Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Хрватскиот Rimac Automobili обезбеди нови, рекордни инвестиции од половина милијарда евра

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.603
1.764
И никој не спомнува дека електричните возила се поинтересни за возење, буквално се контролираат како видео игра, оперираш со една педала за гас, не ти треба ни менувач да ти се расипе (како на автоматиците).
 

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Како си ги кажувате дистанциве 500 600 700 800 километри, браво.

Тие возила што ги спомнувате и што стигаат толкава километража, коштаат буквално милиони. И Тесла да ја земеме за пример, таа да не е случајно возило од среден ранк? Кој може да си дозволи (кај нас) да набави Тесла? Не заебавајте. Струјата можеби е иднината али во моментов е само интересно да се прати на интернет... и толку.

Оние малце „поприфатливи“ ранкови на електрични возила, повеќе од 300 километри не одат. И пак цените им се над 25/30к еур.

Ова ќе биде достапно за нас останатите, за некои 20 години (ако не и повеќе) кога електричните возила ќе може да ги купи обичен смртник.

Еден поединец тука ако каже дека може да си дозволи електрично возило и дека се исплатело повеќе, не е репер за останатите 10,000. Луѓе гледаат да скрпат возило за 2/3к да им врши работа, сигурно нема да рачуна дека у наредни 15 години ќе заштеди на гориво кога и тие 2/3илјади му се на кредит.
 
Последна промена:

kebe

hello world
29 март 2012
287
261
Воопшто не сум грешка. Има ефикасни методи за рециклирање 95-99% од литиум јонските батерии. Проблемот е што на фирмите за рециклирање сеуште економски не им се исплати бидејќи е поефтино да купат готови материјали за изработка одошто да ги рециклираат. Особено неисплатливо е рециклирање на малечки батерии какви што се оние за уредите по дома и за лична употреба(мобилни, геџети и слично). А такви се најголем дел од литиум јонските батерии и тие најчесто завршуваат во отпад кој не се рециклира.

Нејсе, батериите во автоиндустријата се многу поголеми и таму веќе има смисла рециклирањето. Таа смисла ќе станува се поголема како бројот на батерии за автомобили ќе се зголемува. И тоа, прво поради цената на прозиводство кој очекувам да се зголемнува како што ќе поскапуваат материјалите за изработка и второ поради регулативите за заштита на животната средина кои цивилизираните земји ќе ги воведат и наметнат на останатите. Па така ако денес се рециклираат само 5% од литиум-јонски батерии (во споредба речиси сите батерии со олово како акумулаторите за кола се рециклираат) за 20-30 години очекувам над 50% литиум-јонски батерии да бидат рециклирани. Воедно очекувам да има и измени од страна на самите производители на литиум јонските батерии така што ќе ги прават поедноставни за рециклирање.


Despite the smaller supply of lithium, a study earlier this year in the Journal of the Indian Institute of Science found that less than 1 percent of Lithium-ion batteries get recycled in the US and EU compared to 99 percent of lead-acid batteries
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Како си ги кажувате дистанциве 500 600 700 800 километри, браво.

Тие возила што ги спомнувате и што стигаат толкава километража, коштаат буквално милиони. И Тесла да ја земеме за пример, таа да не е случајно возило од среден ранк? Кој може да си дозволи (кај нас) да набави Тесла? Не заебавајте. Струјата можеби е иднината али во моментов е само интересно да се прати на интернет... и толку.

Оние малце „поприфатливи“ ранкови на електрични возила, повеќе од 300 километри не одат. И пак цените им се над 25/30к еур.

Ова ќе биде достапно за нас останатите, за некои 20 години (ако не и повеќе) кога електричните возила ќе може да ги купи обичен смртник.

Еден поединец тука ако каже дека може да си дозволи електрично возило и дека се исплатело повеќе не е репер за останатите 10,000. Луѓе гледаат да скрпат возило за 2/3к да им врши работа, сигурно нема да рачуна дека у наредни 15 години ќе заштеди на гориво кога и тие 2/3илјади му се на кредит.
Се фино освен крајот со 2-3к зошто за 2-3к нема кола, едвај има скутер. Кола беше 10990 едно време, сега накај 14000 фаќа најмалку. Половна накај 10000 евентуално.
 

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Се фино освен крајот со 2-3к зошто за 2-3к нема кола, едвај има скутер. Кола беше 10990 едно време, сега накај 14000 фаќа најмалку. Половна накај 10000 евентуално.

Абе сеа, кој колку може.

Тука немаат сите 10К за возило. Затоа и овие електрични возила се само фантазија за 90% од народот.
 

rippermkd

hello world
11 јануари 2016
490
376
Bitola
rippermkd's setup  
Processor & Cooler
ryzen 7 2700 @4150MHz, custom EKWB / bykski watercooler
Motherboard
ASUS Crosshair hero VII
Storage
samsung 970evo 500gb; asgard NVME 1TB 4tb HDD
PSU
XFX pro 1000W
RAM
kingston savage @3200 cl13
Video card
ASUS ROG STRIX RX5700
Case
JNC nekoe Modirano do daske
Mouse
rapoo v320
Keyboard
motospeed GK89
Monitor
LG 27gl850
OS
win10
ја зборам у практична смисла за полнење. Замисли си идеш дома од работа уморен утепан начисто и батеријата истрошена, бараш полначи на гугл мапс и дремеш ко мисир таму 30 минути минимум и тоа ако има брзо полнење. А да наточиш гориво ти е 3 минути преку сила.

Настрана друга работа што ова е све политички испланирано. Во ЕУ конкретно само 12% од стакленичките гасови се од возила. Така да замисли колку промашена е целава работа. Целава работа е некои играчки за нердови со многу пари да му ги опнеш на народот што нема леб да јаде.

Настрана што една батерија кошта над 5,000 долари, и тоа за хибрид како Приус, можам да замислам колку е една батерија за Тесла. А сите знаеме, кад тад батеријата ќе цркне. Не е ова некоја нова технологија што не ја знаеме па да не можеме да предвидиме што ќе биде по 5 години со неа.
до 2035 мини нуклеарни реактори ќе имаш во колата, нема да имаш потреба од батерија, а исто така се развива и хидрогенски погон, не му се секирај :)
 

ekonomist

user
17 јуни 2008
1.239
665
Малце офтопик, ама поврзано е со електрични автомобили (тесла), можеби ќе ве интересира:
View: https://twitter.com/MedoDimoski/status/1535243019938672641
Дечкото ја купил најевтината Tesla и се надевал дека ќе има искуство како да вози Rimac. Како јас да се бунам сега што мојов Poco X3 не се полни wireless.

Sent from my Poco X3 using Tapatalk
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.220
2.653
Дечкото ја купил најевтината Tesla и се надевал дека ќе има искуство како да вози Rimac. Како јас да се бунам сега што мојов Poco X3 не се полни wireless.

Sent from my Poco X3 using Tapatalk

па не се само ефтините, сите тесли ги имаат истите проблеми. Неспоредлив е квалитетот на германциве со тој финиш на тесла. Али има тесла многу нердови загреани за нивните коли, така да нема зима за нив.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Да се пофали човекот за теслата, другото мање више.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Батерија за Тојота хибрид возило е 3,000 евра во грција т.е. 4,000 евра кај нас. Ако се слични цените во иднина нема да има пазар на старо како до сега. Практично нема да се исплатат постари возила. Имаат на запад финти со осигурување на батерија и поефтина заменска. Ама сепак 10 години старо возило ќе биде (веќе е) ептен мачка во вреќа.
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
702
1.001
Продавањето на технологија е првична цел на компанијата, далеку пред продажбата на автомобили. Дечките имаат 30 различни дивизии и проекти. Иначе инвестицискиот пакет е наменет за rimac technology.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
Батерија за Тојота хибрид возило е 3,000 евра во грција т.е. 4,000 евра кај нас. Ако се слични цените во иднина нема да има пазар на старо како до сега. Практично нема да се исплатат постари возила. Имаат на запад финти со осигурување на батерија и поефтина заменска. Ама сепак 10 години старо возило ќе биде (веќе е) ептен мачка во вреќа.
Финтата со осигурувањето мислам дека се однесува на фул електрични возила и не е осигурување туку е лизинг. Кога го купуваш електричното возило ново склучуваш договор за лизинг на батеријата, посебно. Практично батеријата не е твоја туку е на банката или лизинг друштвото. После 10 години или порано, доколку батеријата падне под 80% од капацитетот, банката ја зема батеријата и ја заменува со нова, а старата оди по официјален канал на рециклирање.
Тоа не важи за Никелските батерии на Тојота. Но тие батерии во принцип и траат многу подолго од 10 години. Во Молдавија, Украина и Белорусија многу градови купија половни такси возила Тојота Приус од Германија и Полска, со иљадници. Сум се возел со многу од нив и сум ги прашал таксистите, велат обично немаат никакви проблеми со батериите освен што ретко кои од нив одат на некакво освежување на истите, претпиставувам им менуваат келии.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно