После два месеци гњаважа ми приватија пдф од НЛБ на англиски.
Дечки, бидејќи пред срцев удар сум од нервози и чекање во банка и одбивања на се што ќе им се даде... бидете љубезни да ми одговорите на следново просто прашање.
pipelin спомна дека треба да се посети табот за трансакциски сметки на нлбклик ( https://www.nlbklik.com.mk/Retail/Account?Language=en-US ), па оттаму без разлика дали ќе одберам таа во денари или евра, внатре во пдф-то е се генерирано на англиски (нормално, pre-written text) бидејќи претходно горе од иконата за јазик одбрав англиски, но самото име и адреса кои отпосле се вметнуваат, тие се на кирилица. Ќе помине тоа или има финта да ги добијам и името и презимето на латиница без да изводам со пдф едитор ?