bxxxn
user
- 11 март 2011
- 1.664
- 1.817
Баш така
Мислењето е автоматски споено:
Секако дека поише се исплати ФИД, генерално темава ја читав уште пред да дојде електричарот и си имав зацртано дека фид склопка мора да има.
Малку мајсторот ми го замеша умот ама среќен сум што ме вративте на стариот пат
Фид склопка ќе ставам, без разлика тој што вика.
Се извинувам што не можам да ви ги лајкнам постовите погоре иало се согласувам со нив, поради недостаток на лајкови.
Постои ли некој посебен начин како да се изведе заземувањето во дворот, мајсторов вика на 60 cm длабочина, прочитав од линковите на @Oktar дека има различни начини, па ако некој е поупатен нека посоветува.
Генерално за заземјување треба што подобар проводник, повеќе количински и подлабоко. Инаку за стручна изведба има формули со кои се пресметува како да се добие заземјен проводник со отпор помал од минимално потребниот, а исто после изведбата има мерен инструмент со кој се проверува заземјувањето.
Со ова ќе го решиш проблемот до табла. За внатре, ќе треба дополнително да ја смениш инсталацијата со трожилен кабел или пак некако инаку да доведеш само заземјување до штекерите.
