Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Маша

user
24 април 2007
1.052
2.828
За цената од Самсунгов, ќе си ја купиш Mitsubishi MSZ/MUZ-HR25VF – Бител ем претивка на 1 и 2 фан, ем јапонска, ем поефтина веројатно.. Е сеа што значи тоа помала соба..
Ако ги тргнеме џиџи миџи опциите од Самсунгот, најбитно ми е кај неа што не дува и да може да работи преку цела ноќ без да фура од некоја страна.
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Ако ги тргнеме џиџи миџи опциите од Самсунгот, најбитно ми е кај неа што не дува и да може да работи преку цела ноќ без да фура од некоја страна.
Немам искуство со климава, ако некој има нека пише. Знам дека Мидеа ги прави Самсунг од скоро, а ова Wind Free од видеата што гледам, се затвара само лопатката кај издувот, и демек низ микро отвори ќе лади без да дува.. Не ми е многу верно. Искрено јас без проблем спијам во соба со клима, а ова HR25 е претивка, плус на 1 фан воопшто ни не се осеќа дека работи и ептен слабо дува.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Ако ги тргнеме џиџи миџи опциите од Самсунгот, најбитно ми е кај неа што не дува и да може да работи преку цела ноќ без да фура од некоја страна.
Јас да сум на твое место за свои пари не би експериментирал со оној концепт на дување додека не видиш на лице место (а тоа нема да се деси)

На клима од џиџи миџи страна најмногу притребува wi-fi и тајмер евентуално.

Не знам колку брзини има HR25VA ама мојата (FH50) на silent или кец (една погоре) не се сеќава воопшто. Под услов да е крената да дува хоризонтално.

На тој начин од време на време сеќаваш само напливи на пријатно ладно.

Конкретно денес ми е наместена на 26 степени на аутофан и со саати тера со 350W и, уште побитно, не ме ремети и не ми смета.

Мразам да ми дува ладно.
Крај краева Промаја™ е број 1 причинител на сите болести кај македонците.
 

Маша

user
24 април 2007
1.052
2.828
Јас да сум на твое место за свои пари не би експериментирал со оној концепт на дување додека не видиш на лице место (а тоа нема да се деси)
Фала за одговорот. Не планирав на слепо да фркнам 1К за да си играм играчки со пиркање ветре и motion detection, криза иде ;) Само не најдов нешто посебно на нет, освен рекламни текстови од Самсунг, па реков да прашам прво експертите тука пред да гњурнам во длабокото :)
Инаку вака во глава имам разни сценарија во кои би била добра опција, ама сепак тоа се сведува на "како мали Џокица замишља ладење" :)
 

Magical

hello world
15 август 2008
434
453
Дали е во ред потрошувачка од 700-800W за 5,5KW мултисплит клима (GREE) со 2 единици наместена температура од 24 степени и фан 2 од 5. Станот е на јужна страна.

Благодарам
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Дали е во ред потрошувачка од 700-800W за 5,5KW мултисплит клима (GREE) со 2 единици наместена температура од 24 степени и фан 2 од 5. Станот е на јужна страна.

Благодарам
Во ред е.
Многу ниско ја држиш ама твоја работа.

Крени ја на 25 и ќе се преполови потрошувачката
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
И јас моите на 24 ги држам лете.. Не знам, ама мене на 25 веќе топло ми е.
Денес за прв пат уклучив ладење, наместена едната од парапетните(3.5кв) на ладење, почна со 400W, после пола саат падна на 280 па на 250W потрошувачка. 38 квадрати, локација Охрид.
 
Последна промена:

Magical

hello world
15 август 2008
434
453
Прилог од вчера за 24 часа 8290 вати или во просек 345 вати на час. Мислам дека и не е толку лошо за 5,5 киловати клима со пуштени 2 единици, сетирани на температура од 24 степени со брзина на вентилатор претежно на брзина 2 од 5.
 

Атачменти

  • Screenshot_20220623-194852_Shelly.jpg
    Screenshot_20220623-194852_Shelly.jpg
    249 KB · Прегледи: 52

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Ете ајде сега доста плачките. Ваљда 1000че у скупа само ќе ви е доста.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.061
5.994
13% поефтино греењето на инвертери. Сосе поскапувања идни ~0%, значи сега испаѓа драстично поефтино инвертер од сите други начини на греење. Иако и до сега беше така, ама блиску беа - сега е веќе кристално јасно зошто другите енергенси се поскапи.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.492
2.941
Кој успева да потроши под 210 kwh?
Јас, во летните месеци.
(Зимо сум со инвертери, тошиба сузуми и кериер).
Не сум пензионер, а немам ни парно.
А живеам во зграда во СК, стан со поглед кон северо запад. Поради тоа, ретко имам потреба од ладење во лето, па ретко користам инвертери летно време.

Испратено од телефоно.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.061
5.994
Се надевам не. Цело време убедуваат дека тие што ќе бидат само во прв блок ќе плаќаат пониски сметки од моменталните... Ќе видиме :)
Пишува дека само последниот ќе е поскап од сега. Има и детални табели. Кликна некој на линкот?
 

Последни теми

Последни огласи

На врв