Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992

Bravo

hello world
12 декември 2015
221
319
Клима : Carrier Plus Inverter 3.5
Стан: 5ти спрат, 10цм стиропор, пвц дограма, 73 м2
Сметка ЕВН: 15 ное - 15 дек = 4318 денари
Дополна грејно тело, тајфун 3кв пуштан по потреба накај спални

Исти параметри, сметка ЕВН за 15окт - 15 ное = 2516 денари.

Климата е пуштена на 25-28ц 95% од времето. Тајфунчето се пушта навечер накај спални ко дополна.

Сеа за сеа, презадоволен.
 
BABALU

read-only
8 ноември 2017
10
6
Здр. Како што кажав претходно купив клима Купер&Хантер 12ка арктик,досега на овие темп.работи сосема ок, во смисла на дефростови,топлење,за 25м2 сум задоволен.Позајмив мерач од комшиите за потрошувачка и за точно 20 дена имаше потрошено 267кв/ч со 12-15 часови уклучена на зададени 25С на аутофан,прашувам од вас поискусните дали оваа потрошувачка е ок, нормално ако е точен мерачот?позз.
 
bxxxn

user
11 март 2011
1.659
1.812
Тешко е да се измери точната потрошувачка кај инвертер, но според декларирана средна потрошувачка од 800 W х 15 часа х 20 дена = 240 KW. Во секој случај 267 KW, сите да се во скапа струја, под 2000 денари е цената за греењето за 20 дена, што е најекономично во споредба со други начини на греење.

П.С. избрав наједноставен начин, ако така се смета.
 
Последна промена:

pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Здр. Како што кажав претходно купив клима Купер&Хантер 12ка арктик,досега на овие темп.работи сосема ок, во смисла на дефростови,топлење,за 25м2 сум задоволен.Позајмив мерач од комшиите за потрошувачка и за точно 20 дена имаше потрошено 267кв/ч со 12-15 часови уклучена на зададени 25С на аутофан,прашувам од вас поискусните дали оваа потрошувачка е ок, нормално ако е точен мерачот?позз.
Ако ти се точни податоците, тоа е во просек 1kW на саат, што е премногу за 25m2. Остави ја да работи 24/7 за да се намали оптеретувањето, со што ќе се зголеми ефикасноста.
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Клима : Carrier Plus Inverter 3.5
Стан: 5ти спрат, 10цм стиропор, пвц дограма, 73 м2
Сметка ЕВН: 15 ное - 15 дек = 4318 денари
Дополна грејно тело, тајфун 3кв пуштан по потреба накај спални

Исти параметри, сметка ЕВН за 15окт - 15 ное = 2516 денари.

Климата е пуштена на 25-28ц 95% од времето. Тајфунчето се пушта навечер накај спални ко дополна.

Сеа за сеа, презадоволен.
2-3 прашања,
дали ја имаше и користеше климата периодот 15Окт - 15 Ное... (кога сметката за струја ти е 2516)
како успеваш да загреееш 73м2 со 3,5кВ клима? грееш ли индиректно преку врата и ходници?....
Иако Кариерот е солиден!
рече дека климата ти е пуштена на 25-28*Ц 95% од времето....а дали се користи 24 часа на ден те нон стоп!? Тоа не разбрав.
 
Дневната и трпезарија ми се околу 30м2, климата е позиционирана добро и одлично го покрива тој дел. Собите не е возможно директно да се греат поради ходници, но претпоставувам дека индиректно акумулираат дел од топлината.
Климата е нон стоп на 26,27,28 бидејќи сум со мало дете дома и нон стоп е со играчките на под. Би рекол дека 70% од времето е на 27 и одржава 25, 26 низ цела просторија. Собите имаат некоја температура од 20-21 константно. Кога преспива поручек малиот, тајфунот си работи со термостат, а навечер е нон стоп уклучен преку цела вечер на термостат.
Верувај ми не штедам со климата или да правам комбинаторики. Гледам да е згреано дома и во ниту еден момент не спуштам под 23-24 степени.
Изолацијата и добрите прозори го прават сето ова возможно. Станот под мене не е вселен, претпоставувам дека кога ќе се всели, уште подобар резултат би имало поради таа странична топлина.

По моите пресметки грејната сезона во оваква просечна зима би ме чинела околу 12-13 илјади денари.

Целиот штос е во изолацијата. И најскапата клима во неизолирана просторија нема да постигнува.
Климата е купена и монтирана на 5 октомври годинава. Користена е до сеа максимално и уопште не ја мислам или штедам. Навечер ја ставам на 29 нека грее у евтина струја.
 
drifter

hello world
21 јануари 2009
125
341
Скопје
Пред една недела ми намонтираа клима Gree Eco Lomo 3.5kW за греење и денеска приметив дека во цревцето што излегува од под надворешната единица се имаше собрана течност затоа што тоа е наместено вертикално(прицврстено е за држачот на надворешната единица). Го притиснав со рака цревцето за да се испразни и тоа што ме буни е тоа што течноста што излезе од цревцето од надворешната единица има кафеавкаста боја. Како што знам треба да е безбојна. Бидејќи ми е прв пат да поседувам клима дома незнам дали е ова нормално. Освен ова климата си работи без проблеми. Ваше мислење ?

kHOdVry.jpg

BzRRT

fkaJum
 
Последна промена:

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Пред една недела ми намонтираа клима Gree Eco Lomo 3.5kW за греење и денеска приметив дека во цревцето што излегува од под надворешната единица се имаше собрана течност затоа што тоа е наместено вертикално(прицврстено е за држачот на надворешната единица). Го притиснав со рака цревцето за да се испразни и тоа што ме буни е тоа што течноста што излезе од цревцето од надворешната единица има кафеавкаста боја. Како што знам треба да е безбојна. Бидејќи ми е прв пат да поседувам клима дома незнам дали е ова нормално. Освен ова климата си работи без проблеми. Ваше мислење ?

kHOdVry.jpg

BzRRT

fkaJum
Нормално е, со водата се собира прашина, ѓубре и слично, имам видено и црна боја како прегорено улје :) така да немај мака.
 
BABALU

read-only
8 ноември 2017
10
6
Ако ти се точни податоците, тоа е во просек 1kW на саат, што е премногу за 25m2. Остави ја да работи 24/7 за да се намали оптеретувањето, со што ќе се зголеми ефикасноста.
Ок пинки ке ја оставам 24/7 само на која брзина на вентилаторот на аутофан или некоја помала?
 
moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
еден апдејт
стан- со пвц 50тина квадрати расподелено во 3соби и ходник
сметка за 15ноември-15декември 3800 денари
вклучено перални и сушални по две секојдневно+бојлер +готвење на струја +пегла
без проблем си постига 25степени навечер ја ставам на 21 и ен уклучува воопшто цела нок
климата е грееломо лцлх 3,5ка
презадоволна
друго грејно тело нема
 
Dux

hello world
29 ноември 2008
119
60
Здраво дечки, ќе ги замолам поупатените да ми помогнат. Пред некој ден почна моето патешествие со Daikin ftcb35c/rxb35c. Климата при прво вклучување не посигнуваше висока издувна температура и се мачеше да замлачи простор од 16 квадрати. Наредната ден монтерите установија дека е недостаток на фреон и ја дополнија единицата. Сега климата работи осетно подобро но сепак мислам дека треба да работи многу подобро. Конкретно вечерва кога надворешната температура е над нулата според мојот стар живин термометар не може да развие температура над 24 степени а на издув според истиот термометар температурата е некои 41-2 степени (мислам дека термометарот е точен бидејќи кога ќе ја наместам климата на температура под 24 степени самата се исклучува додека истиот покажува 24) . За да ја достигне оваа температура климата работи на ауто фан и на 30 степени повеќе од 3 часа што мислам дека е премногу за ваков мал простор од 16 квадрати. Исто така при вклучување на климата истата оддава некоја чудна бучава која по некои 10-15 минути ја снемува. Дали мислите дека е ова нормално за оваа единица ил пак треба да се консултирам со монтерите. Истите ми рекоа дека ако има проблем ќе ја сменат надворешната единица со нова но не сакам да испадне дека пребарувам нешто што не е можно. Однапред благодарам.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Убаво измери колку е издувна тремпература кога е ставена на најјак вентилатор и на 30Ц.
 
Dux

hello world
29 ноември 2008
119
60
@mdeni откако го пишав постот до касно се заебавав ја тестирав, после читање твои сугестии на други членови измерив и на најјак вентилатор на 30 откако ја оставив да дува така отприлика пола сат и температурата дури и падна на некои 39 степени. На потивок вентилатор осетно е потопла издувната температура.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Моќ = 1.2 * издувот * (излезна - влезна) /3600

P = 1.2 * 600 * (39 - 21) / 3600 = 3,6KW

Значи ако во собата горе е ладно 21Ц, а излезната е 39 климата ќе извади колку што вика еуровентот. Е сега како расте температурата влезна опаѓа ефикасноста на загревање. Значи ако влече 25Ц од горе, а вади 39 тоа е 2,8KW.

Ми личи како да треба да е нешто потопол издувот, за неколку степени. Ама тоа зависи и како си мерел.

Дали ти е насочена НАДОЛЕ да дува скроз?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Доле или горе климата на издув едвај дава 20 степени разлика после два часа работа на ова меко време.
Да се вакумира и да се измери дали има повисок притисок.

Не ме радува потребата за ставање на дополнителна количина на фреон на нова клима освен ако не се работи за должини над 7 метри.

И да се провери дали има прецвикана цевка.
 
Martin7

read-only
4 ноември 2017
1
0
Здраво,
Купив грее ломо лцлх(12000бту),ме интересира потрошувачката на ел.енергија од што зависи дали од зададената температура или од брзината на вентилатор и кога го троши тој максимум деклариран од 1500вати?
Фала
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Кога ќе ја ставиш на 30 степени на максимален вентилатор и надвор е -15 степени.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно