Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

18 август 2019
1.219
1.193
Струја, гас (некаде е веќе достапен), централно парно, итн. Инаку ако е до загадувањето модерниве автомобили далеку помалку загадуваат од ќумбињата, а башка не ми сечат шуми за да работат. Инаку да во некоја блиска иднина, би ги забранил и нив сите што не се хибрид и/или електрични. Уствари и сами ќе се самозабранат со цениве и недостаток на нафта.
Струјата е огромен загадувач. За цената нема потреба да зборуваме.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Само да нема забуни. 1600кб се во србија топтан, кај нас 640кв само скапа. Значи ако го дигнат нашиве тој блок на 800кв ОК ли ќе биде? Цената нема да е иста што поради немање исти капацитети, што поради политика кој се води во Србија за мир у куќа, повеќе од кај нас (и кај едните и другите е нереална цената).
А за цената на дрвото исто сигурно не е реалната. Пола замир у куќа пола крадено, никој нема трошоци за чистење, оџачари, такса за пошумување.... Епа нека се вратат. После само да не ме викаат мене да садам дрвца.
Би требало да биде, затоа што после 640кв ти се наплаќа пaзарна цена.
1600 топтан ама по цена од 9 динари. Колку ќе е кај нас од 1 јули?
Дали е за мир у куќа дали е нешто друго, тоа е веќе друга тема, а цените се тие, па напрај споредба.
Иначе цената е од шумското во Охрид, со години Охрид има една од најефтините цени за огревно дрво. Пред короната се продаваше 2400 денари за кубик.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Струјата е огромен загадувач. За цената нема потреба да зборуваме.
Ова ќе да е некое најтазе откритие кое најверојатно заслужува нобелова награда.
Би требало да биде, затоа што после 640кв ти се наплаќа пaзарна цена.
1600 топтан ама по цена од 9 динари. Колку ќе е кај нас од 1 јули?
Дали е за мир у куќа дали е нешто друго, тоа е веќе друга тема, а цените се тие, па напрај споредба.
Да ама рачунај дека кај нив у кој блок ќе влезеш целата струја ти иде по таа цена. Кај нас ќе плаќаш делот од 1ва тарифа по цена од 1ва, делот од 2ра по 2ра итн... така да само делот над 640КВ и тоа само скапа ќе го плаќаш по пазарна. А колку ќе биде цената кај нас од 1ви јули појма немам. И пак ќе кажам Србија е скоро ако не и 100% енергетски независна, што кај нас не е случај и тоа е тоа. За некој ден ќе знаеме и цени и тарифи и сѐ, па може да правиме точен муабет.
Инаку на темава
1654952850188.png
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Ова ќе да е некое најтазе откритие кое најверојатно заслужува нобелова награда.

Да ама рачунај дека кај нив у кој блок ќе влезеш целата струја ти иде по таа цена. Кај нас ќе плаќаш делот од 1ва тарифа по цена од 1ва, делот од 2ра по 2ра итн... така да само делот над 640КВ и тоа само скапа ќе го плаќаш по пазарна. А колку ќе биде цената кај нас од 1ви јули појма немам. И пак ќе кажам Србија е скоро ако не и 100% енергетски независна, што кај нас не е случај и тоа е тоа. За некој ден ќе знаеме и цени и тарифи и сѐ, па може да правиме точен муабет.
Инаку на темава
Погледнете го атачментот 113932
Рачунам. 250кв во зима ќе ги потрошиш за 5 дена, тој што се грее на дрва ем ќе има пониска сметка, ен поефтино се грее, ем загадува. Ама ние што сме еко френдли, за нас повисоки сметки. 1600кв по наши 4.5 денари со 2 раце би земал. И да, независна е за разлика од нашите лопови што 30 години играат држава.
Супер се цените, само што овие што имаат повисока цена на струја си имаат греење на гас, или топлификација, или нешто трето што е речиси неповрзано со греење на струја.
Мислењето е автоматски споено:

Screenshot_20220611-152205_Samsung Notes.jpg

Ја најдов сметката за јануар. Со тарифникот, со моментални цени на струјата, колку ќе дојде?
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Ја најдов сметката за јануар. Со тарифникот, со моментални цени на струјата, колку ќе дојде?
Според симулацијата за тебе ќе ти дојде околу максимум +25%. Само во зимските месеци. Пак ќе те јадам со вкупни годишни трошоци со градсково парно (кое патем исто гарант ќе го поскапат).
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.610
1.768
Рачунам. 250кв во зима ќе ги потрошиш за 5 дена, тој што се грее на дрва ем ќе има пониска сметка, ен поефтино се грее, ем загадува. Ама ние што сме еко френдли, за нас повисоки сметки. 1600кв по наши 4.5 денари со 2 раце би земал. И да, независна е за разлика од нашите лопови што 30 години играат држава.
Супер се цените, само што овие што имаат повисока цена на струја си имаат греење на гас, или топлификација, или нешто трето што е речиси неповрзано со греење на струја.
Мислењето е автоматски споено:

Погледнете го атачментот 113933

Ја најдов сметката за јануар. Со тарифникот, со моментални цени на струјата, колку ќе дојде?
Како успеваш да трошиш исто и во ниска и во висока тарифа? Кај мене ниска тарифа е далеку помала.
 
18 август 2019
1.219
1.193
Ова ќе да е некое најтазе откритие кое најверојатно заслужува нобелова награда.
Нобелова награда треба за тебе. Затоа што не гледаш подалеку од твојот двор. Тука нека е чисто, баш ти е гајле што битолчани се трујат со неквалитетниот косовски лигнит.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Како успеваш да трошиш исто и во ниска и во висока тарифа? Кај мене ниска тарифа е далеку помала.
После 22 часот бањање(проточен бојлер), машини(за садови и алишта), климите работат 24/7.
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Нобелова награда треба за тебе. Затоа што не гледаш подалеку од твојот двор. Тука нека е чисто, баш ти е гајле што битолчани се трујат со неквалитетниот косовски лигнит.
А дека РЕК-от е само извор на струја, па да изгенерализираме нали. И дека ти го измери загадувањето. Нешто званичнине мерења не викаат така.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Како успеваш да трошиш исто и во ниска и во висока тарифа? Кај мене ниска тарифа е далеку помала.
Зашто бе и кај мене е така дури имам ниска тарифа и малку поеќе. Се шти не ми треба сега и одма се уклучува у ниска тарифа. Машина за перење или у 22 па ја пружам јас посто дремам вака навечер, или у 4 сабајле па тамам и испрана на невестата кога ќе стане. Исто и со бојлери, садови итн, итн...

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.610
1.768
Зашто бе и кај мене е така дури имам ниска тарифа и малку поеќе. Се шти не ми треба сега и одма се уклучува у ниска тарифа. Машина за перење или у 22 па ја пружам јас посто дремам вака навечер, или у 4 сабајле па тамам и испрана на невестата кога ќе стане. Исто и со бојлери, садови итн, итн...

Sent from my Telefon using Tapatalk
Што знам не размислувам за тоа, кога сакам да вклучам нешто тогаш ќе го вклучам, не ми ни текнува дека има евтина тарифа. Еве денес станав порано, па можеби и ќе завршам некои работи во недела, пошто е поевтино.
 
Viktor001

read-only
12 јуни 2022
1
0
Здраво ако може мислење за SAMSUNG WIND FREE ELITE серија, AR12TXCAAWKNEU/AR12TXCAAWKXEU
И искуство ако некој ја користи
Ви благодарам поздрав
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Што знам не размислувам за тоа, кога сакам да вклучам нешто тогаш ќе го вклучам, не ми ни текнува дека има евтина тарифа. Еве денес станав порано, па можеби и ќе завршам некои работи во недела, пошто е поевтино.
Не размислувам и јас многу. Скоро сите овие работи што може да бидат направени на евтина, ми се со автоматизација. Сами се палат, се гасат. Немој да нислиш дека дежурам до 4 сабајле за перење

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.061
5.993
Пред малку од регулаторна објавиа калкулатор. Интересно е што цените уште ги држат во тајност.

Калкулаторов врска нема. Формулите им се утнати скроз.
View: https://i.imgur.com/xIPvxfc.png
 
  • лол
Реакции: marv

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Како што разбрав од КОД

Ако трошиш 900 kW во скапа (пример), првите 210 kW влагаат во прв блок, вториот делл од 211 до 420 се рачунаат по цена на втор итн.

Што значи од теоретски 900 kW

0-210 = мала тарифа
211-420 = „нормална“
421-630 = скапа
над 630 = пола плата

Така да ако си потрошил 900 kW не сите киловати автоматски спаѓаат во четврт блок.
 
Така е замислено, но мислам дека сеуште ништо не е дефинитивно.
Мислењето е автоматски споено:

Повелете, купете си инвертер.
Уште ги субвенционираат, а цената на струјата ги пробива сите плафони.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Ама сепак греењето со клима/ТП ќе е најевтина варијанта?!
Освен ако не се живее во шума каде дрвата се бесплатни....
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.061
5.993
Нормално. 400-500% ефикасност е страшно многу голема предност, особено во ваква медитеранска клима.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Ќе се зголемуваат тарифите? Имаше нешто кратко фатив на вестите на Сител..
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Во меѓувреме, од Регулаторната комисија велат дека можно е да дојде до промена на веќе претставениот тарифен модел за електрична енергија. Односно за зголемување на блоковите со што би се зголемил опфатот на домаќинства кои ќе плаќаат струја во најевтиниот прв блок. Но, новата цена на струјата ќе се донесе дури откако ќе се воведат овие измени.
 
Само не доцитирале убаво сител. Можно е и да има промена на блоковите нагоре, но тогаш сигурно ќе има и поместување на цените нагоре, најверојатно во ефтината тарифа или комбинирано во двете. Генерално они имаат една кофа што треба да ја напунат, финтата е со колку чаши вода ќе ја напунат и колкави да бидат чашите за најоптимално.

П.С. Го опраиле калкулаторон и според сегашните цени, и онаа сметка што ја приложи испаѓа како рековме ~25% плус (пресметкава е правена на твојата сметка).
1655191694908.png
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно