Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Штедливи ЛЕД сијалици искуства

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Заборавив да дадам објаснување и за ова:
- нема потреба од толку упорно наметнување дискусија за твоето гледиште како треба да е идеалниот однос клиент - давател на услуги.
Претходно бев „обвинет“ дека воопшто не ми се важни желбите на клиентите. Тоа не е точно, па затоа објаснив како тоа оди кај мене.
Се извинувам на сите што дискусијата стана преобемна и отиде и во други води. Ама навистина ме нервира негирањето на науката, сеедно во која област е. Исто така, ние како инженери не смееме да дозволиме волунтаристички и лаички пристап кон било која област, па и кон осветлувањето - не зборувам за осветлување по дома!
Може ли сега да се вратиме на темата осветлување со LED светилки?
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Не сум прател доволно на оваа тема, да знам дали ова ви е познато.
Темата за очила за компјутер ја имаш овде:
Наочари за пред монитор
Онака на брзинка - ако професијата ти е врзана со правилен избор на бои од мониторот, веднаш заборави на таквите очила со „син филтер“, ќе ти ги расипат боите. За сите други намени немаш ни потреба од такви очила, само намести ја бојата на екранот на „потопло“ и затемни малку brightness, а ако многу читаш текст направи го претставувањето инверзно (светли букви на темна позадина). Ако можеш, скрати од времето за ѕверење во мониторот. На секој пола час, стани, прошетај малку наоколу и погледни низ прозор што има таму. И не гледај во монитор навечер, ќе си го расипеш циркадниот ритам - потешко ќе заспиваш.
 
Последна промена:

Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.036
2.073
Скопје, Македонија
100% си лик кој 95% од времето му е над глава на мајсторот по дома и го потпрашува/советува.

Јас сум таков, само не 95% од времето, него 105%, тие 5% вишок се дур он „одмара“. Со мајсториве кај нас, ако не им висиш над глава, си на*бал, дури и со висење над глава се дрзнуваат да те покрадат.

Конкретен пример, ставам звучна изолација по дома, и им потенцирам дека сакам 2 х 5 см, и им плаќам за толку, а тие ми доаѓаат дома, и ме убедуваат дека е во ролна, затоа изгледа така, ќе се надуела кога ќе се одмотала, а на пакувањето убаво си пишува 5 см. Се јавив во фирмата што ги продава ролните да прашам, и ми викаат не, што пишува, тоа е, кога ќе се одмота е 5 см. Им викам на копуците вака и вака, сконтаа дека се во тесно, и синот ми ја врти приказната дека помешал нешто, и татко му, којшто работеше со него, ги заборавил другите во кола, и го прати демек да ги донесе, а уствари стариов отиде да докупи. На толку пари, ќе ми ставеа дупло помала звучна изолација, за да ќарат 20 евра. Рачунај која за*банција е после да корнеш ѕидови на ново, за да направиш како што треба, среќа што ги видов на време.

И пази друго, пред да почнат, мерат, и викаат 20 метри, ок, се договараме за толку, завршуваат со работа, и ми прават пресметка за 22, па нели за 20 ми направивте пресметка му викам, ааа не, 20 површина измеривме, ама отидоа табли за 22. А добро, вишокот табли што го пресметувате сега, а си го земавте, зошто ми го наплаќате? Демек тоа биле мали парчиња, за во ѓубре, ми направиле услуга со тоа што ги земале. Им платив за 20, и им реков да не ги видам никогаш повеќе. А ми ги препорача прв другар, кај којшто редовно со години му кречат.

Да не почнувам со механичарот, којшто исто така му е прв другар на другар, од 300 денари, на крај излегоа 300 евра, буквално. Исто и за паркетот, исто со препорака. А плочкариве, ако не им висиш над глава, плочки лепат со шлакање топки, па чуди се ти после зошто ти пукаат.

Изгледа си мислат дека чим се со препорака, имаш голема доверба во нив, па пробуваат да прават тоа што прават. Све копук до копук, за мои пари, ако сакам и мајмун ќе му ставам на глава да му игра дур работи, а не па да го оставам сам, мајстор оставање сам на себе е најголема грешка, каков сака професионалец нека е, и по чива сака препорака нека е.
 
Последна промена:

MacRazor

hello world
15 ноември 2017
234
148
Асален мајстор нема веќе за ништо. Ем ќе платиш колку ќе побараат, не им оборувам цена, ем ќе си кркаш нервози. Тоа е, сакаат да земат кеш а работата да ја нашлакаат колку да се рече, на брзинка. Сега електричар барам, двајца набркав, влегува од врата и дај ракиичка ми вика. Ајде сиктер тамо!
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.762
6.469
SK
Има саглам луѓе, може да се проценат а посебно кога ќе почнат да работат, дури и само од муабет се гледаат доста работи. Добар мајстор генерално не мора да му висиш на глава, ама треба да си во релативна близина. Препораки од некој што ги разбира работите исто се корисни.
И на крај, добар мајстор секогаш е нешто поскап а разликата во пари вреди 100%.

Ејј бе... Од тролање на авид до каде дојдовме со муабетов. :D
 
15 септември 2012
1.159
1.300
Све копук до копук, за мои пари, ако сакам и мајмун ќе му ставам на глава да му игра дур работи, а не па да го оставам сам, мајстор оставање сам на себе е најголема грешка, каков сака професионалец нека е, и по чива сака препорака нека е.

Постои во градежништво изрека: Инвеститорот (во случајов ти, газдата на станот) е СЕКОГАШ во право, па и кога греши. Затоа што он плаќа.
 
10 јули 2020
41
29


Не знам пријател, некаде по нормалниот свет, таму далеку, од Балканов.
Мислењето е автоматски споено:

Постои во градежништво изрека: Инвеститорот (во случајов ти, газдата на станот) е СЕКОГАШ во право, па и кога греши. Затоа што он плаќа.


Жал ми е што ќе кажам - не е точно.
Кога се работи за стручна работа, се слуша стручњакот. За да разбереш дали е таков и дали треба да му веруваш, треба предзнаење. Да, кај нас, добро предзнаење. Кај уредените општества, му веруваш 100%, ама заедно со адвокатот, му верувате.
 

Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.036
2.073
Скопје, Македонија
Кај уредените општества, му веруваш 100%, ама заедно со адвокатот, му верувате.
Кај уредените општества одат до таа крајност, да после сработување на целата работа, ги тераат да искршат на рандом места, за да видат што се работело во позадина, и по увидување дека се е сработено како што треба, си плаќаат и за закрпување на дупките, а доколку не е, тогаш адвокатот стапува на сцена.
 
Последна промена:
15 септември 2012
1.159
1.300
Не знам пријател, некаде по нормалниот свет, таму далеку, од Балканов.
Мислењето е автоматски споено:




Жал ми е што ќе кажам - не е точно.
Кога се работи за стручна работа, се слуша стручњакот. За да разбереш дали е таков и дали треба да му веруваш, треба предзнаење. Да, кај нас, добро предзнаење. Кај уредените општества, му веруваш 100%, ама заедно со адвокатот, му верувате.

Кој стручњак?

На форумов сте сите експерти (па и јас во некои области), ги знаете законите, правилниците, спецификациите на материјалите и викате „мастори“ да Ви работат по дома, па после се жалите дека ве заебал мајсторот.
А нема институција која издава мајсторски диплома во Македонија веќе 35 години...
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Тоа БИЛО НОРМАЛНО ПРЕД 40 ГОДИНИ. Денес лепакот на плочките се размачкува со назабени глетарки.
Во спротивно (тоа со топките, што го класифицираш како нормално) аглите на залепените плочки остануваат незалепени и се држат само со масата за фугирање....
Да, можам да го потврдам ова. Кога го реновирав станот, викнав градежно-занаетчиска фирма за да ги заврши сите работи, да не бркам различни мајстори. Кога го видов првиот плочкар дека работи така, со „топки“, му се јавив на газдата на фирмата да ми го тргне итно од пред очи (со истото образложение - аглите, па и споевите ќе имаат само маса за фугирање) и да ми испрати друг мајстор. Вториот мајстор си работеше како што треба. Жими само тој и само електричарот. Сите други (водоводџии, гипсари, молери, ...) беа очај и катастрофа. За среќа осветлувањето сам си го правев. Со малку повеќе знаење секој сам може дома да си направи многу добро осветлување - не ти требаат алати како за останатите занаети, па да мора да викаш „мајстори“. Сум се изнагледал погрешни осветлувања (и озвучувања) направени од извикани фирми...
 
10 јули 2020
41
29
"" За среќа осветлувањето сам си го правев. Со малку повеќе знаење секој сам може дома да си направи многу добро осветлување - не ти требаат алати како за останатите занаети, па да мора да викаш „мајстори“. Сум се изнагледал погрешни осветлувања (и озвучувања) направени од извикани фирми ""

Јас пред се' за струја-та мислев и водовод. Занатските работи по дома.
Само мајстор да се слуша. Ама на мајстор навистина мислев. Иако не сум стручен, знам што е грешно. За жал се нагледав од грешки и САМ СВОЈ МАЈСТОР. Струјата е најпроблематична за полустручни. ЛОШ ГОСПОДАР - ДОБАР СЛУГА. Жалам што доаѓа време на " добри теоретичари" а лоши практичари.
Секоја чест на исклучоците, посебно на членот од кого го искористив написот за цитат.
 
Последна промена:

caki

hello world
1 август 2010
481
152
Каде можам да најдам Лед 4000к сијалица максимум до 500 лумени ? За во спална ми е, навикнат сум на таа јачина, не трпам посилни. Барав на 5-6 места но имаше само во Реплек Хубо Horoz 4200к 500 лумени, но последна беше. Ја земав таа и ми одговара, но сакам да си имам резерви. Ми кажаа од Реплек ке донеле пак но не знаат кога.

Доколку сеуште не си купил, јас купив од Хубо/Рептил кај Систина, 5.5W, 4000k, 426 lumeni
IMG_20201117_002026.jpg
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.762
6.469
SK
Препорака за продавницава: the led Reg Store - Amazing prodcuts with exclusive discounts on AliExpress

Нарачав 3 ватна, 5 ватна, и 12 ватна лампа со PIR сензор. Сите беа со слична цена, окулу ~2.5 долари (со поштарина). Стигнаа за окулу месец и нешто, работат ок.

Еве и линкови, 3 линка пошто кинези како кинези истите лампи ги продаваат за различни цени во различни понуди:


Овие со PIR сензор се ок, последната ја користев со години - се урочив кога спомнав на бајсикл пред некој месец. Сега се популарни и лампи со сензор на звук, и поевтини се, само мене ми е ретардирано да и зборам на лампата - на пример кога влагам во тоалет - а вие како сакате. :p

Патем кога сме кај муабетот - Бајсикл, кажи што беше финтата за да се продолжи животот на PIR сензориве, нешто спомна за ставање кондензатор пред/после сензорот?


едит: и ова ми стигна, ама којзнае кога ќе му дојде ред да го пробам/употребам.
Hca9e1f2839c84bfabb6603fe39df709dt.jpg

H296bf6e1ee314da59a698be51ec53b09E.jpg

H111b0875f6df417dad713d06dc6dcd8br.jpg
 
Последна промена:

artweb

user
5 март 2012
1.428
709
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10
Зошто ретардирано?
Ем кењаш ем муабет си правиш со лампата.
 

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Еден месец без активност на тема LED светилки?! А секој ден (ноќ) ги употребувате!? Зарем не ви е важно правилното осветлување? :)
Да ја освежам малку темата „Избор на температура на боја на LED светилките во однос на нивото на осветленост“ - еве уште еден научен труд на истава тема, кој е јавно достапен:
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3897760/pdf/cpn-11-126.pdf
Анализирани се 32 испитаници, со 4 комбинации на осветлување: температура на боја 2.800 и 5.900 К (приближно), осветлување 300 и 600 lux. Притоа мерени им се и мозочните алфа бранови со EEG!
Интересно е, прочитајте!
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Последна промена:

Mar tiN

lurker
2 јануари 2014
877
633
Mar tiN's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-12400F
Motherboard
ASUS PRIME B660M-A D4
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus M.2 + Western Digital 4TB
PSU
Cooler Master B500 ver.2
RAM
Kingston HyperX FURY™ 64GB
Video card
ASUS Dual GeForce RTX™ 3050 OC Edition 8GB
Case
Cooler Master K350
OS
Windows 11 Pro x64
Дечки , дали знаете кој е увозник за Horos elektrik сијалиците , барав по нет не можев да најдам
 

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.044
1.128
Куманово
Horos не е веќе тој квалитет како што беше, друга фабрика - тотален шкарт, јас сум задоволен со Hyindai - барај во Електроелемент
Дечки , дали знаете кој е увозник за Horos elektrik сијалиците , барав по нет не можев да најдам
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно