Посебно пошто претекува во обратна насока. Тоа е ситуација каде и возрасни луѓе гледаат на десно откаде иде сообраќајот. Не од лево од каде само имбецил во спротивна насока може да претекнува застанато возило.Детето, или кој и да е, нема должност да гледа зад возилото кое застанало дали има кретен кој одлучил да претекнува.
За тешки дела треба и целосна, или 10+ години забрана за возење.Конкретно најновата прича со Поршето што не сакаат да го кренат (спојлер, полицаецот што одби ќе биде чешлан од внатрешна контрола)
Луѓето се кварливи секаде. И на запад да ги тргнеш казните ќе биде 100 пати полошо од овде.
Кумулативни казни. Третиот пат огромна + одземање на возачка.
За тешки дела, и возилото.
Инаку и ова со детево и тоа со Поршето, се доказ дека треба што повеќе да се снима и да се става на нет на увид на јавност. Само така изгледа овде се дава мотивација да се работи работата... Инаку џандарот си иде по линија на помал отпор, ако го дигне Поршето ќе го реметат врските на газдата. Вака остај не си ја работи и нема да те замараат... Арно ама сега кога излезе во јавност и се дигна прашина, мора да го чешлаат. Ако, само така.
Мислењето е автоматски споено:
И ви велам на сите, ставајте си камери во колите буквално од ништо е измислено тоа дека не смеело камери да се има во колите. Милион постови се разменија, закони се толкуваа, амана крај секако на јавен простор е дозволено да се снима.
Мислењето е автоматски споено:
Да, најголема грешка му е што побегна од местото. Има испрекината линија, тргнал да престигнува....Не возел во спротивна насока, едноставно престигнувал.
Ако има пешачки премин, можеби ќе биде повнимателен. Но овде не се гледа зебра, нема знак.
Чекај сега, ти онаму не гледаш ленти од пешачки премина - ама некако успеа да видиш испрекината линија??
Последна промена: