aronmacedon
read-only
- 19 февруари 2019
- 16
- 11
Бидејќи и јас ја имам потполно истата квадратура, мошне сличен распоред и идентична „изолација“ ќе ти го пренесам моето искуство но кое треба да се земе со резерва бидејќи оваа зима беше премногу блага и прилично нерепрезентативна. Користам Haier Tundra Green 5.5-ka модел(AS50TDBHRA/1U50JEFFRA) купена од Енергија. Сетирана на прва брзина и зададени 22 степени е и повеќе од компетентна за греење на вака неизолиран простор. Уклучена е на овие поставки уште од 4 ноември и досега нема пауза. Со оглед дека немам мерачи ниту за температура ниту за потрошувачка моето задоволство е базирано строго на мојот личен комфор и тоа колку сме загреани со 2 годишно дете.Прашање до трговците кои се на форумот... Има ли некаде понуда на рати... Зет ми сака да земе клима за простор од 42 м2 (кујна, трпезарија, салон) во приземје од куќа, рехал 4сезони прозори, неизолирана ѕид цигла-малтер 30цм, на горниот спрат се живее и греее.
Јас му препорачав
Gree LCLH GWH18ACD-K6DNA1D..50000 д.
Се мислев дали
Gree amber GWH12YD-S6DBA1A.. 50000д
ќе задоволи за греење
Што мислите вие за самите клими како и за позицијата каде би ја поставил со оглед на распоредот.
Што се однесува до потрошувачката, досега за целиот период имаме добиено само 2 сметки за струја за кои и actually беше читан саатот додека другите беа паушали од по 1500 кој што ми е регуларна сметка за струја. Едната сметка беше 5300 а другата 3500. Од овие вредности јас сум задоволен.
Збор два за дефрост циклусите. Кога е надвор температурата под -2 (според моја перцепција) или пак неколку степени над 0 но со магла и голема влажност, дефростите се во редовен интервал на секој час и траат помеѓу 4-10 минути.
И можеби најважниот дел за просечен Македонец, цената беше 42 000 денари но без wi-fi модул.