Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.046
1.132
Куманово
Има и овој ама го вклучуваш и дува одвај на 1ва или 2ра брзина, т.е не работи како шо треба. Т во собата е 20 на далечинско 30 поставено он се тегаве константно во една брзина. Мислеше пријателот дека е дефект приави му кажаа такви биле за да рбаоти како шо треба требало жичен контролер. Може ако работи аутофан како шо треба и има wifi вградено би била подеднакво задоволен од перформанси ама и во тој случај цената е на страна на Хансол. Ова веќе влегува во претпоставки.

Чудно, ќе проверам кај еден пријател кој намести 35ка при крај на Октомври да видам како иде кај него со брзината.. иначе грее ~45м2, на ремоут апликацијата гледам на 30* наместено а во соба 23*.. колку што знам зезнаа со мајстори за фасадата па оваа зима собата остана без изолација однадвор.
 

pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Точно е дека auto fan-от не го бива кај FH35 и најчесто се држи на ниски брзини. Мора мануелно да подесиш за да се згрееш во поголем простор.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Споредба на врвните, ќе му се најде некому некогаш.
7b004db920ad487287d0a70e0ce2901c.png
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Постојат такви што даваат ~1000-1200евра за ЛГ клима?
Изгледа има, штом ги продаваат... Голема конкуренција е во тој ценовен сегмент, со многу врвни брендови и модели.


П.С. Фали Хансол од Гри.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Koga ke se osmelat da izvadat eurovent ke gi ima i niv.
Не е проблем да се ОСМЕЛАТ. Таму има многу политики и големи $ се во прашање, еуровент не е бесплатен напротив е многу скап според инфо кое го имам јас за тоа и бредновит со пониски цени ги нема, па има и брендови и со повисоки цени пак ги нема што не значи дека немаат добар производ или слично.
Ама пак знаеш Бугариве имаат изрека: СИЧКО СЕ НАМИРА :) па решиле да си направат нивни БГвент:

Ова е UCrown, надворешната е во кутија/фрижидер на -26 степени каде дава издув од +43 степени






lugje kako pominuvate so defrosti denes ?
mojava na 45 min prai po eden
Во канцеларија имаме GREE LOMO GWH18QD-K3DNB4G искрено не ја приметивме ниту еднаш да направи. И да правела било брзо и неосетно. Други локации не сум бил за да приметам.
 

Harrabed

user
22 април 2013
1.370
1.542
Јас имам пуштено 4 графички rx 470 во просторија од 25 квадрати. Додека не падна под нулата стално вратата беше отворена со спуштена ролетна, ем топло ем свеж воздух. Сега кога падна на -13 со затворена врата ми е 21 степен. Графичките се потивки од клима. Сметката за струја е дупло пониска од минатата зима кога се греев на панелка од 2.5 kw. Ако сакате потопло пуштате оверколок на eth, сакате поладно пуштате да копа zcash на сток. Се разбира во зависност од големината на просторијата може да додавате или го намалувате бројот на графички. Не само што ја плаќаат сметката за струја туку и заработуваат. Поефикасен начин на греење досега не сум имал. :D
Јака работа ова :D Дај пиши бројки заинтересира ме :)
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Ако. Фино е и тоа на бугарите. Проблемот е што со најскапиот модел земале да мерат, а не со најисплатливиот или најпродаваниот.

Не викам дека нечинат, најдалеку од тоа. Ама неможе човек на невидено да дава толку пари. Тоа ми е целиот муабет. Ништо повеќе.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Ако. Фино е и тоа на бугарите. Проблемот е што со најскапиот модел земале да мерат, а не со најисплатливиот или најпродаваниот.

Не викам дека нечинат, најдалеку од тоа. Ама неможе човек на невидено да дава толку пари. Тоа ми е целиот муабет. Ништо повеќе.
Види и еуровент не е нешто видено :) од кај знаеш тој шо пишал дали при куцање куцнал грешка бројка и дали стварно измериле така, како шо пишав има игри и во тој поглед. Воедно мислам дека имаше слики дека куферов го имаат во салон и може да го пробаш ако сакаш поубавно видено од тоа здравје :)

За тоа дека прават реклама за најдобиот модел нормално е тоа, кога врти реклама на ТВ за кола моделот што е на рекламата е со FULL опрема не е основен модел :), или во IT сверата кога nVidia пушта реклама ја рекламира најскапата графичка а не GT210 со 1GB :).
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Дали инвертериве што ги имате се слуша надворешната единица, и дали го вибрира ѕидот?

Зошто обичниве често го правеа тоа.

Еве на пример ГРЕЕ Амбер 24бту, или ГРЕЕ Ломо Еко 12бту, или ВИВАКС 12CH35AEZI? Тие што се најефтините модели. Зошто знам дека најскапите не го прават тоа, и се мирни и воопшто не се забележува дека работат како FH35VA.

И плус колку kw вадат овие модели на -15? Имаат ли по сепцификација или нешто такво? Креваат ли 48*C на -15?

Немора еуровент, еве типов има клипчиња фини: https://www.youtube.com/user/bokivr/videos?view=0&shelf_id=0&sort=dd
 

goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
Јака работа ова :D Дај пиши бројки заинтересира ме :)
Ако ги пазариш сите делови нови од продавница со гаранција се на се
околу 1400 евра ќе те кошта. Струја троши околу 2000 денари. Заработува у моментов околу 8000. Заработката од месец у месец варира.
 

drownz

Master
8 март 2007
1.454
202
Куманово
iwmnetwork.com
Зошто знам дека најскапите не го прават тоа, и се мирни и воопшто не се забележува дека работат како FH35VA.

Се слуша и вибрира и FH35VE на пониските температури кои ги имавме периодов. Толку многу што невозможно е да се спие и климата делуваше како да е пред умирање. Откако се смирија температурите, се смири и климата.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Се слуша и вибрира и FH35VE на пониските температури кои ги имавме периодов. Толку многу што невозможно е да се спие и климата делуваше како да е пред умирање. Откако се смирија температурите, се смири и климата.
Мојата не го прави тоа. Буквално е нечујна, можеби треба да видиш нешто со монтериве да ти потсредат.

А со другиве како БЕКО 7кв што имам стварно не се спие кога било зошто ја дрма цела куќа. А и Самсунгот постар 3.5 дрма по малце. Виваксиве и Грее (најефтините) ме интресираат.
 

pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Немам ни јас проблеми со вибрации на FH35. Две имам по дома, едната надворешна единица ми стои на пола метар од кревет. Уште неколку имам препорачано наоколу и никој не се пожалил за вибрации.
 

Crasy Chemist Inc.

read-only
21 јануари 2017
4
1
Гледам има доста луѓе што се разбираат во клими, ми треба мислење како за лаик како мене за клими.
Прво, ми предложија клима Vivax 18CH50Aeri. Треба да загреам главно дневна соба во стан, која е ~30 м2 и евентуално спална со 9м2 и кујна 6м2. Станот има добра изолација, само 3 ПВЦ прозори се на надворшна страна, на запад.
Прво, ме интересира за климата дали е добра, второ дали е премногу јака за овој простор. Мене ми изгледа како многу јака затоа да прашам. Има ли негативности ако е прејака и кои и дали е соодветна. Знам дека има и други опции, но за тие пари ми кажаа дека е одлична.
 

HoLfElDeR

hello world
13 октомври 2010
226
146
Непозната
Дечки, ај некој од вас кој знае како да ја поврзам климата со вифи, успевам да ја поврзам на блиско поврзување, т.е кога сум во куќата, меѓутоа никако да ја поврзам со рутерот т.е. да можам да ја контролирам и кога не сум дома.
Климата е Gree Amber, еве го упатството
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Гледам има доста луѓе што се разбираат во клими, ми треба мислење како за лаик како мене за клими.
Прво, ми предложија клима Vivax 18CH50Aeri. Треба да загреам главно дневна соба во стан, која е ~30 м2 и евентуално спална со 9м2 и кујна 6м2. Станот има добра изолација, само 3 ПВЦ прозори се на надворшна страна, на запад.
Прво, ме интересира за климата дали е добра, второ дали е премногу јака за овој простор. Мене ми изгледа како многу јака затоа да прашам. Има ли негативности ако е прејака и кои и дали е соодветна. Знам дека има и други опции, но за тие пари ми кажаа дека е одлична.
Климата е добра соодветно на цената. Е сега ако е само за дневна тогаш е прејака, кујната ако е дирекно сврзана со дневната пак би била јакичка ако имаш одлична изолација, е сега за спалната треба са се виде распоред како е. Ако влезе и спална во калкулација тогаш ке биде таман.
 

Crasy Chemist Inc.

read-only
21 јануари 2017
4
1
Климата е добра соодветно на цената. Е сега ако е само за дневна тогаш е прејака, кујната ако е дирекно сврзана со дневната пак би била јакичка ако имаш одлична изолација, е сега за спалната треба са се виде распоред како е. Ако влезе и спална во калкулација тогаш ке биде таман.
Фала за мислењето Sumi. Дневната е директно поврзана со спалната, односно врата ја дели. Ако може подетално, што значи прејака, во смисол ке се вклучива исклучува пречесто или ќе троши повеќе, читав нешто он-оф...кој е недостатокот ако земам јака клима која не одговара на простор. не знам дали ми е јасно прашањето...што ке загубам ако земам појака или прејака клима (освен што ке ја платам поскап од 3.5 ка)
 

Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.216
Струмица
Гледам има доста луѓе што се разбираат во клими, ми треба мислење како за лаик како мене за клими.
Прво, ми предложија клима Vivax 18CH50Aeri. Треба да загреам главно дневна соба во стан, која е ~30 м2 и евентуално спална со 9м2 и кујна 6м2. Станот има добра изолација, само 3 ПВЦ прозори се на надворшна страна, на запад.
Прво, ме интересира за климата дали е добра, второ дали е премногу јака за овој простор. Мене ми изгледа како многу јака затоа да прашам. Има ли негативности ако е прејака и кои и дали е соодветна. Знам дека има и други опции, но за тие пари ми кажаа дека е одлична.
Ја купив почетокот на Јули истата. Еве како ја монтиравме: (куќа, втори спрат)

sprat.jpg

Само левата соба има ПВЦ прозорци/врата а десната е дрво, влезната врата у ходник е исто дрво со стакло. (се реновира полека)
Од левата страна на ходникот имаме уште една соба со врата до левата врата на сликата (сликата ми е од летото и не ја визуализирав оти е спална) така да груба квадратура би била 9+9+9 за трите +15 ходникот. Климата е над влезната врата.
Со ваква изолација летото немав никаков проблем за ладење, и покрај 40+ температури дома беше убавина и тоа не ја форсирав, 24-25 Ауто со Еко модот. (500ден за месец Јули)
Ноември кога залади малце појако, сеуште не под нулата (0-10-15 степени), Виваксот ги топлеше сите простории за мерак.
Поради изолацијата што ја немам, а зимава "отиде јужно" со температурите, морав да се префрлам пак на двете ЦЕР 6ки шо ги имаме во двете соби и да се затворат вратите. Топлината од климата бегаше многу брзо, и не сакав да ја оставам да се мачи 24/7.

Јас сум презадоволен од овој модел досега за парите (40к со монтажа), а за ефективно користење на истата во таква зима како оваа што ја имаме сега, си сака квалитетна изолација, барем сите надворешни прозорци и врати со ПВЦ. Бонус би било стаклена волна на таванот и стиропор по ѕидовите од надвор.
Имај предвид дека зборам за куќа, стан е сосема друга приказна. Сигурен сум дека и да земав од поскапите што се по 60+ илјади ќе беше истата приказна.

Џабе ти е клима ако немаш добра изолација во зима.
 

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.046
1.132
Куманово
Џабе ти е клима ако немаш добра изолација во зима.

Оваа ^^^ Што и да грее во просторијата ако нема што да ја задржи топлината внатре, ќе си грее нон-стоп и по гасење тој ефект брзо ќе го снема.
 

pianoman

read-only
11 октомври 2007
15
0
Уф... Ми требаше 4 саати да ја прочитам темава. Ама пак не го најдов тоа што ми треба. Па би ве замолил за совет, на овие -25ЦС, колку се ефикасни инвертер клими, за спрат од 120м2 во куќа која е гола од сите страни, со вложени 100 000ден? Оваа не го најдов никаде на темава. А преку глава ми е да вложувам годишно за дрва 50-60 000ден, и плус амлкот. А гас сеуште во Струмица не е исплатива инвестиција. А секако тука во опција се палети. Па дилемата е помеѓу инвертер клими или палети. Ве молам за совет и помош.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Па дилемата е помеѓу инвертер клими или палети. Ве молам за совет и помош.
Нема тука никаква дилема.
Инвертор климите се многу поекономично греење од греењето со пелети.

Кај тебе дилемата е само дали прво да ставиш термо фасада, што секако ти го препорачувам. :)
Тоа што имаш големи енергетски потреби се должи на големите топлотни загуби, кои ги имаш заради недостатокот од изолација. Од аспект на потребната енергија, сеедно е со што ќе се греееш: исти количини на топлина ти требаат, само цената е различна. А најевтино е греењето со клими.

Примарна ти е изолација, прво во неа се инвестира. Потоа и со помалку моќни модели од клими ќе завршиш работа. Ако земаш сега веднаш клими, ќе ти требаат поголеми (и поскапи) модели, за после фасадата истите да бидат непотребно силни (и непотребно поскапи).
Или ако земеш сега клими кои со фасада би те загревале добро, без фасада нема да постигнуваат и ќе ти биде ладно (па можеби ќе зборуваш по луѓе дека „климите не ги бива“ за греење). :)
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Уф... Ми требаше 4 саати да ја прочитам темава. Ама пак не го најдов тоа што ми треба. Па би ве замолил за совет, на овие -25ЦС, колку се ефикасни инвертер клими, за спрат од 120м2 во куќа која е гола од сите страни, со вложени 100 000ден? Оваа не го најдов никаде на темава. А преку глава ми е да вложувам годишно за дрва 50-60 000ден, и плус амлкот. А гас сеуште во Струмица не е исплатива инвестиција. А секако тука во опција се палети. Па дилемата е помеѓу инвертер клими или палети. Ве молам за совет и помош.
Ако планираш да грееш сите 120 00м2 со 100 000 ден инвестиција во куќа без изолација нема да се доволни.
Подобро пиши или прати скица на соби како @Astraion што направи пред 2-3 поста со димензии на соби и кој планираш да ги грееш па да мислеме што се може да се направи.

Макар да како што кажа @Lokvan изолацијата е приоритет број1.

Инаку за ефикасност од -25 има многу модели на клими поскапи и поефтини така да секоја со своја моќ. Има nordic модели со ефективно греење до -30 така да на -25 ке бидат сосема ефективни, макар да -25 за еден ден годишно на неколку години ( ваква јакичка зима сме немале долго време ) и клима до -20 ке брка работа.

Фала за мислењето Sumi. Дневната е директно поврзана со спалната, односно врата ја дели. Ако може подетално, што значи прејака, во смисол ке се вклучива исклучува пречесто или ќе троши повеќе, читав нешто он-оф...кој е недостатокот ако земам јака клима која не одговара на простор. не знам дали ми е јасно прашањето...што ке загубам ако земам појака или прејака клима (освен што ке ја платам поскап од 3.5 ка)
Па во смисол ке работи почесто како on/off клима одколку што е нормално и ке ти смета високиот проток на воздух ( дување ) во дневната бидејки е 30м2, ке те чини повеќе и ке ти биде побучна.

Пример ако е само за дневна и кујната јас би земал подобра ( поскапа ) 3.5kW клима одколку поевтина 5.5kW на пример.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Зборувано е ова на почеток на темава, кој може да монтира греач на тацна на постари клими кои се веќе монтирани?

Кој во Скопје нуди монтирање на греач на постари клими?

ZcWCpuu.jpg


http://www.eko-klimaservis.rs/index.php/ugradnja-grejaca-za-klimu-do-15c.html

http://www.klimauredjaji.co.rs/ugradnja-dodatnih-grejaca-na-klima-uredjaje/
http://www.polacene.rs/ponuda/5095/Ugradnja-grejaca-na-klima-uredjaju/
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв