Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
и другата страна, кога перката е целосно затворена, на едната страна е залепена, а на другата има простор 1-2mm
Најверојатно ја имате поместено за време на монтажа па сега не е калибрирана и не знае да се затвори. Затоа изгасни ја од штекер (и почекај да се затвори), нежно под-отвори ја перката према долу (само малку, не мора целосно) и вклучи ја во штекер без да ја уклучуваш на даљинско. Сега ќе направи еден цел циклус и ќе се затвори на исправен начин.
Друга негативна забелешка ми е што повремено се појавува некој тивок звук, мислиш внатрешната перка закачува на нешто. Ова е особено изразено во прва брзина (од 5),
Од стоење синтерот на левата страна од перката односно гумицата која го држи има направено лежиште па треба време да се разработи. Ќе помине ова
 

NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
Се најарно си напраил, само едно не ми е јасно. Оти не зема и ВиФи за неа? Па да си следиш и местиш сѐ, директно да си поврзеш у HA, и слично? На таа цена и класа зар не треба по дифолт бе веќе да одат со вградено вифи климиве?
Оти беше многу скапо :LOL:
Мислам околу 80€ ми кажаа дека е, не им се даваше за поефтино, ја бев спремен до 40€ да дадам за тоа ама не и 80€.

А вака сеа си напраив комбинација Tapo P110 паметен штекер со мерач за потрошувачка за 20€ од Анхоч и Broadlink RM4 Pro паметно даљинско за ~30€ од Али (ги има и поефтини по 5-10€) и добив нешто приближно за ~50€. Истово може да се добие и за ~20€ вкупно.

Со тоа што предност на оваа комбинација е што штекерот и даљинското може и за други уреди да се користат, а негативно е што кога ќе напраиш некоја промена преку паметното даљинско, истата не се апдејтира на даљинското од климата и обратно, практично не можеш да ја знаеш моменталната состојба на климата. Друга негативна ствар е што климата има 5 брзини, а преку паметново даљинско иам 3, па така иде у прва, трета и пета брзина, а ја иронично ги користам 2 (преку ден) и 4 (преку ноќ) :ROFLMAO: Ова можда и има начин да се среди ама уште не сум останал со малце поише слободно време за убаво да му ги расчепкам опциите.

У секој случај, многу подобра опција вака со штек+даљинско ако е некој со ограничен буџет.

Најверојатно ја имате поместено за време на монтажа па сега не е калибрирана и не знае да се затвори. Затоа изгасни ја од штекер (и почекај да се затвори), нежно под-отвори ја перката према долу (само малку, не мора целосно) и вклучи ја во штекер без да ја уклучуваш на даљинско. Сега ќе направи еден цел циклус и ќе се затвори на исправен начин.
Фала ти за советот. Го пробав ова, ама коа ќе ја исклучам од струја, перките не се затвараат. Почекав некои 5 минути, ама џабе. Треба да ја исклучам од струја дур работи или прво да ја изгасам преку даљинско па после од струја?
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
. Го пробав ова, ама коа ќе ја исклучам од струја, перките не се затвараат.
Моја грешка не објаснив убаво. Извини

Значи, исклучи ја од даљинско и почекај 10-20 секунди да ја затвори перката и потоа исклучи ја од штекер.
После ова (со исклучен штекер) со рака отвори ја перката према долу (Нежно, внимателно и споро!)
Потоа вклучи ја во штекер.

Сега би требало да направи цел циклус. Најпрво да ја симне во долна положба па потоа да ја затвори целосно. Откако ќе заврши овој балет вклучи ја со даљинско.

btw
Не мора да значи дека ќе направи цел циклус горе-долу. Можеби веднаш ќе почне да ја затвора.
Ова го прават сите клими. Од најаевтина до најскапа.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Оти беше многу скапо
Мислам околу 80€ ми кажаа дека е, не им се даваше за поефтино, ја бев спремен до 40€ да дадам за тоа ама не и 80€.

А вака сеа си напраив комбинација Tapo P110 паметен штекер со мерач за потрошувачка за 20€ од Анхоч и Broadlink RM4 Pro паметно даљинско за ~30€ од Али (ги има и поефтини по 5-10€) и добив нешто приближно за ~50€. Истово може да се добие и за ~20€ вкупно.

Со тоа што предност на оваа комбинација е што штекерот и даљинското може и за други уреди да се користат, а негативно е што кога ќе напраиш некоја промена преку паметното даљинско, истата не се апдејтира на даљинското од климата и обратно, практично не можеш да ја знаеш моменталната состојба на климата. Друга негативна ствар е што климата има 5 брзини, а преку паметново даљинско иам 3, па така иде у прва, трета и пета брзина, а ја иронично ги користам 2 (преку ден) и 4 (преку ноќ) Ова можда и има начин да се среди ама уште не сум останал со малце поише слободно време за убаво да му ги расчепкам опциите.

У секој случај, многу подобра опција вака со штек+даљинско ако е некој со ограничен буџет.


Фала ти за советот. Го пробав ова, ама коа ќе ја исклучам од струја, перките не се затвараат. Почекав некои 5 минути, ама џабе. Треба да ја исклучам од струја дур работи или прво да ја изгасам преку даљинско па после од струја?
Ако е до буџетот ОК не се мешам, бо за разлика од 30 еур ќе си имал фабрички сензор, калибриран, со бидерикционална комуникација, и се ќе си мерело и покажувало како што е навистина. Нејсе. Инаку. Гасиш клима од даљинско, чекаш да затвори и престане скроз. После вадиш штекер, после мрдаш флапжето малце надоле, и после уклучуеш штекер у струја и чекаш да си направи он циклусот на калибрација. На крај палиш од даљинско и тераш.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Толку од мене за сега, во некој нареден пост повеќе за потрошувачката и некои такви статистики. Истата ја мерев од прв ден со Tapo P110, во меѓувреме ми стасаа и две Shelly PM1 Plus, исто така во меѓувреме малце си поиграв со Home Assistant и така. Ама за се ова во некој нареден пост :)
@NikolovskiM одличен изборот... мислам очигледно таа ти беше најдобра опција.
Ептен се радувам што си оптимист да и извадиш статистики за потрошна во HomeAssistant. Фалеше некој што ја има Daiseikai-то и има желба и време да ја следи подетално.
Shelly-њата се екстра интегрирани во HomeAssistant и ќе дадат супер графици....
 

NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
Моја грешка не објаснив убаво. Извини

Значи, исклучи ја од даљинско и почекај 10-20 секунди да ја затвори перката и потоа исклучи ја од штекер.
После ова (со исклучен штекер) со рака отвори ја перката према долу (Нежно, внимателно и споро!)
Потоа вклучи ја во штекер.

Сега би требало да направи цел циклус. Најпрво да ја симне во долна положба па потоа да ја затвори целосно. Откако ќе заврши овој балет вклучи ја со даљинско.

btw
Не мора да значи дека ќе направи цел циклус горе-долу. Можеби веднаш ќе почне да ја затвора.
Ова го прават сите клими. Од најаевтина до најскапа.
Пробано и ова денес, пак без успех. Прво пробав ја отворив околу 20%, а после пробав и целосно да ја отворам, ама ништо. Инаку кога ќе ја вратам пак на напојување, не се отвара целосно па да се затвори туку само се затвора.

Инаку сумњам дека ова им е фабричка мана пошо на неколку видеа што успеав да приметам, скоро сегде беше ваков случајот со таа пластика...

Ако е до буџетот ОК не се мешам, бо за разлика од 30 еур ќе си имал фабрички сензор, калибриран, со бидерикционална комуникација, и се ќе си мерело и покажувало како што е навистина. Нејсе.
Тогаш беше до буџетот, сега веќе е до mindset-от :LOL: Некако не можам да прејдам преку тоа дека ќе дадам 5000МКД за WiFi на клима, а веќе сум дал скоро 1500€ за истата. Свесен сум дека има многу предности, веќе во неколку ситуации имав случки кајшто ми сметаше тоа што нема двонасочна комуникација меѓу климата и паметново даљинско, ама не е некој којзнае каков проблем.

@NikolovskiM одличен изборот... мислам очигледно таа ти беше најдобра опција.
Ептен се радувам што си оптимист да и извадиш статистики за потрошна во HomeAssistant. Фалеше некој што ја има Daiseikai-то и има желба и време да ја следи подетално.
Shelly-њата се екстра интегрирани во HomeAssistant и ќе дадат супер графици....
Мерачот што го користам на климава е Tapo P110 од TP-Link, Shelly-њата ми стасаа тек пред 10тина дена. Ама пред да ги монтирам на уреди, пробав во 2-3 различни ситуации да ги споредам податоците од Tapo и Shelly, ги врзав линиски, прво Tapo па Shelly па климата и резултатите беа идентични, само во различни секунди се апдејтираа.

Со Home Assistant уште се мачам со setup-от, па немам многу конзистентни податоци (има доста прекини во нив), ама у секој случај ќе можам да споделам добри податоци и од Tapo (кој инаку е интегриран и во Home Assistant) :)
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Некако не можам да прејдам преку тоа дека ќе дадам 5000МКД за WiFi на клима, а веќе сум дал скоро 1500€ за истата.
Таа е филозофијата на јапонците. И мене не ми се даваа 80 евра (Mitsubishi FH50) но потоа се премислив и имав среќа па го најдов модулот за 50.
Атер за тајмерот го зедов. И покрај тоа што и на даљинското има (многу) комплексен тајмер вака со 2-3 клика можам да местам од час во час.

Друга предност е што јапонците користат сопствени клауди и податоците не ти ги собира рандом кинез кој нема врска со апликацијата и брендот.
 

igorsss

read-only
13 ноември 2018
3
0
Здраво,
Дали има некој вифи на Даикин Сенсира и да има проблем со дисконекција на вифи модулот?.
Го конектирам со домашниот вифи како што треба, после неколку денови ми покажува дека не е најден никаков уред.
Последниот пат конекцијата траеше 4 дена :( .
Кога сум дома на истото вифи работи без проблем.
Ова го прави само кога сум на мобилен интернет т.е. Not-In-Home опцијата (нели затоа е и купен).
 

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Што ли ни готват за после НГ, штом во секоја сметка го ставиле известувањево дека државата субвенционира.
За 1300 реално потрошени ќе ми дојдело сметка од 6500 ако немало субвенција.
Поарно да не ја разделуваа цената вака само се нервираме што гледаме дека повеќе плаќаме арач отколку тоа што сни потрошиле.

Screenshot 2022-12-27 at 23.13.33.png
 

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Што ли ни готват за после НГ, штом во секоја сметка го ставиле известувањево дека државата субвенционира.
За 1300 реално потрошени ќе ми дојдело сметка од 6500 ако немало субвенција.
Поарно да не ја разделуваа цената вака само се нервираме што гледаме дека повеќе плаќаме арач отколку тоа што сни потрошиле.

Погледнете го атачментот 120614
Избори сигурно ке има наскоро мора владата да се рекламира:):):)
 

Magical

hello world
15 август 2008
434
453
Што ли ни готват за после НГ, штом во секоја сметка го ставиле известувањево дека државата субвенционира.
За 1300 реално потрошени ќе ми дојдело сметка од 6500 ако немало субвенција.
Поарно да не ја разделуваа цената вака само се нервираме што гледаме дека повеќе плаќаме арач отколку тоа што сни потрошиле.

Погледнете го атачментот 120614
Јави се на 089089089 и прашај да ти објаснат малку повеќе за тоа, да чуеш бруки...
 
18 август 2019
1.212
1.182
Што ли ни готват за после НГ, штом во секоја сметка го ставиле известувањево дека државата субвенционира.
За 1300 реално потрошени ќе ми дојдело сметка од 6500 ако немало субвенција.
Поарно да не ја разделуваа цената вака само се нервираме што гледаме дека повеќе плаќаме арач отколку тоа што сни потрошиле.

Погледнете го атачментот 120614
Што готват, не знам. Ама се прашувам дали тој што ја правел оваа пресметка е глуп или мисли дека јас (сите потрошувачи) сум глуп.
Процентот е само 42, не 73 како што замачкуваат очи.
 

Gilfoyle

lurker
10 септември 2009
571
2.026
Затоа што е една од поактивните теми на форумов ме заинтересира да видам и јас како е ситуација.

Се работи за 4 години постаро моделче на Daikin внатрешна единица FTX50GV1B со надворешна RX50G3V1B (swing compressor, 52kg, 1.5kg R410A). Според EU Energy label, SEER - 5.63 (A+) и SCOP 4.08 (A+).

Земена е 2018 од ICS по цена од ~80.000 со надворешен WiFi контролер, ставена е во дневна соба на нова градба во стан од ~66m2 со две спални соби, во доста добро исцртан простор. Висината на станот е 2.80, климата е ставена негде на 2.45. Иако сега ги топли и лади соодветно двете спални соби, едната спална е целосно одделена од сите други соби, се користи повеќе како работна канцеларија додека не стане детска, понатаму може е добро во таа соба да ставам една 2,5 за подобро струење?

Самата клима ги има сите понапредни функционалности (3D airflow, intelligent eye, home leave, powerful, night), а преку OneCTA cloud-от има schedule и consumption data (доста осакатен бидејќи дава total kw на ден и на месец, ама очекувано е бидејќи овој модел беше меѓу првите со таква функционалност).

Е сега од тоа што го знам (поправете ме ако грешам) ама за надворешната единица на овој модел нема начин како да играш со силата на компресорот, според service manual во night/quiet mode надворешната работи со 20% од снагата, а на powerful работи со 100%, додека се друго го решава in-sync со внатрешната единица кога е поставена на auto.

Резултатите се вакви:
Мод на работа: Од 29.11 до 28.12, оставена на Auto 24/7 на 23c.

Температура внатрешна:
Според сензорите на Xiaomi просечна температура низ станот се движеше од 22,5 до 24,5 степени.
Според сензорот на внатрешната темепратурата се движела од 23 до 25 степени (според service manual внатрешната единица има надворешен термистор на исто место со intelligent eye).

Температура надворешна:
Според термисторот на надворешната единица денски average 7 степени, ноќен average 2 степени.

Defrost:
Минатата недела ја фатив три пати да прави defrost околу 7/8 сабајле, 3 пати мерев и ги добив истите резултати, 3 минути се мести во позиција и точно 6 минути трае дефростот.

И на крај потрошувачката:
Според OneCTA климата во последните 30 дена има потрошено ~310kWh, или average од 10,3kWh дневно, односно average 430w на час.
Бидејќи немам мерач не знам точно да кажам за ден/ноќ но ако се земе 310kWh се подели на 2 по 155kWh за ДТ и НТ, излага околу 1900 денари за струја, иако овој декември мислам дека беше еден од најтоплите што сме ги имале до сега, потрошувачкава не изгледа воопшто лоша ако се земе во предвид дека неколку згради после мене се топлат на парно и во просек плаќаат околу 1800 денари низ цела година а после 22h разликата е што тие што се со парно пак пуштаат клима малце, а ние навечер затвараме врата од спална затоа што не се спие од топло.

Баш ме интересира од дечките што повеќе време ова го следат и ги знаат овие работи да кажат што мислат за потрошувачкава и дали треба да се оди со уште една мала клима во другата просторија.

Shelly-от го чекам да стигне па ќе имам поточни информации за споделување.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Многу нормални и очекувани бројки. Не гледам зошто би се одело на втора клима во случајов. Ефикасност нема да добиеш поголема, напротив. Ќе се добие подобра дистрибуција на топлината - ако воопшто е потребно такво нешто. Тоа зависи од самиот простор и желби.
 

NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548

Ајдеее... што ќе им праиме на вишокот пари само не знам :ROFLMAO:
Џингл џингл избори се ближат џингл џингл

Ама не сватив убаво, сеа и првите два блока ќе поевтинат за ситно 3-4%... и 20% ќе поевтини дистрибуцијата?
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.929
Џингл џингл избори се ближат џингл џингл

Ама не сватив убаво, сеа и првите два блока ќе поевтинат за ситно 3-4%... и 20% ќе поевтини дистрибуцијата?
Бејсикли, ко крајни корисници нема да сетиме ништо посебно од намалувањето, оти во исто време ДДВто за струјата од 5% ќе се покачи на 10% од 1ви јан.2023, па ќе се компензираат(поништат) двете меѓусебе.
Ама па, бар нема да има поскапување (бар за првите два блока, а тука сме скоро сите нормални потрошувачи).

Испратено од телефоно.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Платена политичка програма на секоја сметка а?

Како и да е, ситна е боранијата, ја нагоре ја надоле.

Кои се овие мали потрошувачи што ќе им поефтини 20%? Фирмиве ли се тоа? Шуќур ако е така...
 

chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
На ум сум да зимам Toshiba SHORAI EDGE RAS-B16J2KVSG-E инвертер. Пријател ми се пожали дека постара Тошиба, отприлика 5 години стара, после втората година јавила големи вибрации кога работи и демек мајсторот му рекол сите Тошиби се такви, имаат вибрации. Некој од овде што има Тошиба дали го искусил истото?

Инаку инвертерот ми треба за 40тина м2 дневна со кујна поврзани, за догревање измеѓу период кога не ми работи парното, парното ми грее насабајле и навечер, а инвертерот по потреба да одржува температура во текот на денот. Мислам дека 5.5ка ќе е доволна за тој простор и таа потреба
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.929
Платена политичка програма на секоја сметка а?

Како и да е, ситна е боранијата, ја нагоре ја надоле.

Кои се овие мали потрошувачи што ќе им поефтини 20%? Фирмиве ли се тоа? Шуќур ако е така...
Според она што го прочитав, изгледа мали/ситни фирми и бизниси.

Испратено од телефоно.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.929
На ум сум да зимам Toshiba SHORAI EDGE RAS-B16J2KVSG-E инвертер. Пријател ми се пожали дека постара Тошиба, отприлика 5 години стара, после втората година јавила големи вибрации кога работи и демек мајсторот му рекол сите Тошиби се такви, имаат вибрации. Некој од овде што има Тошиба дали го искусил истото?

Инаку инвертерот ми треба за 40тина м2 дневна со кујна поврзани, за догревање измеѓу период кога не ми работи парното, парното ми грее насабајле и навечер, а инвертерот по потреба да одржува температура во текот на денот. Мислам дека 5.5ка ќе е доволна за тој простор и таа потреба
Од лично искуство можам да кажам дека тоа се само мајсторски недоучени муабети, колку да се кажи нешто, макар и глупост.
Слободно да си земиш тошиба, таа шо ја меркаш изглеа изгледа е twin rotary, а тие се уште подобри од аспект на мекост, економичност и бучава/вибрации.
Се разбира, се ова ќе падни во вода ако е лоша монтажата, ама тоа е до моментот при монтирањето на надворешната и внатрешната единица.
Битни работи (повеќепати спомнати во темава):
  • да има цел круг свиткани бакарни цевки надвор зад надворешната единица
  • вакумирање пред прва употреба (да се извлечи воздухот од системот, да остани само фреон)
  • внатрешната да не ја залепите до таван, остајте 15-20тина сантими, а по можност и од страните да е слободно (за проток/циркулација на воздух)
....и то.
Ако има уште нешто, некој нека дополни.


Испратено од телефоно.
П.С.
Јас имам тошиба, тоа го мислев под лично искуство, во позитивен контекст.
 
Последна промена:

Riku

lurker
27 ноември 2021
573
252
Соба од 28м2 + ходник од 12м2( стиропор 10ка и алуминиум прозорци дали би постигнала 12ка клима? Во најладно може и да се затвори ходник?
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.929
Соба од 28м2 + ходник од 12м2( стиропор 10ка и алуминиум прозорци дали би постигнала 12ка клима? Во најладно може и да се затвори ходник?
Да, во 98% од времето си покриен без проблем.

Испратено од телефоно.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв