Вечер ако имам време ќе ставам графикон од VIVAX AERI.
Да видите добра и константна модулација со планини во графиконот на температура. Модулира со саати со 300 а температурата осцилира со по 4 степени пошто и треба време да чактиса дека се случува глупост.
Кај мене проблемот со VIVAX не е дека не знае што се случува со температурата, туку глупавиот сензор на далечинското, се додека добро ја мери температурата, климата одржува и модулација и температура. АМА многу често се случува да е наместена на 23 степени, а на далечинското(feel) да покажува 25 ( до него термометар кој покажува точна температура од 21 степен). И во ваков случај морам да ја подесам на повисока температура додека далечинското се врати во нормала.