Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Тоа што зима од меморијата и не е толку страшно, DDR2 рамот е ефтин и лесно можеш да ставиш и 4GB ... малце поголем проблем е дека ти го оптеретува bus-от до меморијата .. со други зборови GPU-то и CPU-то ќе се тепаат кој прв да го користи RAM-от.
втор проблем е дека системскиот RAM е нешто поспор (поради индиректниот пристап пред се) него ли ако GPU-то си има свој RAM, кој и е подесен да работи баш со GPU-то
Али пак.. освен за играње на најзахтевните 3D игри и овие недостатоци не се толку важни, јас на двата компјутери имам onboard графичка и не ми смета (едната intel 950 на лаптоп, другата ATI HD3200/780G на desktop).
Една од предностите на onboard графичките е дека трошат многу помалку струја (а со тоа и помалку грејат).