DelphiUser
user
Tреба многу повеќе од тоа. Треба да воведат централно греење во секој град. Бесплатен приклучок и инсталација и секако нормална сметка за греење. Централното греење е најмоќен, најефтин и најчист тип на греење. Со по една топлана (на гас) може секој град да се стопли, а на оџакот на таа топлана може да се постави филтер па на тој начин може загадувањето да се сведе скоро на 10% од ова што е денес. Вака имаме 1 милион оџаци во државава, сите без филтри во кои освен влажно дрво се гори и пластика и гума и ѓубре. Откако се поставија мерни станици во другите градови, се виде дека во ЗИМА загадувањето сегде е големо, не само во Скопје. За ова државата ќе треба да издвои многу повеќе од 2.5 милиони евра, ќе треба да издвои 1 или 2 милијарда евра. Ама тоа ќе бидат најдобро потрошените пари.Затоа и треба да се забранат ќумбињата кои трујат и да се субвенционираат инвертери и ПВЦ прозорци.
Исто така, животот со централно греење е неспоредливо подобар, покомфорен, полесен и ... поубав. Тие што живеат со централно воопшто не ја мразат зимата, не ја ни сеќаваат. И во WC е 25 степени.
Последна промена: