Скоти
user
- 15 октомври 2013
- 1.273
- 2.346
Во тие земји, 90% од населението е со добар менталитет и не е корумпиран до коска. Кај нас е обратно. Тие 10% кај нив не ја менуваат сликата дека цело население е корумпирано.. Не се јавуваат кај пријатели да им ја скинат казната, си ја признаваат грешката и ќе си платат а кај нас ќе се правдаш пред пријатели дека безпотребно те казниле јер тука кај шо си поминал ти на полна линија не требело да биде полна, зашо прегледно било и плус си се брзал.
Мислењето е автоматски споено:
Еве една случка од пред не толку далечно минато
2018 година бев на работа во Нов Зеланд.
Требеше да земам даночен број од банка за да не ми запираат 45% од платата.
Одиме со колегава заедно во банка на средба со агент и женава ни вика извинете дечки али немаме слободен агент за оваа работа за наредни 2 недели.. Се гледаме очи во очи со колегава и си викаме абе сеа шо ќе прајме 2 плати ќе не одерат со даноци( плата се исплаќаше неделно)
Врти сучи колегава и вика на жената, а може ли да направиме нешто во врска со ова? Да ве почастиме нешто, да ви дадеме, за да не убаците во некој термин за побрзо?
На тоа госпоѓата вика, дечки не знам од каде доаѓата ама тоа овде не функционира на тој начин!
Во црна земја пропаднавме со колегата во истиот момент и тогаш ми стана јасно од каде доаѓаме..Опашката во газ и да не нема. Туга..
Последна промена: