Јас од овие два би го избрал Benq-от бидејки има поголема резолуција, односно Full HD. Иначе скоро во се друго се исти.
Кај го има Benq-от кај нас и која е цената?
во тнт маркет 8.800 ден. по се изгледа ќе го земам BenQ![]()
G2220HD е,фала за советивеСигурен си дека е G2220HD, а не е G2220HDA?Провери добро, вториов нема DVI влез. http://www.benq.com/products/LCD/?product=1368&page=specifications
Најдобро е пред да го купиш да се увериш на лице место. И не заборавај да побараш да го приклучат пред тебе тој монитор за којшто ќе се одлучиш, да го испробаш и да се увериш дека е целосно исправен, без мртви пиксели и други можни дефекти. Во случај да има дефект од некој тип, побарај друг монитор од истиот модел и со него повторете ја постапката. Во случај да не се согласат на твоето барање да го тестираш мониторот би ти препорачал да не купуваш од конкретната фирма, во зависност од тоа за кој модел си се одлучил.
Можно е, доколку има мртви пиксели да одбијат да ти достават друг монитор, но инсистирај , бидејќи не секој монитор од една серија/модел е дефектен.