Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Детето, или кој и да е, нема должност да гледа зад возилото кое застанало дали има кретен кој одлучил да претекнува.
Посебно пошто претекува во обратна насока. Тоа е ситуација каде и возрасни луѓе гледаат на десно откаде иде сообраќајот. Не од лево од каде само имбецил во спротивна насока може да претекнува застанато возило.

Конкретно најновата прича со Поршето што не сакаат да го кренат (спојлер, полицаецот што одби ќе биде чешлан од внатрешна контрола)

Луѓето се кварливи секаде. И на запад да ги тргнеш казните ќе биде 100 пати полошо од овде.

Кумулативни казни. Третиот пат огромна + одземање на возачка.
За тешки дела, и возилото.
За тешки дела треба и целосна, или 10+ години забрана за возење.
Инаку и ова со детево и тоа со Поршето, се доказ дека треба што повеќе да се снима и да се става на нет на увид на јавност. Само така изгледа овде се дава мотивација да се работи работата... Инаку џандарот си иде по линија на помал отпор, ако го дигне Поршето ќе го реметат врските на газдата. Вака остај не си ја работи и нема да те замараат... Арно ама сега кога излезе во јавност и се дигна прашина, мора да го чешлаат. Ако, само така.
Мислењето е автоматски споено:

И ви велам на сите, ставајте си камери во колите буквално од ништо е измислено тоа дека не смеело камери да се има во колите. Милион постови се разменија, закони се толкуваа, амана крај секако на јавен простор е дозволено да се снима.
Мислењето е автоматски споено:

Да, најголема грешка му е што побегна од местото. Има испрекината линија, тргнал да престигнува....Не возел во спротивна насока, едноставно престигнувал.
Ако има пешачки премин, можеби ќе биде повнимателен. Но овде не се гледа зебра, нема знак.

Чекај сега, ти онаму не гледаш ленти од пешачки премина - ама некако успеа да видиш испрекината линија??
 
Последна промена:

InSides

lurker
21 февруари 2009
760
2.019
Дете ќе биде дете - постојат неброено причини зошто легислативата специфично издвојува деца.

Никој од нас не бил на лице место таму (претпоставувам), но од видеото би рекол дека детето се однесуваше прилично прописно. Би замерил на претрчувањето можеби, но најверојатно не - кој би очекувал од спротивна насока возило.

Ако се најде адвокат што ќе успее да покаже (без рушвет) дека моторциклистот нема 100% вина, би сакал да го запознаам.
Мислењето е автоматски споено:

А околу камера во автомобил, најверојатно и се подобра идеја ќе станува тоа како мине времето.
 

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.771
4.493
Неготино
На секоја раскрсница има пешачки премин.
1743772067642.png
1743772084815.png

А где је пешачки премин? Никогаш немало тука, сите претрчуваат улица, можам да кажам откога постои Неготино.
Исто и јас каде што живеам во Неготино, ниту обележан пешачки премин има, ниту знак.
ПС: @Fatal1ty_ и остала екипа, ве молам поместете ги мислењава во нова, релевантна тема. Губи смисла темава со дискусијава.

Данкешон.
 
18 август 2019
1.219
1.193
Чекај сега, ти онаму не гледаш ленти од пешачки премина - ама некако успеа да видиш испрекината линија??
Моја грешка. Помешав со она што го прикажува Гугл. Тоа било пред 10 години и не е актуелно во моментов.

Но не гледам ниту полна линија која би значела дека мотоциклистот прави прекршок во таа смисла. Не вози ниту во погрешна насока. Можеме само да дискутираме околу престигнување на раскрсница, која во случајов ја нема од лева страна.
 

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.027
1.842
Скопје
Посебно пошто претекува во обратна насока. Тоа е ситуација каде и возрасни луѓе гледаат на десно откаде иде сообраќајот. Не од лево од каде само имбецил во спротивна насока може да претекнува застанато возило.


За тешки дела треба и целосна, или 10+ години забрана за возење.
Инаку и ова со детево и тоа со Поршето, се доказ дека треба што повеќе да се снима и да се става на нет на увид на јавност. Само така изгледа овде се дава мотивација да се работи работата... Инаку џандарот си иде по линија на помал отпор, ако го дигне Поршето ќе го реметат врските на газдата. Вака остај не си ја работи и нема да те замараат... Арно ама сега кога излезе во јавност и се дигна прашина, мора да го чешлаат. Ако, само така.
Мислењето е автоматски споено:

И ви велам на сите, ставајте си камери во колите буквално од ништо е измислено тоа дека не смеело камери да се има во колите. Милион постови се разменија, закони се толкуваа, амана крај секако на јавен простор е дозволено да се снима.
Мислењето е автоматски споено:




Чекај сега, ти онаму не гледаш ленти од пешачки премина - ама некако успеа да видиш испрекината линија??
џандарот па не е главниот играч/кривец .. туку системот, он е е*ан и така и така нажалост. Проблем (најголем) се глаучите што ги има сегде ..
 

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.099
2.342
Погледнете го атачментот 148916
Погледнете го атачментот 148917

А где је пешачки премин? Никогаш немало тука, сите претрчуваат улица, можам да кажам откога постои Неготино.
Исто и јас каде што живеам во Неготино, ниту обележан пешачки премин има, ниту знак.
ПС: @Fatal1ty_ и остала екипа, ве молам поместете ги мислењава во нова, релевантна тема. Губи смисла темава со дискусијава.

Данкешон.
Регионален пат е ова. Не важат правилата за градски улици на регионални патишта.
На сликиве се гледа дека е оставен дел каде што е предвидено да има пешачки премин. Тоа што општината не си ги одржува обележјата е друг проблем и истото е и во железара каде што има пешачки премин ама не го одржуваат.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
џандарот па не е главниот играч/кривец .. туку системот, он е е*ан и така и така нажалост. Проблем (најголем) се глаучите што ги има сегде ..
Јасно, џандарот игра како што му кажуваат да игра (официјално е едно, неофицијално е друго). Епа кога пар џандари вака за (нивна) жал ќе нaeбат (ваљда не многу), другпат во во такви ситуации ќе биде „извини брат, не можам да ти завршам работа“.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
Каде јас напишав дека го оправдувам возачот? Зошто сакате да си измислувате работи? Јас тврдам дека и двајцата се виновни.
Затоа реков индиректно. Не знам што мислиш дека преостанува да се мисли кога у два поста замараш за детето и пешачкиот премин?
Еве ти ги двата поста до пред мојот.

A детево ја преминува ли улицата на обележан пешачки премин?

Јас на снимката никаде на асфалтот не гледам исцртан пешачки премин нити па има знак дека има пешачки премин. Еве јас не сум од Скопје и појма немам дека тука имало( или сеуште има ама не се гледа) пешачки премин.
И ако нема пешачки премин детето треба да чека за да ја премине улицата кога нема автомобили или ако некој застане и го пушти а не да трча на сред улица вака.
И не, не сум моторџија.
Се уби тврдејќи дека е виновен возачот. Се уби. Само слепец не може да ја види твојата јасна осуда кон моторџијата кој претекнува на ваква улица и вози во спротивна насока, уште на тротоарот од другата страна што не се качи. Oh wait. Нема такво нешто. Ама измислувам работи, океј.

Што се однесува до мојот „доживљај“, таман си е. Да, оружје имаш кога си зад волан. Жал ми е што не можеш тоа да го видиш. Апсолутно ништо не ме интересира во однос на тоа дали ти си поминувал 17 милиони километри годишно, и дали си примерен возач. Мене ме интересираат само овие 2 поста кои содржат огромна осуда кон возачот. But again, oh wait.
 
Последна промена:

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Затоа реков индиректно. Не знам што мислиш дека преостанува да се мисли кога у два поста замараш за детето и пешачкиот премин?
Еве ти ги двата поста до пред мојот. Се уби тврдејќи дека е виновен возачот. Се уби. Само слепец не може да ја види твојата јасна осуда кон моторџијата кој претекнува на ваква улица и вози во спротивна насока, уште на тротоарот од другата страна што не се качи. Oh wait. Нема такво нешто. Ама измислувам работи, океј.





Што се однесува до мојот „доживљај“, таман си е. Да, оружје имаш кога си зад волан. Жал ми е што не можеш тоа да го видиш. Апсолутно ништо не ме интересира во однос на тоа дали ти си поминувал 17 милиони километри годишно, и дали си примерен возач. Мене ме интересираат само овие 2 поста кои содржат огромна осуда кон возачот. But again, oh wait.
Тотално ми е небитно ти како сваќаш према кого имам осуда. Јас само поставив прашање дали детево поминува на обележан пешачки премин?
Ти се воспали овде со секакви глупости. Ти на твое дете вака ли ќе го воспитуваш да преминува улица?
И со тупаница можеш да убиеш некого. И тупаницата ли е оружје?
Sensational.. Легенда
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Avid

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Можеме само да дискутираме околу престигнување на раскрсница, која во случајов ја нема од лева страна.
Само за тоа? Не за незастанување кога очигледно се гледа застанато возило од десно?
Ти не застануваш или макар успоруваш, кога треба да одминеш возило од десно кое што пред твои очи застанува? Зошто застанува на раскрсницата, за да симне патник на сред раскрсница? За нешто друго (нелогично)?

Друже, како да ги завртиш работиве не си во право. Не знам зошто упорно го браниш тој 63 годишниот имбецил, ама дури и некако да се проектираш на негово место пак е глупаво пошто треба да увидиш и сам дека колку и да го браниш пак моторџијата е крив по неколку основи. Додека детето е криво само за неискуство, тоа дете уште не знае дека живее во средина со имбецили. Или не... Детето дозна за тоа на прилично лош начин.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.717
15.811
youtu.be
Сообраќајни експерти еден куп, но зошто детето претрча!?

Следете го неговото движење од миг во миг и сѐ ќе ви стане јасно.
Кога возилото застана за да пропушти пешак, детето тргна бавно, кога погледна на десно и виде дека од таа страна од далеку му иде моторџија, дури тогаш се затрчува за да ја мине улицата побрзо и безбедно, но кобно беше тоа што од неговата лева страна му налета идиотов со голема брзина.

И да, да возеше побавно моторџијата иако прави прекршок, „можеби“ ќе успееше да го одбегне детето или закочи на време, велам „можеби“ земајќи го фактот дека беа двајца на моторот а самото тоа предизвикува поголема инертна сила за која што е потребно поголемо растојание на кочење.

Било каква да е ситуацијата, на тоа место не смее да се претекнува, нема никакво оправдување за моторџијата. Колку што разбрав денес од медиуми, ќе го крка кривично по три основи.
 

olt96

hello world
18 јуни 2015
229
259
olt96's setup  
Processor & Cooler
r5 7600x
Motherboard
asrock b85m pro
Storage
1TB NVMe Samsung
PSU
deepcool 860w
RAM
32 gb corsair
Video card
7800xt
Case
Lancool 216
OS
windows 10
Ова нечекањево е многу честа појава во скопскава сељачана.
По последнава недела две ситуации:
Колата пред мене врти десно, подзастанувам, буквални 10 секунди беа во прашање.
Типот од позади ме обиколи во спротивна лента, буквално за 2 метри не направи судар.
За што? Буквално 6 секунди заштеди, позади него бев.
Кисела вода на булеварот, тип во опасен мерцедес претицува на ПОЛНА ЛИНИЈА исто за ваква работа, беше пред мене кога претица, и двајцата го фативме семафорот.
Толку ли немаат луѓево risk/reward во главата бе.
за ебани 10 секунди, некогаш и помалце ти рискираш свој и живот на други луѓе.
говеда гадни.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Сообраќајни експерти еден куп, но зошто детето претрча!?

Следете го неговото движење од миг во миг и сѐ ќе ви стане јасно.
Кога возилото застана за да пропушти пешак, детето тргна бавно, кога погледна на десно и виде дека од таа страна од далеку му иде моторџија, дури тогаш се затрчува за да ја мине улицата побрзо и безбедно, но кобно беше тоа што од неговата лева страна му налета идиотов со голема брзина.
Ова се обидов да го објаснам во пар прилики, ете ти поелоквентно го правиш тоа. :)
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Сообраќајни експерти еден куп, но зошто детето претрча!?

Следете го неговото движење од миг во миг и сѐ ќе ви стане јасно.
Кога возилото застана за да пропушти пешак, детето тргна бавно, кога погледна на десно и виде дека од таа страна од далеку му иде моторџија, дури тогаш се затрчува за да ја мине улицата побрзо и безбедно, но кобно беше тоа што од неговата лева страна му налета идиотов со голема брзина.

И да, да возеше побавно моторџијата иако прави прекршок, „можеби“ ќе успееше да го одбегне детето или закочи на време, велам „можеби“ земајќи го фактот дека беа двајца на моторот а самото тоа предизвикува поголема инертна сила за која што е потребно поголемо растојание на кочење.

Било каква да е ситуацијата, на тоа место не смее да се претекнува, нема никакво оправдување за моторџијата. Колку што разбрав денес од медиуми, ќе го крка кривично по три основи.
Јас па поинаку гледам малце. Мислам дека возилото немаше намера да застане и да го пропушти. Застана бидејќи имаше застој во сообраќајот и мораше да застане.
Како би знаел човекот во колата дека детево сака да премине улица кога нема( не се гледа) пешачки?
На секој ли што стои на тротоар треба да застануваш и да го пропушташ?
Затоа постојат сообраќајни правила и прописи за да биде безбеден сообраќајот.
Само @Avid да не се налути пак, драгоцено време изгубив во теретана да манијачам хеланки ради него со форумов. :DD
 

Titanium

hello world
1 март 2024
359
196
Врти, сучи, целава дискусија се сведува на народната ,,Кој си ја има мувата на капата, си ја ишка". Еве пробувам да видам да не има некое парче од SpaceX да пролетува, па затоа да застанал возачот што го пушти детето да помине, или истото да му засметало на Том Кукуруз на моторот, ама дефинитивно нема.

Така да..
1. Тешко дело во сообраќајот со загрозување на животот на пешакот и нанесување на телесни повреди поради претекнување на недозволено место,
2. Загрозување на животот на патниците (навигаторот позади на прпрошката) и пешакот поради недозволена или неприлагодена брзина на возилото на условите на патот,
3. Загрозување на животот на сопатникот поради неносење на кацига, за што е одговорен возачот.
4. Непружање помош на повредено лице на патот и напуштање на местото на несреќата.

Ако пропуштив нешто дополнете слободно. И со некоја реченица од типот ,,The Mentalist" околу тоа што мислеле или не мислеле учесниците на снимкава, не е проблем.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.717
15.811
youtu.be
Застана бидејќи имаше застој во сообраќајот и мораше да застане.
Грешка си, застана бидејќи детето веќе со едната нога стапна на коловозот.

Јас па поинаку гледам малце.
Во право си, поинаку ги гледаме фактите.

btw. Ако имаш време, направи малку анализа на овој немил настан.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Како би знаел човекот во колата дека детево сака да премине улица кога нема( не се гледа) пешачки?
На секој ли што стои на тротоар треба да застануваш и да го пропушташ?
Да на секој штое застанат мора да му обрнеш внимание, не мора буквално да застанеш доволно е доволно да успориш и да се осигураш дека никој не поминува улица во твојот слеп агол... Не е ни битно што е законот, ти ќе живееш со совеста дека си удрил или недајбоже си убил некој, можеби и дете.

Истото важи и за автобус застанат на автобуска. Никад не знаеш кога некој копиљ ќе истрча да помине улица кај што не треба. Кога го одминуваш автобусот успоруваш, или ако има трета лента и имаш место, си идеш во најлева лента.

Во даденава ситуација па буквално се работи за пешачки премин. Тие што живеат таму знаат дека таму има премин, а тие што не знаат ваљда нема да се чуствуваат толку слободно за да возат во спротивен правец. Така да извесно и тој стариот на моторот знаел, ама К го болело пошто 1000 пати направил така. Епа овојпат удри дете и сега ќе го јаде немиен. И кажи ти сега, макар и само од себичен аспект: Дали таквото однесување се исплати?

Јас па поинаку гледам малце. Мислам дека возилото немаше намера да застане и да го пропушти. Застана бидејќи имаше застој во сообраќајот и мораше да застане.
Детето стапна на коловоз, не со трчање туку со една нога за да го видат и да застанат автомобилите. Две девојчиња беа, чекаа претходно ама никој не застана.



Во право си, поинаку ги гледаме фактите.

:geek:
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Грешка си, застана бидејќи детето веќе со едната нога стапна на коловозот.


Во право си, поинаку ги гледаме фактите.

btw. Ако имаш време, направи малку анализа на овој немил настан.
У да. Уште едно девојче има тука и мислам дека прави одлична одлука да не истрча вака со другото дете. Од спротива доаѓа уште еден мотор кој е прашање по мене дали и он не би го удрил детето поради небезбедно преминување на улицата.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Гледаш @Скоти како @krema е паметен и си знае дека не може он толку да ти објасни колку што ти можеш да се правиш дека не разбираш?

Јас од друга страна... Абе, другиот моторџија ќе ја згазел ако не ја згазел првиот? Па другиот моторџија беше причина зошто девојчето потрча. Ама ти си премногу тврдоглав за да ја признаеш реалноста. Што направи погрешно девојчето. Чекаше да помине гледајќи лево, потоа стапна со една нога за да застане кола. Застана кола. Улицата има две ленти, девојчето погледа десно виде доволно далеку моторџија ама потрча за да помине безбедно... И тогаш ја учука имбецилот кој што го браниш, надоаѓајќи од спротивен правец не застанувајќи на пешачки премин кој не е битно што не го гледа пошто секако мора да застане кога има друго застанато возило.

Ама ти знаеш подобро, нели? Детето е криво... Така?
Ај сега кажи дали имаш деца, и зошто не.
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Гледаш @Скоти како @krema е паметен и си знае дека не може он толку да ти објасни колку што ти можеш да се правиш дека не разбираш?

Јас од друга страна... Абе, па другиот моторџија беше причина зошто девојчето потрча. Ама ти се премногу тврдоглав за да ја признаеш реалноста. Што направи погрешно девојчето. Чекаше да помине гледајќи лево, потоа стапна со една нога за да застане кола. Застана кола. Улицата има две ленти, девојчето погледа десно виде доволно далеку моторџија ама потрча за да помине безбедно... И тогаш ја учука имбецилот кој што го браниш, надоаѓајќи од спротивен правец не застанувајќи на пешачки премин кој не е битно што не го гледа пошто секако мора да застане кога има друго застанато возило.

Ама ти знаеш подобро, нели? Детето е криво... Така?
Ај сега кажи дали имаш деца, и зошто не.
Ти си еден од членовите за кого сметам дека е најбезполезно човек да влезе во дискусија.Треба човек скроз да исклучи мозок за да влезе во дискусија.
Заобиколи ме нареден пат во широк лак
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Ти си еден од членовите за кого сметам дека е најбезполезно човек да влезе во дискусија.Треба човек скроз да исклучи мозок за да влезе во дискусија.
Заобиколи ме нареден пат во широк лак
Едноставно е. Ако не можеш да се справуваш со постоење на аргументирани спротивставени мислења тогаш имаш две опции:
  • ignore функцијата на форумот
  • не учествувај во јавни дискусии посебно не со екстремно спротивни мислења, и нема да имаш реплики кои не сакаш да ги слушнеш

Ама не очекувај од мене да ти исполнувам желби. Ниту било кој друг. Сѐ додека пишуваш мислење, некој ќе ти напише реплика. Дали некој како јас без влакна на јазикот, или некој кумбаја лик како Крема, ама веројатно ќе добиеш реплика и од двата типа на карактери... Тоа ти е јавен форум за тебе, и не си од вчера за да не го знаеш ова.

Не ти се допаѓа да те прозиваат со аргументи?

Епа што да ти кажам, тешка работа.
Мислењето е автоматски споено:

едит: Е и да не го заборавам ова, обожавам кога ми реплицираат со лајк смајлија ликови кои сум ги истапшал во дискусија. Фала! :D
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.049
7.724
Тие што на тендери подметнуваат боја која што не одговара на стандардите (најдете ги, Македонија ги има прифатено европските IeC IEN не знам кој број) и тие што, од како некој муфљуз ќе го добие тендерот, не проверуваат што е испорачано, треба да одговараат заедно со мотоциклистот затоа што му спасија 300 евра и најмалку три месеци одземање на дозвола. Ова е члено од Закон ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА:

Член 58
(1) Возачот не смее да престигнува друго возило кое се приближува кон обележан пешачки премин, кое преминува пешачки премин или кое застанало заради пропуштање на пешаци на тој премин.
(2) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Тендерашите и надлежните треба да одговараат секако. Можеме да видиме дека бојата е неквалитетна, на гугл мап некако останале комбинации од различни фотографии и буквално гледаме како за неколку месеци бојата ја нема.

Инаку моторџијата секако нема да му избега казна, заради тоа што по повеќе основи е крив и заради тоа што очигледно е некое рандом копито без некои врски.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно