Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
во периодот на ниски температури под нулата се слушаше силно бучење на надворешната единица . компресорот као да ке здивнеше во секој момент. ја проверив температурата надвор минус 10, а внатресната единица беше подесена на 25 степени фен на трето ниво најјако...
Oва е знак дека климата работела на максимално оптеретување, тогаш чекувани резултати се бука и вибрации. Одбрана е поддимензионирана клима, требало да се пазари посилен модел на клима уредот (или подобар бренд)...

Но штом ова се случува само на најладното - не е крај на светот. Тие 15-20 дена ќе треба можеби догревање а во останатите 90% од грејната сезона ќе нема проблеми.

...грешка при ракување или нешто е проблем со единицата надвор или компресорот.
Добра пракса е да се стави мерач на потрошувачка. Не само за мерење на месечните потрошувачки туку за следење на потрошувачката во реално време - пожелно е климата да не надминува 800-1000 вати (1 киловат). Намалувај зададена температура по потреба за да останеш под 800-1000 вати.
 

Quasimodo

hello world
2 септември 2016
154
119
Prilep
Oва е знак дека климата работела на максимално оптеретување, тогаш чекувани резултати се бука и вибрации. Одбрана е поддимензионирана клима, требало да се пазари посилен модел на клима уредот (или подобар бренд)...

Но штом ова се случува само на најладното - не е крај на светот. Тие 15-20 дена ќе треба можеби догревање а во останатите 90% од грејната сезона ќе нема проблеми.


Добра пракса е да се стави мерач на потрошувачка. Не само за мерење на месечните потрошувачки туку за следење на потрошувачката во реално време - пожелно е климата да не надминува 800-1000 вати (1 киловат). Намалувај зададена температура по потреба за да останеш под 800-1000 вати.
и јас сум во план да земам aeri месецов или другиот .. како што цитав корискниот има 20м2 соба + неизолорана тука е мислам јас проблемот не дека го бранам aeri како што читам изолацијата е многу важна топлотни загуби има ... корисникот ако ја среди изолацијата по моја логика че се намали малку бучавата нема скоз али че има ефект а за другите клими ако знаеш уба до 30к кажи да видам оти како што напоменав горе и јас сум за земање клима ама кај мене 13м2 соба сепак @FLEGMA може да каже повеќе за aeri има 2-3 тои
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
... корисникот ако ја среди изолацијата по моја логика че се намали малку бучавата
По истата логика, корисникот ако купел посилна или поквалитетна клима, исто така ќе се намалела бучавата на најладното. :)

Се разбира дека изолација е прво и основно нешто во кое треба да се инвестира. Каматата на било каков кредит е помала од заштедите кои се остваруваат со добра изолација на домот. Сите што не инвестираат сега и веднаш во изолација, или не разбираат или имаат конкретни планови за ставање изолација подоцна оваа година.


за другите клими ако знаеш уба до 30к кажи да видам оти како што напоменав горе и јас сум за земање клима ама кај мене 13м2 соба сепак @FLEGMA може да каже повеќе за aeri има 2-3 тои
Не убава туку одлична клима имаше на попуст пола сезона (не знам сега која е цената) - Гри Хансол!
А ти ако грееш 13м2 ќе те загрее и Аери, и било што. Проблемот нема да биде загревањето, проблемот може да биде комфорот со клима во толку мала просторија.
 

Quasimodo

hello world
2 септември 2016
154
119
Prilep
По истата логика, корисникот ако купел посилна или поквалитетна клима, исто така ќе се намалела бучавата на најладното. :)

Се разбира дека изолација е прво и основно нешто во кое треба да се инвестира. Каматата на било каков кредит е помала од заштедите кои се остваруваат со добра изолација на домот. Сите што не инвестираат сега и веднаш во изолација, или не разбираат или имаат конкретни планови за ставање изолација подоцна оваа година.



Не убава туку одлична клима имаше на попуст пола сезона (не знам сега која е цената) - Гри Хансол!
А ти ако грееш 13м2 ќе те загрее и Аери, и било што. Проблемот нема да биде загревањето, проблемот може да биде комфорот со клима во толку мала просторија.
знам уба е Хансол али не сум при буџет другарми стави LN35 во 17м2 соба знам што е убо али тои има проблеми со родителите му ја гасат оти му кажал 3.5 е си мислат 3,5 на сат дур се разбраа поминаа - температури :))
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Нека купи мерач на потрошувачка и нека им покаже дека веројатно на осветлување трошат повеќе струја. ;)
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Комфор и сплит клима не одат во иста реченица.

Комфор, парно и котел на пелети одат во иста реченица. Пошто ништо во животот не оди праволиниски и тоа има свои мани.

Згора на се ова е (беше? ) многу неповолна година за греење со клима. Ниски температури со многу голема влага = катастрофа.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Секој за себе ќе си каже. Јас се чуствувам прилично комфорно, посебно додека го гледам соседот како влече вреќи со пелети (и ја прави лом дневната додека ги ложи). :hay:

Мене и на моите ни е топло, и да дури и на стопалава - всушност верувал ти или не еве цело утро сум бос. :D

Цела зима си предат климиве, во поладниве денови рипна потрошувачката ама се ла ви, сепак не може со помалку од 1 киловат цела сезона да се грееме. ;)


Едит: Знаеш што Флегма, би било интересно на крај од сезонава да ги споредиме давачките, колку не коштало греењето за цела сезона. Собери ги потребните информации (ако може со фотографии најдобро), потрошувачки на климите, сметки за пелетите/дврата, итн... :innocent:
 

vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Комфор и сплит клима не одат во иста реченица.

Комфор, парно и котел на пелети одат во иста реченица. Пошто ништо во животот не оди праволиниски и тоа има свои мани.

Згора на се ова е (беше? ) многу неповолна година за греење со клима. Ниски температури со многу голема влага = катастрофа.

Зависи секој што бара од комфорт.
Ја се греев на дрва до пред 2-3 години.
Кога се качив на 3 спрат, се утепав качувајќи дрва, мислам поодвратно нешо нема.
Стигаш од работа дома ладно мраз, дрва си заборавил да исцепиш тенки па додека се стоплиш 20:00 часот.
Или со парно, ако имаш кој да го ложи со дрва, и каде да складираш 20 кубика дрва и да исечеш и наредиш можда и ќе ти биде комфортно.
Пошо после чистење на котел на дрва изгледаш како да си бил во рудник.
И ако си на работа 9 часа дневно, заборави ложење и греење на парно со дрва.

Можда пелети е подобра варијанта, но цената е x3 споредба со дрва.

Нема ништо покомотно од тоа да кликнеш копче и да ти е топло, исто и коа ќе си дојдеш дома да си дојдеш на топло.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Нема ништо покомотно од тоа да кликнеш копче и да ти е топло, исто и коа ќе си дојдеш дома да си дојдеш на топло.
И на пелети кликаш копче. Еве ти седиш во куќа па биди искрен и кажи колку би те чинело да имаш клима во секоја соба која што сакаш да биде топла. Настрана цената на климите.

Ако би симулирал цена на чинење да го грееш цел спрат (заедно со салоните, купатилото и топла вода за него) доаѓаме до поразителни резултати.

Меџутим! Ако имаш клими нема да имаш потреба да трошиш пелети при поволни услови.

Дрвата се разглобена тема. Ако не ги средиш во септември (редење и цепење) тогаш претставуваат тортура.
Оџаците што треба да бидат цакум пакум е друга тема.
 

tigar

hello world
28 јули 2011
165
139
Значи топлинска пумпа воздух-вода би било идеална ситуација (win-win) ги имаш најдобрите карактеристики од греење на клими/парно на дрва-пелети , посебно за оние кои што моментално имаат веќе вградено парно додатокот би бил “само“ топлинската пумпа.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Идеална ситуација за тие што имаат парно и онака треба да стават инвертер за ладење. Треба да постават добар инвертер кој ќе грее, најмалку еден. Или повеќе ако треба повеќе за ладење.

А парното да се врзе на МАЛА воздух-вода инвертер.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Значи топлинска пумпа воздух-вода би било идеална ситуација (win-win) ги имаш најдобрите карактеристики од греење на клими/парно на дрва-пелети , посебно за оние кои што моментално имаат веќе вградено парно додатокот би бил “само“ топлинската пумпа.
Да
Јас сакам да видам топлинска пумпа што ќе биде кадарна да произведе над 50 степени топла вода за да се грееш на парно со над 100 ребра (математиката вели дека едно ребро = 1 квадрат)
При што 50 степени се апсолутен минимум.

Но предноста кај топлотната пумпа е што може да ти ја донесе водата до 40 степени со минимлана потрошувачка а потоа котелот на пелети без проблем ќе си ја догрее над 50 степени.

И ве молам не пробувајте да споредувате загревање на стан и на куќа. Фала.
 

tigar

hello world
28 јули 2011
165
139
Идеална ситуација за тие што имаат парно и онака треба да стават инвертер за ладење. Треба да постават добар инвертер кој ќе грее, најмалку еден. Или повеќе ако треба повеќе за ладење.

А парното да се врзе на МАЛА воздух-вода инвертер.

Зошто би требало да стават инвертер за ладење ?
Може со една обична он/офф клима од 12.000 да се реши ладењето.
 

vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Зошто би требало да стават инвертер за ладење ?
Може со една обична он/офф клима од 12.000 да се реши ладењето.

Каде,
Пошо веќе живеам во куќа, исто како што ми е ладно да спијам на ладно, ми е топло да спијам на топло летно време.
Исто како шо ми е ладно да седам у ладно купатило зимно врме, дури и поголем проблем ми е да се*ам на жешко :)

На ладно се спие, ај ќе ставиш 3-4 ќебиња ами на жешко како да спијам?
Кај нас Штип 2-3 месеца се температурите над 30 степени и е неподнесливо за спиење или за што и да е друго.
Пример готвење во кујна е неподнесливо летно време ако не ти е климатизирана, дури според мене поголем проблем нам ни е ладењето него ли топлењето.

И испаѓа да ставам парно на пелет низ цела куќа, и исто да ставам клими он/офф у секоја соба шо е најголема глупост.

Климата во спална не ми е изгасена летно време, и спијам на совршена температура по цена од 100-150 денари месечно.

А ако веќе не земаме цена во обзир, пошо реално пелетите се изгор скапи, тогаш може и на електрично котле да се топлеме ама...


А за топлотна пумпа, има Daikin Altherma HT која топли вода до 80 степени која е и повеќе од доволно за санитарни услуги.
DAIKIN ALTHERMA HT - ЕRRQ-АV1/Y1 - ICS GROUP - Environment friendly climate solutions


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Зошто би требало да стават инвертер за ладење ?
Може со една обична он/офф клима од 12.000 да се реши ладењето.
Затоа што инвертерот ќе биде главното грејно тело бидејќи е најефикасен.
И згора на тоа ќе ја намали потребата од воздух вода со многу киловати на некоја многу поефтина со еден надворешен вентилатор.
И згора на тоа што ефикасноста на воздух-вода е мала со радијатори, ако треба да е главно греење. Но за споредно со 30-40ц температура некако излага математиката.

Плус и за ладење инвертер е поудобен.

Кога ќе се седне да се обмисли се убаво се доаѓа до вакви информации. А затоа што тоа следам постојано, лесно ми доаѓа да одредам каде има некој недоследности при размислувањата и пресметките.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Топловодно греење со топлинска пумпа, нема логика без подно топловодно греење. Ниедна топлинска пумпа, сеедно дали воздух-вода или вода-вода, нема да загрее вода над 40с а тоа да биде ефикасно и исплатливо. Ќе треба или пумпата да биде многу предимензионирана во јачина (а таквите уреди се скапи до бестрага), или ќе треба водата да се догрева со прост електричен грејач со што исплатливоста иде до бестрага.

Така да добро дизајнирано топловодно греење со топлинска пумпа = подно топловодно греење.
А парното да се врзе на МАЛА воздух-вода инвертер.
Што после со тоа вода, ќе се носи со loop во котел од печка на пелети (или дрва)?
Што ќе се случи кога водата после, загреана на 80с ќе се врати до изменувачот од воздух-вода од топлотната пумпа кој може да загрее до 40с?

ОК, ајде да речеме дека некако ова магично ќе функционира (нема). Тоа би било ОК во најладните 15 дена. Што со целата останата грејна сезона? Како со радијатори за парно ќе се загреваш, со вода загреана на 40с? Секако мора да ја догреваш. Пак ќе се палат пелети/дрва?

Печка на пелети со котел за парно, над 1.500 евра.
Плус топлотна пумпа воздух вода, најмалите над 5.000 а често до 10.000 евра.
Сето тоа за три пати поголеми сметки во однос на греење со инвертер клима уради... Абе јака заштеда, нема што. :D
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Што ќе се случи кога водата после, загреана на 80с ќе се врати до изменувачот од воздух-вода од топлотната пумпа кој може да загрее до 40с?
Затоа се измислени електромоторните вентили и термостатите за да не се случува тоа. Ист е принципот и кога користиш соларно
За да не замине топлата вода назад во колекторите имаш елекроника и електромоторен вентил.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
40c вода како поткрепа на инверторот.

Никако двра и пелети, се разбира
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Затоа се измислени електромоторните вентили и термостатите за да не се случува тоа. Ист е принципот и кога користиш соларно
За да не замине топлата вода назад во колекторите имаш елекроника и електромоторен вентил.

Нормално, се разбира дека термовентилот ќе ја исклучи топлотната пумпа и/или соларното од loop-от.

Но што се тоа, кога тогаш надвор од loop-от имаш решенија што коштаат повеќе илјади евра?
Скапи системи кои не прават ништо додека ти се грееш како што се грееле и пештерските луѓе, со палење на работи. :)


40c вода како поткрепа на инверторот.
5.000 до 10.000 евра за „поткрепа на инверторот“
Нема никаква економска логика ова.

Ако се нафаќа некој да инвестира големи пари во топлотна пумпа воздух вода, тогаш треба да инвестира и во топловодно подно греење. Или барем топловодно ѕидно греење ама тоа е многу инвазивна постапка (естетски и просторно гледано).
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв