Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Хрватскиот Rimac Automobili обезбеди нови, рекордни инвестиции од половина милијарда евра

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
249
805
www.IT.mk
Со над 500 милиони евра ова е најголема инвестициска рунда за Rimac досега. Средствата ќе бидат искористени за продолжување на иновациите во производството, зголемување на производните капацитети и дополнителни вработувања на постоечките 1.000 вработени. Последната инвестициска рунда не само што е поголема од сите досегашни, туку е поголема од сите инвестиции заедно во Хрватска. Со ова вредноста на Rimac, хрватскиот стартап лоциран во Света Недеља во Хрватска и официјално надмина 2 милијарди евра.

Прочитај повеќе @ Хрватскиот Rimac Automobili обезбеди нови, рекордни инвестиции од половина милијарда евра ⋆ IT.mk
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
933
1.256
Не знам дали само мене овоа со електричниве коли ми е скроз промашено. Поготово кога ќе видам како после 2035та планирале да ги укинат моторите на внатрешно согорување. Имаат ли тие памет колкава инфраструктура треба за да се префрли светот на струја? Друга работа е полнењето на батериите и производството на батерии. Две клучни работи кои во моментов се релативно слаби. Никој не сака да чека пола саат до саат на супер полнач да полни батерија.
 
ekonomist

On your way to fame
17 јуни 2008
1.219
653
Абе ќе се навикнеме до 2035 :) ќе имаш полнач во секоја гаража, кога ќе паркираш ќе си ја приклучуваш и тоа е тоа.

Sent from my Poco X3 using Tapatalk
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
933
1.256
Абе ќе се навикнеме до 2035 :) ќе имаш полнач во секоја гаража, кога ќе паркираш ќе си ја приклучуваш и тоа е тоа.

Sent from my Poco X3 using Tapatalk

да но колку луѓе имаат гаражи низ скопје или во друга метропола низ европа? Ова делува убаво све како некој утописки филм каде што све функционира океј, али у пракса не испаѓа така.
 
Daniel86

Epic
28 мај 2013
3.762
10.243
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Само фелерваген TDI батиња...
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.258
4.246
Скопје
hackitfree.github.io
Не знам дали само мене овоа со електричниве коли ми е скроз промашено. Поготово кога ќе видам како после 2035та планирале да ги укинат моторите на внатрешно согорување. Имаат ли тие памет колкава инфраструктура треба за да се префрли светот на струја? Друга работа е полнењето на батериите и производството на батерии. Две клучни работи кои во моментов се релативно слаби. Никој не сака да чека пола саат до саат на супер полнач да полни батерија.
Абе „шо не е.ат„. Како си замислиле - така ќе направат.
Кој не праша нас за било што. Во Америка барем прават собири - протести - ги сослушуваат. Овде може да дремеш ко вол у шатор две-три години - нема ни поглед да свртат кога ќе излагаат со тоа Пасатите и Мерцедесите од собрание...
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
933
1.256
Абе „шо не е.ат„. Како си замислиле - така ќе направат.
Кој не праша нас за било што. Во Америка барем прават собири - протести - ги сослушуваат. Овде може да дремеш ко вол у шатор две-три години - нема ни поглед да свртат кога ќе излагаат со тоа Пасатите и Мерцедесите од собрание...

само нердови се ложат на овие работи, паметните ја гледаат практичната страна. А у пракса, возење ЕВ е права фрстрација кога ќе останеш без сок во батеријата.
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.258
4.246
Скопје
hackitfree.github.io
само нердови се ложат на овие работи, паметните ја гледаат практичната страна. А у пракса, возење ЕВ е права фрстрација кога ќе останеш без сок во батеријата.
За практичноста на ЕВ не се сомневам . Боље е нели кога нема да капе уље - поедноставно е Се. Сепак технологијата е толку сложена (претворувачи , конвертери , специјални ефикасни ел-мотори) и доколку не се вградени компоненти со врвен квалитет - дефекти ќе има на тони. А сервисери квалификувани и добри - јок , скапо УПМ. А нормално за да ја намалат цената - мора да почнат понеквалитетни компоненти да вградуваат - секое ново ЕВ што ќе излезе - мачка во вреќа .
Само на основа на тоа не ми се допаѓа .
А за квалитетот на батериите и да не почнувам ...
 
ја зборам у практична смисла за полнење. Замисли си идеш дома од работа уморен утепан начисто и батеријата истрошена, бараш полначи на гугл мапс и дремеш ко мисир таму 30 минути минимум и тоа ако има брзо полнење. А да наточиш гориво ти е 3 минути преку сила.

Настрана друга работа што ова е све политички испланирано. Во ЕУ конкретно само 12% од стакленичките гасови се од возила. Така да замисли колку промашена е целава работа. Целава работа е некои играчки за нердови со многу пари да му ги опнеш на народот што нема леб да јаде.

Настрана што една батерија кошта над 5,000 долари, и тоа за хибрид како Приус, можам да замислам колку е една батерија за Тесла. А сите знаеме, кад тад батеријата ќе цркне. Не е ова некоја нова технологија што не ја знаеме па да не можеме да предвидиме што ќе биде по 5 години со неа.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.305
6.429
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
1655283298881.png

„Што е оваа глупост бе, сложена машина, скапа технологија, дефекти, па треба инфраструктура, бензиски, гаражи.. Абе златно коњче најпрактична работа!“ - Ron26 и Nikola100, ~1900 г.

1655283145432.png
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
933
1.256
Погледнете го атачментот 114068

„Што е оваа глупост бе, сложена машина, скапа технологија, дефекти, па треба инфраструктура, бензиски, гаражи.. Абе златно коњче најпрактична работа!“ - Ron26 и Nikola100, ~1900 г.

Погледнете го атачментот 114067

и каква врска имаат сликиве со муабетов? Даваш некоја конкретна поента или трескаш глупости? Ако сакаш да дискутираш дај некое твое видување, не некои досетки.
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.258
4.246
Скопје
hackitfree.github.io
Погледнете го атачментот 114068

„Што е оваа глупост бе, сложена машина, скапа технологија, дефекти, па треба инфраструктура, бензиски, гаражи.. Абе златно коњче најпрактична работа!“ - Ron26 и Nikola100, ~1900 г.

Погледнете го атачментот 114067
Некрооо... Леон ти е многу љут - не си играј - немој да игра 45 калибар :ROFLMAO:

resize

Некро
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.305
6.429
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
и каква врска имаат сликиве со муабетов? Даваш некоја конкретна поента или трескаш глупости? Ако сакаш да дискутираш дај некое твое видување, не некои досетки.
Не согледа колку ви е банален муабетот?

Сега сме 2022, ти се секираш што во 2035 немало да има соодветна инфраструктура и батериите ќе се полнеле пола саат и ќе траеле 5 години. А буквално втората реченица од статијата е „Средствата ќе бидат искористени за продолжување на иновациите во производството...“ Aко ти мислиш дека една од најбрзо растечките индустрии во светот ќе остане на денешното ниво за 15 години од сега, тогаш друго повеќе немам што да кажам освен да направам аналогија со времето кога луѓето преоѓале од коњи на автомобили и ги имале истите ставови за нив како вие сега за преодот кон возење на струја.
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.258
4.246
Скопје
hackitfree.github.io
Не согледа колку ви е банален муабетот?

Сега сме 2022, ти се секираш што во 2035 немало да има соодветна инфраструктура и батериите ќе се полнеле пола саат и ќе траеле 5 години. А буквално втората реченица од статијата е „Средствата ќе бидат искористени за продолжување на иновациите во производството...“ Aко ти мислиш дека една од најбрзо растечките индустрии во светот ќе остане на денешното ниво за 15 години од сега, тогаш друго повеќе немам што да кажам освен да направам аналогија со времето кога луѓето преоѓале од коњи на автомобили и ги имале истите ставови за нив како вие сега за преодот кон возење на струја.
Не е само „во 2035та„ муабетот. Уште сега сме во таков преоден период. Некој што купил сега кола од 30-50К евра треба да ја фрли за 13г ? Или што да купиме кога ќе ни притреба кола за на работа следниве 5г ? Ќе возиме точак како на сликата - со погон на задник ? ЕВ инфраструктурата - неразвиена - батериите скапи - кратко траат ... Треба да чекаме да се доразвијат па да купиме ЕВ ? Пак ќе кажам - ова сега што се продава е е купување мачка во вреќа.
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
933
1.256
Не согледа колку ви е банален муабетот?

Сега сме 2022, ти се секираш што во 2035 немало да има соодветна инфраструктура и батериите ќе се полнеле пола саат и ќе траеле 5 години. А буквално втората реченица од статијата е „Средствата ќе бидат искористени за продолжување на иновациите во производството...“ Aко ти мислиш дека една од најбрзо растечките индустрии во светот ќе остане на денешното ниво за 15 години од сега, тогаш друго повеќе немам што да кажам освен да направам аналогија со времето кога луѓето преоѓале од коњи на автомобили и ги имале истите ставови за нив како вие сега за преодот кон возење на струја.

сакаш да кажеш дека може да има комплетен преокрет за 12-13 години? Знаеш колку е неизводливо ова во урбани средини? Еве пример живееш у стан, кај ќе полниш струја? Практичноста на тоа што користиме денес возила во овој број е поврзано со тоа колку бргу точиш. Ставаш енергија и тераш магарето. Немој да ми кажеш дека у иднината батериите толку ќе напреднат та исто како точење гориво ќе биде.
 
ekonomist

On your way to fame
17 јуни 2008
1.219
653
Дечки, што ви требаат коли, коњ си е права ствар, пери вози :D Инфраструктура секако ќе има, прашање е ние како Македонија до каде ќе бидеме.

Sent from my Poco X3 using Tapatalk
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.173
1.973
Скопје
Чисто за споредба - пред 12, 13 години излезе iPhone 3GS и уште бевме на 3G и со слики/видеа снимани како со компир, а каде сме сега со мобилната технологија. И тоа во индустрија која нема споредба со авто-индустријата каде има 100 пати повеќе и финансиски можности и „играчи“ за иновации.

Глупи споредби се прават како за на IT форум.
 
undergrounde

Gaining Experience
11 декември 2009
529
397
сакаш да кажеш дека може да има комплетен преокрет за 12-13 години? Знаеш колку е неизводливо ова во урбани средини? Еве пример живееш у стан, кај ќе полниш струја? Практичноста на тоа што користиме денес возила во овој број е поврзано со тоа колку бргу точиш. Ставаш енергија и тераш магарето. Немој да ми кажеш дека у иднината батериите толку ќе напреднат та исто како точење гориво ќе биде.
Живееш во стан, ќе одиш до најблискиот полнач ќе наполниш и наредни 300,400-500км возиш.Со едно полнење цела Македонија можеш да ја поминеш.
Батериите моментално имаат 5-10 години гаранција, Тесла мислам има 8 години, а се очекува со наредната верзија да имаат 100 години
Брзината на полнење секоја година напредува, за 10 години мислам и дека ќе дојде до прифатливо ниво
Беше само Тесла, сега сите компании одат кон тоа, ќе има забрзан развој, ќе се смени цела инфраструктура
 
Па не би рекол дека сите одат кон тоа, јапанциве нешто не ги интересира EV маркетот. Они изгледа ги повеќе ги разбираат потребите на своите купувачи. Па форсираат хибриди место овие електрични возила и каде што нема да има закони како овие во европска унија не ни верувам дека ќе воведат електрични модели.
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.258
4.246
Скопје
hackitfree.github.io
Чисто за споредба - пред 12, 13 години излезе iPhone 3GS и уште бевме на 3G и со слики/видеа снимани како со компир, а каде сме сега со мобилната технологија. И тоа во индустрија која нема споредба со авто-индустријата каде има 100 пати повеќе и финансиски можности и „играчи“ за иновации.

Глупи споредби се прават како за на IT форум.
Клучни зборови
„играчи“ и
финансиски можности
Што го потврдува мислењето на @Ron26 дека Се ова е за нердови и за заработка.
А ако очекувате за евтино ЕВ и долготрајни батериии - се лажете. Ќе увезат некои Кинески играчки кои ќе се расипуваат на секој чекор а батеријата ќе биде чисто ѓубре.. Е толку за 15К евра..
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.173
1.973
Скопје
Клучни зборови
„играчи“ и
финансиски можности
Што го потврдува мислењето на @Ron26 дека Се ова е за нердови и за заработка.

Ниедно мислење на Рон26 не го потврдува она што пишав.

Играчите во авто-индустријата и финансиските можности важат и да не постоеја воопшто електрични возила. Ќе вложуваа огромни суми како и до сега - во било што што им носи пари и заработка.
И ќе очекуваа заработка, нормално е тоа, не глумете како да сте паднати од Марс. Сепак е бизнис и сепак е индустрија во прашање, не се хуманитарни организации.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.504
12.933
Со нафтата и дериватите не е проблемот само загадувањето. Туку и исцрепни ресурси на земјинава топка.

Производство на батерии како и дотраени батерии сами по себе се еколошки проблем. Освен ако во иднина не се најде начин 100% да се рециклираат.

Плус производство на електрична енергија исто така создава еко проблеми. А и гледаме дека и тука е криза.

Да се надеваме дека во иднина технологијата ќе се развие до степен да нема проблеми.

Како што стојат сега работите, очекувам во иднина трошоците за превоз да пораснат. И јавниот (или колективен) превоз да добива на приоритет.

ПС. Тојота и други производители имаат прогрес кај возила на водород. Но очигледно не оди во добра насока штом сеуште не се форсира.
 
gOJDO

Illuminator
23 јануари 2008
10.833
17.654
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Не знам дали само мене овоа со електричниве коли ми е скроз промашено. Поготово кога ќе видам како после 2035та планирале да ги укинат моторите на внатрешно согорување. Имаат ли тие памет колкава инфраструктура треба за да се префрли светот на струја? Друга работа е полнењето на батериите и производството на батерии. Две клучни работи кои во моментов се релативно слаби. Никој не сака да чека пола саат до саат на супер полнач да полни батерија.
Во клошарските земји ќе се произведува се што е нечисто, а ќе се користи во богатите земји. Во 2035 ќе неможе да се продаваат нови возла на дизел и бензин. Тоа не значи дека нема да можеш да ги возиш. Инфраструктура полека градат, има и приказна позади возилата со батерии и балансирањето на електричната енергија произведена од сонце и ветар. Се на се електричната енергија ќе биде значително поскапа и возењето на струја нема да биде воопшто економично како што е денес.

Со нафтата и дериватите не е проблемот само загадувањето. Туку и исцрепни ресурси на земјинава топка.
Не баш, има уште многу ресурси. Најмногу има во Северна Америка, најголемиот базен на нафта се наоѓа таму и американците не го чепкаат дур не ги истрошат сите останати ресурси од другите земји на светот.
Производство на батерии како и дотраени батерии сами по себе се еколошки проблем. Освен ако во иднина не се најде начин 100% да се рециклираат.
Проблем, т.е. захтевно е прозиводство, но рециклирањето е приближно 100%. Литиум јонските батерии се рециклириаат 95-99%.

ПС. Тојота и други производители имаат прогрес кај возила на водород. Но очигледно не оди во добра насока штом сеуште не се форсира.
промашен концепт, одамна напуштен
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.233
Мислења
977.049
Членови
35.543
Најнов член
Dime19
На врв Дно