Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Faktorium

hello world
19 јули 2013
82
69
Вечер ако имам време ќе ставам графикон од VIVAX AERI.
Да видите добра и константна модулација со планини во графиконот на температура. Модулира со саати со 300 а температурата осцилира со по 4 степени пошто и треба време да чактиса дека се случува глупост.


Кај мене проблемот со VIVAX не е дека не знае што се случува со температурата, туку глупавиот сензор на далечинското, се додека добро ја мери температурата, климата одржува и модулација и температура. АМА многу често се случува да е наместена на 23 степени, а на далечинското(feel) да покажува 25 ( до него термометар кој покажува точна температура од 21 степен). И во ваков случај морам да ја подесам на повисока температура додека далечинското се врати во нормала.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.240
Оваа супер изгледа. Ме интересира освен инсталација на Home Assistant и негово сетирање дали има нешто друго да се подеси (програмира) за да се добиват овие графици (Може имаш претходно пишувано но неможев да најдам).
Home Assistant е замислен да биде инсталиран на уреди од типот на Raspberry Pi или на мали компјутери од класата на Intel NUC. Со еден збор, на уреди кои се 24/7 уклучени и се дел од домашната мрежа.

Пошто јас ги немам погоре наведените уреди го инсталирав во виртуелна машина со мрежа во бриџ мод. Нема разлика.
Маната на ова е што компјутерот мора да биде нон стоп уклучен за да мери или да контролираш уреди.

За мерење е потребно да имаш мерач како Sonoff Pow R2, Broadlink SP3S или Shelly
Во Home Assistant се ставаат, како они што ги нарекуваат, integrations односно мали програмчиња кои служат да комуницираат со мерачите. Во нив (со наредби) се внесуваат ip адресите и корисничките имиња (ако податоците се од клауд) и се подесуваат параметрите што, како и на колку време да се отчитува.

На пример еден уред има повеќе сензори (Sonoffpow има 3, волти, вати и ампери) па сето тоа треба да се подеси.

Не е user frendly но не е недостжно.
Јас најмногу време изгубив да го натерам да ми црта графикон од Broadlink но не успеав. Покажува потрошувачка во реално време но имам потешкотии со статистиката.

Со Sonoff немав такви проблеми.

Сега главен проблем ми е како да го натерам Home Assistant да разликува kW од kWh за да регистрира дневна и месечна потрошувачка.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.240
Во врска со стабилноста на постигнатата температура и фамозната модулација која сите ја бркате а го занемарувате комфорот.
Подолу VIVAX AERI за кој немам онакви прекрасни графови на потрошувачка но од тоа што го гледав минатите години на Energenie-то отприлика вака работи: 300W три минути, 600W три минути, 900W три минути па повторно 300 и така во круг.
Овдека среќа е што нема јак проток на воздух па тоа не се перципира многу како драматична промена во внатрешната температура.
iFeel донекаде ја поправа ситуацијата па осцилациите се прилично намалени.

Подолу слика без Ајфил. Таргет 23 степени, аутофан. Соба 18 квадрати, плафон 2,8м
1-1.png

При иста надворешна температура. Mitsubishi FH50 на 26, фан 3. Осцилација од половина степен
Соба 45 квадрати, плафон 2,8м.
1-2 (2).png
Потрошувачка
20-11-2020 Overview - Home Assistant.png

При температура од 2 степени (и за жал големо загадување)
20-11-2020 Ekodata Live - Прилеп.png


Поентата на постов не ми е да ги млатам кинеските клими (кои ги имам 4 комада) туку да пробам да го разбијам митот кој кружи на јајчарскиот форум а се пласира за нивното кредо buy more shit or we all fuc*ed односно што би рекол еден од алтер егата djabe kupuvate japanci.

Како и да е. Сеуште стојам на ставот дека кинеските клими до 500 евра се единствен логичен и исправен избор и дека е лудост да дадеш 1000+ евра за кинеска клима затоа што во пракса се покажа дека едноставно лажат за перформансите.
 

Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.216
Струмица
Мојата 18ка АЕРИ вака преде на 25Ц на најјак фан (тројка) заглавена да дува најдоле без iFeel, и цел спрат беше 23-25Ц. (2 соби * 12 квадрати + 2 соби * 15 квадрати)
Јакото е шо надворешната единица предеше цело време на тројка фан а компресорот го немаше нигде, додека на двојка фан е со леко краткотрајно зуење, а со ауто фан компресорот "вреска".
Надворешната се движеше од 12Ц кај 16ч. до 2Ц на полноќ.

Screenshot_20201120-Vivax-18AERI.png

Ако ми се точни калкулациите 24 часа ми излегува околу 70-80 ден. 7-8KWh во евтина и 8-9KWh во скапа тарифа. (без ДДВ)
Ќе почекам оваа недела да паднe темп. под нулата и пак ќе пишам.
 

munited

read-only
25 октомври 2010
1
0
Здраво
Користам Инвертер mitsubishi hr50vf, дали ако докупам wifi модул, преку апликацијата melcloud, ќе ми прикажува потрошувачка?
Ако знае некој од каде да набавам wifi модул за mitsubishi hr50vf?
 

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Здраво
Користам Инвертер mitsubishi hr50vf, дали ако докупам wifi модул, преку апликацијата melcloud, ќе ми прикажува потрошувачка?
Ако знае некој од каде да набавам wifi модул за mitsubishi hr50vf?
Види во Енерго систем, они се застапници за Мицубиши.

Во зависност од моделот, може да не ти ги прикажува сите статиски, @FLEGMA имаше за тоа пишано. Но ќе ти работи за контролирање и подесување тајмери.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.240
Види во Енерго систем, они се застапници за Мицубиши.

Во зависност од моделот, може да не ти ги прикажува сите статиски, @FLEGMA имаше за тоа пишано. Но ќе ти работи за контролирање и подесување тајмери.
Така е. MELCloud покажува потрошувачка на LN а на FH не покажува.

Би требало поновите модели, генерациски на LN да прикажуваат.
Треба добро да се бара за да не бидеш изненаден како мене поштао главната поента на купување на модулот ми беше тоа.

Но сепак вака со модулот сетирањето на тајмерот е далеку полесно и понапредно од обичното даљинско.

btw
Со Melcloud може да се подесува и за пола степен а со даљинско не.
 

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Во ова време не смее да има никаква вода. Ни од надворешна ни од внатрешна. Внатрешната кондензира вода во лето при ладење, надворешната во зима, но тогаш прави дефрост. На овие високи температури не смее да стане збор за дефрост, тоа таму во декември или јануар.
Не си во право... Дефрост прави и сега, но не толку често, и не топи толку лед како при ниски температури и магли, затоа и сега при дефрост ќе капи помалку вода.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Не си во право... Дефрост прави и сега, но не толку често, и не топи толку лед како при ниски температури и магли, затоа и сега при дефрост ќе капи помалку вода.
20 години со клими сум, ниедна не прави дефрост на ова време.
 

alfred

read-only
2 декември 2019
18
7
Незнам дали е преценета, точно дека беше 73000, ја зедов за 40000, треба да има кинеска зубадан технологија во неа наводно. Тивка е во работата. Не сум проверил цоп, но очекувам да ги има стандардните 3 на нула степени. Не крцка внатрешната затоа што е од алуминиум. На пола степен се регулира температура, во сите насоки може да дува, даљинско е радио бранови фаќа од секаде. Добра изгледа климата, но не знае да модулира на греење, ја демнев со саати, не спушти под 750, едноставно гаси кога ќе стани премногу жешко. Пробано со и без ајфил. Летоска на ладење спушташе и до 200W. Греење не сака. Засега тоа и е единствена маана.
Инсталирана коректно, на 20см под таван, во 30м2, топол стан. 24 степени подесена. Пробано од 23-26.
Гледај работи ја во 4 брзина(годинава така ја работам), ако ти е многу бучна терај 3 та,препорака моја, 4 та брзина, имам и јас кај моите 5.5 кв таква, од лани е.. Без ај фил, средина издув (не најдоле), крилцата насока до најдалечната точка да тера, гледам кај моите така наместена и знае да одржава некако, таман ќе зажежи, ќе го намали Т на издувот. Ако сакаш да си подесиш да ти покажува температура на далечинското колку што ти е реална во собата, ќе треба компензација да и стегнеш(пиши ако сакаш да ти пишам како да и направиш), и тоа е во глобала, ако можеш поголем простор да грееш(со отворена врата) , ти е најпамтно, за да не ти гаси често. И гледај работи ја цело време 24/7 на константна температура пр 23 степени + - 1 степен разлика давај и, а не пр. дење 24, ноќе на 20.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.240
20 години со клими сум, ниедна не прави дефрост на ова време.
Прават зависи ако е многу оптоварена и ако пример е на северна страна.
Во поглед на дефрост сплит климите се прилично примитивни. Оние „понапредните“ одлуката за дефрост ја носат врз основ на надворешна температура, температура на испарител и поминато време (30, 60, 90, 120 или 45, 90, 120 > Mitsubishi)

Па така мутавата логика (лупам сега) вели: Ако надвор е толку минус, ако испарителот е толку и толку а работи над одредено време тогаш мора да се има насобрано мраз = дефрост. После дефрост тајмерот се ресетира и почнува одново да одбројува и да мери.

Кај Mitsubishi пробуваат да вметнат и машинско учење кое го нарекуваат Fuzzy Logic па сите овие циклуси подлежат на анализа (климата учи) па се пробува да се најде некоја средна вредност врз основа на бројот на дефрости, времетраењето и надворешната температура.

При сите овие работи ниеден производител во обзир не ја зема околната влага. Ова е вака заради цена на коштање и додавање на уште сензори.

Кај централните климатизери (Lennox, Carrier, Mitsubishi Zubadan касетни...) има диференцијални сензори за воздушен притисок кои го мерат притисокот на влез и излез и така (заедно со другите) заклучува дали навистина се има насобрано мраз или не.

Е сега и покрај мутавоста одредени клими целиот дефрост го прават за супер брзо време а кај некои се потребни барем 12-15 минути.
Кај мене целиот циклус од почеток до дување на топло трае 5 минути.

Ако го фатам на Home Assistant ќе ставам скриншоти. FH50 при тој циклус знае да развие неверојатна снага/потрошувачка и затоа трае кратко. Нема ни греачи на тацна ни бутур.
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Дечки, како да ја поврзам Gree Fairy со wify? Симнав апликација, ама не ми е јасно. Како климата да ја поврзам со wifi-то?
Туку кај мене тоа auto прилично ме нервира. Коа ке се стопли се чудам зашо ми дува одеднаш ладно. Па почнав да ја ставам на топло да дува само.
Кога несум дома ја гасам, пошто несум дома по 10-12 саата.
Некое саветче малце како подобро да се снаоѓам со чудото? :)
 

1s3ct0wN

hello world
18 септември 2013
447
416
Пробав со ауто моде на Грее Ломо не ја бива топли па лади ја свртив на греење само и така работи 24/7
Дечки, како да ја поврзам Gree Fairy со wify? Симнав апликација, ама не ми е јасно. Како климата да ја поврзам со wifi-то?
Туку кај мене тоа auto прилично ме нервира. Коа ке се стопли се чудам зашо ми дува одеднаш ладно. Па почнав да ја ставам на топло да дува само.
Кога несум дома ја гасам, пошто несум дома по 10-12 саата.
Некое саветче малце како подобро да се снаоѓам со чудото? :)

Испратено од HRY-LX1 преку IT.mk форум апликација
 

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Продолжение. Заборавив да кажам дека графиконот се исцртува на секои 5 секунди.
Ова е со уклучен 3D-iSee сензор.
Со исклучен понекогаш се однесува, ај така да речеме, ератично па знае да исклучи па веднаш потоа, после 3 минути, да продолжи да работи.
Лично мене не ми смета таквото „мини“ он-оф работење. Модулација е да знае да зголеми и намали снага во зависност од надворешна температура и да ја одржува температурата во собата без големи осцилации.
Дали ќе гасни, дали ќе врти кругови... небитно.

Што да биде? Да загреваш соба од 45 квадрати со 650W со саати! Па ова граничи со утопија и перпетум мобиле

Погледнете го атачментот 93652
Кај мене fh25 ve на ауто фан во 15м2 и со сензор и без него работи исто уклучи исклучи така со по 3-4 мин пауза. Ми се чини дека со сензор исклучен подобро се однесува.
За 38дена потрошувачка во аутофан двете.
48kw тошиба сузуми 10ка во10m2
87kw митсу FH25 во 15m2
Од Тошиба сум многу позадоволен во работата.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.240
Кај мене fh25 ve на ауто фан во 15м2 и со сензор и без него работи исто уклучи исклучи така со по 3-4 мин пауза. Ми се чини дека со сензор исклучен подобро се однесува.
За 38дена потрошувачка во аутофан двете.
48kw тошиба сузуми 10ка во10m2
87kw митсу FH25 во 15m2
Од Тошиба сум многу позадоволен во работата.
Види кои се минимални снаги на двете клими односно на колку може да паднат па ќе видиш зошто така се однесуваат.

Јас купив екстерен темп. сензор за Mitsubishi-то па ќе видам како ќе се однесува. Сеуште не ми е наместен.

@vlavot има наместено ист таков на FH35VE
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Пробав со ауто моде на Грее Ломо не ја бива топли па лади ја свртив на греење само и така работи 24/7

Испратено од HRY-LX1 преку IT.mk форум апликација
И ја праам така, само на греење. Али добро коа подесам помала температура на пр 22 на ауто + ајфил, гледам запира. Изгледа до ајфилот е.
Иначе првите две недели ми беше ват д фак, коа ке осетев ладење, мислев да не е шекната нешо :D
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Е денес работи како шо треба, IFeel, 23°, autofan, G-Tech...

Sent from my MI A3 using Tapatalk
Море кај мене веќе цел саат паузира на 22. Ладно стана. Нешо Ајфило не ме фила кога ми е ладно, само кога ми е жешко. :mad: До 23ката мош ќе да е.
Ај да пробам!
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.493
2.945
Дечки, како да ја поврзам Gree Fairy со wify? Симнав апликација, ама не ми е јасно. Како климата да ја поврзам со wifi-то?
Туку кај мене тоа auto прилично ме нервира. Коа ке се стопли се чудам зашо ми дува одеднаш ладно. Па почнав да ја ставам на топло да дува само.
Кога несум дома ја гасам, пошто несум дома по 10-12 саата.
Некое саветче малце како подобро да се снаоѓам со чудото? :)
Под сетингот ауто овдеки (на форумов, а и генерално така треба) се мисли на брзината на вртење на вентилаторот од внатрешната единица (фан на кец, двојка, тројка....и ауто фан, за инвертеро сам да си одбира брзина по потреба, односно да модулира во зависност од потребата...). А пак сетингот АУТО за инвертеро сам да одбира модус дали ќе греј или лади, заборај го. Клај си на греење (или ладење на лето) и така терај си.
И не ја гасни дур не си дома. Нека си работи цело време.
Нема да изарчи многу поќе, не е како со греење со дрва (ќе изгорат многу дрва за џабе дур не си дома, ама то е друг принцип на греење.). Битно е просторијата што е загревана со инвертер да не ја изладиш многу, па после ко ќе се вратиш да ти е ладно, па ќе го пуштиш инвертеро на некој турбо сетинг, за побрзо да те стопли, а тогаш нагло ќе повлечи и поќе струја, па пак ќе ја потроши генерално истата стеуја што си ја заштедил цо тие 10-12 сати кога инвертеро бил исклучен.
Сега да не цепидлачиме, можда ќе потрошиш така 5 денари помалце на дневно ниво...ама инвертер технологијата е смислена со цел цело време да си брчи и да греј...за да нема големи скокови во потрошувачката на струја (во еден момент или саат-два да влечи киловат или два, а после сат-два ич да не арчи... То е поблиску до сплит клима, а инвертерите се замислени за малку порационално работење и поштедливо топлење.)

Едит:
Уште нешто, што заборајф да го спомнам: ако ја изладиш просторијата, веќе се создаваат услови за формирање (трупање) на влага во некои поскриени ќошиња од собата, кои за некое време можи да преминат во мувла. Ова не треба да кажвам дека не е пожелно, нели? :)

Испратено од телефоно.
 
Последна промена:

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Под сетингот ауто овдеки (на форумов, а и генерално така треба) се мисли на брзината на вртење на вентилаторот од внатрешната единица (фан на кец, двојка, тројка....и ауто фан, за инвертеро сам да си одбира брзина по потреба, односно да модулира во зависност од потребата...). А пак сетингот АУТО за инвертеро сам да одбира модус дали ќе греј или лади, заборај го. Клај си на греење (или ладење на лето) и така терај си.
И не ја гасни дур не си дома. Нека си работи цело време.
Нема да изарчи многу поќе, не е како со греење со дрва (ќе изгорат многу дрва за џабе дур не си дома, ама то е друг принцип на греење.). Битно е просторијата што е загревана со инвертер да не ја изладиш многу, па после ко ќе се вратиш да ти е ладно, па ќе го пуштиш инвертеро на некој турбо сетинг, за побрзо да те стопли, а тогаш нагло ќе повлечи и поќе струја, па пак ќе ја потроши генерално истата стеуја што си ја заштедил цо тие 10-12 сати кога инвертеро бил исклучен.
Сега да не цепидлачиме, можда ќе потрошиш така 5 денари помалце на дневно ниво...ама инвертер технологијата е смислена со цел цело време да си брчи и да греј...за да нема големи скокови во потрошувачката на струја (во еден момент или саат-два да влечи киловат или два, а после сат-два ич да не арчи... То е поблиску до сплит клима, а инвертерите се замислени за малку порационално работење и поштедливо топлење.)


Испратено од телефоно.
Е добро. Тек почнувам да го контам инвертеро како функционира.
Јас обично си го ставам на Quite шо е исто како на кец, за да не ми фуче ногу дувањето. Туку она знакчињата Елка и Кукичка за прочистувањето на воздухот и одвлажнување треба ли да ми бидат стално уклучени?
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.493
2.945
Е добро. Тек почнувам да го контам инвертеро како функционира.
Јас обично си го ставам на Quite шо е исто како на кец, за да не ми фуче ногу дувањето. Туку она знакчињата Елка и Кукичка за прочистувањето на воздухот и одвлажнување треба ли да ми бидат стално уклучени?
И јас не ги знам тие симболи што значат.
(Немам Грее дома).
Ама ако знаат од форумо, ме интересира и мене...

Испратено од телефоно.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.560
19.240
И јас не ги знам тие симболи што значат.
(Немам Грее дома).
Ама ако знаат од форумо, ме интересира и мене...

Испратено од телефоно.
Елката е јонизатор. Куќичката би требало да е внатрешна моментална температура (на дисплеј)
 

Последни теми

ит маркет

На врв Дно