FLEGMA
sensei
- 2 август 2012
- 11.550
- 19.219
Јас го имам правено ама не на оној начин туку само од предната страна. Ликот ризикува да ја испрска електрониката и да ја прегори.
Никакви средства особено не Арис и слични одмастувачи не се препорачливи. Напротив, Арисот (Деграсер или слично) се агресивни средства кои тешко се плакнат и нагризуваат.
Со слична пумпица и со раствор од детергент за рачно перење на садови (со врела вода) на претходно исплакнат испарител.
Плакнеш добро и оставаш барем еден ден да суши во случај да прснало некаде каде што не треба.
Нема потреба од клиничка чистота. Ако се гледа низ лимчињата тогаш не е многу валкана. Вадање на перката во никој случај (демек за простор и подобро)
Перката е балансирана на лице место и не е паметно да се вади. Да се внимава и на моторот од перката.