја година се фалевме дека имаме речиси целосна покриеност со телефонска мрежа, ова многу развиени земји сеуште го немаат пред се заради територијата, слично би требало да биде и за ова работа. И покрај ова, со оглед на тоа што сме катастрофа од сите аспекти, ставам +15 години.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Никој не спори дека ЕВ биле иднината, они се иднината. Батерии не се иднината. Не треба да ги мешаме тие две работи. Има ЕВ кои не се на батерии, или користат само за испомош и слично. Се на се има рани концепти, ама овој со тон батерии во кола и никакв рејнџ и сето тоа за баснословна цена и никакво рециклирање и препродажба е најужасен.

Не се проблем моторите, не е проблем енергијата, проблемот е тој што го прескокнувате постојано.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.220
2.655
тоа е муабетот, не треба да се наметнуваат регулативи што забрануваат нешто кое добро функционира на сметка на нешто кое не е сеуште развиено. Сфаќам либераливе дека функционираат на емоција и така ги носат одлуките по нивните зелени агенди, но тоа е сосем погрешна работа која реално никому добро не прави.
 
Последна промена:

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Електричните автомобили се неизбежни. Моторите со внатрешно согорување ќе бидат исто што беа парните машини. Фузијата е на повидок добие комерцијална примена, надминат е прагот на ефикасност, така да енергијата потребна за нив не е воопшто нееколошка. Се нетрпение очекувам возилата со турбо дизел трактор мотори да завршат каде што им е местото - во отпад.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
Немој само ни да спомнуваш Фузија :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
Зошто? Тоа се проценува дека ќе се случи во следните 10 години. Јапонците веќе монтираат генератори што ползуваат морски струи. Енергијата се очекува дека ќе биде подостапна и поеколошка. Зошто ако не стане и ако го пречекориме tipping point-от на количина на CO2 во атмосферата, we are history.
 
Psycore

Модератор
12 ноември 2013
1.132
1.530
Скопје
Јас сум ЗА електрични автомобили. Се сложувам дека првите генерации имаа доста проблеми и краток range кога беа по ~300km. Но, последниве 2-3-4 години работите се драстично сменети и уште толку ќе се менуваат во наредните 10 години. Моментално сите нудат 8-10 години гаранции на батериите и имаат range од 500-800km што е сосем доволно и за долга патувачка сесија. Заборавате и дека не сте врзани со "public" полначите, туку и дома може да си ги полните колите на 220V. Трае многу подолго 8-10h, ама за преку ноќ не е проблем. Пред некоја година кога правев математика 1km возење искачаше под 1 денар, наспроти 6-12 денари на бензин/дизел. И не се само тука еколошкиот и економскиот аспект. Мора да се случи оваа транзиција и да има алтернатива затоа што фосилните горива се лимитирани и ќе се потрошат.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно