Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Најдобар бојлер кај нас

DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.631
Скопје / Автокоманда
Пошто следна година се спремам да реновирам WC со то што таблата за струја ми е ептен блиску до WCTO лесно ќе ми биде да извадам струја каква и да треба за бољер кој е проточен.
Но имам проблем каде што јас сум на 10ти спрат е сега ми треба некој тука ако има познавање во тие проточни бољери да ми каже во врска со притисокот кој ќе биде најдобар да го наместам бидејќи осеќам понекогаш во летно време притисокот не е како што треба.
Слушнав дека требало да има одреден притисок па затоа да прашам која марка ќе биде најдобра да ја наместам ПАРИТЕ НЕ СЕ ПРОБЛЕМ И ЦЕНАТА.
Благодарам
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.664
1.817
Конкретно искуство со Bosch проточни хидраулични и електрично.

Првите се малку понепрецизни за греење, фаза по фаза се пали и се да кажеме на 1/3, 1/2 или 1 моќност, едноставно се направени и човек може со малку внимание сам да ги сервисира.

Вторите се многу поелегантни за работа, константа температура, но како што ми кажаа и во Горенец доста покомплицирани за сервис.

Секако ти треба и саглам инсталација на струја, пример според упатството за 18 kW ти треба 4mm2 кабел, но препорачливо од мајсторите е 6mm2
 
ann@

read-only
25 септември 2009
20
20
Фала ви.
А Стибел како се со сервис? Оти како што разбрав за скопскава вода ќе бара сервисирање на греач. Може и нема да треба, ама за секој случај.
Ние бевме во Вуделго и таму убаво ни објаснија за бојлерите и разликата меѓу хидрауличен и електронски. Јас како што разбрав за хидрауличен ти треба добар притисок, додека за електронски не и електронските се попрецизни за работа, меѓутоа потешко се чисти греачот.
За Стибел читам по интернет дека се поедноставни од тој аспект. Се уште се мислиме дали хидрауличен или електронски. Притисок мислам дека имаме константен, во висока зона сме на четврти кат. Од друга страна знае да снемува вода (Аеродром јбг) па електронскиот ќе мора на секое снемување вода да го исклучуваме од табла. Вака некако ми објаснија во Вуделго.
Таблата ни е блиску, па копање нема да биде голем проблем. Секако пред било што да инсталираме и да купуваме ќе дојде струјаџија да каже.
Стибел во Елипсо ги има, така? Каде имаат продавници освен кај Олимписки?
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.174
3.229
Струмица
А Стибел како се со сервис?
На Stiebel не ти треба сервис, особено хидрауличните. Поназад некоја страна имам пишувано за моето животно искуство со овој бренд, и да бидам искрен, мајстор за него немам викано.
Од 1988 досега сум на проточен, првиот си живееше скоро четврт век, вториов еве го кај и да е ќе направи декада. Никогаш досега не требало да го чистам проточниот бојлер, немаме тврда вода.
Строго Stiebel Eltron. Има 1-2-3 јачина и досега не сум имал потреба да уклучувам на тројка. Кецот се користи цело време, двојката од Ноември до Март.
Притисок од 3-4 Bar би бил сосема доволен.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.901
5.620
На Stiebel не ти треба сервис, особено хидрауличните. Поназад некоја страна имам пишувано за моето животно искуство со овој бренд, и да бидам искрен, мајстор за него немам викано.

Притисок од 3-4 Bar би бил сосема доволен.
Среќа не си у Скопје со нашава вода, иначе ќе видеше дали треба или не чистење

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
Fidan

hello world
18 април 2017
143
148
Пошто следна година се спремам да реновирам WC со то што таблата за струја ми е ептен блиску до WCTO лесно ќе ми биде да извадам струја каква и да треба за бољер кој е проточен.
Но имам проблем каде што јас сум на 10ти спрат е сега ми треба некој тука ако има познавање во тие проточни бољери да ми каже во врска со притисокот кој ќе биде најдобар да го наместам бидејќи осеќам понекогаш во летно време притисокот не е како што треба.
Слушнав дека требало да има одреден притисок па затоа да прашам која марка ќе биде најдобра да ја наместам ПАРИТЕ НЕ СЕ ПРОБЛЕМ И ЦЕНАТА.
Благодарам
Здраво @DemoUser
Сега го прочитав постов и да споделам мое искуство.
Не е проблем дома струјата и каблите, ќе ставиш и појаки осигурачи. Проблем е кабелот што оди од кај тебе дома до доле до главна табла. Односно обично становите (бар кај мене во зграда со парно) имаат 16киловати кабли или како и да се вика. Главниот кабел што оди од дома таблата до доле главната табла е предвидена потрошувачка не повеќе од 16 киловати. Само протечниот бојлер за купатило е околу 18-20-24 киловати, плус другите секојдневни работи што си оптеретуваат, машини, фрижидери, компјутери...
Јас сакав да ставам дома проточен бојлер и електричарот што ми ја правеше струјата во цел стан ми кажа дека он тоа нема шанса така да го спроведе, зашто со тек на време можно е и да ја запалиш цела зграда. Ако сум сакал проточен бојлер, да ископа цела зграда и да спроведе соодветен подебел кабел од кај мене до приземје до табла.
Не сум стручен за струја, ама и со други електричари што зборев истото ми го кажаа.
Исто така знам и комшии кај мене во зграда што имаат проточни бојлери :)
 
DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.631
Скопје / Автокоманда
@Fidan кај мене на секој спрат има табла за осигурачи пошто се по 5 стана на спрат е сега како што кажуваш ти најубаво е да се види какви кабли се пуштани ама не верувам оваа зграда е правена од времето на тито воедно бакарот тогаш имал квалитет јас кој и да донесам струјаџија кажува ваков квалитетен бакар не наоѓаш сега или само ако се окозиш од давање пари.
Е сега најубаво е да си викнам да си проверат првин чим така кажуваш али мислам дека кај мене има во зградава што има проточен бољер ставено на еден спрат и не гледам да има проблем.
Али сепак фала ти на инфо најубаво електирчар да си каже првин како кај тебе што е.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
821
1.269
Демо, ти живееш на последен спрат? Ако да, размисли и за соларно на кров. Џабе бањање преку летото, а проточен за зимно време.
 
Мојата зграда е исто од 1980 тите, супер градена по сите стандарди, ама бидејќи е предвидена со парно да биде, има пресметана потрошувачка по стан помала, ваљда е нокој стадард тоа. Ти кажав дека знам дека има и кај мене комшии што имаат проточни бојлери и еве фала богу до сега сме немале проблем. Ама секако види си со електричар зашто одговорноста е голема ако не дај боже нешто се деси.

Иначе мислам дека проточните бојлери не фаќаат бигор како обичните и секако се поекономични.

Прошлиот викенд го менував баш дома бојлерот во купатило. Имав Леов 80литри хоризонтален, 13 години не беше исчистен ниту пак сервисиран. Пред некој месец почна да капе по малце од кај греачот, најверојатно од бигор и веќе почна од внатре да скапува. Решив дека е поевтино да го сменам него ли да го чистам. Си купив ист таков за 7600ден. Супер сум задоволен како си работеше, а беше најевтин. Имам и во малото вц исто Леов од 30литри што е поврзан и во кујна. Еве го 13 години нит е чистен нит сервисиран и си работи супер. Не се гасат кај мене бојлери
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.664
1.817
Колку што знам ЕВН предвидува за секое домаќинство стандардни приклучоци до 40 kW и согласно од главните осигурачи во влезот до секој стан оди кабел со напречен пресек од 10mm2. Потоа од таблата со осигурувачи во станот до секоја дозна или потрошувач се води помал кабел најчесто 2,5мм2. Конкретно за проточен бојлер треба кабел од најмалку 4mm2, a бидејќи не сме сигурни со кој квалитет е бакарот, пожелно е и подебел кабел за секој случај.

Не сум имал проблем со бигор во Скопје со проточен бојлер (за разлика од обичните кои за неколку години се преполни), но самиот момент што снемува вода е ахилова пета за секој проточен. Т.е. после снемување на вода, цевките се полни со воздух. Кога ќе се пушти вода на чешма, се вклучуваат грејачите на бојлерот додека првично минува само воздух. Воздухот не е добар разладувач и грејачот често знае да се прегрее и прегори. Инаку самиот грејач на проточен бојлер чини колку еден обичен бојлер околу 6000 денари. За да се спречи ова, после секое снемување на вода, треба да се исклучи струја на бојлерот, се додека не помине целиот воздух, т.е. додека нема добар млаз вода на чешмата.

Инаку Bosch електичниот ја има оваа функција до некаде автоматизирано, т.е. при првото вклучување, додека не помина т.н. air purge не го вклучи грејачот неколку минути...
 
Mar tiN

lurker
2 јануари 2014
906
664
Mar tiN's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-12400F
Motherboard
ASUS PRIME B660M-A D4
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus M.2 + Western Digital 4TB
PSU
Cooler Master B500 ver.2
RAM
Kingston HyperX FURY™ 64GB
Video card
ASUS Dual GeForce RTX™ 3050 OC Edition 8GB
Case
Cooler Master K350
OS
Windows 11 Pro x64
Демо, ти живееш на последен спрат? Ако да, размисли и за соларно на кров. Џабе бањање преку летото, а проточен за зимно време.
A зошто само преку лето ?
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.901
5.620
Колку што знам ЕВН предвидува за секое домаќинство стандардни приклучоци до 40 kW и согласно од главните осигурачи во влезот до секој стан оди кабел со напречен пресек од 10mm2. Потоа од таблата со осигурувачи во станот до секоја дозна или потрошувач се води помал кабел најчесто 2,5мм2. Конкретно за проточен бојлер треба кабел од најмалку 4mm2, a бидејќи не сме сигурни со кој квалитет е бакарот, пожелно е и подебел кабел за секој случај.
Не е стандард 40kW, сѐ зависи како е проектирано и колку е предвидено. Од 11 до 100kW е за индивидуални потрошувачи, со најчест случај 16-24kW. Еве на пример кај мене у зграда која е проектирана да е на парно, од главен развод до спратна табла (мерач) иде 6мм2, тука 25ки главни осигурачи, и после 4мм2 до стан. Така да кај мене е 17.3kW ограничено и толку. Еве и да пуштам (да копам) од стан до броило и јас 6мм2 со 36А осигурачи (што би било на ептен горен некој лимит на 6mm2 што оди надоле) максимум што можам да влечам е 24kW за цел стан. .... И така се откажав од проточен бољер :)
 
А како може ова да се провери?
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.901
5.620
А како може ова да се провери?
Штом прашуваш, онда викајќи електричар. Или случајно ако најдеш електричен проект од зградата, што не верувам.
П.с. На прва можеш и да видиш главните осигурачи кај саатот колку А ти се.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.664
1.817
Има ли некој конкретен пример некој да инсталирал проточен бојлер, да му е во ред инсталацијата во стан, а да имал реален проблем со струјата до стан, прегревање кабли, горење осигурачи и слично? Настрана од мајсторски муабети, они може да имаат секакви прилини, пример не му се штемува ѕид....
 
fis1976

lurker
15 март 2016
688
1.308
Скопје
За малку ќе заборавев да ги постирам мерењата ако некого го интересираат :( :) (кај и да е мерачот ќе оди на климата :) ) . Еве колкава е потрошувачката на Muhler FWH - 3053FW на 4-ри члено семејство. Малку ли е, многу ли е не би знаел да кажам пошто немам мерено потрошувачка на обичното 10 литарско кујнско бојлерче претходно. Како што тера за овие 15-тина дена (и 10 дена претходно ама не документирани) потрошувачката ќе е околу 350 денари месечно со сегашниве цени.
 
Атачменти

  • Screenshot_2022-10-16-12-15-27-061_com.tuya.smartlife~2.jpg
    Screenshot_2022-10-16-12-15-27-061_com.tuya.smartlife~2.jpg
    56,4 KB · Прегледи: 36
  • Screenshot_2022-10-16-12-15-21-973_com.tuya.smartlife~2.jpg
    Screenshot_2022-10-16-12-15-21-973_com.tuya.smartlife~2.jpg
    44,9 KB · Прегледи: 36

stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
Да не се враќам назад да цитирам.

Проточен бојлер имам инсталирано Сименс веќе 20+ години. Греачот на чистење бил преку сила 2 пати. Моќност ре 7/14кВ и нема потреба за повеќе. Два греачи палам ептен кога е слаб притисок, па појачувам ладна вода. 14кВ те гори инстант.

Едит: Во Скопје :)
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.901
5.620
Да не се враќам назад да цитирам.

Проточен бојлер имам инсталирано Сименс веќе 20+ години. Греачот на чистење бил преку сила 2 пати. Моќност ре 7/14кВ и нема потреба за повеќе. Два греачи палам ептен кога е слаб притисок, па појачувам ладна вода. 14кВ те гори инстант.

Едит: Во Скопје :)
Слабо нешто на наш пазар од тие „слабичките“. Се е генерално од 16+. А тоа во многу стари (а и нови) станови повлекува копање инсталација.
 
d0sada

hello world
18 февруари 2016
170
131
Скопје
d0sada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen R7 5800X3D/ DeepCool LT520
Motherboard
ASRock X570 Steel Legend
Storage
Samsung 990 Pro 2TB/Samsung 980 1TB Pro/Samsung 860 Evo 250GB
PSU
Be Quiet! STRAIGHT POWER 12 1000W
RAM
G.SKILL Sniper X F4-3200C16D-16GFX 32GB(16GBx2)
Video card
Sapphire RX 7900 XTX Nitro+
Case
Fractal Design - Define R5 Black Window
Mouse
Bloody A4 A90
Keyboard
HyperX Alloy Origins Red Linear
Audio
Sony WH1000XM3
Monitor
ASUS VG27AQL1A 27"/ Dell P2720DC 27"/ Samsung S95B 55"
OS
Windows 10 64-bit Pro
Имаш бош т8500 15/18 КВ го ставаш на 15 КВ.
25 ампери на 3 фази бара препорачан кабел 4мм2

Sent from my Nokia 8.1 using Tapatalk
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.901
5.620
Имаш бош т8500 15/18 КВ го ставаш на 15 КВ.
25 ампери на 3 фази бара препорачан кабел 4мм2

Sent from my Nokia 8.1 using Tapatalk
Може. На следно реновирање може и да размислам да пуштам една 4-ка до купатило (можда и 6ка). Само ќе треба да мешам и од стан до спрат, пошто и тука ми е само 4ка, на 25ки осигурачи. И ко за инат не е спратната табла со струјомерот и осигурачите кај мене на спрат, него еден подоле. Ќе биде повуци потегни со комшии за копање.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Сте виделе вакви кај нас?

По некои земји задолжителна била употребата, па да проба човек да си ужива 40 минути под туш со исто количество вода како за 20 минути.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.820
6.519
SK
Сте виделе вакви кај нас?

По некои земји задолжителна била употребата, па да проба човек да си ужива 40 минути под туш со исто количество вода како за 20 минути.
Интересно, овие се за помал ама постојан млаз. Ова нема да функционира на проточен бојлер со механичка контрола, пошто грејачите (релеата) се активираат на притисок од солидно силен млаз вода. Но ќе функционираат за класични бојлери и проточни бојлери со електронска контрола.

Настрана од твојов пост за заштеда, мене ме нервираше јакиот млаз кој го имав од таква глава за штедење (идеше во комплет со славината). Јак беше млазот пошто имам проточен бојлер со механичка контрола. Па адаптирав широка (ок средно широка, некаде ~10 см ширина/должина) глава за статичен туш - на стандардна дршка за држење во рака и заглавување на носач. Функционира на начин што млазот е раширен на поголема површина и попријатен е за туширање.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Можно е во Шате да има нешто вакво или пак кој носи Hans Grohe. Water-saving Shower Heads - Water-saving Products - For your Shower | GROHE

Има две врсти, едната е заштеда со ламинар флоу тенки линии вода. А втората е преку аерација или пулсирање. Зависи од желбата дали сака ударна вода бањачот или пак сака нежен млаз.

Согласно сајтовите кај нас најдов едно на интернетов, иако сигурно има секаде само не на сајтовите. Tempesta 27 799 001
 
Последна промена:

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com
Можно е во Шате да има нешто вакво или пак кој носи Hans Grohe. Water-saving Shower Heads - Water-saving Products - For your Shower | GROHE

Има две врсти, едната е заштеда со ламинар флоу тенки линии вода. А втората е преку аерација или пулсирање. Зависи од желбата дали сака ударна вода бањачот или пак сака нежен млаз.

Согласно сајтовите кај нас најдов едно на интернетов, иако сигурно има секаде само не на сајтовите. Tempesta 27 799 001

Вакви на проточен ќе направат проблем. А да си пуштиш помалце да тече?

Ејјј колку јако е волкава коцка да имаш па цел да те покрие одеднаш

1666642365160.png
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Вакви на проточен ќе направат проблем. А да си пуштиш помалце да тече?

Ејјј колку јако е волкава коцка да имаш па цел да те покрие одеднаш

Погледнете го атачментот 118171
Тоа е поентата, послабо да тече ама пак да има доволно сила туш батеријата. Згора на тоа јас немам проточен бојлер, а ни повеќето немаат.
Толкава коцка јас не сакам, пак ми треба туш за да се избањам како што сакам.

Ќе побарам во секој случај некое решение, барем за проба.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно